Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сака да правиме свадба

Дискусија во 'Брак' започната од Danielaa, 19 мај 2010.

  1. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    43

    Нема проблем мила, мнооооогу сум среќна што се заврши како што треба Love youuu
     
  2. kavcura

    kavcura Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Ic ne sakame svadba seuste nemame napraveno a neznam ni dali ke pravime nemam takva zelba ednostavno ubavo mi e i vaka moite i negovite ke ni dadat kesh i ke si dosredam uste toa sto mi treba za po doma :hai:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Нема ли некоја тема ‘Сака да правиме свадба, а јас не сакам‘? :lol: :rofl:

    Со дечко ми имаме разговарано н а темава, онака, не дека ќе се земеме (мноогу сме млади за тоа). Тој сака свадба како што е редот, со 150 гости, значи не од типот на свадби што ги прават со роднини невидени и нечуени од второ,трето колено. А како што поминува времево, мене се повеќе ми се менуваат сфаќањата. Свадбата е непотребен трошок..

    Според мене, би сакала свадба на вечера со најблиските, значи моите и неговите родители, регистрација во општина и една венчавка во црква, а после една забава во кафич или во дискотека со друштво млади каде што ќе има само пијалоци и една откачена невестинска торта (ако е топло, може на брод или на некоја плажа)..Не би сакала да носам од оние ‘принцески‘ венчални фустани, туку нешто откачено. Тие пари што би ги потрошиле за свадба за 150 души или за 300 во хотел со вечера и со венчални фустани иона ритуално земање од дома невестата и незнам што, подобро би ги потрошила на некое свадбено патување во Париз, на пример или Еurotrip.

    А дечко ми сака да си се држи до традицијата, ми се чуди на моите идеи и вели дека сум била забегана (во негативна смисла) и вели дека МОРАЛО (?!) да се направи свадба со сите тертипи и адети...абе глупости..МРАЗАМ такво нешто. :@
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    И јас пред мојата свадба имам некои такви идеи,ама кога седнавме на маса со неговите и моите,рекоа не ни го скратувајте тоа право,да не правиме свадба на нашите деца,а ако вие не сакате тогаш на вашите не и правете. И така и беше, свадба со 500 души и со сите адети,ама ич не жалам за парите,оти и после тоа човек може да се среди...А ако не сакаш фустан можеш и во нешто друго да прославиш,гледав невеста во панталони :o чудно ама вистиното.. Значи кој во што сака...
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Ени , моја другарка правеше свадба баш како ти што сакаш. Дента се регистрираа во матично, па по дома сите да се дотераме , попладнето се чекавме во кафана , частеа ручек т.е. вечера, мезе, кој за што беше, од кафана старите отидоа кај свекорот и свекрвата да си продолжат со ракијата и винцето :D , ние продолживме во диско, таму имавме сепаре и пијалоци, супер поминавме.
    Се на се немаше 30 луѓе, некој дојдоа во кафана само да честитаат , други не чекаа во диското...ама супер беше .
    Зависи како ќе си се договориш со дечкото.
     
    На wings му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    е ова веќе да :y: ми се допаѓа... :) :) :)
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Дечко ми не сака да правиме свадба, а ни јас не сакам. Според мене, свадбата е непотребен трошок. Наместо за свадба, парите што ќе ни ги дадат родителите планираме да ги искористиме за купување на плац. Подобро што ќе направиме така, отколку да се замараме со подготовки и потоа да живееме под кирија. Најверојатно ќе направиме ручек со најблиските, најмногу до 100 гости. Толку гости ќе имавме доколку се одлучевме да правиме свадба.
     
