1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не ме сака назад....

Дискусија во 'Разделби' започната од Renee, 1 февруари 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не мислам дека не те сака назад,тој е уште со тебе.Сите гледам те нападнале тебе,него,за тоа во каква ситуација сте сега,ама јас забелезав тука и нешто др.ти си ја изиграла неговата доверба,тој е затоа мн.повреден,а кој не би бил?!Сама рече дека минатото не ти е сјајно,тој го прифатил,ама тој те фатил во лага во сегашноста,вашата сегашност.Дали ти би му верувала да си на негово место?!За машко е и потешко да го соџвака минатото на девојката,ако е невкусно,ама критичниот момент тука е тој те прифатил со цело твое минато и ти оп,се фаќаш во лага,тој сигурно си рекол-оваа нема да се промени никогаш.Извини ако звучи сурово-сакам да разбереш правилно.
    И покрај се‘,немој да дозволиш да те згази.Го сакаш-бори се да го вратиш и него и неговата доверба,ама не понизно и да трпиш се‘,тој е сега повреден и се осеќа изигран,не дозволувај да манипулира со тебе.
    Цврсто и јасно застани зад ставот дека ќе ја вратиш неговата доверба,укази му дека не личи да се криете како некои престапници,бори се да ја вратиш врската назад,ако треба покази и строгост,ама тактички,уште е рано за крупни чекори од твоја страна.И ако се смирите внимавај на своите постапки,100 пати ако треба мери пред да пресечеш,гледам уште си малечка,но врските бараат сериозно однесување и мнооооооогу размислување дали и колку го повредуваме партнерот со своте постапки.
    Се‘ најдобро.
     
  2. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27


    Теодора најискрено благодарам за советот, ми ги отвори очите... Сега знам што точно сакам
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Renee, од твоите коментари сфаќам дека ти се заслужуваш сосем со овој дечко.
    Убаво велат - за секое тенџерче има и капаче.
    Очигледно ти си го нашла своето.

    Тој ги држи конците во играва и си создава свои правила, ти - голташ кнедли и играш на неговата музика.
    Притоа, се чувствуваш дури и виновна, убедена си дека самата си го заслужуваш ваквиот третман и ваквиот негов однос е некој вид твоја казна.

    Очигледно ти одговара ситуацијата на маченик, Месијата те води тебе грешницата на прав пат, и ти просто уживаш во сето тоа.
    И морам да забележам дека - без разлика на било кој и било чиј совет, ти веќе во крпче си имаш врзано дека сакаш да останеш залепена за дечково по секоја цена.

    ОК, твој живот, твој избор.
    Тогаш - не барај мислења и совети.
    А таков совет кој ќе се спои со твоите размислувања и ќе ги охрабри, тука нема да најдеш.

    И една многу важна работа - СЕКОЈ, апсолутно секој си има свое минато.
    И има право на свои тајни и не одговара пред никому, освен пред самиот себе.
    Не знам што упорно си се закачила за тоа дека си била некоја којзнае каква грешница во минатото, па сега овој магичен дечко е со тебе, ама притоа - мора да те казни за секоја твоја мала или голема грешка (што си е само твоја работа, и ничија друга).

    Поздрав, секое добро, ако останеш со ваков дечко, наскоро не ќе бидеш способна ни за барање било каков совет, секоја твоја мисла ќе биде всушност - негова.
    Ако сакаш да бидеш роб во животот - повели.
     
    На mims-89, Kala007, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Renee кога веќе се отвори, ме интересира твоето минато, доколку не е тајна? Баш ме интересира што е толку срамно?
     
  5. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Срамно е тоа што, во периодот кога домашните проблеми го достигнаа својот максимум, јас како незрело дете застранив, започнав врска со личност од друга вера која потполно ме искористи и ме исфрли како стара крпа, освен тоа, забременив, ми беше страв дома да кажам, но сепак нема бегање од вистината и се дозна, на само 14 години родив девојче, за кое немам ама баш никаква информација.
    Паааа, ова е горе доле скоро се во кратки црти.
    А да и, Трендафилке, не може сите да имаат исти мислења и ставови како тебе.
    Дечкото не е мачител како што ти го опишуваш туку е доста мирна личност.
    Проблемот е во тоа што зависи од тоа кој како може да ми ја сфати ситуацијата.
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Eпа што повеќе да се каже кога е евидентно дека си нашла некој дечко кој сакал да те ожени и сакаш да го задржиш по секоја цена.
    Ти си сега како еден давеник кој што сака да се фати за сламка.


