1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не можам повеќе

Дискусија во 'Разделби' започната од princessofthedark, 8 мај 2010.

  1. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Време лечи старе ране!
    Тешко е...но со време постепено ќе го прифаќаш фактот дека можеш да имаш и подобро од него!
     
  2. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    леле читам и ми иде да ве гушнам сите и да ви кажам сигурно ке помине!!!!
    кога мене ми помина мора и вас!!!!!
    мојот типац после 3 години заедно го сретнав со девојка за рака,без претходна подготовка без ништо само гром од ведро небо!!!!!и уште храбар до бескрај не запозна...незнам како се воздржав и ден денес не ми е јасно....три дена лежев и плачев а после тој ми се јави и ми рече јас нејзе ја бирам,има појаки финансии од мене!!!!!!!!!!!!!!!му се изназборвав се што ми лежеше на срце се изпразнав...долго време помина дури излегов со друг дечко ама ниако не ми се зафакаше со никој од старв да не се повтори истото....ме бараше многу пати се сретнувавме,знаев дека е изгубен ама сакав да го болиииии да го болиии тоа што секој пат бев поубава,и по секси и се со по..
    ама тој си беше со неа....и сега кога мислам за тоа од овој аспект фала му на господ што така испадна,барем ја видов неговата вистинска страна со време...
    а да и се договорив да се најдам пак и не отидов на средбата...го исклучив мобилниот за да не дојдам во искушение и го оставив да си чека....добив еден е маил само со -фала ти- на кој си се насмеав,и мислам дека малку му беше,требаше нешто појако да смислам...ми е криво што тогаш немаше фемина за да можам со некој да зборвам мораше се сама одлуки да носам,а сега барем има каде да се отвориш и да прочиташ искуства...
    времето лечи се после 3 години си го запознав мојот сопруг на кој не му е важно што е татко ми по професија и ме сака точно каква што сум...
    главата горе и што е ваше ке си дојде....знам дека е тешко но на искуствата учиме..
     
    На MonnaSi, vlubena и sonce777 им се допаѓа ова.
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Не лечи времето ништо. Сами ако не решите да се извадите од бездната,времето нема да дојде и да ви подаде рака. ;)
     
    На Divinebutterfly, baguf4e, Natka87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Богами држи вода ова. Со тек на време едноставно ни здосадува да се наоѓаме во таа ситуација, решаваме да пресечеме и да продолжиме со животот. Кога ќе видиш, пак времето игра улога, зашто треба да помине некое време за да се стабилизираме. :) Но сепак се е во нашата глава, и самите ние ја играме најважната улога. Џабе ќе биде времето ако не превземеме нешто и упорно тапкаме во место :) Можат да поминат и години па пак да се наоѓаме во истата ситуација, сето тоа зашто не сме решиле да ставиме крај на одредена работа.
     
  5. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    епа вака сеа да ви кажам што бидна пројде една и пол година од кога се видовме последен пат. Ми беше премногу тешко постојано мислев на него и сега мислам ама не боли толку многу. Кога идам на местата на кои сме се шетале заедно само ке си се насмејам како спомен на нешто убаво, зашто сакам да се сеќавам само на тоа што беше добро додека бевме заедно а не на начинот на кој заврши. Од тоаш се немаме видено :) и не ми е криво. Имавте право времето лечи се, полека се заборава она што било и раните заздравуваат. За тој период запознав многу машки имав многу врски ( имавте право) но не дозволив во нив пак да се случи истото, ова искуство ме научи да бидам појака и да сватам дека се е само дел од животот и секогаш има решение за се само треба да се има малце трпение и се ке се среди, дури и кога мислите дека нема излез од некоја ситуација грешите секогаш ама баш секогаш има излез. Моментално сум во врска 9 месеци но знам дека тој не е the one кога тогаш и ова ќе заврши, но не се откажувам од љубовта и убедена сум дека еден ден ќе најдам некој што ќе ме сака бескрајно и никогаш нема да ме повреди. Сите заслужуваме да бидеме сакани и да сакаме, затоа не дозволувајте ваквите разочарувања да направат да се откажете од љубовта :)
     
    На osamenAaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Не можам ни да ти опишам колку ми е мило што го читам ова ... :) :clap: .Си била во гадна ситуација ова на ниедна не и го посакувам (освен на непријателките :lol: ) Останав ваква :o кога го прочитав ми беше мака што не знаев што ти се случува а сакав да знам ... Тежок и низок удар е тоа . Особено ако некого сакаш со цело срце.

    Фатална грешка е што си мислиме дека ова е тоа тој е тој готово само тој и јас сме цел свет . Се гледа дека си се променила . Еден ден ќе дојде и вистинскиот .
    Стојам зад тоа дека додека не се изгориш нема да знаеш . Тоа искуство непријатно ни ги отвора очите . Да не паѓаме пак на истото место ...
     
