Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сака да живееме сами

Дискусија во 'Брак' започната од Msslovepoison, 3 ноември 2010.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Навистина бракот не е мед и млеко.

    Еден мој скромен совет за сите кои допрва ке стапуваат во брак.Најдобро за млад брачен пар е да си живее сам.Животот во заедница навистина има предности (тука не ги ставам оние кои имаат навистина големи проблеми со свекорот и свекрвата), во смисла на полесно плаќање на сметки,помагање во домашните обврски,причувување на децата и слично,но слободата која ќе ја имате кога сте сами не се плаќа со ништо.Значи да се скарате и помирите,да печалите трошите и штедете само вие двајца,мислам дека и мажот тогаш станува посвесен,нели ако сопругата има некоја работа тој да преземе одговорност за детето итн.Кога се во заедница секогаш бабата е таа која ќе притекне во помош или дедото ке преземе некоја обрвска,патем ова го кажувам од сопствено искуство.

    Имам син и ќерка,и ми се чини јас ке бидам првата што нема да сакам да живеат со нас кога ќе дојде време.Ќе помагам колку можам но и тие и јас треба да си го задржат сопствениот мир..но како што велат никогаш не вели никогаш :lol:
     
    На ph.orhideja и happynessss им се допаѓа ова.
  2. Msslovepoison

    Msslovepoison Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Da zema 3000 evra no vika deka saka da kupi dom no treba da cekam da se zeni negoviot brat so svrsenicata pa posle zolvami da se mazi pa da se mazi maliot brat pa posle da si izlezeme sami poso ne mu bilo lesno sega da si ziveeme sami poso uste ovie 3 ne se mazeni , a brat mu vika stkom kese ozenam nema da ziveam zaedno ne me interesira mene za niv tie ne ja sakaat mojata svrsenica...!!i i ma pravo i mene ne me sakaat icc ama maz mi ne saka da gi ostava sami bez da im kupi stan ili dom ili sto i da e , p.s maz mi znae deka pusam i tie znaat ama nejkaat da pusam i zaradi niv treba da se krijam poso maz mi nejke tie da me vidaat dodeka pusam eh bre da znaev deka se vakvi NIKOGAS nemase da se mazam za ovoj kreten , no jas pobegnav od doma oppp kaj maz mi ne ni gi znaev sega sum za nikade ne mozam so nego i da razgovaram se e isto zimi se nema nisto da se promeni , majkami vika dodeka ziveete zaedno treba i niv da gi prasas bla bla , ic ne znam fala vi so mi pomagate ama ne znam sto da pravam :worried::worried:
     
  3. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    да им се плукнам за едни м..... сметки да треба само за таа причина да седам со стари.
     
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.011
    Пол:
    Женски
    Прво порасни! Како можеш да го нарекуваш маж ти -кретен.ЕЕЕЈ,си се омажила за него.На него и да му се обратиш така во некоја расправија,ај и некако,ама овде во комуникација со непознати,мажот да го викаш кретен,извини, ама мене ми е тоа показател за твојата незрелост.
    Сигурно не ти е лесно со золва и девери,ама ако маж ти е многу моќен финансиски,како што кажуваш,сигурна сум дека може да води две домаќинства,и ваше и на своите родители.
     
  5. Msslovepoison

    Msslovepoison Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    da moze ama nejke zatoa vi pisuvam na vas toj moze ama nejke sto da pravam za da saka da zivemee sami i da vodi dve domakinstva pobrzo? i ako ne saka ke treba da sedam da trpam sto da pravam

    Ovoj zbor sto go narekuvam vo momentot e nisto, da bese ti na moe mesto so ovie luge ke videvme sto ke mu recese
     
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Девојче како што ти кажаа и погоре порасни прво, образувај се па потоа барај самостојност заедно со твојот сопруг. Јас едно ќе те прашам: Што мислеше кога се омажи на 19 год?
    Да се надоврзам на муабетот, ТИ сеуште не си изградена како личност според мене, незнаеш да се поставиш ниту пред твојот сопруг, ниту пред неовите родители. Затоа они си дозволуваат ваков однос со тебе.
    Извини ама бидејќи сум секогаш директна ќе ти го кажам и ова што го заклучив за тебе од неколку твои постови што ги имаш напишано: тотално си невоспитана, и за твое добро и за доброто на твојот сопруг, а и за да ти успее бракот дај малку поработи на себе.
     
