Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сака да живееме сами

Дискусија во 'Брак' започната од Msslovepoison, 3 ноември 2010.

  1. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    ама сте го зајаделе девојчето па таа имаше погоре пишано дека живее во Германија. и што дека се мажела на 19 години, пола од вас се имаат тогаш омажено и сите ваши мајки што се вели па што ви фали на вас ајде ве молам со тие што си гледала кај си се мажела, бидело тоа. сега дајте совет за тоа што да прави теее.... жени! девојко гледај искрено на секој начин пополека, смирено да го убедуваш. биди лукава, и итра. запомни жена што може да направи ѓаволот неможе! и навистина ми е жал за тебе.
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Совет???? Абе ние можеме да дадеме еден куп совети, девојчето ќе се труди и ќе се труди да не послуша. Но, што ако ништо од тоа не влезе во главата на нејзиниот маж????? Значи само таа си знае како и е. Но, таа мора да направи муабет со мажот, да застане цврсто и да каже, вака не иде....и крај. Не верувам дека нема да ја примат дома. Што па таа мајка треба да се правда, зошто се вратила дома. Едноставно подобро да се врати отколку да пати. Независно што е албанка, зар не ги боли детето да им е несреќно. И не, не е тоа само кај албанците. Сум слушнала за ова и кај наши. Алооо за моја крв се работи.
    А да и ја удрил...За кого??? За МАМА!!!!!! Тој никогаш нема да сака да се оддели, и пак ќе удри, тие не се менуваат.
    Гледате на тикер колку сум со дечкото. Ама јас одсега си правам муабет. Кога би биле заедно, доколку имаме шанси уште одма би живееле сами, доколку е обратно, ке живееме каде повеќе ни се исплати,додека не направиме наше. Значи кога двајца се сакаат за се има договор. Нашиот заеднички живот е наша работа. Не му се мешам во неговиот однос со мајка ми, ниту тој мене ми се меша во мојот однос со неговите....Битно ни е на нас двајцата да ни е добро, а тие родители, ако си го сакаат детото ќе бидат среќни кога е тој/таа среќен/на.
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Каде пишува дека е идеално да се живее во зедница :^). Ај читни ме малку во темата за Снаи и свекрви :D

    Поентата на постот е да се прифатат некои работи како такви и да се адаптираш, да не речам да се помириш-немаш каде на друго место, мораш таму, тоа е ...или оди под кирија.
     
  4. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Цитам и размислувам сто да ти казам јас се омажив на 20 години. Живеевме 2 години сакав да правам дворче позади зграда не ми дадоа незнам зашто, нема врска, сакав да отворам нови работи да користам исто така ај некако прифатив да г користиме нивните моите ги однесов во подрум од кој ми ги украдоа сите до едно во несрека имамв и срека да речам преболев тоа еден ден решив да се оделиме барав стан гледавме под кирија набрзо се преселив небеше голем стан али добро беше за нас имавме мир и секогаш бевме со луѓе. Само тој работеше зивеевме скромно но сами бевме. Сега си шивееме во наш стан. Затоа те советувам да си се оделиш сто поскоро верувај ке имаш прво мир слога а и ке знаеш подобро како да ги трошиш парите. Со срека
     
  5. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Најдобро сам па како знам :) и јас се многу нервирам што се уште зивееме со старите ама тоа е тоа...се усте сме на некој начин зависни од нив.Ама чувствувам дека трпението ми при крај...преку некои работи немозам да поминам.Одвај цекам по свадбата да се оддделиме...фуј :devil:
     
  6. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    И јас после сите маки со свекрвата и свекорот побарав да живеме сами , но не и да се откажеме од своите секој има право на неговото семејство. Но си добив ваков одговор „Нема проблем ке се оделиме од моите ама и твоите ке ги заборавиш„ :@ како да се справам со ова ?
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Да му кажеш да ти ги врати количките и камиончињата, веќе не си играш со него.
     