    Не сакам да ти судам иако сум шокирана до каде е неинформираноста на младината, си можела да абортираш, а не да даваш дете на посвојување кое после цел живот ќе се прашува која е неговата мајка.
    Ах :x

    Ништо тогаш, ако веќе си решила да го освојуваш овој по секоја цена, остри нокти и бори се.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Исто и јас како Сесилија, несакам да ти додавам сол на раната иако не се согласувам со тоа што си го направила. Што да ти кажам, освен бори се да го задржиш овој, а незнам на кој начин, искрено незнам. :|
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    доста патено и храбро признато од твоја страна секој прај грешки во животот помали или поголеми
    секој човек заслужва 2ра шанса и нов почеток секој запамтиго ова
    ти посакувам среќа...
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Рене,многу рано си ја почувствувала погорчливата страна на животот.Си била во ситуација да донесеш голема одлука, тогаш кога си требала да играш ластик со другарките, ама животот е јаже,или понекогаш силно ќе те швикне или ќе те обеси.Како и да е, минатото не можеш да го избришеш, но прво ти си таа што треба да се помири со своето минато. Поради тоа чувство и длабоко всаден страв, дека тешко некој ќе те прифати поради направените грешки, очајно бараш љубов од било кого и си во ситуација многу да поднесеш.Имам впечаток дека самата се казнуваш, за да си ги исплатиш своите гревови.А не си ни прва ни последна, луѓето имаат многу покомплицирани приказни.Како и да е, ако го молиш и преколнуваш-нема да се врати,тој и онака е на половина пат по нови авантури.Не дозволувај да те доживува само како парче добар батак...имаш свое достоинство и исправи се на свои нозе...имаш доволно години да почнеш да чекориш исправена и сама...доста лазеше по земја упорно барајќи ги сопствените грешки-не си ти таа што секогаш е виновна за се. :)
     
    На Bozica1980 и mime87 им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Точно, си имала едно многу лошо и горчливо искуство.
    Како и зошто нема потреба да расправаме - факт е дека се случило и времето не може да се врати.
    Тебе ти останува да живееш.
    Сите имаме нечисти алишта во плакар, разликата е што твоите си ги извадила на виделина и сонце.
    Никој тука не е цветка за мирисање, сите сме правеле / правиме грешки во животот.

    Ќе си речеш - ааааа, мојата е поголема и пострашна од твојата.
    Не се мери тоа на кантар.

    Мене ми е јасно дека си посакуваш човек кој ќе стои до тебе и покрај се', ќе те поддржува и почитува и цени, ќе ти подаде рака кога ќе паднеш, па дури и во калта да си - ќе ти дозволи да ги гледаш ѕвездите оттаму.

    Ама овој дечко не ти е таков.
    Не е просто таква фигура.
    Дечкото треба да те прифати со сите маани и доблести, да не се срами од тебе, да те почитува, а не на секоја можна караница и препрека - да ти го плеска твоето минато во фаца, а ти да си набилдуваш грижа на совест.

    Ќе почнеш да си патиш од нималку убав комплекс - комплекс на пониска вредност.
    Јас како што напишав погоре - твој си е животот и можеш нормално да правиш што сакаш.
    Само ти упорно бараш некој да го одбрани , за да продолжиш да се прилепуваш кон него...
    Ок, можеби на темава ќе се најде таква девојка.

    Јас нема да бидам таа.
    Ваквиот тип на дечко ЦЕЛ ЖИВОТ ЌЕ ТИ ЈА ПРЕФРЛА ТВОЈАТА ГРЕШКА и никогаш нема да бидеш доволна добра за него, макар му дала и еден бубрег.
    Тоа е вистината.
    Можеш комотно да си најдеш некој кој ќе те цени, и нема да му е срам да те држи за рака во јавност.
    Некој, кому нема да мораш секојдневно да му докажуваш дека сега си подобра, попаметна и да плаќаш грешки од минатото, кое како што реков - си е само твоја работа.
     
