Девојки имам гоолем проблем... Исто и јас сакам да се одделиме од неговите ко брат му. Брат му уште не е женет со свршеницата, а ќе живеат сами, но маж ми бидејќи е постар не сака да се одделиме, а јас не можам да му ја поднесам мајката, многу е лоша, што да правам. Јас му реков дека сакам нормален живот како сите. Јас, тој и моите деца, иако се уште ги немам. Ми викаше дека сака, сега не сака, ми вика дека не е лесно. Па не ти реков да ги убиеш бре човече, само сакам да се одделиме. Јас ќе ги гледам пак нив, ми рече ако сакаш, и јас му реков- е па и ти ако сакаш. Ти ме фрлаш за нив му реков, се нервира зашто сакам да си живееме сами, не сакам да се разделам од него, го сакам премногу, но не сакам и заедно да си живемее сп неговите, што да правам? Како да му го дотерам паметот? Помогнете...
Зарем е толку тешко да поживееш со неговите ? Зошто не ја поднесуваш мајка му? И многу други не ги сакаат свекрвите, ама ги почитуваат... Плус ти рекол дека сака и он ама малку изгледа сега криза го фатила .. Почекај ... Понатака можеби пак ке се согласи ... Не ми се допаѓа ни твојата реченица како да му го полнам паметот !!! Што тој дете да не е па да го врткаш како сакаш... Ај седни размисли зашто со таков однос можеш само да го изгубиш . Разговарајте убаво размислете и донесете некое решение Секој маж ја сака мајка му и ти како што му викаш дека те фрла заради неа верувај не ти е голем плус ... Немој така ... Покажи си ја потребната почит ако сакаш да си го задржиш покрај тебе. Не му го полни паметот, туку биди ти паметна и смени се малку .
Никој не мрази без причина. Јас не ги мразам, ама лоши се. Секое утро треба да станам од 8 и тоа живемее во Германија. Секој ден треба да работам, секоја една недела да ги извадам завесите да ги измијам, еден ден ќе се разбудам подоцна, а таа ќе пошизне, се преправа пред другите, иако јас ја сакав ко мојата мајка. Имам золва ко ѓавол, има три браќа, јадењето се јас треба да да го правам,а никој не ми помага. Имаме куќа со 13 соби. Секој ден иста работа. Ти да беше немаше да сакаш да се одделите??? И го полни паметот на маж ми со секакви работи, заради неа секој ден јадам ќотек... Ти нема да сакаш да се одделиш?? Јас барав совет зашто не ми е лесно. Сакав да се омажам, а овие работи знаев дека ќе ги правам, ама ова не е живот. Уште немам деца, а кога ќе родам? Што ќе правам прво?? Мене не ми е тешко да си поживеам со нив, јас пак ги почитувам, иако золва ми ми дава гомно да јадам секогаш кога не и се допаѓа некој муабет. Ај кажи ми ми ти сега што да правам, уште да се потрудам за да си живееме заедно? Зошто таа другата не доаѓа да си живееме заедно? Бидејќи гледа таа јас низ што поминувам и не и се допаѓа, па се ми се меша, а една година сум дојдена... Па понатаму? Што ќе правам јас кога ќе старее, ќе се збудали целата тогаш?? Некој што страда вака може да ми верува, никој друг!
Ааааа е па тогаш извини на мојот брз заклучок ... Сега не знам што да ти кажам, ама стварно подзинав кога читав ... Искрено тогаш ако е таква ситуацијата најдобро е да го оставиш да видиш како ке биде ... Јас мислам дека тоа е најдобро решение за да разбере тој дека не постапува правилно ... Плус те тепа Зошто дозволуваш ??? ... Ти си му жена или слугинка, робинка ... Нека не се занесува .... Мразам насилство и не е фер ... Уште немаш деца и можеш да најдеш нов и подобар да те заслужи .... И да те цени ... А не да јадеш ќотек кај што си дома пепелашка. Те гушкам стварно силно и ти поскаувам се да се среди ... Знам дека не е лесно и си мислиш дека нема шанси да го оставиш и се по ред ,ама размисли убаво еден ти е животот немој да си го упропастиш.
