Цинична надмевка продледена со очекување дека ти ќе им готвиш и периш и ти ќе бидеш единствена у кујна?? А тие две жени што ќе прават додека ти готвиш? Пешкир ќе ти држат? Искрено јас после ова напишаново, оваа реченица би требало навистина да размислиш со кого си имаш работа? Нели? Ми се чини дека човекот е од оние мажи што прават муабети за све и свашта со саати со неговата мајка а мама кажува што и како да прави а тој слуша и клима глава. Ми се чини дека човеков живее сеуште во времето на баба ми кога снаиве вака се третирале.. Тоа е. И се ми е страв дека ова не се менува. Т.е човек не се менува.
Ти требало да речеш да три жени не се за во кујна јас ќе си имам посебна, а на вашата која ќе готви оставам вие дa си се договорите јас не сакам да ви се мешам и ти прати една цинична насмевка Има кога да мењаш пелени и да раниш старци, животот е пред вас треба допрва да го живееш и да живееш за твое дете да го израснеш, воспиташ и школуваш, па потоа оди тоа чувањето ако дојде ред да останат неподвижни или Бог да чува удрени... До тогаш не си го губи времето на докажување, еден живот имаш. Јас на пример дома од 7 дена само 3 готвам нешто маџесто, 2дена нешто мачкано ќе ручаме и другите два дена ќе фанеме некој ручек кај свеки или кај мама. Е ова ако бевме заедница немаше да биде, неможам аргета или туна да им тунам и на јадете ќе остарев во кујна до сега
@vitamina i @ocicka2014 уште кога ги почнавме муабетите за брак, јас сфатив дека нема да функционираме заедно и сама предложив најдобро да биде крај дури е време. Се скаравме една вечер ама утрото дојде со цвеќе, се извинуваше пак разговаравме и ми рече во право си, најдобро ќе функционираме сами. Ми рече демек неговиот муабет се однесувал неговите кога ќе биле стари и немоќни требал некој да ги гледа. Јас му кажав тие денови се далеку, кешки нека поживеат толку нормално дека нема да ми биде тешко да им симнам по една чинија јадење или да уклучам и нивна перална. Ама сега на прави, здрави луѓе јас да им готвам и чистам, пази под изговор дека сум снаа не ми паѓа на крај памет. Сега ми вика сме го решиле тоа по мое ќе било ама ќе видеме колку ќе биде по мое. Јас не барам ништо, само малку мир и приватност. Го разбирав и него, татко му цел живот по странство тој единтвен маж дома и сетиот товар е на него де пазари, де оти сметки плати, де вози не ваму таму и сл. ама му кажав тоа еднаш мора да престане. И јас мала останав без еден родител (кој почина) па сама сум си и пазарела и сметки сум си плаќала и готвела и сијалици менувала и се. И на неговите нема да им падне круна од главата ако сами си ги тераат обврските ама така ги научил се на него да е. Му викам утре ако бидеме фамилија ќе треба јас и детето да сме ти на прво место, па после твоите. Сите имаме родители кои не одгледале ама не може вечно да бидеме со папочна врвка врзани за нив. И јас имам фамилија ама нормално утре кога ќе се омажам приоритет ќе ми бидат мажот и децата, па потоа моите. Се знае со годините се менуваат и обврски и приоритети, лошо е кога ќе се измешаат некои работи и настанува кавги. Му кажав во туѓа куќа математика не сакам да правам ама утре ако ти бидам жена мислам дека имам право и јас да кажам нешто. Само единствено од што се плашам е дури и тој да прифати дека сум во право, од неговите не знам колку би имале приватност. Си имаат долу купатило а се бањаат во неговото горе. Си имаат и тие клуч од неговите соби па си влегуваат кога сакаат, буричкаат насекаде. Се надевам дека тоа е само сега.