    На JuLleE, Kala007, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Незнам што да кажам многу лошо. Ова е буквален пример дека грешките од минатото ги паќаме цел живот. Неможам да те осудам едноставно си била дете и животот си поиграл со тебе. А незнам ни за момчето не можам да зборувам од една страна многу е болно да дознаеш дека твојата девојка има некаде дете, и знај ако ти се врати цел живот ќе ти префрла. Како што видов имаш 27 години мислам, доволно возрасна и доволно искусна за да знаеш дека треба да го оставиш и да продолжш понатаму, но овој пат похрабро. Искрено се надевам дека среќата ќе ти се насмевне
     
  13. MelanijaOh

    MelanijaOh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Мој совет ти е да се тргниш малку од него и да го оставиш да видиш дали може тој без тебе. Тој гледа дека ти неможеш без него и си зема сила да ти се понаша како ти да не му значиш ништо па за да ти наметне грижа на совест кажува дека не правиш ништо како што треба.
    Треба пред се самата да се почитуваш зашто до кај ќе стигнеш ? Ќе бидеш само омаловажувана а ти имаш свое достоинство.
    Остави не го барај некое време, покажи му заби дека твојот свет не се врти само околу него иако е можеби така.
    Во спротивно можеш многу да изгубиш во животот.
    Имав и јас таков случај и самата бев виновна не викам не, дечко ми разбра за моето минато, ми прости но така и тој се однесуваше кон мене. Само тој како што ќе речеше така било правилно, само тој кога сака да се видиме, само тој што сака да правиме. И јас почнав да се оддалечувам од него, не дека сакав ама морав малку да одглумам зашто мислам однесувањето негово ќе немаше крај.
    Па почнавме пак расправија тој ми префрлаше дека јас го изневерувам и такви работи, но ставив крај на таа работа, му кажав дека со неговото однесување ме понижува и повредува и дека неможам да продолжам понатака. Се согласи да се разделиме, но после две недели пак ме побара да почнеме повторно и да се почитуваме двајцата меѓусебно. Ама тие две недели не знаеш како ми поминаа, мислам дека ми се видоа како година бев нерасположена а морав да глумам за моите дома да не ме познаат. Но издржав.
    За добро твое те советувам да издржиш.
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Рене

    сите сме се нашле во тешка ситуација во животен пекол ама една работа не ми е јасна
    добро бе како можеше да се плеткаш со некој од друга вера а згора на сето тоа да забремениш од него?
    КАЈ ТИ БЕШЕ ПАМЕТОТ? и сега наместо да се грижиш за тоа детенце/девојченце ти бараш совети како да си нормализираш врска т.е. да имаш нормален живот???? КАКВА МАЈКА СИ ТИ БЕ ДА НЕ ЗНАШ КАДЕ ТИ Е ДЕТЕТО ШТО СИ ГО НАПУШТИЛА(или си го дала на освојување) НЕ МИ СЕ ВЕРУВА.
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Нема ништо потешко од тоа да не знаеш каде ти е детето, како му е, со кого е? има милиони прашања кои нема да добијат одговор. ;(
    Напротив твоето размислување јас не ја осудувам девојката, се заљубила имала само 14 год, дете а има дете, сите сме свесни каде живееме, какви осудувања има од околината, ако некој е виновен тука тоа се нејзините родители, секоја проказна има повеќе страни. Прво не знаеме каква им била ситуацијата, дали имале услови да го гледаат бебето, може едноставно имале поголеми и поинакви планови за своето дете, може не можеле да се помират со фактот дека ќерка им им донела ко*иле во куќата и плус од човек од друга вера, па тука се тие балкански сфќања што ќе речат комшиите и роднините, можеби затоа се одлучиле на посвојување. Колку и да и тешко на девојкава сепак неа и треба и малку утеха и подршка за да си го среди животот. Очигледно е дека дечкото кого го сака нема да и ја пружи таа утеха, и секогаш барем така мислам ќе и плеска по нос за тоа што се случило, ама немојте со тоа каква мајка си ти, поминале повеќе од 10 год., па таа девојка воопшто не ни знае што е тоа да се биде мајка. Мене ми е многу жал што си имала вакво горчливо искуство во животот кое очигледно ти оставило тешки трауми и последици. Секој заслужива да биде барем малку среќен без оглед на грешките од минатото. Не осудувајте пред време, животот знае да биде многу суров..понекогаш потребно е и соочувствање :)
    Девојко главата горе, никој не е безгрешен, најди некој што ќе те сака искрено и без да ти суди, без оглед колку е тешко тоа што ти се случило.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    После ова јас уште поцврсто сум убедена дека тој е премногу суров со тебе. Според ова што го кажа ти си таа која го има искусено животот со својата горчлива страна прерано. Какви и проблеми да имал тој, во споредба со твоите сигурно бил заштитен како во стаклено ѕвоно. Кој е тој бе да те учи за животот? Баш ти си таа која е во положба да му држи лекции и немој да губиш надеж и да се покажуваш слаба пред него затоа што ќе ти прави вака постојано. Ти си имала многу подобар учител - животот и верувај дека тој не е свесен за тоа затоа што ти не му укажуваш на тоа.

