Некои ветувања ги исполнувам, некои не. Се зависи од тоа како сум расположена. Ветувањата кои си ги давам сама на себе не ги исполнувам.
Ветувања... хмм, ги давам ρетκо, многу ρетκо. Мρазам да давам ветувања бидејκи ветувањата κои мене ми ги давале, ρетκо κој си го одρжал збоρот. Се ρазочаρав во последно вρеме κога видов деκа нема ништо од тие ветувања κои ми ги дале иаκо неκои од нив можат многу лесно да ги исполнат. Нејсе. Опκρужена сум со нестабилни личности, личности κои немаат цвρст κаρаκтеρ, неρешителни. Тоа ме повρедува, бидејκи κолκу и да наумат нешто моите, го забоρаваат, не одат до κρај, не се боρат, лесно се отκажуваат. Мислат деκа ветувањата се игρачκа. Од κого да земам пρимеρ за да бидам цвρста личност κоја стои на својот збоρ и не дава пρазни ветувања!? Многу сум ρазочаρана. Баρем едно ветување да беше исполнето од нивна стρана! Јас не баρам да ми ветат деκа ќе ми κупат нешто, напρотив ниκогаш не сум побала да ми ветат. Од татκо ми немам намеρа да баρам ветувања, но од мајκа ми да. Баρав ветувања κои сд однесуваат на нашиот живот, но ништо. Сето тоа беа лаги. Ниκаκви ветувања...
Не ветувај,ако не планираш да исполниш.. Ретко се случува да ветам на некој а да не го исполнам тоа,освен на самата себе што знам да си прекршам ветување,а и тоа многу многу ретко се случува.
Ги исполнувате ли ветувањата што ги давате, на себе или на другите ? Си стоите ли на својот збор? Ретко да ветам нешто ГОЛЕМО. Но кога ветувам стварно си стојам на зборот. Почнувам од мислата дека .не сакам да го правам она што не сакам да ми го прават и тука се држам. Само енаш го имам погазено зборот. За моето прво вљубување, мојата прва најголема љубов, детето што ме научи да сакам, да возам, да бидам упорна, да не се откажувам, и да си стојам на зборот. Само нему му го имам погазено зборот. Му имав ветено дека ќе останам секогаш со него, и кога нема да сме заедно. Но јас не го направи тоа. Го напуштив, и за сите сум тука освен за него. Дали ве иритираат луѓето кои даваат лажни ветувања? Ќе се потпрете на нив а тие ќе ве изиграат? И тоа како..... Затоа не верувам никому. Дури и на роднини, пријатели, никогаш не се потпирам врз никој освен мама и тато. Па и да ми вети некој нешто, климам со главата дека верувам, но не. Можеби поради тоа шо сум песимист. Не сакам да бидам разочарана од нокого.
Секогаш исполнувам ветување дадено на некој , само тешкото и жалното е што многу ветувања дадени на самата себе , не успеав да ги до реализирам
Пред неполн месец сфатив што е проблемот со мене. Цело време ги напаѓам луѓето што само ветуваат, а не исполнуваат, а всушност самата јас многу пати ветував не исполнував. Не само на другите, туку и на себе многу пати сум си давала празни ветувања. Сфатив дека грешам и сето тоа го променив и веќе никогаш нема да ветам на празно, дури ни на себе
Toa sto sum vetila sekogas ispolnuvam za razlika mene mn pati Mi vetile nesto ama samo prazni vetuvanja.
До пред некое време многу често нешто ветував но ретко исполнував. Сфатив дека не е во ред и сега веќе не ветувам ништо, никогаш. Едноставно не сум сигурна дека ќе исполнам нешто што ќе ветам а и не е убаво да ја лажам другата страна на тој начин, затоа сега им велам дека ќе се потрудам, но не ветувам.
Се трудам да исполнам. Не давам ветувања.Ако нешто неможам да исполнам, тогаш не давам ни ,,зрак,, надеж а не да ветувам. Не верувам на ничии ветувања ама не ни барам некој нешто да ми вети, оти многу се разочарувам ако нешто не се исполни.
За мене дадениот збор е закон се трудам штом сум ветила да исполнам.Многу се разочарвам кога нешто ми е ветено и толку повеќе не се спомнува.Кај мене на работа на шала велат : Маж рекол ,маж одрекол и со тоа се извлекваат елегантно но,јас секогаш им враќам :Јас сум поголем маж од сите-си ги исполнувам ветувањата и си стојам на дадениот збор.
Mnogu me nervira koga nekoj nesto ke mi veti a nema da go ispolni, pa zameruvam i nablizok da mi e. Koga vetuvam go ispolnuvam, ako nemozam ne ni vetuvam. Principielna sum za mnogu raboti, mrazam isto koga nekoj mi kasni..i tuka sum sekogas na vreme
Ги исполнувам.Кога ќе ветам нешто не го прекршувам па што сака нека биде.Си стојам на ветеното до крај. Може затоа некогаш се лутам кога некој не си стои на ветеното..
Поттикната од темата Љубовни проблеми и совети каде таа е втора, а тој и ветува дека со тек на време ќе среди со девојка му/ жена му ме интересира дали толерирате ветувања од пријателки/ дечковци/ сопрузи кои по некое време испаѓа дека се лажни? И како реагирате кога ќе се соочите со вистината дека станува збор за лажни ветувања, враќате на ист начин во иста мера или прекинувате секаков контакт? За пример со пријателки во моја генерација имаше група од најдобри другарки кои со години уназад планираа заедно да одат на апсолвентска и кога требаше да се плати едната од нив одби и рече планирала таа година одмор со дечко и насамо со тие пари. Тоа беше крај на пријателството поради лажните ветувања. *Споена дупла тема
Која тема по ред ти е ова? Зависи какви лаги, и на што се однесуваат. Доколку е некоја глупост или white lies, може да се заборави. Ама откако ќе изгубам доверба, што настанува после нешто посериозно, немам време да враќам со иста мера, едноставно ставам крај. За твојот пример, јас не би се лутела. Плановите не можат да останат исти по неколку години, посебно кога се зборува за пари. Денес имаш, утре немаш. Не гледам ништо лошо во тоа, ако моја другарка е среќна со некој и сака да оди на одмор со него, зошто да и правам дополнителни нервози?
Па инспиративен е форумов и животов ми надоаѓаат теми, еве се мислев дали да отворам и за тоа статусот на фб што кажува дали си за акција или не надвор од врска/брак ама ме мрзи да обмислам интро и се тоа. Ај на една ќе се задржам вечерва За пријателките, конкретно не стануваше збор за мои блиски, ама од една од нив ја знам ситуацијава, не зборуваат и ден денешен затоа што баш таа ја заговарала идејата на крај на студии да одат сите заедно и до последно била за, додека не дошло до плаќање. Мислам можела да им каже на време дека не оди, а не да дава лажни ветувања. Нестабилно делува и како да си гледа само за себе, тоа е лутењето кон неа.
Најчесто кога знаеме дека некој се лути, избегнуваме да се соочиме или директно без одложување да кажеме одлука или мислење. За мене ова се детски работи. Би се налутила доколку навистина ме лаже за сериозна работа и ме повредува, ама заради тоа што нема да оди со мене туку со дечко и? Не.
И јас не би се лутела, само нема да ја сфаќам озбилно кога би правеле друштвено планови. Сепак поболно е покрај лажното ветување, себичноста, идете вие без мене, мене дечко ми ми е побитен од вас. А правени планови со години уназад, ама упаѓа во меѓувреме дечко во приказната и другарки кои сте ми вие во однос на него. Невкусно како и да е од нејзина страна.