Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сака да живееме сами

Дискусија во 'Брак' започната од Msslovepoison, 3 ноември 2010.

  1. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Еве и да ти каже он дека се согласува со тебе . Доволно е самото тоа што ќе живеете во иста куќа само различен спрат. Не знам како би спречила да не ти доаѓаат на ручек или да ти се меша свеки во домаќинството, рутините и навиките. А он колку ќе остане на кажаното во одредени ситуации е прашање... Јас згрешив што прифатив живеење во заедница,, еден куп нервози се наполнивме за 2год. и покрај тоа што маж ми се расправаше со неа околу нејзиното вреѓање и мешање, НЕ јас . За на крај да му префрла "Колку лесен маж си , мајка напаѓаш што те израснала од мрвка месо за таа шо ти дава секоја вечер една смрдена дупка." :fubar: Абе што се му нема изнакажано , да не сум слушала со сопствени уши немаше да верувам дека МАЈКА може така емотивно и психички да си го "убива" чедото. После секој конфликт со неа маж ми беше скршен , тажен ... Стана нервозен,расеан...
    И сега кирија нема друго .
    Кај што има слога има и бога ! Разговарајте отворено вашите потреби навики и рутини ќе се судираат со на старите. Па тек кога ќе имате деца колку не предвидливо е како ќе ви се измени темпото на живеење.
    Боље спречити него лечити.
    Со среќа понатаму , ова е сепак САМО мое лично искуство НЕ знам каква е фамилијата на твојот партнер , ама убаво е да се предвидат и спречат некои не мили ситуации .
     
    На SV1911, cresa-jagoda, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  2. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    @tambelina мила многу убаво те разбирам и сите сте во право.
    Каква фамилија да се, колку и да се добри и фини сепак пишував и по други теми уште сега има доза љубомора во нивните очи, како јас да им го крадам синот/братот. Јас на барам ништо, ниту очекувам нешто сакам само своја приватност и мир. 5 души под исти покрив, па и различни генерации тоа би била кататрофа. Не е типично мамино синче ама цело време ми зборува како требал некој да се грижи за неговите, како да бара негувателка и слугинка за неговите а не жена.
    Неговите се сеуште млади ама нормално нема вечно да бидат, секако дека ќе им помагам ама треба да сфати дека и јас имам семејство, дека јас се мажам и сакам да градам фамилија со него, а не со сите негови домашни. Свесна сум уште сега дека ако почнеме живот во зедница, по кратко ќе се оставиме. Неговите си имаат разни навики уште сега му влегуваат по соба, му буричкаат о шкафови и многу други работи да не набројувам а гледам дека тој не знае да им рече не, секоја глупост што ќе се направи само се заташкува. Ме става во ситуација да му поставам ултиматум.
     
    На WildMk, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.066
    Пол:
    Женски
    Искуство на моја другарка. Уште додека беше во врска со дечко и, ја знаеше неговата ситуација. Беше свесна, ама не сакаше да си ги отвори очите на време. Се зема со него и трпеше тортура. На крај се разведоа. Среќа што немаа деца. Под ист покрив со свекор и свекрва, мораше да ги слуша, бившиот ги слушаше неговите, и др. Не е тоа на арно.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    @anastasija18 јасно ти е од старт дека тој не сака да живее посебно од неговите. Ако тој сам нема желба да си биде самостоен со семејството не знам како може некој да го убеди. Отворено си кажала дека сакаш сама ама и тој отворено ти одговорил дека ако бидете заедно ќе живеете во заедница иако на посебни спратови, натаму се е јасно. Или ќе продолжиш со него и ќе прифатиш да живееш така, или со време размисли си убаво, не е ниту прв ниту последен, ако сега во врска имате различен став за толку важно прашање понатаму нема да се промени туку секој ќе си тегли накај своето гледиште. Јас разбирам љубов и се, ама џабе е љубов потоа кога ке бидете исфрустирани еден од друг и поради средината. Може не е типично мамино синче, ама е со типично патријахално размислување дека синот треба да ги чува цел живот родителите во смисла да не се помести 5 метри од нив, секогаш тие ке бидат во право нели дека му се родители го исчувале, секогаш тие ке се прашуваат први за било каква одлука , тоа е тој тип на менталитет жената доага во моја куќа и точка.
     