Искрено, не знам баш колку тоа ќе се смени. Штом они се пентарат горе, така и ќе продолжат. Ги поздравувам твоите напори за сето ова да успее, иако сметам дека диаметрално различни карактери и воспитувања ретко кога успеваат да најдат заеднички јазик. Таму, на "негов терен", твојот збор ќе биде еден напрема колку и да се по дома. Нон сенс апсолутен е за луѓе од по 40-тина години да се мисли за чување и дочувување, дома не се носи снаа туку жена, сопруга, мајка на децата, доживотен сопатник. Таман работа да треба сите слугинки да изиграваме. Јас кратко живеев со неговите, една година нецела. Министерот за збрки а.к.а свеки не знам што се не проба да дотера за да дојде крај и да е главна, ама имав и имам 100% поддршка од мм. Ако не беше така, јас од улица дојдена не бев, имам каде да одам. Мој совет ти е многу здраво да размислиш дали воопшто вреди време и живци да вложуваш во репрограмирање на нечие воспитување, верувам дека си млада, делуваш апсолутно стабилно и со двете нозе на земја. Не дозволувај убавите круши свињите да ги јадат те молам, греота е. Читни што се' се случува по темиве од непромислени и избрзани одлуки.
Јас добив впечаток дека девојката е далеку позрела и поспремна од дечкото, како да го има надраснато веќе. И таа е свесна за тоа. Исто ми изгледа дека во себе си веќе ја има прекинато врската, останува само да му соопшти на дечкото. За жал нема безболен начин да се стори тоа.
Анастасија, разгледав и претходни твои мислења и имам впечаток како по секоја цена да сакаш да се мажиш, само да избегаш од лошата ситуација дома. Добро отвори очи, во брзањето да не налеташ не на слична, туку на ралична, ама слично неподнослива ситуација. Процени го добро идниот сопруг. Се жени ли и тој од некакво брзање, да најде одмена за мајка му или за себе, или од љубов. Знаеш дека од секое дрво свирче не бидува. Дека нема да биде идеално и совршен рает да имате со оглед на ситуацијата, тоа сигурно. Но прашањето е дали утре, другиден при конфликт со неговите, тој ке биде разумен, или ке застанува секогаш на нивна страна.
Па искрено на почеток се понадевав дека иако вика дека е спремен и дека сака, можеби уште не е довоолно зрел за брак па затоа така размислува. Ама како што минува време искрено се оладив, не е тоа тоа што беше на почеток. Јас не барам ништо, никаква помош туку стабилен и сигурен маж што ќе стои покрај мене. Фамилијата си е фамилија ама се знае кога ќе почнеме да градиме нешто наше се друго останува во втор план. Ако дотичниот не може да се оддели од неговите и мисли да им изиграва вечно потрчко, негов проблем. Само во Македонијава се градат куќи на сто спратови за старите да имаат гаранција дека некој ќе ги чува. Утре ако имам вишок пари подобро ќе ги тргнам на страна или ќе ви вложам во нешто на страна отколку да дигнам уште сто спрата, за синот вечно да биде врзан за мене. Можеби сум терсене малку спрема некои ама тоа сум јас. Она што сум го видела во таа куќа многу работи не ми се допаднале. Со цигарата во уста или едната рака, бебе зеле во друга рака. Цел ден комшии и кафиња, па и баење и такви глупости. Против сум многу овие работи не би ги дозволила никогаш. Некој да бае на мое дете, тоа никогаш. Во адети пак ич не верувам и не ги сакам, а гледам тие тие се многу по тие работи. Да е само дечко ми, знаеме да се погодиме договориме некако ама ако се замешаат неговите тешко. Темата со моето семејство е сосема друга работа. Некои мислења се напишани кога сум била нервозна и револтирана, дури и сама се чудам како сум можела да го пишам тоа. Посетував психијатар, сега сум добро, навистина сум многу подобро од порано. И баш ради таа моја ситуација дома не отворив четири очи, туку десет. Со дечко ми ја отворивме темата брак зошто се сакаме, почитуваме, и тој многу страдал во детството и сега сакавме свое семејество и си ветивме нема никогаш да правиме грешки ко нашите родители. И знаев дека неможе се толку да биде идеално добро. Мајка му е премногу млада пишав веќе го родила на 16 години, исто и сестра му е таму прави здрави луѓе не верувам да бараат одмена. Само сметам дека тој е можби така воспитан дека кога ќе донесе снаа треба да бидат сите на куп. Пишав и погоре, ситуацијава ме олади од врската и тоа баш ради последното прашање што ми го пиша. Утре ако дојдеме во конфликт и јас треба да му речам бирај јас или сестра ти и мајка ти, нема да го дослушам одговорот ќе треба да станам и да си заминам. Не е работата тој да бира страна или кој е крив, кој е прав туку да се расграничат некои работи и тие да се нучат дека тоје веќе возрасен треба да си гради свој дома и семејство. Јас не сакам утре да дојдеме во ситуација да треба да бира.
