Не можам повеќе

Дискусија во 'Разделби' започната од princessofthedark, 8 мај 2010.

  1. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    Мислев дека никогаш повеќе нема да се заљубам, се заколнав дека нема да се заљубам, потоа се појави ти ме извлече од темнината, ми покажа дека животот може да биде убав, ми покажа дека љубовта може да биде возвратена, ми даде некое чуство на сигурност знаев дека што и да се случи има таму има некој што ме сака... те засакав стварно можеби и премногу, не ни сетив кога се случи тоа... После пет месеци колку што бевме заедно почуствував дека нешто се смени, како да се олади спрема мене, видов дека ме изневеруваш ништо не ти спомнав, се правев дека не знаам, мислев ќе ти помине... Синојка те прашав што се смени дали стварно ме сакаш ми рече да не измислувам дека треба да ти верувам, дека нашата врска не може да опстои без доверба потоа ми рече ајде гаси се од скајп му реков уште малце отварам фацебоок и на ѕидот пишува (името негово) и таа во врска... добив тахикардија мислев срцево ќе ми излезеше од градиве, го прашав која е таа ми се изнасмеа и ми вика девојка ми... целата се шокирав му честитав...
    на крај не можев да спијам, се чуствував како да снема еден дел од мене, имав некое неподносливо чуство во стомакот и сега додека го пишувам така се чуствувам, многу ми е тешко не можам да престанам да плачам, не можам да јадам, нема на кого да го кажам ова затоа решив да ви кажам на вас барем малку да ми олесни.
    Сега се вратив на почеток пак сама, најмногу се плашев од ова, се случи еднаш да засакам некој волку ми требаше една година да станам од кревет, во тешка депресија паднав, се плашам сега пак да не се случи истото, немам повеќе сила, не би можела уште еднаш да поминам низ тоа. Се плашам да не направам некоја глупост. леле многу ми е тешко (сето ова се случи вчера вечерта)
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.337
    Пол:
    Женски
    princessofthedark наместо да плачеш по него, избриши си ги солзите, насмеј се па колку и да ти е тешко, биди весела, излези, флертувај, се додека му покажуваш дека он ти е слабост да знаеш дека ќе манипулира со тебе, ако го игнорираш он ќе се чувствува отфрлено и ќе те побара. Искрено НЕ ТЕ ЗАСЛУЖУВА. Преболи го, оди напред , а тркалото се врти, се што правел он ќе му прават и на него, немој да ми бидеш тажничка :*
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Принцес оф д дарк...вакви машки ги има колку сакаш, ама да знаеш дека тој губи. убаво ти рече ирена, додека покажуваш слабост, тој ќе си игра, а ти ќе страдаш. Знам дека ти е тешко, нема да ти помогнеме никој. Ама стварно не можам да се начудам што му е на машкиве вака што прават. Нека не се мисли тој голем џек, на крај тој најмногу ќе плаче. Немој да се нервираш и да си ја ништиш младоста за таков, не вреди!
     
  4. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    така е тркалото се врти what goes around comes around. Баш ме интересира дали ќе ме побара откако ќе раскине со таа( се надевам за многу брзо време), се навикнав да го гледам секој ден или барем да се слушнам со него ако не го видам, тоа ми падна многу тешко. и тоа дека ме лажеше до последен момент, буквално до последен момент, да не видев на фацебоок дека се ставил во врска со таа немаше ни да дознаам за тоа, барем не вчера... Требаше да прекинам на почетокот кога не чуствував ништо посебно за него, е сеа сама сум си крива. Се надевам дека наредното искуство со некое машко нема да биде како сите претходни до сеа. Значи сите дефинитивно се исти, или па ја сум бакзус па се на такви налетувам :^), малку ми е подобро сега откако го споделив ова со вас ( не сакам никој да се сити на мојата мака), а и другаркиве се само по потреба со мене...
     
  5. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    kakov kreten!!! nemoj da si se gelupirala da mu places-ne vredi ni plunka da si trosis na nego a kamo li solzi. debil glupav. da ne misli deka e jak fraer slucajno. mizerija od covek e -ete toa e.

    isplaci se da ti pomine makata i glavata gore devojko. nemoze eden nesozrean mocko da te frla u depresija. zivotot e poubav sama otkolku so pogresna osoba. ti vredis mnogu! veruvaj deka trkalceto se vrtki.
    site nie sme pominale niz momenti na razocaruvanje i migovi koga znaes deka pruzas i zasluzuvas poveke od sto dobivas. ova razocaruvanje ke te napravi pojaka i ke znaes kakvi deckovci da cenis ponatamu vo zivotot.

    i zapomni-APSOLUTNO SE SE SLUCUVA SO PRICINA, KOJ ZNAE ZOSTO E OVA DOBRO. nema placenje se razbravme??
     