    На Milobebence, alana, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    @anastasija18 , дечко ти има и брат, кој не е женет? Убаво ли разбрав? А куќата е со два спрата и едниот брат сакаат да живее со родителите претпоставувам?
     
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    16.959
    Пол:
    Женски
    Упорно да разговарате на темата и да не отстапуваш од својот став,тие нешта се решаваат сега после потписот џабе ти е.Ако го разубедиш супер ако не секој по свој пат.Ќе ти биде тешко ама ќе ти биде уште потешко во брак сите на куп.А па кога ќе стигнат децата несакам ни да коментирам.Он уште сега индиректно ти кажува дека не е спремен за брак и да стане самостален.Мислам дека идеален маж е оној кој решил дека семејството (вие)ќе му бидете на прво место па потоа родителите.
     
    На Milobebence, zalosna, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Не, он се уплашен од бракот, уплашен од тоа како он би можел сам да се снајде у брак без мама. И дека мама нема да биде до него како до сега оти нели она знае најдобро. Типично момче што се боди под сукњата на мама.
    Знаеш што услуга ти направил што ти кажал на време некои работи што всушност се фондаментални за еден брак, ти кажал дека иако се жени сака да е со нив пак па ти како сакаш, ако ти одговара арно ако не пак арно изгледа..
    Ова е услуга што ти ја направил за да знаеш со кого се мажиш утре и со кого си в постела всушност..

    Да сум на твое место не би прифатила. Би прифатила сме блиски, да си идеме на кафе, да си помагаме, дружиме, да им помагам и сега и утре кога ќе неможат ама да ми дава ултиматум дека морам да живеам таму, тоа не.

    Од свој спокој и мир поарно на свет нема.
    Нема ни цена за него.
     
    На Milobebence, zalosna, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Ако не ти одговара ни не почнувај мамино синче никогаш нема да сменеш што несака да се одели од мајкаму.

    Во заедница е убаво да живееш ама ако си маж, мажите кај нас не се замараат со ништо бапнат и се нажената и чисте и пере за 12 души иако ја не би го дозволила тоа поарно сама ќе живеам ќе сврзувам крај со крај отколку да се чустувам навредено, понижено и како ништо да не вредам.
     
    Последна измена од модератор: 17 јули 2018
  9. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Девојки ви благодарам на советите.
    Зборував со него и си го кажав мојот став и не попуштам, ниту отстапувам од него.
    Не гледам ниту причина, ниту потреба да бидеме сите на куп кога имаме услови да си бидеме насамо да си готвиме, чистиме, переме кога и колку сакаме. Мајка му тоа домакинство го градела +20 години и не сакам ниту јас самата, а знам дека ниту нејзе не би и било сеедно сега да одам и да и се мешам. Плус за некого можеби и смешно ама јас си имам некои свои фикс идеи и правила кога е домаќинство во прашање. Неретко се случува да пуштам машина за перење или да варам манџа после 10 саат, тогаш е струјата поефтина и откако го применувам ова сметката ми се намали за некои 500-600-700 денари, варира како кога. За некого е можеби смешно ама за мене доста исплатливо. И некои слични работи, може ќе сакам денес да си бучам со провосмукалка, да се искараме, може не ми е денот ќе сакам да си лежам цел ден, можеби ми загорел ручекот па ќе нарачаме тостови и сл. се на се јас вака си функционирам а знам дека во заедница нема да можам. Плус му кажав ако ти мене ме почитуваш и сакаш нема да ме третираш како слуфинка, порано владеел патријахатот, сега веќе не. Порано жените биле дома не работеле, сега повеќето работат. Еве јас работам во 3 смени и ќе се убијам ако мртва преморена од работа кога ќе дојдам треба да готвам , чистм, мијам садови за цела фамилија зошто како снаа го очеуваат тоа од мене. Му го кажав сето ова или нека се среди или нека ме заборави. И толку.
     