Потполно те разбирам. И јас се најдов во иста ситуација. Ама пресеков. Или сами, или нема брак. Немав намера да слугувам на неговите, ниту да се покажувам пред роднини и комшии. Требало да ја одменам свекрвата. Ма немој. Нема грешка. Среќа што мојов се освести на време. Најдобронамерно ќе ти кажам. Во таа куќа ќе си имаш проблеми. Убаво викаат - Боље спречити, него лечити.
Луѓе, не изгледа вкусно да кажеш на странец кој нит го знаеш нит познаваш од 1 ред муабет или поточно проблем да го остави дечково.. Она си знае сепак, девојкава е стабилна и верувам дека ќе се избори да најде решение.. Но од еден ред проблем ние тука не можеме да и кажеме да не стапи во брак или да го остави. Ти си знаеш најдобро што живееш како живееш и што преживуваш. Пробај да ставиш на кантар се околу врска со дечково и да видиш што ти натежнува. Мааната или доблеста. Ти најдобро го познаваш и него во суштина, па би знаела дали има простор за повеќе зрелост и фамилија понатаму или не. Битно не избзувај размисли добро. Ниту мене не ми се допаѓаат овие страни кај него и домашните али треба да видиш дали има од негова страна простор за компромис или нема. Да го тераш да бира, немој. Не би сакал никој да дојде до состојба на бирање од ваков тип или да се почуствува дека некој доминира врз него и го тера да носи вакви одлуки. Но дека не е во ред не е, 100 посто. Дајте си шанса да промните нешто.. ако нема простор за комрпомис и разбирање и воедно созревање за оформување на семејство тогаш ти знаеш што е најдобро за тебе.
Не знаев кај да го споделам, ама баш е интересно https://www.facebook.com/oazaznanja...7/UzpfSTYxOTM0MTA4ODoxMDE1NTc4OTc5MTIxNjA4OQ/
Уште сега толку многу се нервирам. Со овој мојов се договоривме викендов да го минеме заедно, тој и сестра му и дечко и да дошле ги викнал. Ајде ок, а договорот беше да одиме сами. Чим така си премочлев и го викнав и брат ми со нас и само му кажав и брат ми ќе дојде и толку. Ама икрено немам ни време, ни нерви овој пат попуштив зошто не сакам да и дадам до знаење на сестра му дека успеала да ме изнервира или да не скара. Наредниот пат ќе си има дечкото сериозен проблем со мене. Ми вика јас сум кажувала многу закони. Па тоа не се закони, не може ти да очекуваш јас да бидам твоја жена и да молчам за се и сешто. Некои работи не ми се допаѓаат и крај. @vitamina не е така лесно да го оставам и да се сруши се што се градело. Тој ветува ама гледајќи ги неговите какви се многу убаво ми е јасно дека ќе немам ни пет минути мир, дека секаде ќе го ставаат носот. Тој ми вика во право си, нема да се мешаат за ништо нема да дозволам ама не изгледа така. Уште сега мнгоу се нервирам од тоа. Никој на овој свет не е сам, сите си имаме фамилија, каква-таква наша си е нормално дека треба да се почитуваме. Ама верувајте неговите ги проценив многу убаво, тој е многу наивен и ги лигави, иако вика дека ги ставал во ред а мене од страна тоа воопшто не ми изгледа така. Набљудувајќи ја целата ситуација, тие нема да се сменат никогаш, ниту пак тој ќе пререче. Јас најмалку од се што сакам е некого да ставам во позиција да бира ама тој ќе ме принуди на тоа. Ако дојде ред утре јас да речам бирај јас или твоите, верувај дека одговорот нема да ме интересира, ќе си ги соберам работите и ќе си заминам. Искрено после поледните случувања мене толку не ми е дојдено до него како порано, ниту до овој брак. Тој не требаше да дозволи овие циркузи да се случат, самиот ме одалечи од него. Не сум личност која веднаш се предава, се борев многу за оваа врска ама џабе кога не оди.
