Здраво на сите, Би сакала да Ве прашам нешто. Имам проблем што досега не сум сретнала никој со истиов и очајно барам помош - Не осеќам мирис, не осеќам ништо со носов... ни убав мирис, ни смрдеа..апсолутно ништо. Со вкусување немам никаков проблем, се е во ред...но не можам да почувстувам никаков мирис. Проблемов го имам од кога знам за себе. Претходно не се замарав толку, не осеќав никаква потреба од замарање, но сега ми смета...ми смета многу.. бев на лекар пред две-три години, им беше многу чудно, ме испроверија и ми рекоа дека не можат ништо да направат. И од тогаш не сум била. Доколку има некој со сличен проблем, или ако знатете некаков лек, ве молам да ми пишете. Очајна сум, не знам што да направам. Ви благодарам однапред!!!
А дали си пушач? Ако си, може од тоа да ти е ослабнато сетилото за мирис. Најчесто пушачите го имаат тој проблем.
Моно е да имаш аносмија, комплетен недостаток на чувство за мирис. Може да биде од органско потекло, односно да постои некаков проблем во носот, или од нервно потекло ако проблемот потекнува од центарот за мирис. Чим си била на лекар и ти рекле дека ништо не можат да направат, мора да ти дале конкретна дијагноза за да кажат дека ти нема лек.
Ако докторите неможат да ти помогнат сигурно нема да можат да ти помогнат децава овде. Инаку за оние неинформираните ова е ретка појава кога едно од сетилата ја губи својата функцијада најчесто ова се вродени аномалии кај кои останува неразвиено сетилото за мирис или вкус, а исто така може да се изгуби и сетилото за допир, па има луге кои не чувствуваат разлика помегу топло и ладно. Сега баш дека докториве се изначудиле, неќе да е така, ние не сме тунгузија, туку сме поприлично добростоеча земња во поглед на медицинава. Можеби нема соодветен лек но дека баш не слушнале за вакво нешт? Само не ми е јасно едно, како тоа а се зачлениш одма бап тема? Ако цел жиот си го имала овој „проблем“ како баш сега тоолку те растревожи да отвориш тема, и како мислиш дека некој од овие „стручни' лица овде може да ти каже лек? Ако некој има таков лек верувај ми ќе стане милионер а не овде да го кажува без пари. Си се обратила ли кај Баба Рада, ако таа нема лек за тебе тогаш си тотално безнадежен случај.
Се зачленив овде само за да прашам шо мислење имате, дали има некој со сличниов проблем и шо понатаму. Барам совет. А за докторивем верувај дека ми се изначудија, женава ми рече дека прв пат имала таков пациент. Ке се обидам кај баба Рада (фала за советот)...се неадевам не сум безнадежен случај....
nnnttt јас проблемов го имав досега двапати, првиот пат траеше околу месец дена, се случи истовремено со прележување на заушки, а вториот пат по вирусна инфекција , настинка и подолго траеше , околу два -три месеци.Носот воопшто не ми беше затнат. Се консултирав со специјалист по орл,неговото објаснување беше неодредено-у стилу-се случува,ќе помине.Прочитав дека вирусни инфекции некогаш ги оштетуваат клетките во носот кои се задолжени за детектирање и пренесување мирис,и тоа може да биде и неповратно,а некогаш се опоравуваат и мирисот се враќа.Но јас не чувствував ни вкус,храната ми беше блуткава,нели вкусот е тесно поврзан со мирисот. Немам некој конкретен совет да ти дадам,кај мене помина само од себе,информирај се повеќе за аносмија.
Здраво девојки. Изминативе 10 дена бев болна, грип, темература.. Тоа ми помина,но од тогаш останав без мирис и вкус. Мислев ќе помине, дека е од настинката,но еве не поминува. Страшно ме нервира ова,мислам дека ке полудам.Страв ми е дека вака ќе ми остане. Не чувствувам никаков мирис и никаков вкус.. Имал ли некој друг ваков проблем?