    На VictoriaSan, Alpha010, zalosna и 10 други им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    16.959
    Пол:
    Женски
    И како реагираше?Што рече на сето тоа?
     
    На anastasija18 и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    Во моментов не си свесна колку исправна одлука си донела што на време си му кажала. Заедно на куп е потешко.
     
    На zalosna, јolene, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Разумна и навремена одлука од твоја страна. Тоа значи дека добро се познаваш себеси и знаеш што не можеш да прифатиш.
     
    На јolene, cresa-jagoda, anastasija18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.983
    Пол:
    Женски
    Ако те сака,не треба да му биде тешко да се оддели од неговите.
    Ако е мамино синче,не е човек за брак.
    Пробај да направиш компромис.Ако многу му се битни родителите,договори се со него често да ги посетувате,ете на пример,понекогаш преспивајте кај неговите.Најдете куќа или стан кој не е предалеку од неговите.
    Ете,јасно кажи му дека можеш од време на време да им помагаш на неговите,но дека не можеш да им бидеш слугинка 24/7.
    Ако навистина те сака,ќе прифати.
    Ако не,сама терај си понатаму.
     
    На cresa-jagoda и anastasija18 им се допаѓа ова.
  14. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Јас и нему му ги кажав сите овие работи и од мојот став никако не отстапувам.
    Плус кај него распоредот на куќата е многу лош, каде што седат неговите тоа е дневна и спална, плус прегадена кујна, плус од таму се минува за во веце. Јас сум таков карактер, си сакам свое катче, своја приватност а не да не смеам во веце да влезам или макарони да си сварам во 11 навечер ако ми се пријаде. Секако дека ќе си помагаме, затоа сме тука ама мајка му е премногу млада, исто и сестра му е мала и како досега така и одсега може секој сам за себе да си се грижи. Не ја гледам причината зошто јас би се грижела за сите нив. па не снаа што сакат нека им бидам не ја гледам причината за тоа освен ако дечко ми не мисли да ги импресионира неговите колку добра снаа довел и колку ги слуша, што ми е крајно просто и ниско. И јас имам брат и јас ќе имам снаа, па сигурно нема да чекам брат ми да се ожени за да и ги препуштам домашните обврски на снаата а јас да глумам госпоѓа. И тоа му го кажав на дечко ми, ако сакате да глумете господа слободно платете си жена што ќе ви гости, чисти и пере и бидете господа до крај. Тој ми се избаци прво со ставот дека ако сум уклучувала пример перална за нас двајца малку алишта биле, не ме чинело ништо да сум ги земела алиштата и од неговите да ги пуштам. Не ме чини ништо ама ете не сакам зошто знам како почнуваат тие работи. Денес тоа, утре ќе ми рече секако готвиш за нас зготви и и ним, секако чистиш во нашата соба забриши и и ним и така, пак се враќаме на она што го зборев на почетокот. Јас сум секогаш за компромис кога ќе имаат роденден, слава секако дека ќе им помагам, не ми е проблем ниту за еднаш неделно да ги викнам на ручек и сл. ама постојано не сакам така да функционирам и точка. Не сакам ниту да ми помагаат, ниту да ми се мешаат чим сум доволно зрела за мажење доволно сум зрела и за сама да си водам домакинство и да си чувам деца. Сега за сега си молчам не зборувам ништо, немо ја посматрам ситуацијата, случувањата и муабетите. Ако продолжи со такви глупави муабети, ќе биде крај на нашата врска. Го сакам ама без секого се може. Ако не оди подобро на време да завршиме отколку утре да се почнам со нервози и негативна енергија за глупости. Тој уште сега не знае да им каже на неговите Не а вика ќе ги ставел во ред, па ако уште сега кога се сами ако не успева да ги стави во ред, кога ќе отидам јас нема шанси ама ајде нека биде по негово сега за сега. Искрено се надевам дека со тек на време ќе сфати колку многу сум во право, ако не сфати здравје.
     