нејке да си си зивееме сами.. Дефинитивно ова да ми се случува во мојот живот не останувам ни 5 минути со него ма колку и да го сакам .... алоооо женче освести се пред тебе е животот,шо ќе правиш понатаму???Одлучи се дур можеш оти после касно ке биде .... цени се самата себеси туку....Што си гледала додека си одела со него?Извини не е мое прашање али стварно е така ак он бил уште на почеток ваков со тебе зошто си останала со него?зарем не си знаела на почеток дека ако е ваков како што го опишуваш дека можеби нема да се смени никогаш?? Оффф леле жени отварајте очи се ежам од вакви случки Инаку ти посакувам среќа во животот да си се средите вие двајцата ако стварно се сакате се се може ќе успеете заедно,а доколку он не сака да преземе мерки во врска со ова ..... јас те советувам да го оставиш! Не биди будала еден е животот прво цени се сама себеси после другиот шо е до тебе...
Не беше ваков навистина, се беше о.к, затоа и се омажив за него, но свекрва ми го смени. Сега пак е о.к, вчера ми се извини и ми рече дека се ќе биде во ред и како што сакам јас. Изгледа почна да ги отвора очите. И тој е под стрес, таа од една страна, јас од друга и толку може човек да издржи. Не го оправдувам дека ме тепа пфф, мразам насилство, тој не кренал рака на мене никогаш, ама ете сеслучи два или три пати... Не знаете како се чувствувам, ја мразам мајка му. Некогаш мислам дека сум лоша заради моите чувства кон неа и золва ми, ко вештерки се, во се се мешаат. Дај Боже се да биде о.к... Само додека тој се мисли не знам што ќе се случи...
нејке да си си зивееме сами.. Некој погоре кажа дека ова личи на приказната за Пепелашка, навистина е така. Јас да сум на твое место не би трпела ни минута. Он ако те сака и почитува , ќе се иселите од таму веднаш, а не ти да ги трпиш мајка му и сестра му. Па не е ова турско ропство бре, па мора сите заедно да живеат и снаата сите да ги трпи. Не те напаѓам, туку ти ги отварам очите. Ако не те сакаат сега, нема да те сакаат никогаш. Затоа додека е време , бегај од таму, а тој ако мисли дека му е подобро со мајка му, иако гледа што се случува нека си остане со неа. Сега уште немаш деца , а кога ќе имаш ситуацијата ке биде полоша. Размисли и разговарај со него, не е ни прв ни последен , за да си ја зафркнеш младоста и животот.
нејке да си си зивееме сами.. Е, извини, ама така е тоа кога се мажите на тие години. Каде ти биле очите и паметот пред да се омажиш... или мислиш секаде некој ќе те третира како што дома те третираат?? Колку се познавате вие со сопругот, кога не можете да направите еден компромис? Пред брак се разговара многу околу тие работи, се запознава убаво фамилијата каде што ќе одиш, се одлучува каде ќе живеете. Ама изгледа вие сте ги прескокнале тие работи... Или што, мислеше дека ако отидеш во Германија, не ќе мораш ништо да работиш, ќе си спиеш до пладне, а наместо да готвиш ќе ручаш во ресторан??? Е за жал девочје, требало некој да ти каже дека не функционираат работите на таков начин
Ако има 18 години и се омажила мала, не значи дека заслужила да ја тепаат. Ајде нели се бориме со семејно насилство. Искрено, ми е мачно кога читам вакви постови, т.е. проблеми, ама ако мислиш дека мајка му го направила таков лош, а дотогаш не бил, мислам дека се лажеш. Го имал тој тоа во себе, само сега се насобрал гнев и бес, па не го исфрла на магарето, на самарот. Како и да е, не е лесно сега, а кога ќе имате деца ќе биде потешко ако продолжи вака. Децата ќе ве гледаат како се тепате и ќе страдаат? Мислам , повеќе од јасно е дека во таква средина не се гледаат деца. Тоа е мое мислење, решението ни малку не е лесно, сигурно имаш некој близок кој може да ти помогне во ситуацијава....