@anastasija18 Ми се свиѓа како размислуваш, реална си и отворени ти се очите што и како се случува првин тоа.. Ама велиш сега во овие околности ти е тешко да пресечеш заради трудот вложен во врската. Утре ќе се земете, ќе дојде и дете. Што ако се од тоа што предвидуваш од страна на неговите родители и него и сестра му, вистина се оствари ? Тогаш па уште помалце ќе немаш одлучност да пресечеш, сега заради изградената врска а утре заради детето. И пак ти ќе го јадеш, и ќе си приговараш а никој нема да те слуша и така во круг. Како што разбрав, финансиски сте добро стоечки, можете да си приуштите друго место за живеење. Зошто for fucks sake не сака да има приватност со тебе и да ја испочитува и твојата воља. Колку брачни парови има, 'плачат ' да се оделат ама за жал немаат финансиски можности за истото, а овој не сака да се одели од сукњата на мама.
@anastasija18 за да видиш дали ги довел во "ред", предложи да поживеете заедно како кога би биле во брак. Нештата ќе ти станат јасни за месец дена. Тогаш и двајцата ќе знаете на што сте.
Во ред е да дошле сестра му и дечкото вака според муабетот, но не би било во ред да постојано ја води со себе било каде да е. Да така направи сума сумарум дали сите се водите некаде постојано или привремено Пошо да не бидеме толку нерални јас не гледам лошо во тоа сите 5 рица да сте оделе некаде и да сте поминале време заедно. Нема ништо лошо во тоа. Вака по пишаново те гледам дека уште не влезена таму ништо не ти е во ред и не ти се во ред неговите а поготово тој што не може ништо да пресече и не сака фамилија на страна јас искрено би размислила дали би се мажела со човек што не ми прија атмосфера и луѓето кои што се таму.. Не го збоувам ова во негативна конотација туку во позитивна Ако на мене мајка му и сестра му не ми се допаѓаат ко персони и гледам дека со нив не можам никаков однос да градам по пишаново искрено не би стапила во брак оти како што кажа пак ќе сте заедно на еден начин а по пишаново јас гледам огромна нервоза и разочараност во тебе од врскава човекот и неговата фамилија Искрено не ни верувам дека би нашле компромис бидејки сте на различни брановити должини. Тој очекува секојдневно да живееш со неговата фамилија а ти не сакаш.. Ако се земете уште повеќе ке надвладеат тензии под тоа прашање и ќе мораш да ги гледаш секојдневно а на тебе не ти се баш омилени Компромис за страна и одделеност со ретки гледања и дистанца немате како што ти сакаш Онда не знам.. Може среќата ти е на друга страна со други луѓе Зборот ми е и те како е битно како фамилија кој до себе имаш не е само љубовта овде и дечково, ами ако не ги поднесуваш луѓето вака скоро па ич нема да ги поднесеш у брак секојдневно Размисли Или играјте на карта да пробате недела две да видите како ќе оди таа заедница и дали тој сериозно гледа на работите што ги кажува или само треси..