    На okcenzi, CameliaMiller, Cka и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.357
    Допаѓања:
    13.332
    Пол:
    Женски
    ^ да се одделиш и да заборавиш на некого не е исто.
    Нема ништо лошо да живеете сами, баш напротив препорачливо е, ама тоа не значи дека нема да одите на гости кај родителите. Јас сметам дека за здрави фамилијарни односи, барем еднаш неделно треба да седнете заедно на ручек. Цела недела идеш на работа, нема ништо лошо во тоа во сабота и недела да отидеш на гости, друг да ти спреми и после да си одиш дома. И вие одморени, и старите среќни.
    На кажаниот муабет погоре, комотно да му речеш да заборави и он на неговите. Ако се земете, што треба, само вие двајца да живеете, никаков контакт со никој друг на светов да нема? :fubar:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    седни и разговарај со него, ти не си му рекла жити се да не се гледа тој со неговите, туку само да живеете одделно, тој изгледа разбрал поинаку, седни и објасни му убаво што сакаш, би требало да те разбере
     
  10. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    Ние веке сме во брак и благословени со дете.Му реков небарам да не се имаш со твоите само сакам сами да си бидеме домакини како многу други. Истиот одговор го добив и ми рече се ова било масло на мајка ми :^) таа сакала да се разделеме јас и тој затоа ме терала да барам да се п :^) реселиме. Замислете еј ....а мајка ми за да се земеме јас и мм борба водеше дома , живот ке ги чинеше(едниот од браката се обиде да се самоубие зосто разлика во год имаме со мм).
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.357
    Допаѓања:
    13.332
    Пол:
    Женски
    На секој негов ваков безвезен муабет можеш со истите аргументи да му вратиш: Па може мајка му не може да се помири дека сега он има негова фамилија и му го испрала мозокот за да живее со неа и никогаш да нејке да се оддели. Ама не е работата како деца да се карате.
    Викаш имате поголема разлика во години со маж ти. Па ако е постар, ваљда има малку животно искуство да сфати дека не може да биде мамин син до умирачка. Поентата на животот е да пораснеш, се осамостоиш, да се одвоиш од родителите и да застанеш на свои нозе. Да живееш со постарите си има предности, не викам не, поготово ако немате услови да се одвоите, нема смисла да плаќате кирии и да фрлате пари во дупка. Ама ако можете да го направите тоа, и треба да се одвоите. Татко ми цел живот збори дека се ќе направи, ама со децата нема да живее. Не пораснал, ни овозможил се што сме сакале, ама свесен е дека правилно е секој да си фати својот пат. А има 53 години. Па ако он тоа можел сам да го сфати, се надевам дека и маж ти може.
    Пробај со убаво да му објасниш дека мирот во куќата нема цена, и вашата фамилија е само ваша. И јас не се согласувам да се бега од родителите, баш напротив сметам дека најмалку еднаш неделно треба да се собирате. Да бидам сосема искрена, кога он со ваков став до сега ти се поставил, не очекувам да те разбере. Само може да се скарате ако инсистираш на темата. Ама пробај барем еднаш. Начекај го во добро расположение и разговарајте смирено. Ако со убаво не може да сфати, немој со лошо. Не се спуштај на негово ниво со детски муабети да се препуцаваш. Разговарај и со свекрвата и свекорот. Можеби и они би можеле да ти помогнат.
    Ти посакувам се најдобро. :)
     
