1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не можам да бидам вистинската јас

Дискусија во 'Психологија' започната од Crnookata, 1 мај 2019.

  1. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Долго време се мислам дали да ја отворам темава,ако не е во ред нека оди в канта.
    Значи проблемот е во тоа што неможам да се истакнам како личност,постојано сум потисната,луѓето ме гледат како дива како да ги одбивам некако сите од мене,а сум комуникативна,убава а никако неможам да привлечам луѓе,од што постојано мислев на тоа и пробувам на секој можен начин да се вклопам со средината се изгубив јас самата,паѓав испити,отсуствував од се,постојано сум во некоја средина каде што неможам да бидам навистина јас она шегаџика,комуникативна,фина,луѓето секогас гледат на некој начин да ме згазат,ајде бев наивна многу сакав си сите да бидам пријател и никој да не навредам од моја страна,ама добив само искористување и понижување,и да изгледа луѓето се навикна само да ме искористуват и потоа да ме шутират,јас се изгубив не сум она што сакам да бидам,немам ниту волја за учење ниту одење на факултет,нема ни со кого да излезам,бев газена,искористувана без да бидам свесна и се прашував зошто луѓево од коа ке добијат нешо повеќе не ме познават коа ќе ме сретнат,попуштив и на факултет и некако сум сама и незнам како да се снајдам во животот,да се префрлам во друг град немам услови,зарем нема некој на овој свет што ќе ме запознае што всушност сум јас и да ме свати,ајде за тоа од минатото несакм да зборам кај што ме и закача,омаловажува,а јас ќутев и ќутев незнаев што да правам,незнаев да се бранам на време,и сега уште трпам последици,ѓи научив да се однесуват лошо со мене,и незнам како да кажа СТОП на тоа,пошо ми се смачи.
     
    На lostandhopeless, Blue.Sky, HaringtonKa и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Многу се пронаоѓам во твојот пост.И јас никогаш не можев да бидам она што сум,се чувствував како вишок помеѓу другите.Многу сум наивна и гледам никој да не повредам,а на крајот јас сум повредената.По карактер сум премногу темпераментна,ама никогаш не сум се почувствувала безбедно да се покажам во моето вистинско светло.Едноставно не можам да се опуштам пред секого.Постојано сум во сенка.Се чувствувам како да не постојам помеѓу врсниците
     
    На lostandhopeless, La.loca, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Biny

    Biny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Машки
    Тешко е да се смени долгогодишна навика но мора да се почне од некаде, најдобро одбери личност најдалечна и најнебитна/ен и кажи му НЕ.
     
    На WildMk, sj *O*, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    До тоа што не можеш да бидеш вистинската ТИ, најчесто е поради не сигурност во самата себе. Најпрво мораш да се прифатиш ти самата како личност каква си и што си, да си ги знаеш добрите и лошите страни, своите маани и доблести, па потоа се друго.

    Зависи и како се поставуваш од почеток со некој луѓе, доколку уште од старт си ги покажеш слабостите, несигурноста и тоа дека си добра и наивна, нормално дека секој ќе гледа да го злоупотреби тоа (за жал).
    Промените најпрво мораш да ги направиш со самате себе, па потоа да очекуваш и другите да ги видат.
     
    На Blue.Sky, La.loca, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Женски
    Се наежив од постов зашто мене ме опиша, буквално! Подоцна подетално ќе напишам, инаку суштината, ти кажаа и погоре, лежи во несигурност и неприфаќање на себе, а за жал и сплет на околности, некогаш едноставно не налетуваме на наш тип луѓе :smirk:
     
    На La.loca, Love 83 и Crnookata им се допаѓа ова.
  6. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Od koi promeni da pocnam neznam,sto da napravam ednostavo lugeto ne me cenat iako nema pricina.
     
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    42.884
    Пол:
    Женски
    Иста бев.
    И се сменив преку ноќ.
    Престанав да бидам добра со сите.
    Бев добра само према тие што беа со мене добри.Другите не ги фермав.Мора да пресечеш.
    Почни да бидеш дрска и безобразна.Дигај им го тонот кога ќе те изнервираат, покажи им заби малце.
    Јас така до 9то ќутев на сите ме малтретираа се зафркаваа со мене, ме користеа за домашни и тестови.
    Ама ми дое преку глава и си викам ова вака не иде.
    Буквално преку ноќ се сменив.
    Пример ќе се насмеат ако ме видат и ќе им кажев :Шо ме глеаш, има нешто смешно?! И ќе се заќутеа
    Ќе им требаше нешто само ќе им кажев неќам ( пр кажи ми го одговорот).Им се дерев им урлав.Се што имав собирано со години почнав да го празнам.
    Почнав и према другите да сум груба.Многу луѓе ме знаеа и ме збореа како лоша ама буквално.
    Сите имаа таков впечаток за мене, ама секој кога ќе ме запознаеше ќе ми кажеше еј ти фина си била уствари.
    Цело време контрав и терав по свое со сите.И ден денес е така, само што многу имаат почит према мене денес.Добра сум со тие што заслжужиле да сум добра, а оние кои се дволични и ми глумат пријатели и добри луѓе и со нив сум добра ама им копам дупка позади грб и на крај паѓаат во нејзе.Не може пред мене добри а позади мој грб јадење буреци.
    Мора да го промениш својот став, мора да бидеш поцврста.што и да има пиши лп ќе праиме муабет можам да ти помогнам.
     