    На nena2010 и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  7. Msslovepoison

    Msslovepoison Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Ook..ke si go pamtam tvoeto mislenje fala,od nervoza nekogas ne znam ni sto zboruvam aama ova ne znaci deka i so niv sum vakva .
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.129
    Допаѓања:
    112.795
    Пол:
    Женски
    Е од вакви постови значи коса ми се крева. Добро бе девојче, викаш дека сега наполна 19 години. На колку се омажи?? Второ маж ти зема 3000 евра. Да не додаде една нуличка случајно?? Дека тоа што ти го прават не е во ред не е, ама па и ти дај малце собери се. Ако мислеше да шеташ, да пиеш и да се однесуваш како девојка, тогаш што се омажи?? Или се омажила мома да не седи дома работава а?? Ајде те молам. Ни работа ни сабота, цел ден си дома, те ранат они и какви да се такви се. Трпи си ги кога си била зелена па си трчача по на маж ти таквото, место да си го живеш животот. Ако не иде , развод и ајт чао. И те молам обрни внимание како пишуваш и како се изразуваш. Смирено седни на компјутер па пишувај. И да, постојат и интерпункциски знаци, почеток на нова реченица и се останато од граматика и правопис.
     
  9. Msslovepoison

    Msslovepoison Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    ne dodadov ni edna nulicka poso zivemee vo germanija ne sum takva da lazam raboti vo fabrika nekogas zema 2000 2750 nekogas 3000 pa i 3750, постојат и интерпункциски знаци, почеток на нова реченица и се останато од граматика и правопис. zatoa sto sum albanka , ne sum makedonka kako i d e fala vi
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.129
    Допаѓања:
    112.795
    Пол:
    Женски
    Е тогаш друго е. Затоа кажи прво од каде пишуваш, што си по националност за да знаеме со кој разговараме и така да дадеме совет. Овде немаме гравчиња за да гледаме. Се извинувам за тоа што мислев дека лажеш за износот на платата. Јас мислев дека си во МК и затоа ми дојде чудно 3000 евра плата.
     
  11. Msslovepoison

    Msslovepoison Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    добро сега ни појасни многу работи. прв факт враќање дома нема шанси бар ретки се тие албанки кој се вратиле дома, како второ го разбрав односот на свекорти и како трето не ти преостанува ништо друго туку еден озбилен разговор со маж ти кој незнам како би го водела за твој години. И ако може која возраст е маж ти ?
     
  13. Msslovepoison

    Msslovepoison Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Сакам да започнам муабет, но не знам веќе како. Тој има 25, јас 19.
     
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Значи вака-кај албанците, ако побегнеш, кај мажот барања нема !
    Ќе трпиш се' ! Ама букфално се' ! Сама избега, а сега ќе трпиш. Сестра ми избега, уста не отвори за ништо. Правеше онака како што и рекоа, не се будеше во 8, туку во 6. Кај мажот па и да сте биле во врска, има ред, жената ќе си ќути, кога не отишла кај мажот со ред-со свадба, кога темелот во бракот не е по ред, како очекуваш дека ќе има некаков ред?! Груба сум, знам, ама така иде редот.
    Не знам какви проблеми имала таа дома, ама тоа ни нема врска, ќе трпи. ;)
    Многу подобро ќе беше да трпи дома, барем нејзините родители би имале повеќе милост, ќе трпеше таму, па ќе се омажеше со некој од градот кадешто живее, и да има проблеми, би отишла почесто кај нивните, со бел образ, отколку ете, во Германија, нема кај да се испразни. Наместо да и каже на мајка и', сестра и', по форуми бара совети... ццц
     