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    :fubar: Некако чудно семејство сте. Во една друга тема, пишуваше како едната снаа (идна) сакала да живее одделно со брат ти, па демек ваква е, онаква е, му наредувала на брат ти (а тој кутриот, и малоумен излезе), сакала ДА ГО ОТТРГНЕ од семејството. :^) Потоа велеше дека ти, и покрај тоа што не се согласуваш со свекорот и свекрвата, и покрај тоа што имате услови за одделно живеење, не си барала од маж ти да се одвои од родителите и на тој начин да „го оттргнеш“ од нив и демек он нема да ги сака (како снаа ти што „му направила“ на брат ти). :^) Па ние пишувавме како физичката далечина не значи и далечина во меѓусебните односи, дека ако живеете одвоено не значи дека помалку ќе се сакате и почитувате, туку напротив. И еве сега дојдовме до моментот ТИ да бараш да се одвоите, а сопругот да ти вели да ги заборавиш твоите?! |( Башка, добивме и податок дека брат ти, заради тебе сакал да се самоубие (сеуште не разбирам зошто :?: ), демек, бидејќи имало разлика во годините меѓу тебе и маж ти, а мајка ти борба водела своевремено да те даде на истиот тој маж ( :!: кој сега те уценува), најверојатно (овде само претпоставувам) бидејќи сте биле благословени со дете уште пред брак.

    И (доколку мојата претпоставка е вистинита) овде може да се најде одговор на прашањето: дали да се стапи во брак поради неочекувана бременост и кои се последиците/придобивките од тоа.
    :!: Да се разбереме, не дека во останатите бракови (настанати од некоја друга причина) нема проблеми.
     
    На nena2010, bittersweet, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. budgettime

    budgettime Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    7
    epa mm izgleda suste nemoze da se ottrgne od mamin sin da bide. Ne svatil dosega deka majka mu go saka sama za sebe nesaka da go deli so negova sopruga. MM mi imase kazuvano kako dosega trebal 3 pati da se zeni a sveki go sprecuvala, de bila siromasna,de bila kurva, de ne bila dobra za nego strasno. Duri i sveki ednas nesakajki se imase ispusteno pa mi spomna za ova ama so ovie zborovi "Eh jas dosega snai eden kup trebase da imam ama site im falese nesto pa mu otvarav oci na sin mi" .
     
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако мене ме прашувате многу е подобро кога двајцата партнери ќе живеат сами. Знам по моите родители. Живееме сами во своја куќа. Кога ќе живееш со свекрва или некој друг не е исто како во своја куќа, а и знаејќи ги повеќето свекрви какви се нема да ти дадат 5 минути одмор. А ако си во своја куќа кога сакаш ќе се одмориш, кога сакаш ќе чистиш ќе одмориш.
     
  15. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Mislam deka najubavo e koga ste si odeleni sami vo svoja kukja ni majka ni tatko samoo vie i decataa i sekoj koj ima mozhnost nekaa si se odseli i neka si zhivee so mazhot i decinjataa
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Сите ние сме живи суштества и сакаме да уживаме и да бидеме сами домаќини на свој дом, пред се да имаме приватност во нашиот брак и нашите должности, животни потреби и одлуки.
    Но многу добро сме запознаени дека не секоја наша желба и сон се отстваруваат, не секој е способен да си изгради свој приход за нешто свое и одделно од останатите.
    Па по дифолт излегуваат на површина расправии и лицемерија, нарушена приватност кај двајца млади што сакаат да научат и да се усовршат во нешто свое.

    Фактот дека е тешко да се живее во заедница во која постојат пред се различни генерации, сваќања и гледишта кон животот си го прават своето. Но што е тука е, некои ќе се трудат да постигнат нешто свое, зависи од трудот, истрајноста, успехот и со малку среќа ќе стекнат некој свој имот, свој дом ќе се иселат и ќе си живејат колку толку нормален живот, ќе имаат свој дом и пред се своја приватност, некои едноставно нема да успеат во тоа и ќе се помират со судбината, ќе најдат колку толку заеднички компромис и ќе живеат со тоа.

    Ако во случајот мажот или жената несака да се оддели а притоа има можност за тој благодет сметам дека сеуште не е доволно созреан и се плаши да премине чекор напред, да се оддели од мамината сукња, тоа е факт дека тој/таа не се сеуште способни за нешто свое, за поимот брак и се плаши да почне нов почеток и да се бори против предизвиците од истиот, па затоа најлесно ја префрла топката на сосем друга страна и се лаже и убедува самиот себе во некоја невистина која што самиот ја креирал.