    На LanaSGirl, Shmizla94, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Nemozam da ti posam lp,ako sakas pisi mi.
     
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Навидум нема причина, ама тоа е поради тоа што ти самата себе не се цениш доволно. Каква слика ти правиш за себе во својата глава, таква слика им даваш на луѓето околу тебе да гледаат.

    Не е лесно да се промени нешто што долго време трае, ама мораш да почнеш од некаде, советот од @Feminka22 е добар, како сите со тебе така и ти со нив, не може ако некој ти се понаша дрско ти со добро да му враќаш, на лошо со лошо, добро со добро.
     
    На sj *O*, Crnookata и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    @Crnookata и јас се пронајдов многу во твојот пост. Буквално на прстите од едната рака се бројат луѓето со кои можам послободно да комуницирам, и тоа не сите од нив знаат се за мене. Јас сум затворена личност, имам изградено ѕидови околу себе, а внатре сум сосема друга личност и спротивно од она што 99% од луѓето го мислат. Од внатре сум комуникативна, опуштена, среќна сл. но тоа не можам да го истакнам. Не можам да бидам вистинската јас. А и не секој сака да се искачи преку ѕидот и да ме запознае онаква каква што сум, за жал. На луѓето брзо им здосадува од мене, затоа и немам некои пријатели. Скоро сите ме знаат како срамежлива, повлечена и како да не сакам никој околу мене. Едино пред дечко ми можам да бидам највистинската верзија од себе. Но, кога ќе се појават други луѓе сосема друга приказна е. Има некои ретки моменти кога некој што зборува многу ќе ме опушти и можам донекаде да се изразувам слободно, но не знам како да остварам пријателство со таа личност. Таков пример имав деновиве. :(
    Не знам каков совет да дадам пошто и јас сум во иста каша, барем ја споделив и јас маката и можам да ти понудам поддршка бидејќи знам како е.
     
    На Blue.Sky, HaringtonKa, La.loca и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Прво и најважно е да научиш да го искажуваш својот став, без разлика колку и да е спротивен од оној на другите и воопшто да не покажуваш слабост. Ако цврсто веруваш во твоите квалитети, тогаш никој не е посилен од тебе ниту умствено, ниту физички. Животот не е розов, секогаш ќе има некој кој ќе сака да ти го попречи патот, да те омаловажи и потцени. Треба да научиш колку и да те повредува тоа никако да не покажуваш слабост пред нив. Не велам дека е лесно, особено ако си голем емотивец и се си ставаш при срце, но не дозволувај да те потценуваат.

    Има една мисла што многу често си ја кажувам сама на себе во моментите на слабост. “Гази се пред себе, пред другите да те згазат тебе”. Ама гази ги со насмевка и убав збор, со цврст став, не се спуштај на ниво на ароганција и безобразлук.

    Лично за мене ќе кажам. Моментално се наоѓам во таква ситуација се борам со ѕверови околу мене. Ѕверките не се срамат од нивното невоспитание и простатилок. Толку многу ме имаат повредено и испровоцирано, но со оглед на тоа што сум приморана често да ги гледам, не се скарав, туку одговорив и им ја зачепив устата мирно и без агресија. Им објаснив на фин и културен начин на кое ниво се разговара со мене. Поентата ми е, јас не сум бесчувствителна личност, зборовите еднаш кажани тешко се забораваат и болат, но не дозволувам во очите на другите да изгледам ранливо, колку и да ме боли.
     
    Последна измена: 2 мај 2019
    На Blue.Sky, La.loca, LanaSGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам никако со тоа дека треба да станеш дрска и безобразна, не. Максимално верувам во добрината и љубезноста, верувам дека друг проблем имаат тие ко тебе, мене...
     
    На Blue.Sky, candy.cane, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Каков проблем на пример.инаку и јас мислам така дека стварно си имаме проблем,инаку за безобразноста немора,али малку дрскост мислам дека би ни било ок.
     
