1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не ме сака назад....

Дискусија во 'Разделби' започната од Renee, 1 февруари 2011.

  1. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Имав дечко и врската ни траеше многу кратко... некои 3 месеци, но во тој период премногу го засакав, и откако раскинавме (по моја вина) не можам да се стабилизирам, постојано ми е во умот, не дека не се гледаме, се гледаме скоро секој ден, дури имаме и чести односи, но многу се караме за некои банални работи бидејќи "јас се инаетам".
    Но проблемот е тоа што тој не сака пред другите да кажуваме дека пак сме заедно ;(
    Се би направила за него, ама тој си стои на своето "кадешто плукам не лижам" и не знам веќе што друго да направам, пробувам со се да го придобијам назад зошто навистина го сакам, ама тој вели дека со мене е зошто сака да ме научи во животов да одам стабилно и на правилен пат, бидејќи нашата врска беше осудена на пропаст зошто јас не сакав да му го откријам моето минато кое не е баш сјајно. Откако дозна за се, го смени мислењето за мене и сега за ништо не сака да ми верува бидејќи го излажав. Но со тек на време се променив и не сум онаа старата од пред 3-4 години, ама тој тоа едноставно не сака да го разбере тоа ;( и изгледа дека како само да бара некој изговор за да се кара со мене, велејќи дека јас се што правам е погрешно :(
    Не велам дека сум перфектна, додуша никој не е, но не можам и во се да згрешам бог да чува.
    Многу го повредив, и се олади од мене доста деновиве. Знам дека многу би ми рекле да го пуштам да си оди, но и да сакам да си замине тој пак е тука...
    Не знам веќе што да правам во молам за совет :(
     
  2. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    ултиматум или се или ништо,без искористување од негова страна,демек не ти простува ,а пак од друга страна тука е и несака да ве гледаат јавно.откачи го под хиииииитттттннннноооооооооооо.поз
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Он веќе го лиже плукнатото. Тоа му укажува дека е со тебе ради што те користи сексуално или незнам како.
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Чекај, чекај :^) имате односи и одкога раскинавте??? т.е се глеате секој ден, и секој ден односи
    .... а нејќе да се смирите...Хм извини што ќе бидам дирекна ама малиов
    Не те сака, те користи само за таа работа.... :worried: да те сакаше тој немаше да ти вика кај плукнел не лижел, туку ќе лижеше и да се
    покакал
    !Така да, мој совет ќе го заборавиш! Мислам дека 3 месеци не е некоја врска уау за ти да се затрескаш до лудило...плус 19 години имаш, биди малце посозреана, и пред се почитувај се себеси! Не дозволувај некој вака да те користи :!:
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Заедно сте, а не сте, не сака во јавност, кај што плука не лиже, многу се инаетиш, сака да те научи да одиш на правилен пат....извини вака ама што те лаже вака дечково? Кој нема минато, кој е безгрешен...извини ама од ова што го кажуваш не ми се допаѓа неговиот однос кон тебе. Јас би ти рекла не да го пуштиш да си оди, туку да го ИЗБРКАШ.
     
    На Kala007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    А тој да не е Исус тебе да те учи каква да бидеш? А и тоа да, кратка ви е врската толку да го засакаш, сепак по твоја вина сте се скарале нема зошто да кукаш. Ако си го сакала немало тоа да му го правиш (незнам што). И да, тој го лиже плукнатото и те користи. Фала богу дека никој не е перфектен и дека си правела грешки во минатото и тоа нема зошто да го криеш а не можеш ни да го смениш. Да беше последен и јас да плачам за тебе, жал да ми е, ама една пропадната кратка врска толку да те погоди? Има машки и машки, ќе си најдеш некој друг што повеќе ќе те цени. Не се омаловажувај и не потклекнувај пред него. Дигни ја главата и покажи му дека не е вреден да си несреќна за него, можеби на некое наредно машко тоа нема да му се допадне и ете пак беља.
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    делумно што прочитав како јас да сум го пишела истата сум која е во врска а се плаши од последиците на минатото :( никој не е сјаен и тој сигурно има згрешено секој човек греши битно е да се признае грешката и да се поправиш а ти верувам дека тоа си го сторила од љубов спрема него ако не за нешто друго
    но еве што би направила јас на твое место како прво ти си грешела да но со гордо исправена глава си ја признала грешката и си се сменила само заради него дај му до знаење дека е така
    друго незначи дека ако го сакаш или заради минатото да му подлегнеш до толку да се понижиш да те гази да те навредува и да те има кога ќе посака не не не
    колку и да е тешко ќе покажиш карактер и ќе бидеш силна
    велиш дека си сторила све да све од страна на умилкување докажување дека го сакаш извинвање и.т.н
    но не си пробала да бидеш ладна кон него да го оставиш па макар и на ризик да му недостигаш малку не на начин да се инатетиш тоа нема да те доведе до никаде ами на начин да покажеш став и карактер мора да бидеш јака и да се цениш верувај дека некој не е совршен и немој да се осудуваш не значи дека треба да те осудува само за минатото поставимуго прашањето А ДО СеГА сВЕ ШТО НаПРаВИВ ЗА ТЕБЕ?тоа не се важи тоа не ти докажува ништо?па да видиме што ќе ти одговори
    ти посакувам среќа и мислам дека треба да си направиш еден озбилен муабет немој да се потценуваш никој не е вреден до толку сепак тој што вистински те сака ќе те сака таков каков што си со сите твои мани и доблести ;)
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Луѓе аман те бре, кое минато? Кој не правел грешки и глупости? Јас под лошо минато подразбирам сексуални услуги за пари, алкохоличар и тежок наркоман. Другото е прифатливо колку толку. Вие сте биле едно од овие 3 ? Ајде еве да речеме ако има и друга лоша работа од `минатото` слободно надополнете ме, ама мислам дека се е прифатливо освен ова, нели во границите на нашето општество зборувам.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Многу е едноставно ова, бар за мене.
    Сте раскинале, ама се' уште имате односи.