  6. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    па ако продолжам уште малце да плачам очиве, ќе ми испаднат. А мислев дека овој е поразличен, барем така се покажа на почетокот
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    za podetsko,pokukavicko i poklosarsko odnesuvanje nemam slusnato do sega.Bog da cuva.ispravi glava,brisi solzi odma,za ovoj li ke places
     
  8. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    на почетокот сите се добри симнуваат ѕвезди од небото, но подоцна го покажуваат вистинското лице.Си му покажала дека го сакаш и дека ти значи па затоа се прави курназ (се извинувам на изразот). Остави го таму сега нека мисли таа дали ќе и направи исто како што ти направи и тебе.не се нервирај за некој што не вреди а особено не покажувај слабост пред него прави се дека ти е сеедно а и треба да ти биде за ваков како него.ИДИОТ!
     
    На sweety200 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.404
    Срц...сите или повеќето сме доживеале вакво разочарување...ама да...верувај, секое лошо за добро е...кога ќе помислам дека мислев, после бившиот крај...крај за мене, кога ме убедуваа сите дека тоа ќе донесе нешто добро, не верував, никој жив неможеше да ме убеди дека од тоа ќе излезе нешто добро...се чувствував исто како што опишуваш...се ме болеше...се ми беше безвредно...ама не било за добро...било за предобро...она што сега го имам , овој човек покрај мене, кој ќе ми биде сопруг за еден месец е најдоброто нешто што можеше да ми се случи...многу му благодарам на бившиот за таквиот развој на настаните...многу...и кај тебе ќе биде така, искористи го ова што ти го пишувам за да сфатиш, дека исто се чувствував како тебе, мојата врска беше 4 години, и мислев дека од крајот неможе да излезе ништо добро...а излезе најдобро...џабе се нервирав...немој и ти...главата горе... гордо и исправено...среќата негде те чека...
     
  10. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Истото и мене што ми се случи пред некој месец. Симнуваат ѕвезди се додека не паднеш на колена пред нив, а после абрака-дабра, некое чудо и ете го со друга и ѕвездите пак светат на небо. Кога го запознав овој што толку ме повреди мислев дека е најдобриот човек на светот, дека најдов личност со која можам да зборувам на било која тема, да ме подржи итн. Така беше се додека не отиде со друга на истиот начин на кој и тебе ти го направил тој. Немој да жалиш. Знам дека е тешко, истото го поминав, ама губиш време. Ќе те побара, како сега мене овој што ме бара, али за него сега сум офлајн. Не би можела уште еднаш да го проживеам ова. И немој да му се враќаш, кај и да е животот ќе ти го донесе вистинскиот. Јас се надевам на тоа ;)
     
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Некаде имаше дека подобро е да се соочиш со нештата , па дури и болни биле . Имав другарка што одкога раскина со дечкото тој имаше друга , од исто друштво сите 3 беа. Помисли да се повлече од друштвото , од целиот свет ама сфати дека тоа не е решение . Искачаше со нив , додека они двајца се држеа за рака , таа ги гледаше .. Ја болеше сето тоа , ама со тек на време престана .Колку и да те боли , ако бегаш од местата каде што пример сте искачале вие двајца ..нема ништо да решиш . Биди силна и не потклекнувај , немој беља некоја да направиш ради некој што не заслужува ни да го погледнеш во очи. Со тебе сум да знаеш , како и сите овде :) :P
     
  12. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    и што да направам сеа, неможам од глава да го извадам, лута сум ,гневна, после тоа ми се враќа филмот па тажна сум па се нервирам зошто уопште дозволувам да бидам тажна... уште колку време вака аман веќе...
    инаку фала девојки за подршката. Не знам што ќе правев без вас....
     
  13. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Времето лечи се. Порано или покасно ќе го заборавиш. Се минува и ова ќе помине. Само не дозволувај да се уништуваш себе си.
     
  14. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    леле не ми се верува синојка му пишав порака, сега ми е криво многу. :(
     
  15. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    :devil: зошто? Подобро место него прати ја пораката на некоја другарка ако барем мислиш дека така ќе ти биде полесно но сепак те разбирам но не си дозволувај да му покажеш колку ти значи на тој начин тој си го исполнува егото и му епричина плус да мисли дека може да биде со тебе кога сака поздрав и не ми се нервирај :*
     
  16. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    знам јасно ми е тоа. Затоа и се изнервирав ке си го полни егото... леле кретен... ај ке помине и ова ваљда некогаш
     
  17. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    mu pisa a? :x :x :x
     
  18. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    леле ќути жива ќе се изедам :@ :@ :@ :@ :@
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Срцка, нема депресии, еее да знаеш какви се ги има по овој свет, и јас бев ко тебе, мислев ке паднам у депресија, нема да лажам , ми беше тешко и уште ми ено од причина што ми влеа страв у коски, се понашаше мн гадно, а не од што ми фали тој. Еве ние сме тука за тебе, да ти помогнеме, не си сама не се секирај
     
  20. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    фала ви многу на подршката, стварно незнам што ќе правев без вас. Сега ми е некако полесно, најверојатно затоа што немам никаков контакт со него (после пораката), и воопшто не сум го видела полсе тоа што се случи...