  7. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Ова ке го напишам тука.... Ве молам за помош.
    Моите ,особено татко ми не ми дозволуваат да бидам со тој што го сакам.Ми викаат дека ако сепак на крај се земеме дека нема ништо да ми помогнат во животот и ке дигнеле раце од мене.
    Совет... Ја го сакам,ама не сакам и да ги изгубам и родителите :^) ;(
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Зошто не ти даваат? :^)
     
  9. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски


    Бил стар (ама не е многу само 10 сме разлика во години),зошто бил од аеродром,па таму биле многу лоши и неработници,се биле наркомани,види и тој каков е слаб прав наркоман и разни други предрасуди :@

    Јас од ова мислам дека ништо не е правилно што ми викаат,да има наркомани ама ги има насекаде а дечко ми не е таков ;( ;( ;(

    Е кажете ми што да правам и како да постапам,кого да одберам :@ :@ :@ ;(
     
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Оф мајко мила. Запознај ги твоите со него, да видат дека не е таков.
    Немој веднаш да се принудуваш да бираш. На сите родители не им е сеедно на почетокот. Ако го сакаш и добро ви оди труди се да имаш добри односи со родителите.
    И да, па пристар е. Може ќе сака во скоро време и да се омажи, можеби и затоа се против твоите..
     
  11. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    ДА беше почеток.....Со него сум си веќе 4 години,им го покажав прво на фејсбук,коа го видоа леле.... Се скришно излегувам од мојте... Еднаш кога требаше да идеме на саем на концерт да ме земе од дома мојте не ме пуштија не може имаш за учење .... Денес пак ке се видиме .... ПА уште дома да го донесам па татко ми лом ке направи е тогаш ке биде густо и мене ке ме отераат кај што не треба и затоа незнам што да правам. :^) :@ ;( :devil: ;( :devil: ;(
     
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Angel4eeee тоа што сте 10 години разлика на страна ако те сака почитува чува , се однесува како што треба не паничи кажи им на твоите дека тој е сосема океј сега ти имаш 20 тој 30 веројатно нема уште многу да те чека за брак (мое мислење), кажи им на твоите или на мајка ти поконкретно дека е сосема океј ;) како може да судат луѓе по населбата каде што живеат ?
    ако е дечкото сосема во ред и ако го сакаш нема да е страшно инаку разликата во години мене ми е голема ама еве тебе не ај види што ќе направиш
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.486
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Aнѓелче,тоа е страшно :x .пред се тие се твои родители,но морам да речам дека постапуваат погрешно.разликата во години не е најбитниот фактор,јас имав дечко постар од мене 7 години,па тоа не ни сметаше.напротив,некогаш повозрасно машко повеќе одговара на карактерот на зрела девојка.ти си паметна млада девојка ,твоите родители треба да се гордеат со тебе,наместо да ти забрануваат.нормално е да си имаш дечко,нели социјализацијата е важна за млад човек.и не правиш ништо погрешно,нормално е да се јави таа желба да бидеш поблиска со спротивниот пол.
    конкретно да ти кажам и јас имав таков проблем со родителите,ми забрануваа да излегувам да се гледам со дечкото,беа престроги со мене,а потоа сфатија колку се глупави и се срамуваа.ќе те советувам да не избувнуваш,кога некогаш ќе речат не,прифати го тоа .колку повеќе им противречиш,толку повеќе филмови ќе си направат во главата.докажи им дека си во право,и побогу полнолетна си треба да донесуваш и сама одлуки.сега засега не им го спомнувај,гледај да не се сомневаат во тебе биди си со другарките пред нив а ако дојде време да биде врската поозбилна,тогаш ќе мора да се соочат со тоа!не можат да носат суд за личност што не ја ни познаваат.сега не мисли на тоа,не се нервирај се ќе се среди поздрав :* :hug:
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Понекогаш родителската љубов знае да ја премине границата и да прерасне во нешто сосема друго, контролирање на животот на детето.Овај вториов случај ти се случува тебе сега, едно нешто треба да сватат веќе 20 години претпоставувам ќе ги полниш доволно си возрасна самата ти да си одлучуваш за нештата во твојот живот, нивната обврска веќе заврши те израснале, ти пружиле образование, те воспитале останатото останува на тебе ти да одлучуваш и да ги трпиш последиците за твоите одлуки.Тоа што не ти ја одобруваат твојата врска со саканиот е нивна најголема грешка, не би требало да се постават на таков начин, како прво ти си го бираш и ти ќе живееш понатаму со него, а не тие затоа не треба да се мешаат кој да ти биде дечко или не знам повеќе од дечко да речеме сопруг, како второ не би избрала некој си кретен, наркоман или што ти ја знам доволно си свесна за да одбериш нормално момче за соживот, нема никаква врска од каде е дали од аеродром или што ти ја знам други општини во Скопје.
    Совет треба да си седниш со родителите и да си направиш еден што викаат домаќински муабет кај нас во Прилеп, да им алудираш дека ти него го сакаш, го почитуваш, тој тебе те сака, почитува и те усреќува и дека тој е твојата љубов, а не некое момче што тие ќе го изберат.Како што пишав погоре тој е твој живот ти одлучуваш како и на кој начин ќе го живееш.
    И да потполно знам како ти е понекогаш и моите се такви за девојките, таа нивна огромна љубов преминува во сосема погрешен правец, ама јас не им викам секогаш со мирно седнувам и разговарам и понекогаш повторно со истото се мешаат оваа ваква онаа онаква, ти си син единец мора да биде добра бла бла :talk: па доста е веќе мој живот мои правила не се мешајте.Затоа не те советувам да седниш и да се караш со нив поради тоа но да седниш и со мирен и тивок разговор да му пренесеш се што ти лежи на срце.Се надевам дека до некаде ти помогнав се најдобро.
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Ви благодаран на сите за советите,и да ,ја мирно и разговарав мноу одамна али они си беа ужасно лоши спрема мене.Ке оставам на времето и ако врската ни крене на погоре пак ке оставам се на времето еден ден и така ке мора да се помират со тоа. Поздрав и ви благодарам многу,ја ке се обидам и пак па ке видиме што ке испадне.Што би правела ја без вас :* :* :*
     