Многу добро те разбирам и те подржувам за се иако не сме правеле вака муабет преку форумов искрено те подржувам зашто се имам ставено во твоја кожа. По долга врска сеуште функционира кога спомнавме со дм за брак и за жиеалиште он беше против тоа кај што сеа живе да живеме искрено незнаев причина јас му викав твоите се супер немаме лоша комуникација ако сеа имаме шанса би оделе ама не е лошо вака и тоа беше за мене слепа слика се додека не видов што се случува во таа куќа каде што живеат 10 души ,до денот кога ќе ти влезат во соба без да тропнат(не зборам за неговите родители) ќе ти дојдат на прозор а ти гола на пр под прекривач и ќе ти застанат со цигарата на прозор и многуу други работи .Седнале во двор или ние сме се собрале и ќе ти се тупнат или нешто ке се буши тој ден ќе се чука и од тогаш му реков идеме што подалеку од тука дури и од населбава не сакам никој во наша близина.Сами колку имаме толку ќе изградиме ако треба за почеток во една соба ќе жиевеме ама фала му на бога и двајцата работиме имаме колку за нас и колку за трошоци . Неговите до сеа да ме повредиле незнам дали намерно или ненамерно ,али да ми влезат во соба без тропање не се случило ќе тропнат и ќе влезат кога ќе речеш да повели влези ,колку пати мајкаму ме викала на ручек и уште ме вика али ете некои други членови во таа цела заедница сметат многу. После све што видов ми стана јасно зашто мојов сака на страна да живеме дури и мајкаму рече деца бегајте од тука немојте тука да сте седеле ,јас ке ви помогнам финаниски колку што можам само немојте тука да живете.По некое време мојот се одлучи за поткровје мајкаму абе не се будали да не те утепам тука ќе ми правел покровје ајде бегај на др место јас ќе ви помогнам ако треба за чистње да оставите деца на чување . Поради др членови ние се имаме испокарано цело мало ме слушаше кога све му извадив од нос ќе беше крај ама се стабилизира ситуација. Сега кога ќе се сетам дека сум била како момчето твое ми иде да си ја мавнам главата од ѕид Затоа не попуштај знам љубов е љубов ама што ќе ти е љубов ако секој ден нервите ти ги корнат и ако им изиграваш слугинка џабе е љубов. Треба еден ден да родиш деца треба тие деца да бидат растени во добра сејмена хармонија секако дека треба еве јас пораснав во лоша сејмена хармонија ,свекрвата на мајками цело време буцкаше секој ден караници и мн раб да не почнувам зашто книга можам да напишам .И ете ден денес научив лекција ама последиците од минатото ги носам со мене Седни уште еднаш и кажи му све да се одлучи или ќе живете сами или ти си заминуваш,не е ни прв ни последен ,знам дека е тешко ама за џабе не викат љубовта боли. Прочитав во претходните твои мислења горе се качувале се бањале ,епа еве еден ден маж кога ќе ти стане вие двајца во соба или во дневна си водите љубов и се качат горе да се бањат Или ти си дошла од раб си соблекла прслук само по маица си и се качи свекор или си со една гола цицка доиш дете и што ќе биде тоа.... Може сакате двајцата да се бањате и сеа се качи сестраму или мајкаму мн незгодно. Немој да ме разбереш погрешно може некој ќе ме осудат али дојде време кога ке треба да отвараме 10 очи ,многу фамили се разведуват поради овие причини сведок сум на многу ,зар еден ден ќе треба да размислиш дали да бегаш со децата или да трпиш. Биди силна и размисли се убаво јас ти посакувам среќа и те подржувам за се Едит. за тоа што ги викнал ,а ти си му рекла сами сакате да биде ств не е убаво од негова страна што е не сака сами да бидете ,нешто му е страв?Мојот еднаш така ми направи и му реков добро бе ние сме во врска со сите или врската ни е јас и ти?Еднаш да бевме сами барем може има нешто да ти кажам може сакам да збориме нешто...од тогаш ме прашува сакаш д аискочиме,сакаш сами или да идеме со друштво.