    Многу е важно во животот да не се срамиме од своите лузни туку да се гордееме што болката е залечена, но ако тој и понатаму ти чепка по старите рани навистина не знам дали те заслужува. И што ако ти се случиле сите овие работи...како што можеш да забележиш никој не ти суди за нив, напротив, треба да се гордееш со нив затоа што тие те направиле она кое што си денес и сигурно направиле многу позрело да размислуваш за работите од твоите врсници. Сега не ме сфаќај погрешно со ова дека треба да се гордееш со нив, туку кога ќе се присетиш на она што се случило сети се колку си научила од тоа кое си го преживеала.

    Мора да му дадеш до знаење дека со сите твои грешки и ти си човечко суптество и заслужуваш да бидеш третирана со иста почит како и сите останати. На тие години (14) сите сме имале некои свои немири и сите потајно сме посакувале да искусиме нешто кое е прерано за нашите тогашни години само што некои од нас се плашеле и решиле да седат во стаклено ѕвоно додека не им помине тој период. За твојата рана бременост па воопшто не смее да помисли да ти суди (сеа не сум сигурна дали знаеше тој за тоа или...) а ако некогаш ти пререче едноставно кажи му дај бе да се смениме да видиш како е зашто ние ги сносиме последиците и на вашите страсти, хирови...љубов

    Од првиот твој пост до оној каде напиша што ти се случувало мене лично мислењето за тебе ми се смени за светлосни години....но во позитивна насока верувај. Тоа што си ја сфатила грешката и се трудиш да живееш еден помирен живот сега не е некој луксуз кој мора вака или така да се заслужи. Со тоа што се обидуваш да живееш еден подобар, помирен живот и што си научила од своите грешки, ти веќе си го залужила тоа, а тој не е семоќен за да одлучи дали е време да продолжиш со нормален живот.

    Секој човек заслужува втора шанса исто и ти. Мора нему ова да му го дадеш до знаење. Доколку го сакаш назад треба да бидеш малку построга, бранејќи си го сопственото јас. Верувај, каков и да биде исходот, после тоа многу повеќе ќе те цени.
     
    На Marianeghra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Еднаш се најдов во ситуација да определам една работа. Ми рекоа "Двајца родители се шетаат со нивното дете за рака, и одеднаш детето паѓа во вода. Што мислиш кој ќе скоке прв, мајката или таткото?"
    Најнормално и најсмирено одговорив дека мајката секогаш би скокнала прва, а зошто, бидејќи оној природен инстинкт за да сториш баш се за да го одбраниш своето е вроден баш во мајките, тоа најјасно може да се примети во природата со останатите животни, мајка си е мајка, дали е човек или животно нема врска. Туку муабетот ми беше следново.
    Бременост на само 14 години ни малку не е за оправдување или осудување, грешки се прават и треба да се прифатат истите, никој не е безгрешен, друга работа е абортусот, а поготово на прво, една мала грешка и казнет си со јалов живот без радост, трета работа е што кажав и погоре дека на тие години сите сме пргави и мислиме дека се знаеме, епа очигледно беше дека мене животот ме научи најдобро, никој не може да знае се. Четврта работа, нема ден да не помислам на нејзе, дали личи на мене, дали и е косичето црно, дали е плаво, какви очиња има... не е лесно... Ги бројам деновите до нејзиниот роденден, и секоја година само си велам во себе, уште една година зад нејзе. Во јуни треба да полни цели 5 години... Кога летна тоа време, се сеќавам како вчера да беше, и како вчера да клоцаше (беше многу немирна) ;(
    Сепак кога се роди таа, имав само 14, и немав легално право да одлучам дали ќе ја задржам или не, моите родители одлучија дека подобро би било да ја дадеме, ми ги објаснија причините и зошто, верувајте не се работеше за пари, работата се сведе само на еден мој потпис кој даде согласност дека нема да ги тужам во иднина за таквата одлука, го дадов... и се заврши...
    Мислам на нејзе секој божји поминат ден, секој момент секој час, тоа е тоа што најмногу ме гази. Бидејќи кога ја имав не ја сакав, но откако ми ја зедоа, ја сфатив осаменоста и тагата по едно мало мило, кое не ми ни дадоа да го видам.... Многу ми недостига...
    Детето не ми беше криво за ништо, и никогаш не го обвинив дека нешто ми уништи, јас бев кривецот, но помислата дека можев лесно да го убијам ме ужаснува, јас стоев цврсто против абортус и тогаш и сега.
    Единствено, барем некакво олеснување ми дава помислата дека подарив невин живот, и дека тоа дете сега некаде се радува на животот со иста радост како што ние се радувавме кога бевме мали.
    Не велам дека подобро би и било со некој непознат отколку со родената мајка, но некогаш тие што не можат да добијат дете повеќе му се радуваат и повеќе го ценат.
    Можеби ќе рече некој дека нешто не е в ред со мене, заради сиве овие работи, но не можам повеќе да издржам, да има толку многу луѓе околу тебе, а ниеден за искрен разговор. Јас ги поднесов сите осудувања, од сите, дури и од некои кои не би требало ич да отвараат уста. Но ниеден не се најде да седне и само да ме ислуша. Водењето дневник за вакви работи не е баш најдобра идеја. Додуша не сум ни сигурна дека и форумов е добра идеа, но решив да напишам, бидејќи некогаш подобар совет ќе добиеш од странец, отколку од некој што го познаваш.

