Не сакам ни да помислам на брак

Дискусија во 'Врски' започната од doll, 29 јули 2010.

  1. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    102
    Mislam deka tonam...se stopiv od taga gi isplakav site solzi, veke na covek ne licam ! Za drug znam sto e najdobro a sebesi...sebesi se povreduvam ! :sweat: Imam dolga vrska i navidum uspesna.Nekolku pati mi ima spomenato za brak, no jas ne sakam ni da cujam ! Ne sme dvojka sto e postojano zaedno, i ljubov koga vodime se e na brzina, i koga izleguvame malku vreme sme zaedno.Sekogas so edno isto objasnuvanje-OBVRSKI! Nema neznost, nema toplina.... :(
    Zasakav drug! Postar e mnogu godini od mene, i nisto ne mi e bitno, go sakam veke edna godina no nikako da zabelezam DALI I TOJ NESTO CUSTVUVA ZA MENE? Ponekogas mislam deka me saka, se super..no, nekoi negovi zborovi me povreduvaa, nekoe negovo odnesuvanje ladno i seriozno me tera da razmisluvam deka popusto se nadevam. :worried: Sto da napravam? Se unistiv veke! od tolku dolga vrska da izlezam nemozam, se priviknavme eden na drug, no ljubovta mi e na druga strana,Nekoj sto e za mene tolku dalecen...... :sweat:
     
  2. Tikve

    Tikve Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Што ако ја прифатиш понудата кога не го сакаш доволно. едно е да сте привикнати еден на друг а др е кога има доверба разбирање, почит... И онака рече дека сакаш друг... недостижен но го сакаш, иако не можиш да го имаш. Ако знаеш дека те сака и може да успее вашиот брак ајде да речиме дека ќе го показиш тоа што сакаш друг (иако ќе биде тешко), но како шо кажа во вашата врска е се набрзина....а камоли во брак... Најпосле направи онака како што ќе сака срцето, ваљда то најдобро знае :*
     
  3. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Па има две решенија:или да останеш во врската или ќе излезеш од неа без разлика дали ќе бидеш со човекот кој го спомнуваш.
    Разгледај ги двете и види што ќе ти донесат.Не мора по секоја цена да остануваш во врска ако не си среќна не само што ќе се измачуваш себе ќе се измачува и твојот партнер нели?
    А со овој другиот контактираш ли?Ако контактираш зошто не направиш еден добар муабет со него,па пооа среди си ги мислите и размисли со ладна глава.Па ајде пиши што си направила...се најдобро поздрав! :*
     
    На adorija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nitokris

    nitokris Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Мое мислење е дека најпрво треба да се посветиш на сегашната врска што ја имаш,отворено и искрено разговарај со дечкото што ти недостасува,зошто се чувствуваш неисполнето,што е тоа што ти пречи во неговото однесување,ако те сака а мислам дека е така ќе те разбере а за другиот дечко мислам дека го идеализираш и го бараш кај него она што ти недостига кај сегашниот партнер,мислам дека тука е твојот проблем,посвети се на подобрување на сегашната врска,никогаш не е се идеално. :)
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Никој не може да те натера на нешто ако не сакаш.Плус кога човек сака да е во брак самото по себе веќе ќе го почувствува.А што се однесува на врската вие веќе сте дозволиле таа да оди во некоја рутина, монотонија..Тука треба да се превземе нешто така што ќе разговарате отворено и ќе се потрудите двајцата да смените нешто за да повторно ви живне врската.Е сега прашање е колку ти го сакаш дечкото дали се уште со оној интезитет како претходно дали те привлекува дали се уште има хемија...Тоа ти сама треба да си знаеш.А за другиот за кој кажуваш чувствуваш нешто..Убаво ти кажаа дека кај него може си го нашла она што го нема твојот дечко.И мислам дека не треба толку млади да се забораваме во предолги врски.Треба да се испроба повеќе..треба да се сменат партнери така се прави разлика и така само може да си створиме јасна слика за она што го бараме и сакаме да го имаме.Ако имаш шанса разговарај со другиот па види што ќе ти каже срцето.А за врската ако не оди, џабе најдобро крај.Тоа сама најдобро знаеш.
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш не губи време со сегашниот. Самата си кажуваш дека љубовта згаснала и дека врската не е таква каква што посакуваш. Зошто џабе да се трупат години ако не води никаде... Луѓе раскинуваат десетгодишни врски па пак си ја наоѓаат среќата. Не се плаши да завртиш нова страница во животот. Подобро крај со болка отколку болка безкрај!
     
  7. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.802
    ubavo kazano,podobro kraj so bolka,odkolku bolka bez kraj.


    Ako ne go sakas segasniot decko nikako ne ja prifacaj ponudata za brak.Pa brakot ne e sala...Jas da sum na tvoe mesto jas duri i bi mu raskinala.Zosto da se izmacuvas vo vrska kade sto ljubovta zgasnala??? Se izmacuvas i sebe a i nego.Bidi slobodna,pa i ako toj drugiot ne cuvstvuva nisto za tebe,nema vrska.Od kaj znaes kaj ti se krie srecata...... vazno e da ne gubis vreme na vrska vo koja nema nisto i vrska vo koja ne si srecna...
     
  8. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    *** Би ве замолила да напишете кирилично.

    Значи вака, сакам да ти дадам совет.
    Прво Седни и размисли што сакаш во животот!!! Потоа самата ќе заклучиш што е добро за тебе.
    Поздрав со среќа и пиши ни што си направила.Љубопитни сме :$
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.295
    Допаѓања:
    14.715
    Пол:
    Женски
    Ако не го сакаш дечко ти, не ја прифаќај брачната понуда. Каков брак ќе биде тоа без љубов? Штом сакаш друг, подобро раскини му. Не бива да бидеш во врска со некој кој не го сакаш.
     
  10. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    157
    Нема причина да бидеш тажна девојко...Какви солзи, каква болка?! Ти најдобро знаеш како сакаш да продолжиш понатаму. Најважно од се, немој да се плашиш да останеш сама. Според мене, во оваа врска, не треба да прифатиш брак, дури треба и самата врска да ја прекинеш. Малку себично ќе звучи, ама треба во преден план да ти биде твојата среќа...Можеби во врската си поминала низ некои чувства и промени, ама брак е сериозна работа...Со среќа!!!
     
  11. AlekBt

    AlekBt Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    15
    Браво за оваа реченица ! Има огрома тежина ...
     
    На adorija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Дол што направи?Како се справуваш со проблемот?
     
  13. adorija

    adorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10

    Да влезеш во брак со човек за кој размилуваш вака е ужас :( Кажи што се случи, се измени ли нешто?
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.990
    Па нормално е да несакаш брак,кога и ти сама не си сигурна далии воопшто го сакаш човекот.Зошто се измачуваш самата,зошто не си ја ставиш среќата на прво место,без разлика колку долго сте заедно ако едноставно не оди,не оди....Не може љубовта да биде навика,ова го имам кажано еднаш ама во оваа прилика ке го повторам...По навика можеш да се гледаш со него,по навика можеш да се слушаш со него ама не и да го сакаш,љубовта не може да биде навика и точка.
    Мене ми изгледа како да се плашиш дека можеби ке останеш сама,а тука лежи и најголемиот проблем.Мора под итно да се преслушаш самата себе,да одлучиш и сватиш дека твојата среќа е приоритетна и да продолжиш со животот во права насока.Со среќа!