Јас сум многу друштвена и сакам да се дружиме, искрено немам проблем со никого ама постојат моменти кога треба да бидеме сами, тој ја влечка сестра му со нас под изговор дека била мала. А има 18 години и не е мала за цигари да пуши и дечко да има, а за други работи е мала. Друго дури и да ми предложи брак, би сакала онака некој месец да поживееме заедно без да се официјализираме и без деца, чисто да видам како ќе се снајдам јас во нова средина, како ќе се снајдеме заедно и колку ги довел неговите во ред. Јас не ги мразам неговите, не ми пречат, немам ништо против нив зошто реално грешката е во него и само во него. Не знае да постави граници, а знае само да се жали дека го нервирале и му скакале на глава. Таман кога ќе помислам дека малку сум го освестила, тој ќе каже нешто и се паѓа во вода. Јас го сакам него ама и фамилијата е те како битна ствар, со оглед на тоа што ќе е различен спрат сепак е иста куќа нормално дека ќе се гледам и ќе контактирам со тие луѓе. Искрено веќе сум многу слаба со нерви и не планирам да се нервирам за глупотите неговите. Кога не знае што сака и како да ме зачува негов проблем. Ми вика сум го избегнувала, сум се одалечила од него, ми плаче на телефон му кажав размисли зошто е тоа така. Жал ми е што плачеш ама самата себе повеќе ќе е жалам ако дозволам еден ден ја да плачам за глупости. Јас не побарав ништо ама баш ништо тој си има колку - толку, нормално дека ќе дадев за да досредиме и да си бидеме сами. Млади сме си сакам мир и приватност. Проблеми имало и секогаш ќе има ама сметам дека сме доволно зрели и паметни за сами да си ги решаваме. Јас сакам по цел саат да бучам со провосмукалка, сакам да се искараме како луѓе, сакам може по гаќи да шетам и сл. не сакам утре некој да ми влага во соба без чукање на врата, не сакам да ми се буричка по фиоки, не сакам сестра му да трча при секој збор малку погласно кажан и да глуми дрвен адвокат и многу други работи, да не набројувам. Го сакам она што и секој млад човек. Не сакам да ја заменувам мајка му, сакам да излезам како и секој млад човек и да направам муабет повисок од оној свекрва ми е ваква и таква, ми рече ова и тоа. Благодарам ама тоа не сум јас. Не планирам за никого да се менувам.
Во партнерските релации никој никого не треба да менува. Ако некој размислува спротивно, тоа значи дека има погрешна перцепција за суштината на зедничкото живеење. Секој е свое јас кое ќе успее да го задржи доколку има разбирање, компромис и трпение. Почетокот е тежок и потребна е адаптација и за двајцата. Ако делите зеднички интерси и погледи, поголеми и полесни се можностите за побрзо да ги прифатите меѓусебните навики и потреби без ничија асистенција од блиските. Вашата позиција треба да биде независна од нив зашто тие имаат друга улога во животот која треба да се разграничи. Со цврст и непоколеблив став каков што имаш, никогаш нема да погрешиш.
@anastasija18 можеби ќе звучам грубо, ама ќе пишам. Ако размислувањата за заедничкиот живот ви се различни, тогаш се е јасно. Размисли. Очигледно е дека тој нема да се промени. Врзан е за сукњата на мајка му.
Истиот проблем, не знам дали е до климата наша македонска, ама мене не ми се верува дека партнерот сака да живееме со неговите во иднина. Во таа куќа на едниот спрат живеат брат му и снаата со деца (иако се распослани по цела куќа) а на другиот родителите и бабата! Место нема кај да се свртиш, редица за во тоалет. Па барем луѓево да беа разбрани, ич! Сме се договориле да одиме некаде или брат му му ја зема колата (а има уште една) или татко му шефува и не ја дава(и тоа не од зашто му треба, така ќе си дреме колата во гаража и ние дома и покрај тоа што дури сум се понудила јас да платам гориво), па кога ќе видам дека дечки ми се пали на идејата да отидам кај него да направам ручек или да помагам за зимница цревата ми се превртуваат. Ај тоа во ред е да се помогне, ама како прво снаата нека направи еднаш ручек, па потоа и јас!