    Дечкото видел дека може и така и сега нормално си ужива и си користи.

    Мислам, ајде што би одбрале повеќето несозреани машки?
    1. Да бидам во официјална врска, да бидам културен фин, да правам компромиси, да сум и верен на девојка ми, да ја почитувам, да ја сакам, да ја правам среќна и да имаме СЕКС, или

    2. Да не бидам во официјална врска, да не морам да бидам културен и фин, да не морам да правам компромиси, да не полагам никому сметки за моето однесување (зашто не сме во врска де), да не сум приморан на верност и моногамија, и да имаме СЕКС.

    Хммммм, тежок избор, а?
    Што ќе одберете вие да бевте машко на тие години?

    Сите тие коментари - таму каде што плукнал - не лиже, се без врска, чисти лаги и САМО ИЗГОВОРИ, за да не мора да си ја тупи главата со сериозна врска и обврски.
    Ако си го сакаш назад - покажи заби, покажи став, кажи му - сакам тоа и тоа, или ништо друго.

    Ако не, ќе се задоволуваш со трошки и ќе ти ја полни главата со други различни изговори секој ден, па уште и ќе те напнува до степен на грижа на совест, демек МНОООООООООГУ СИ ГО ПОВРЕДИЛА, па сега си должна да му компензираш со секс и да му молчиш... :^) |(
    Абре ајде.

    Девојко, не си прави од готово - вересија, или спаси си ја врската која ќе личи на нешто, а ако ти е само за кежуал секс и фак бади, ќе си најдеш сигурно друг, уште утре.
     
    На Blair19, teddybear, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    во право си и благодариме за твоето охрабрување не ниту едно од трите никогаш не било кај мене а верувам кај никоја од нас... :)
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Баткава ептен се внесол во некое шпансериско сценарио!
    Прво, него му е убаво со тебе, затоа и е со тебе, може ти го влечиш но не може да те прости, може сексот му се погодил, ама си увртил во главата некаква гордост што мора да ја почитува. Без оглед дали знае средината дека сте заедно или не, вие сте, на каков и да е начин, значи веќе ПРЕлижал кај што плукнал.
    Второ, оставајќи ја настрана целава ситуација со неговото однесување, ако ти си го повредила и си свесна за тоа, а го сакаш, размисли дали заслужуваш да бидеш со него откако си згрешила. Ако пак, не си го повредила толку сериозно, или си му дала лоша слика за состојбата или тој стварно претерува. Па налет се, мајка ми моја вика: Ако не најдеш подобар, барем ист како него ке најдеш, само логично - да не е тој кој те повредува.
    Ова мене не ми личи на врска, ни на нормална, ни на стабилна. Стави се себеси во преден план, и размисли како ти е тебе кога си со некого, а не како му е него, зашто тој очигледно само на него си мисли. Цени се повеќе и не дозволувај некој толку да те понижува.
    Мој совет - што подалеку. За грешката што си ја направила, ако мислиш дека треба да платиш, остави на Дедо Боже да ти определи казна, немој сама, не му дозволувај и на батката.
     