Не знам што е проблемов со маживе... Тие мислат дека ако тие ги сакаат мајките, татковците, браќата, сестрите, снаите и сл дека и ние мораме. Или дека односот мајка-син е ист што и свекрва-снаа... Со дечко ми постојано го тепам овој муабет.Не мора да живееме на страна, ама барем еден спрат да го имаме наш, а не како што живеат сега- каша попара.Се готви 5 пати дневно, 5 различни јадења. Масата е цел ден поставена, не се знае кој јаде кој плаќа и што е најлошо - немаш приватност... На јатрвата и иде другарка на гости сите собрани на купче со другаркава. Не е за немање место, имаат огромна куќа: 3 спрата по 100 и кусур квадрата. Сакам да си знам ова и ова е мое, да знам да си инвестирам во него. Сега кога уште одиме еве скоро и ќе се вериме е многу полесно јас да инвестирам во нашиот иден дом. Многу полесно е да се тргнат пари на страна сега отколку кога ќе живееме заедно. Мене што се вика уште моите ме ранат, облакаат, финансираат и полесно е сега да собереме 500- 1000 евра за да купиме, што знам некоја гарнитура или плазма не знам колкава или да си средиме спална соба и тој го врти муабет: Што ти сметаат моите? Како да му објаснам дека сакам да знам што е наше а што туѓо. Како да му објаснам дека сакам утре во НАШАТА спална да се шетам по гаќи без да ми влезе бабата да ги вади цвеќињата рецимо, како да му објаснам дека не сакам НИКОЈ апсолутно НИКОЈ да ми прета по моите ствари или да гледа дали јас денеска сум го наместила креветот или ??? Мене неговите не ми сметаат, мислам не ми сметаат до таа мера да не би можела да живеам со нив, но нешто што најмногу ценам е приватноста и сакам како сега и кога ќе се мажам да ја имам... Ама џабе, донекаде ко на дрво да збориш за оваа тема.
Мислам дека ти се наоѓаш во многу деликатна ситуација. Како во некои постови погоре, ќе спомнам “не дозволувај чувствата да ти раководат со разумот“. Ако не оди бракот едноставно- не оди, полошо си правиш за себе (те малтретираат од сите страни) и им даваш можност да те малтретираат. Би потенцирала нешто за твојот маж, јас мислам дека тој има сериозни проблеми и комплекси во некој дел од детството. Преголемата приврзаност кон домот може да укажува дека поминал некој страшен период во животот, во кој личноста од вашиот дом му помогнала ( мислам дека затоа тој толку заштитнички се однесува спрема неа и замижува пред твоите проблеми) . Сепак како и да е, ,требало и ти да размислиш пред да стапите во брак, 18 години се премалку за да се каже дека сме доволно зрели и разумни за да стапиме во брак. Сигурно имаш и некоја добра причина за тоа .......Ме интересира дали пред да се омажиш зивееше во МАкедонија и доколку е така дали твоите родители сеуште живеат? Ако твојот случај е еден од оние во кој македнонците од странство се мажат со девојки кои ќе ги запознаат за време на летото, уште од сега ќе ти кажам дека не те оправдувам за тоа што си го направила.........сепак за да се склопи брак треба да се има доверба, чувства, љубов (барем јас така мислам) Баш со склопувањето брак, ние треба да ја покажеме нашата зрелост- а не незрелост. Сепак ние сме тука да дадеме само наши мислења, твое е дали ќе прифатиш некое од нив и само ти знаеш колку ти е тешко во таквите моменти
Ако е така како што пишуваш, ќе бидам кратка и јасна... Разведи се додека не ти направил дете, после ќе ти биде уште потешко
и јас мислам дека додека не е касно и си уште млада разведи се. зар мислиш дека ќе поминеш со овие два-три ќутека. се лажеш тој што еднаш дигнал рака на тебе ќе дигне секогаш. не судам за годините секој нека си стапува во брак кога ќе се осети подготвен. но размисли си дали ти ќе можеш да живееш со такво семејство? зар ќе си го уништиш животот и младоста.. млада си ќе си најдеш друг и ке си имаш семејство и деца. и поука за сите оние кој ќе го читаат ова што го пишуваш двапати мери еднаш сечи. не е секогаш битна љубовта разгледајте кај кој влегувате во куќа и колку е вашиот партнер мамино синче.