    На Kija94, VDT2906, VictoriaSan и 14 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.983
    Пол:
    Женски
    Не отстапувај од твојот став.Остани цврста,решителна.Нека го види тоа.
    Тој мора да научи да им кажува „не“ на неговите родители.Полнолетен е.Може да се осамостои.
    Зборувај му дека мора да биде храбар.Секако дека треба да се почитуваат постарите лица,но тоа не подразбира и да се слушаат за се.Ако има јајца,нека те земе и поведе во заеднички живот.
    Само така(со дела) ќе докаже дека те сака.
    За љубов се потребни двајца,па ако и двајцата вложите труд и напор,ќе успеете.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle и двајцата сме доволно возрасни, полнолети, зрели, вработени љуѓе. Затоа и размислуваме за брак и се прават тие муабети. Тој работи веќе неколку години, убаво заработува, си има и своја кола, во тој спрат многу инвестирал и тој. Ај да бевме тинејџери кои уште чекаат од мама и тато, немаше многу да се изненадам од муабетот. Ама возрасен и стабилен човек мислев дека треба да го има надминато тој период, тој сакаше вечер да спие до жена а сабајле мама да му пржи лебчиња ама кај мене тој филм нема да го гледа, тоа нека си го избрише од главата. Подобро дома ќе си седам и вечно немажена ќе останам отколку свекрва да ми готви и да ми пере гаќи. Тоа е.
     
    На Konfetka, Macito007, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.983
    Пол:
    Женски
    Млади сте.Заслужувате приватност и слобода.Ако добро му работи мозокот,ќе го увиди тоа.Е,сега на некој маж му требаат минути,а на некој друг маж му требаат години.
    Ама,не чекај уште многу.Што е можно побрзо направете еден поопширен разговор и потоа размисли дали вреди да продолжите.Не влетувајте туку-така во брак затоа што подоцно може да се покаете.Подобро е навреме да се пресече некаде.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    А добро неговите сакати ли се да си ги извршуваат домашните обврски по дома, па чекаат само синот да се ожени за да добијат слугинка која ај секако за еден работи се каде еден таму и за тројца?

    За алиштава за машина пуштање - прво нема филозофија во тоа свекрвата сама да си пушти алишта во машина, второ и јас и сопругот ако сме само 2ца еве 5 години никогаш не се случило да немам со што да ја дополнам машината да не биде празна. 2ца сме па по 4 машини пуштам неделно, мислам алооо да ги пуштам моите алишта и гаќи или утре на мое дете со гаѓи на старци??? - No way!

    И ние живееме во заедница односно на различни спратови ама сметките само ги делиме и никој нема обврска за никој.
    На пример ако сакам јас викендов ќе зготвам две чинии плус ако не сакам нема, ако сака свеки после работа ќе не чека со зготвено од тоа што правла за нив ако не остане ќе нема и ќе си јадеме на спратот.

    И јас работам се на ефтина после 22ч, знам дека им тропам и тупкам кога спијат ама јбг :)
    Досега ништо не ми рекле, а знам дека се се слуша.