  16. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    e така оптимизам малку не се секирај , ако си се сакате :) колку и да се лоши разбери дека се грижат само како родители и те сакаат :*
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    6.907
    Пол:
    Женски
    Ангелче верувај дека родителите нема да си ги загубиш...Имам еден пример тука во комшии чупето избега бегалка а тоа кај албанците е најголем страм,а и нејзе така и правеа бидеки тој е од друг град не ја оставаја со него да оди за да не замини од битола...Таја го следеше срцето и си замина...Мајка и припагаше на лексилиуми беше некое време ама се смирија за свадбата кога појдоја а кај нив е адет ако чупето избега бегалка женска свадба нема и ништо не и направија ниту девојачко,ниту свадба ниту ништо.
    И што дека беа кавгите кога пак се смирија,а чупето дефинитивно го има најпрекрасниот брак,преубави услови и прекрасно бебенце...Така да,никогаш нема да згрешиш ако се работи за некој што го сакаш и кој те поштова и цени...
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Луге повторно си иам проблем. Повторно пишувам тука затоа што знам дека ке ми помогнете. :)
    Денеска кај дечкото отидов ненајавена и се изненади се прегрнавме и бакнавме силно и влегов. :inlove: Му заѕвони мобилниот и бидејки се одзива ја слушнав како еден другар му вика како ти беше нокта со тања. :@
    И дечко ми му вика е сеа што ти требаше тања да ми ја носиш што би правел ја со неа.Ок ја преголтав но бев многу нервозна и тоа многу се познаваше,го фаќам телефонот како ненормална и го шкрапам на празно без ништо да правам (телефонот ми беше заклучен) и овој ме гледа ми вика што ти е ?? :|
    и ја му викам ништо не ми е уморна сум само.И повторно така правам и повторно тоа ме прашува и ја повторно му одговарам така.По 1ипол час доагаат две девојки слаби и грди и стари и сигурно добро исфукани,и влегуваат и на врата едната од нив го бакнува а другата само влегува. :@ Едната беше многу слободна ко дома да е и ја се изнервирав и си заминав и му викам си одам ја кажав 300 неповрзани работи како морам да одам ме чекаат дома ,имам за учење и морам да одам ама онака потресена и нервозна уште малку ке запла4ев ама не се дадов,влегов во лифтот и си илегов со солзи крокодилски и сеуште плачам и незнам на што да мислам повеќе. Порано кога идев му се јавував а денес не. ;( и уште нешто ке заборавев едната јадеше коросан и се обидуваше да го заведе со некој потези и тоа пред мене.Ја само ја гледав :?: И кога да си одам пред неа ме гушна само со едната рака а никогаш не ме гушнал така :!: ;( Незнам што да правам,кажете ми ;(
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Чим бараш совет некако предосеЧам и дека нема ни да го послушаш, ама пошто се трогнав онака малку ко женско и женска ке дадам мое мислење.
    И ке биде кратко и јасно :
    - ИЗБРИШИ го копилето од твој живот.
    Да дообјаснам : Немаш више ти работа со него, завршено.
    Немора ни да му раскинуваш свечено бре, нека не постои за тебе више.

    И ако случајно ми вратиш со мислење дека неможеш без него и дека многу ама најмногу го сакаш и дека у најмала рака една мала шанса ке му дадеш све што ке помислам и ке кажам сега е дека Си го заслужила тоа.

    Размисли убаво.
    Дали и колку си се цениш самата себе .
     
    На fallenangel, a.c.k.a, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Се сложувам со претходното мислење, и да напоменам дека само некој кој што нема гордост и достоинство може да прости вакво нешто. Да се цениш малку повеќе себеси веројатно и тој би те ценел и не би те правел будала како што те прави сега.
    Ако му простиш ќе бидеш обична глупачка за него и во иднина ќе ти приредува вакви ''изненадувања'' и ќе те врти како што сака зашто му се може очигледно.
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.