Што? Ти да плаќаш гориво! Многу паметни тие, од две коли ниту една не им се дава. Не се криви тие, дечко ти по се изгледа уста нема. Уствари има. За зимници и ручеци знае да ти кажува уште од сега да одиш да правиш. Убаво те праша членката погоре. Размисли си со време, од кај 10 души дома па и многу силни.
Убаво размисли си, еве уште од сега се ти е пред очи, понатаму нема да иде на подобро. Си видела и сама каква сопруга очекува тој. Јас сум мажена па не правам ручек кај свекрвата, кога бевме во врска си одев стриктно на гости, ниту ме интересирало ручек, ниту зимници, ниту пак е станало збор дека се очекува од мене такво нешто.
Мислам дека не се третираа сите во фамилијата еднакво, пример дечко ми има една соба, братот со жената е распослан по цела куќа, мајка му работи за сите, готви, пере, чисти и уште деца чува. Се на се, нездрав однос според мене. Можеби премногу критикувам, ама јас така ги перципирам работите...
Си го прашала кај ќе живеете со 10 души напикани и 4 генерации во куќата? Ете затоа се нема слога у фамилија оти обично ко живеат 4 генерации под ист кров најнормално и најлогично не можеш да најдеш средина плус секој со различни навики и од ништо утре се колат и тепаат и секојдневно ќе фрчат нервози лексилиуми итн.. Епа не е живот тоа да ми извинеш. А он поучен од фамилијата "сине сите тука ќе си седеме ќе се помагаме" ахам како да не, и да сакаш да бидеш ок со некого нема да можеш од околности. И така. Крај краева секој си има свои замисли низ животот.
Искрено, од прочитаното паника ме фаќа кога ја замислувам глетката од толку луѓе и генерации под заеднички кров. Мирот и разбирањето меѓу партнерите немаат цена како што има привикнувањето на заеднички живот со неговите што подразбира губење на своето јас колку и да правиш компромис и да толерираш. Самиот амбиент ти ја нарушува приватноста, а со тоа и опстојувањето на врската. Но, секој си има свои погледи и размислувања. П.С. За да не ти се превртуваат цревата и понатаму од секакви идеи на толпа луѓе и карактери одлучи навреме дали сакаш да бидеш новиот член на фамилијата од кој ќе се очекува да ги прифати правилата на "куќниот совет".
Тоа е. Јас ни со моите не би живеела. Одамна си го ценам мирот. Ние живеевме така, на посебен спрат и пак џабе. А и сто пати ги има чуено мајка ми како ја оговараат. Ја не би да слушам пошо ќе почнам и ја да зборам. А и реално иаме кај у нашиов случај. Нема потреба да се стискаме поише души. И неќам некој да ни се качува, да ни тропа, па ај доете на ручек, па ај бебето.
И одделно да живеете може да има проблеми, ама пак е подобро. Нема да ти доаѓа на гости кога сака. Туку кога ти ќе ја викнеш. Еден период кога одевме кај нив седевме по 2-3 дена. Косата ми се креваше. Ама морав да ќутам. Не е моја куќа. Влагаше во собата на маж ми без да тропне. Алоооо? Може гола сум. Летно време вратите да сме ги оставале отворени. Топло било. Како издржуваат некои во заедница?
Па неговите коа му доаѓаат е хаос. И дома и општо е сѐ хаос. И он се нервира. Вака кај мене дома ќе се прашаме дали ќе дојдат и ќе ни реметат мир. И дали ќе чепка детето по фиоки и ќе фрла сѐ наоколу.
Леле истово со вративе. Кога живеевме во заедница собата наша беше до нивната, и имаше ходник со дневна споено, и балконска врата имаше и во дневна и во нивната спална, и во нашата соба, од сите страни тераси дека има, и свеки наместо да ја отвори балконската врата од нивната спална, ја отвараше таа во дневна и вратата од собата, и мене ми викаше така да сум ја отворела внатрешната врата, а купатилото беше до нашата соба. И кажав а ако се откријам и свекор ми оди во купатило не ќе ме гледа така, или еве жешко ми е и спијам непокриена со кратки пижами, си отварам прозор, што има врата да отворам, и да отворам балконска, не внатрешна врата да отварам.
Јас сум рекла - Само живеење сами. Среќа што и маж ми имаше исто размислување. Па и децата на девер ми морав да ги трпам. По цели денови седат таму. Ама си ќутев. Еднаш свекрвата му рече на маж ми - Што убаво би било внуците да ти доаѓаат секој ден на гости. Јас одма и реков - Тоа кај мене нема да може. Кај тебе нека седат колку сакаат. И она одма се налути. А децата од девер ми се многу невоспитани. Еднаш ја затворив вратата. Госпожата имаше гостинка на кафе. А јас не можев да ги слушам. Ми вика - Што ја затвараш? Отвори ја да влезе воздух. Затоа му реков на маж ми - Кај нив одење како на гости.
Па и како гости не се издржува. Ние таму имаме спрат ама џабе, ист двор, не дека немаме посебно и во двор каде да седиме, тие си имаат посебно, ние посебно, ама кој и да дојде кај нив ако не види на тераса или не слушне во двор, не вика, па и свеки, комшии ако и дојдат не вика, а мм не се замара. Сега за Прочка поседовме малку и горе си се качивме, и дошле нивните кумашини свеки ми пиша да се симнеме, мм не ни сакаше, од култура се симнав, само се поздравив и толку. Или кога ни доаѓале наши гости а убаво времето, од нив раат не можевме да седиме, и тие си доаѓаа и си седнуваа, и тоа ај да ги познавале барем, немаат срам. Сега не седиме таму и раат сме. Одиме на 2-3 недели, и тоа не нив да ги видам (мм нека си ги гледа, родители му се), одам да излуфтирам, и така ми е оставено на кип, ама друго е кога ќе излуфтирам убаво.
Ја неам брат сестра, а и да имав нема шо да капе детето таму. Моите братучеди и од двете страни, ги чуваа од др страна. Мене баба ми и дедо ми шо живееа под нас. И никад не доаѓаа шо знам. Ама сеа дедо ми па мене највише ме сака. Ја сум да се имаат граници
Ни со мои ни со негови.На мир да можиш и да се сакаш и да се скараш.А не утредента да не можеш во лице да ги погледнеш.