    Е сега само почит треба да се има, немора да ги сакаш туку само да ги почитуваш за се да си биде како што треба. Нормално тоа треба да биде обострано инаку и да живеете во различни градови џабе е :)
    Мажот погрешно нешто бара од тебе, а може и тоа мислење му е наметнато од родителите може така е воспитуван дека кога ќе се ожениш ти ќе не чуваш знам има такви случаеви (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, anastasija18 и tambelina им се допаѓа ова.
  19. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 мила неговите немаат ишто вакво речено, горните муабети се само негови.
    Имавме одлична врска се дури не дојде на ред темата брак. Значи неговите долу си имаат простор за себе кујна, купатило и сестра му си има своја соба, спратот на дечко ми е посебен со спална, детска соба, купатило дневна и кујна. Сакам да кажам има простор за сите, имаме какви такви услови затоа и дојде на ред баш таа тема. Тој прв го спомна муабетот дека ако сме се земале требало да јадеме долу со мајка му, греота било мајка му долу да јаде сама, а ние горе посебно. (инаку татко му е цел живот по странство) Мајка му сама го начнала тој муабет му викала сине што ако кога ќе донесеш снаа си сака да си се одделите горе посебно. Потоа следеше муабетот дека тој неговите не ги оставал (не сум рекла никогаш да ги остави) и дека сме требале да си бидеме заедно заедно. И ми вика ништо не ти е тешко кога ќе готвиш за нас двајца да зготвиш и за моите или ако пушташ перална да ги земеш и нивните алишта ако има. Јас пробав на најфин и најкултурен начин да му објаснам дека јас така не сакам и не можам да функционирам. И му кажав дека таквата одлука да си бидеме во заедница нема да ни донесе ништо позитивно зошто реално дома со нашите веќе не е трпиме различни потреба и навики, а камо ли со туѓи луѓе зошто реално колку и да сме добри и фини еден ден некаде ќе избие, а не би сакала да го ставам утре да бира меѓу два огна или јас или тие. Зошто ако дојдеме до тоа дереџе да треба да му кажам бирај јас или мајка ти и сестра ти тоа би значело автоматско мое заминување. Зошто ја следам внимателно ситуацијата тој уште сега не знае да им се спротистави, камо ли во иднина. И му кажав ако одиме по твојата логика еве брат ми веќе си има свој живот и јас кога ќе се омажам ако не да дојдиме да живееме со татко ми зошто греота е тој да остане да јаде сам. На ова очигледно остана без коментар.
    Мене не ми е тешко да ги извршувам неговите обврски ама сакам посебно да си бидеме и крај. Млади сме, сакам комоција и приватност. Дури и неговата стрина живее неколку куќи после нив, во комшии се па доста често си оди кај нив ниту да ѕвони, ниту да тропне си влага право и си седи со саати таму, исто и ќерката нејзина со децата и цел ден е така. Јас така не сакам да фунционирам, со комшии кафиња не пијам само на здраво сме. Сакам гости ама најавени и со усул. Не свекрва, не татко ми кој сака нека е да ми влага така без пардон не би дозволила.
    Три жени во една кујна не треба да се вртат, на ова добив одговор дека сум требала само јас да се вртам дури со цинична насмевка. Епа ќе ме извини културно ама неговите не се бебиња, работоспособни се и може секој сам за себе да се грижи. Не сум будала да преземам толкава одговорност на мој грб, ни не знам што би постигнала со тоа освен ако тој не сака да ги импресионира неговите каква снаа довел.
    Што се однесува на сметки нормално дека по пола ќе си плаќаме за се. Подобро ќе платам повеќе струја ама свекрва да ме готви и пере, не фала. Еднаш неделно да ги викнам на ручек доволно е, повеќе нема потреба.
    Јас го почитувам неговото семејство, сакам да ги почитува и тој моите. Само во нашата држава се градат куќи на 100 спратови како гаранција дека синот нема да замине тоест да има кој да ги чува. Ама неговите се сеуште многу млади, мајка му го родила на 16 години. Кешки нека начекаат 80 години тогаш друг ќе биде муабетот нема да ми биде тешко нормално да им подадам 2 чинии јадење или да им пуштам перална ама тие денови се многу далечни, сега за сега нема потреба од истото.
     
    На flower55555, Alpha010, elena.mak и 5 други им се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    6.938
    Пол:
    Женски
    @anastasija18 браво девојче. Впрочем вака и треба да се мисли пред да се влезе во брак. И си во право со секој збор што го имаш напишано, ако не се свести дечкото твој, не е за тебе.
     
    На Kija94, elena.mak, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.