Проверката на територијата и околностите е задолжителна пред да се стапи во брак.Ах бре жени како да не знаете дека кај мажот може едниствено пелените да ги промените.Бракот е голем чекор, кој никако несмееш да го напавиш со несигурност и надеж за промена на стаклени нозе ! Тоа е што е веќе е доцна , а и сметам дека заслужуваш да те критикуваат , бидејќи и не е така мала грешката. Ултиматум е решението според мене, би требало да го поставиш како закана, а не како молба или барање.Цврсто, достоинствено, решително.Кога рокот ќе истече , а промени нема, собери си ги работите и врати се од кај што дојде , дај си себеси втора шанса ! Ти посакувам се најдобро во животот. Се трудев проблемот да го гледам низ твои очи, но не успеав.Те тепал, тоа е една работа што јас тврдам дека нема никогаш да се промени.Да сум на твое место ќе ги поштедам неродените деца од тој пекол.
Lacrymosa треба убаво да размислиш и да одлучиш што ке правиш. Oдлуката за веридба па и на брак не треба лесно да ја донесеш, особено не под овие услови во кои сега живее дечко ти. Mногу работи ке се сменат во брак и ништо нема да биде како сега, ти казувам од сопствено искуство. Kога бевме во врска ми требаше само неговата љубов и внимание, нежност. заслепена од тоа не ги видов пропратните работи во неговиот дом. за среќа ти си свесна за тоа како тие функционираат, биди сигурна дека нема да имаш ни п од приватност во тој дом, на дечко ти тоа му е нормално зашто е научен на таков живот, ама тебе многу ке ти смета, и да знаеш и да си купите ваши ствари,телевизор,гарнитура џабе ти е, немој да очекуваш дека другите ке се однесуваат како да се само ваши, цесто ке ги наоѓаш оптегнати на гарнитурата како гледаат на вашиот телевизор... како што мене маж ми ми вика дека им било поубаво кај нас во соба поголем им бил телевизорот и буквите полесно читале... Kататсрофа, отварај очи и број до 10 пред да кажеш оп... поздрав и среќно
Мислам дека овој проблем се среќава кај секој втор склучен брак. Сите сакам да живееме сами, значи желбата на жената да го покаже најдоброто од себе, да му се посвети на мажот целосно, приватност итн. Но секогаш е тука некоја голема бариера. Приварзаноста на синот и мајката е голема, уште поголем е стравот на мајката дека повеќе нема таа да е прва во се и почнува да се промешува во секоја каша дури и е битно дали на снаата и е наместен креветот или пак не. Вистина е јас признавам не ни помислував каде ќе живееме пред да запливам во брачните води, сега тоа излегува на виделина но жално е што секогаш проблемот е тој МАЖ МИ НЕ САКА ДА СЕ ПОДЕЛИМЕ. Но сега сфати и вештерката дека повеќе не може да оди се против мене во тандем со нејзината ќерка , дека не може повеќе да ми ја води каде ја трошам платата , да ми ги брои плодните денови и да се грижи кое ќебе ми е ставено на спалната соба си ја свитка пашката како куче и реши со нејзината ќерка и со мажот и да си оди на нејзиното место- во куќата што е веќе реновирана 2 години а не сакаше да оди таму, ниту пак дозволуваше ние да одиме . Сега ги броиме деновите, што може повторно да биде нема јас да одам никаде . Едноставно молчев две години но веќе нема само јас да трпам и секогаш да молчам си имам и јас свое ЈАС
оф леле кога ке ми текне дека со тој што бев најдолго, ме штипеше кога беше пијан( се случи 2 пати) ама да ме удри никогаш, и колку пати ми предлагаше брак, но јас постојано велев NE NE NE и така беше, помина време свати типот некои работи и ми прака пораки дали сакам да се дружиме на нет, или да го стоплам во ладните денови и ноки, ама јас се правам на будала а одамна беше раскрстив со него ДА ДОЗВОЛАМ МАЖ ДА МЕ УДРИ ИЛИ ДА МЕ ТЕПА???? ке го тепам јас него, а не тој мене. Мислам дека сите жени/девојки сме сведоци какво насилство има околу нас, и треба тоа да се стопира и секако да се пријави. Мислам дека навистина прво треба да го пријавиш за насилство, а потоа потхитно да се разведеш од него. Секој по својот пат, сите срекнии весели.
Јас таков проблем немам фала богу, ама доста се изнашетав по улиците со години и сите ми викаа ај што чекате, а и бирањето стан одеше 1,5 година.
Жената која живее во заедница е под постојан стрес, нервоза,кај од работа па и од дома и нема можност да се опушти,а тоа си доведува до висок крвен притисок, главоболки, анксиозност и ред други работи.