  12. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Девојче бе, извини вака, ама што ти се чини тебе? Дека детево те сака???? Многу просто, само си ги задоволува неговите сексуални апетити со тебе. Ако сакаш да имаш врска без обврска, тогаш ова е тоа. А ако сакаш да бидеш сакана додека сакаш, одма батали го и барај си некој што ќе ти ја возврати таа љубов. Не знам какво ти е минатото, ама мислиш дека ова што сега го правиш е во ред?? Имаш односи со некој кој ТЕ КОРИСТИ. Оваа сегашност во иднина ќе ти биде исто толку неубаво минато...
     
    На plavi-oci му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cvet1

    Cvet1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Љубовта е нешто што двајцата го чувствувате, а не само едниот

    1. Дечкото не е заинтересиран за врска зошто тој од старт верува дека врската ви е на пропаст и те манипулира на начин така што тој тебе ќе ти бил учител, како тој да е безгрешен

    2. Никој не сака да биде одбиен, ни паѓа самодовербата кај нас жените и нормално еве сега и ти по секоја цена сакаш да го вратиш и правиш погрешна работа- преку секс да го вратиш.

    3. Размисли што посакуваш од една врска, па таква барај.
     
  14. lovergirl19

    lovergirl19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    во животот сите правиме грешки и од грешките учиме нови работи ...ти девојко немој да се понижуваш пред него најдобро остави го не му давај да те искористува а времето лечи се за секоја навика има одвика така да ке го преболиш ...не ги прави истите грешки не дозволувај да си игра со тебе ,да те понижува.секое добро!
     
  15. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Сепак мислам дека дечкото е поразличен од вашите ставови. Не е ни дете ни тинејџер...
    Едноставно досегашниот живот го поминал низ потешкиот пат, и сака да ми пренесе нешто и мене за да не морам и јас да одам по тоа. Постарите секогаш не учеле да ги слушаме паталците а не гаталците, бидејќи тој што пропатил осетил, а оние што само гледале од страна можат да зборуваат до утре ама нема да разберат никогаш како е да си на страната на болката...
    Во кратки црти, дечкото додека беше со мене, комуницирав со одредена особа од интернет, тој дозна и ме натера да ветам дека нема повеќе но јас си продолжив по своето тврдоглаво главче кадешто, него потполно го оцрнив, со лаги и измислици... Сума сумале излезе ептен огромен проблем од сето тоа, бидејќи тој дозна дека јас сеуште комуницирам и ги прочита буквално сите разговори. Не можам да кажам дека му беше тешко да се пронајде.. И сепак после се остана да ми помага да се справам со проблемот и остана да ме теши и да ме убедува дека се ќе биде во ред.
    Не напишав дека дечкото мене ме учи како да се однесувам или било што, туку сакав да потенцирам дека се труди да ме натера да сменам некои лоши особини, очигледно не сум била доволно јасна.
    А и од друга страна јас го сакам, ИАКО изгледа дека е со мене само заради секс, сепак не е така, тој ме сака дури можам да речам и дека е заљубен, бидејќи во тие 3 месеци, јас запознав се што му е нему блиско, од роднини, најблиските, друштво апсолутно се. Дури и неговите другари и ден денес ми велат дека е изгубен по мене и дека сум му била се. Верувам дека ме сака и не еднаш го има и докажано тоа, бидејќи кога ти е најтешко сите се тргаат на страна, а тој остана. Тоа е тоа што не ми дава за право ни да го бркам ни да го игнорирам. Секој човек кој има намера да искористи и да напушти, само ќе гледа да добие тоа што сакал и едноставно ќе се изгуби по некое време. Тој остана, дури и сакаше да ме ожени, се додека јас не ја усрав поштено.
    Не е таква личност да кажува слатки зборови, проблемот е што тој е премногу добар за да биде реален. Не дека не е реален, туку се чувствувам како да не сум достојна за него, не дека патам од недоволна самопочит и намалена вредност, секоја жена си ја знае својата вредност, само некогаш забораваме колку тоа е исмеано од посилниот пол.
    Едноставно чувството на беспомошност и стравопичит ме обзема кога сум со него, а тоа не е опишливо со зборови.
    Го сакам и не сакам да го изгубам бидејќи ми значи премногу. Пред него имав подолга врска во која дадов се а не добив ништо бидејќи типот беше премногу арогантен. Но без разлика колку и да беше долга врската и колку и да сум го сакала типот, едноставно не беше доволно, додека со овој се е поразлично... И колку и да ме гази, знам дека ми ги гази лошите особини и ме тера да ги истакнам добрите. Не е кретен како 90% од мажите во нашето општество.
    Ако некој не те сака нема да биде со тебе и да рони солзи по тебе.
    Само сакам да ми се врати и да остане засекогаш.... но изгледа дека тоа не е можно.... ама сепак... велат надежта последна умира... може некој ден ќе одлучи да ми даде втора шанса како негова официјална девојка
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ете, супер, сама си го реши проблемот, баш ми е мило :D Не се секирај, продолжи си така, одлично ви е :lol: ... само немој после да кажеш не сме те предупредиле :lol:

    Абе кратко и јасно, типот се осеќал искористен и сега сака да видиш на твоја кожа што значи да си искористен али тоа го прави исклучиво за твое добро и кога ќе види дека си ја научила лекцијата ќе ти се врати во прегратки со трчање...да? можеби, ама некако суров учител ми се гледа...паталец бил, како да не...

    маж ми е најизнапатеното створење што постои па да ми правеше вака на секоја грешка...јас знам што ќе го чекаше, баш страдањата те прават каракктерен а не учител да му викаш на некого вака треба, онака не, ти не си патела па ај да ги истурам сите фрустрации врз тебе зашто о зашто не ти било тешко како на мене. Ќе сфатиш и самата дека тој не е ништо повеќе од едно разгалено суштество, умислено дека страдањата го направиле безгрешен. Да беше толку созреан и искусен едноставно после ова или ќе те оставеше или че ти простеше...ама типов очигледно не сака да си замине без одмазда а то шо ќе си го направи ќеифот му е плус, а другарите негови секогаш лажат за такви работи, верувај...

    Накратко, помири се дека типов не сака да си замине без одмазда и крај. А ако си толку сигурна во спротивното шо не му поставиш бе ултиматум...или со мене, или без мене, нема ем со тебе ем без обврски...
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    КОМПЛЕТНО се сложувам со ова. Сите сме поприлично заслепени и коцкасто субјективни кога се работи за нашите сопствени емоции и човекот кој ги предизвикува. Размисли вака - додека фактички си ги правела „тие лоши работи“ и си го изневерувала него и довербата..он бил тука, нели? Плачел со тебе. Сите те напуштиле - он бил тука, не си чинела - он бил тука... А сега кога чиниш - е нејќе. Знаеш зошто нејќе? Зошто му се може. Многу едноставна манипулација. Дури и ненамерна. Он е толку сигурен дека ти нема да избегаш што си ги мести параметрите на вашата комуникација како му одговара.
    Покажи заби ако го сакаш назад. Кажи му дека не сакаш. Не му давај ни опција. Потоа дај му една недела, ти гарантирам дека ќе те побара и исконтактира. Веројатно во прво време ќе те напаѓа. Издржи. После неколку контакти ќе се сврти паричката.
    Верувај ми.
    Егото и емоциите те заслепиле. Време е да заиграш паметно.
    А ако не те побара. Никогаш не те ни сакал - следствено..он еден обичен лажго. Не си изгубила ништо вредно.
     
  18. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Како што раскажа обемно, јас мислам дека си изгубила баш нешто вредно. Е сега сакаш да се врати. Можеби е многу повреден и те измачува. На тебе е дали ќе го издржите овој период или нема да опстанете. Типот е изгледа пореден. Не манипулира, само е многу повреден. Од искуство. На некој што ме повреди, т.е. ја изигра довербата, душата му ја извадив.
     
  19. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Девојко ај чукни си ја главата малце.....Типот ти го испрал мозокот.Како тоа он бил паталец,како те изведува на прав пат,те одвикнува од лоши навики.,,. |(
    Очигледно е што сака, и ти тоа го знаеш нели? Признај??
    Е сега ако он толку сака да биде со тебе и те сака тоооолку многу тогаш зошто не ја признае вашата врска?
    Или сака ти да му бидеш потчинета, а он што сака да прави?
    Да сум на твое место би поразговарала со него и би му кажала дека ми пречи тоа да бидеме заедно во тајност.Ако не го прифати тоа тогаш ќе биде крај.
    Знам дека ти е тешко и дека можеби не знаеш што би правела без него....ама....ајде крени главата,излези,дружи се, се е полесно кога си со позитивни луѓе.
    Поздрав и со среќа.
     
  20. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Тешко на тие си кои сте во врска ццц... , не ја терајте пак да ја утне работата , си праите 1000 филмови ова сакал она сакал , а тој ја сакал , сакал да му биде жена , неможам да се изначудам на советите , мислете малце барем како е од другата страна, девојчето вика дека она е крива си признава а вие ....