    Ќе го пуштам дечкото да си оди, сепак колку и да имам згрешено во мене сеуште останало некое достоинство, и не сум како давител кој бара сламка, нити осуденик кој бара помилување, едноставно само премногу го засакав тоа е се, но нема да дозволам да ме гази без разлика колку и да го сакам, јас се сакам себеси повеќе, а за плескањето во нос.... да бидеме реални, нема човек кој во расправија не би го искористил тоа како свој одбранбен штит. ;)
     
    На k.i.t.t.y и lolyta777 им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Рене

    те свакам како ти е , мајчинскиот инстинкт е посилен од се (кога не сум дома мајка ми постојано ми звони да ме праша каде сум и кога ке се вратам не дека татко ми не ме сака ама со мајка ми сме ептен поврзани) ама барем обиди се да го запознаеш своето детенце барем од далеку ке ти биде полесно и ке бидеш и ти помирна.А што се однесува до твојата втора половина немој до толку да се грижиш, никогаш не знаеш кого можеш да запознаеш, не за џабе се вели дека ако нешто не е значи дека не ни требало да биде

    поздравче до тебе :$
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Renee
    правилна одлука според мене тој тебе ти судеше да пуштиго
    еден ден и него со иста мера ќе му се суди можеби и со поголема верувај ми...
    доста суров живот си имала за да дозволваш само да ти ги отворат раните и сол да фрлат на нив све поминва и животот оди понатаму позз ;)
     
  20. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Ех... да беше така лесно да појдев да го запознаам, ќе си го земев и дома, ама не е лесно.... Откако се разделивме никој нема никаква информација за девојченцето, иако би сакала да знаев барем нешто.
    За запознавање.... ако е посвоено (100% досега) прво тие што го посвоиле нема да ми дозволат да му се доближам, а и мене ќе ми е потешко, бидејќи сега сакам да го видам, кога би го видела би посакала да го гушнам, кога би го гушнала не би сакала да го пуштам, и така натака....
    Последнава година се мислев да појдам во болницата каде што се породив и да се распрашам, ама по се изгледа немам толкава храброст.
    А дури и кога би го нашла не би можела ни збор да изустам, бидејќи тоа девојче сеуште е мало, нема ни 5 години, и осознанието дека расте со луѓе кои не му се вистински родители би му го срушило светот, а и згора на се уште и да му кажам дека јас сум му мајка којзнае каков шок ќе доживее детето.....
    По се изгледа дека ќе морам да се стрпам уште барем едно 10-тина години најмалце за да ја запознаам ќерка ми.... И тоа не ми се допаѓа ни малку.... но тоа е цената на грешката што ја плаќам....
    Но што ако тие што ја посвоиле одлучат никогаш да не и кажат дека не е нивно дете и дека е посвоена???? Тогаш никогаш не би ја запознала.....
    Да можев барем да ја видам оддалеку.... ама не знам ни од каде да почнам да ја барам, не знам на што ќе наидам низ системите на социјалните закони, ни на какви осудувања ќе наидам од страна на другите луѓе....
    Не знам, стварно не знам што да правам...