  15. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    не можам да сватам какви се не има,значи овде не смее никој да побара совет ако има мајка сестра или некој поблизок,можеби не сакам да знаат што ми се случува, па дај бе луге модераторите нека ги заклучат сите теми или најарно клуч на форумов пошто секој некој овде бара по некој совет,па затоа и постои за да си олесниме на душичките се извинувам ако навредив некого ама стварно некогаш не мозам да премолчам и да се вратам на темата не ги знам албанските обичаи и не сум баш компетентна да давам совет по ова прашанје а некаде спомана дека твојата мајка те советувала па мислам да си ја послушаш
     
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    па затоа јас дадов мислење.
    Да кажеме дека ќе се разведе, ќе дојде кај нејзините, сите ќе ја исмеваат, а и на мајка и' ќе и' биде непријатно да излезе со нејзе, и цел живот за неа ќе зборуваат. Нема да и' биде подобро никако, само нека чека, нека биде послушна, ако е ксмет да живее сама со маж и', добро, ако не-здравје, нема што тука.
     
    На infinity му/ѝ се допаѓа ова.
  17. malena-mk

    malena-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    и јас се омажив на 18 години
    скоро 2 години сум во брак и имам и бебенце
    мораш да бидеш упорна да се оделите
    го имав истиот проблем
    седни ги сите и кажи им па што сака нека биде
    јас така направив и со макии големи успеав да се оделиме од нив
    ама пак не решив се дека живееме во ист двор
    додека не се оделиш од нив маж ти нема да види каква е мајка му!
    барем кај мене беше така
    сега фала богу не зборувам со неа - оправдано аа маж ми ме подржува што ми е најважно
    полека, паметно постапувај па и прави и лице некое време, ти да бидеш подобрата
    ти посакувам се најдобро! ;)
     
  18. ametist

    ametist Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    13
    за миссловепоисон,
    здраво,жал ми е за тоа што ти се случува не сакам да те осудувам како другите сакам да ти помогнам,ти си навистина млада само 19 год си очекувала различно ама животот изненадува.јас сум македонка и знам дека кај албанците владеат по патријахални свканја за бракот а ти си на некој начин сеуште дете.

    мој совет е да работиш на себе ,тоа значи под итно да се вработиш ,да инсистираш да се бориш да си најдеш работа инаку без твои пари ке бидеш зависна од нив и ке излезеш од дома.
    германски обавезно да научиш тоа мораш за да се вклопиш.

    трудна да не остануваш одма има многу да се заглавиш,ептен ке зависиш,почекај барем две години,многу пази верувај ми.

    со маж ти многу разговарај и се со убаво кога е расположен,не кога е нервозен полека полека убеди го дека вие двајца сте најважни како се слагате.

    старите нема да ги промениш што и да правиш ти мора да се промениш,не се карај и не врегај ама и не попуштај кога ти е нешто важно ама секогаш пробај прво со убаво.

    ти си млада ке ти се излегува ,ке ти се шета нормално е ама терај го маж ти заедно да одите негде,мора сами време да поминувате он за да те слуша,плус неможе да ти префрла.
    пробај да стекнеш другарки ,не им се поверувај премногу само на мајка и на сестра верувај.


    најважно од се верувај дека може од тебе несто да биде ,оствари се во некоја професија,положи за кола и не очекувај дека неговта фамилија ке има разбиранје,патријахални се и најверојатно постари.

    не очајувај само ти можеш себси да си помогнеш ,биди упорна нема да ти биде лесно,ама како ке растеш тка ке созреваш.


    писи ако нешто те мачи,ти пракам поздрав и ке се помолам за тебе!
     