    На Biny му/ѝ се допаѓа ова.
  14. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    4.367
    Пол:
    Женски
    Има разлика од некултурно однесување до дрско. Некултурното нема да ти донесе ништо позитивно, ќе изгубиш контакт со луѓе и нема да бидеш посакувана во ничие друштво. Но дрскоста како карактерна особина јас доста ја почитувам. Потребно е човек да има свои принципи и граници од кои не отстапува. Тоа значи дека се однесува според својот морал и не подлегнува на туѓи манипулации со цел некому да му се допадне.

    Не обвинувај се зошто си добра, туку биди горда на себе. Само не биди наивна. Ако кажеш не на нешто што не сакаш, не значи дека не си повеќе добра личност. Не е твоја работа да задоволуваш туѓи потреби.

    И најважно е да се прифатиш таква каква што си и да веруваш во тоа. Како се претставуваш сама, така те прифаќаат тие околу тебе.
     
    На Blue.Sky, candy.cane, LanaSGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  15. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Емотивците полни со емпатија и љубов највеќе го јадат во животот.

    Млада си како што можам да проценам од муабетов, тек допрва ќе почне да ти станува јасно дека светот не е розев и дека за жал повеќето луѓе околу тебе се злобни и бесчуствителни.
    Никогаш немој 100% да се откриваш пред никого!
    Ниту себеси како карактер ниту плановите што ги имаш за во иднина, ни среќа ни тага денес не се споделува со секого. Страшна љубомора владее помеѓу нас и сведок сум дека и најблискиот може од завист да ти забие нож во грб се со цел да спречи да си поуспешен од него.

    Вистинските луѓе ќе си го најдат патот до тебе. Немој да брзаш и од очај да пушташ било кого во животот само колку да не си осамена зошто големи се шансите така да бидеш одново и одново повредувана и уште повеќе да се затвориш во себе.

    Како за почеток промени го размислувањето. Малку повеќе оптимизам, убави мисли. И активирај го малку објективното видување во тебе следен пат кога ќе запознаваш нови личности, верувај дека со тек на време ќе научиш да ги распознаваш намерите и душите на луѓето, енергијата со која зрачат и самата ти ќе одлучуваш дали ги сакаш или не покрај себе. :*
     
    На La.loca, LanaSGirl, RosettaStone и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    E овде се пронајдов,значи во мојт живот можеше буквално секој човек да влезе,без разлика добар лош,јас дозволив сите да ме поседуват,на сите да им прам добрини без да сум свесна дека јас сум само од корист за нив,бев срекна што можам да не им приречам нешо,јадеа пиеа кај мене,на крај пробааа да не ограбат,значии неможам да зборам дајле.
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во несигурноста во самиот себе си туку во околината.
    Не ти даваат да бидеш тоа што сакаш, поинаков и поразличен од нив бидејќи тие самите не прифаќаат други карактери.
    Не прифаќаат туѓ успех, не прифаќаат туѓи мислења.
    Најчесто таквите се на врвот и секој што ќе им го земе врвот го напаѓаат.
    Тебе ти преостанува да избегаш од токсични луѓе и да почнеш од почеток па макар и сама.
    Ќе видиш тогаш како ќе привлекуваш околија иста ко тебе и ќе бидеш посреќна.
     
    На Lifelive, La.loca, happygirl11 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Biny

    Biny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Машки
    Треба да знаеш/анализираш кон кого да бидеш дрска/лоша не сите те повредиле/искористиле намерно.
    Не е се црно или бело само моментално така гледаш на светот, потруди се да ги видиш и другите бои, пробај да најдеш другар/ка што ќети помогне.
     
    На La.loca и Crnookata им се допаѓа ова.
  19. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    "Фина сум и убава, комуникативна итн"...Почни да ги применуваш тие квалитети во пракса и не се затворај.
    Имаше една поговорка од една славна дама: " Никој не може да те направи да се чувствуваш инфериорна, без твоја дозвола!"
    Па така и ти, и да врескаш во себе, не покажувај секогаш слабост во дадени ситуации и опушти се. Немој да мислиш дека останатите сме нешто подобри, само едноставно уживај, биди си своја и ќе привлечеш луѓе слични на тебе и по некој пропратен идиот, што е а must have :D
    Ете вежбај се на форумот, вклучувај се во дискусии похрабро :)
     
    На La.loca, cresa-jagoda, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    A koga nemam moznost da ja smenam okolinata,nema kaj da odam.

    Nema takov

    Epa nemozam toa da go izvadam,nema pred kogo I so koj.
     
    Последна измена од модератор: 3 мај 2019