    На ваков брак со ваков/ва маж/жена пиши пропало е работата.
    Ако некој не е способен да конструира сам свој дом а притоа му се нуди шанса и можност за истиот, бракот ќе биде осуден на пропаст уште од самиот старт, бидејки за брак се потребни двајца созреани индивидуи кои се борат меѓусебно за нивната среќа и успех, ако едниот се плаши од најубавиот животен чекор и неможе да се оддели од детството и да зачекори кон созреаноста и озбилноста тогаш во таа работа нема иднина.
     
    На makgirl, Dreams11 и danichap им се допаѓа ова.
  17. ina369

    ina369 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    10
    и јас да кажам нешто за темава и мојот маж не сака да живе посебно од мајка му имам пишано во др тема живееме во кука на различни спратови но кај нив се готви двјцата сме вработени и имаме и др стан да живееме посебно но тој не сака да слушне вели во иста куќа сме живееле со мајка му треба да се сложуваме да ми биди другарка .да ни се меша во секоја одлука зошто таа знае се најдобро и да се дружиме кога не е на работа ,многу ми е чуден нашиот менталитет дека треба да живееме со нашите родители во заедница па дури и кога има услови да се живе посебно слободата и приватноста е непроценлива ,гледам мн семејства живеат во заедница но јас едноставно не можам и дома не сум живеела и тука не можам .мислам дека проблемот е во мојот недозреан маж кој има 30 год иуште мајка му ја става на прво место пред мене и детето
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Го имам истиот проблем. Со дечко ми врската преубава, се прекрасно дури не дојде на ред темата брак и што би понатаму, тогаш почнаа сите кавги и проблеми. Имаме услови да се одделиме, тоест тој има спрат со купатило, дневна, кујна спална, детски соби кои не се средени ама секако да не испадне дека само мрчам ако се земеме нормално дека ќе инвестирам во тој спрат како наше заедничко живеалиште. Со еден збор ги имаме сите услови да си бидеме сами и свои домаќини ама господинот не сака да се дели од неговите. Се вади со некои мубети мајка му немала вечно да биде млада, греота била сама да јаде таа долу, ние горе сами, тоест неговата замисла е иако различни спратови да бидеме во заедница заедно цело време за јадење, готвење, перење чистење и се. Мене тоа не ми се допаѓа, јас сакам да си бидеме сами ама тој не прифаќа вика во неговото семејство немало такви работи.
    Неговите не се лоши, ок луѓе се сега за сега ама неможам да кажам ништо официјално дури не им влезам во куќа. Сепак си стојам на ставот дека сами најдобро е. Јас сакам да се мажам за него, а не да им бидам слуѓинка по дома и да чистам, спремам за 4 луѓе. Му кажав ако не успееме да се договориме секој по свој пат и готово, подобро сега отколку утре да си ја чукам главата. Не барам ништо само малку комоција, мир и приватност.
    Ве молам за некој совет како да постапам понатаму, не сакам да го изгубам.
     
    На oblace1, Harper, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.064
    Пол:
    Женски
    Мора да разговараш со него. Од искуство ти кажувам дека сами е најдобро. Овие работи се решаваат на време. После ќе биде доцна. Отварајте очи на време.
     
    На Martka, cresa-jagoda, ЕденЧлен и 2 други им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Постапи според твојот став за мирен, комотен и приватен живот. Бракот е заедница од двајца, а не фамилијарен збир. Ако сега не го решите проблемот, подоцна ќе ескалира. Не остстапувај, доколку не успеете да најдете разбирање и компромис.
    Подобро секој по својот пат да продолжи, отколку подоцна да "рушиш" нешто во што си се инвестирала себе си.
     
    На oblace1, SV1911, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.