  19. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Како би го сфатиле ова? Мажени сте и живеете во заедница. Свекрвата ви готви, ви чисти, ве пегла, ве пери, ви плаќаат сметки со свекорот а вие само лежите и ништо не работите низ дома и платата ја трошите на кремови, нокти, фризери. Не даваш ни за храна ни за сметки а трошиш исто колку и другите а не придонесуваш. Кого ќе го обвините тука? Нормално е дека свекрвата на вакво нешто нема да остане рамнодушна. И одма е лошата таа. Луѓе има и жени кои стапуваат во брак и не го знаат значењето на бракот. Не може онај живот да го продолжите кој сте го имале како девојки. Сега е друго овие времиња донесоа некој бран каде денешнава малдина ништо не трпи. Финансиски е тешко да се опстани за тоа сме свесни сите. Затоа и постојат заедниците да си помагаме меѓусебно. А не само да си го префрламе теретот. На никој не муе лесно во ова тешко денешно време ама затоа се мисли пред време, со кого се стапува во брак и колку можеш да и веруваш на таа личност. Значи девојкава се надевала на убав живот како и секоја ама наидела на сосем погрешен човек. И странството не е тоа што беше. Нема месен обесен таму. Сите македончинава наши и таму страдаат само се лажат што гледаат цифри големи. Излез нема некаков подобар бидејќи е и друга вера. Не знам какви се обичаите за таквите девојки но колку што прочитав не се толку слободни како нашите македонки/ Така да не знам зошто не се обиде да ги поправи односите со домашните и да си ја поделат работата дома се додека не помина 1-2 години па да се осамостојат. Друго како би решила иначе. И да избега сигурно нема да реши ништо.
     
  20. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    И јас сум за тоа но не е секогаш се така идеално како шо си напишала.Колку и да почитуваш некој тоа не знае да го цени.А тој со сака да ти помогни ке ти помогни и ако не живее со тебе.Јас живеев со свекрва ми и свекор ми 1 и пол година ( до нагласам дека ме гледаа како родена керка)збор на страна и до денес не ми рекле.Ама сами си е сами.Колку и да се добри не е исто тие и ништо да не ти речат пак е поинаку.Не можеш рајат со мажот да седнеш да поразговараш.Никогаш нема да сте сами освен во спалната соба.мажотми е многу приврзан со мајка му,ама кога се работи за меѓу нас нешто за мене или децата тогаш сме само ние и никој друг.И сам вели оти од само поубаво нема,како шо имаше некој погоре напишано ако ми се шета и по гаки низ дома си шетам.А за помош свекрвами живее 30 км. далеку од нас таа е на село ние во град и кога и да и се јавам дека ми треба да дојди да причува деца или дека имам нешто работа ако треба и такси ке плати и ке дојди да ми помогни.Кога доаѓа кај нас не ме остава ништо јас да работам вели доволно било со работам сама кога сум малку да сум се одморела а спомнав оти живее на село и работи од утро до мрак.ако сака некој да ти помогни ке ти помогни.Ете свекрва ми живеела во заедница и никогаш никој не и помогнал ни бабата стара ни золва ни никој а работи за сто души.Добро е што нема проблем со свекорми.Кога останала бремена со второто дете свекрва и и рекла јас поќе со тебе не живеам да не сакаш ти да раѓаш јас да ти ги гледам децата ако и пред тоа ништо не и помагала.Има се и сешто.Можеби од тоа нејзино искуство знае како е и сега премногу ни помагаат и за децата и финансиски и се шо треба.Дури и децата само по неа ги итка шо се вели.(не знам како поинаку ова да го речам)за ние кога сакаме да можиме да излезиме било да е свадба некој забава или било каде каде треба сами да одиме. И таа вели можи потешко ни беше сами финансиски и со децата сегде одевме ама рајат со е мое мое си е со сакам тоа правам ни оти ова било ни оти таму одиш ни оти така правиш.:D