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Читам и не можам да поверувам. Магии бе :D :D . За баење и тие чуда ич да не се секираш тоа е резултат само на малоумноста на неговите и тоа никако не може да ви наштети. А јас да сум на твое место повеќе би се секирала од тоа дека тој сигурно ги има истите сфаќања и навики како нив зошто му се родители со кои живеел и живее. Зборуваш и за тоа `да му стават нешто во јадењето` :o размисли дека треба да реагираш на време пред од простоилук да се испотруе пола фамилија. :fubar:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    Мој совет ти е да го убедиш маж ти да си живеете одвоено од неговите родители, така барем ќе избегнеш голем дел од расправии, магии и триста други работи. Ќе бидете посреќни. Така пробале да ги разделат моите, ама се преселиле во Србија, за жал пак се вратиле тука (во Македонија), меѓу неговите роднини и ни прават проблеми. Среќа е што не сме блиски со нив. Те сфаќам убаво како ти е. Луѓето незнаат со што да се занимаваат па ај да се мешаат во туѓи животи. :(
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Мојот дечко не сака да правиме свадба, и јас целосно го подржувам! Порано сонував за гооолема свадба, јас облечена како принцеза, со дијдема на косата, и слични глупости, па со разни адети итн! Но како што станувам се повозрасна, некако тие идеи и очекувања спласнаа во минатото, можеби поради фактот што веќе го спознав светот околу мене, спознав дека животот е полн со препреки и дека не е како бајка....Па затоа и замислената принцеза се изгуби во просторот и времето!

    Сега гледам многу реално на работите, и секогаш кога разговарам на оваа тема со саканиот, велам дека не сакам свадба! Сакам венчавка во матично, и истиот ден, да се организира свечена вечера во ресторан, и не сакам повеќе од 30 луѓе! Само ептен најблиските! Концептот околу венчаницата исто така ми е сменет! Сакам некое комотно елегантно фустанче, боја шампањ, и не сакам косата да ми биде со 2 тона лак, туку сакам природно пуштена, лелеава со еден цвет на едната страна! Истото важи и за маж ми, не сакам да се облекува како да оди на Оскар, сакам прославата да биде удобна, со весела музика (баш и не сакам оние стандард песни што ги пеат на свадба, сакам некои роматични од 60 и 70 те години - по можност странски ;) )

    Ова е мојот концепт за венчавка, можеби чуден, ама сакаме мала и скромна венчавка, а не настан на годината! Еве баш вака лежерно...Леле се испозанесов... :rofl:
    [​IMG]
     
    На stilas7 и violinistka им се допаѓа ова.
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Мајка ми ми има речено дека свадбата ја прават родителите на младоженците и на тој начин тие си се радуваат за среќата на нивните деца.Тие ја плаќаат свадбата.Јас и дечко ми би биле само како кукли на мета и сите погледи ќе бидат вперени само во нас.
    Ако толку им е кејф на моите родители јас би му ја направила таа чест без разлика дали сакам или не сакам свадба.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    мило ми е сепак што има среќен крај на оваа германска драма :clap:
     
  13. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    E некој погоре напиша родителите им ја плаќаат свадбата на децата, ама не е случај со нас. Ние се испотрошивме на стан купување и опремување и сега собираме за свадба. Не знам кога ќе биде, ама знам дека ќе има само да се молам за здравје на нашите постари родители, инаку тој не беше ич за свадба, ама тоа ми е голема желба и така се договоривме да има, па еднаш се прави свадба. Не сум за голема свадба и многу од адетите ќе ги прескокнам, сакам да бидам во невестински фустан, па макар и 80 души да поканам од моја страна. А за парите, секогаш ќе нема пари, па како јас можев да вложам 10 000 евра во станот, а сега за 2000 да е проблем? Ако брат му не прави свадба не значи дека и тој не треба да прави. Што ми е гајле што тие си имаат друг концепт?
     
  14. butterfly2

    butterfly2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Ние сме во врска 5 години и пред 1 година со дечкото одлучивме да се земиме, ама единствен проблем беше мајка му.. ништо живо не сака да бидиме заедно па уште и свадба. кога почнав да одам кај нив на почетокот се си беше супер, се сјајно ама не е се така како што изгледа. мислев дека се супер луѓе па одев им помагав секогаш и кога варосуваа и било кога ако им требаше помош одев, после некој период наеднаш жената почна да ме игнорира, ајде да имаше причина ајде, само кога дечкото и кажа дека ќе се земаме женава скроз се оддели, не скаа да слушни за свадба по 1 година молење. не знајме што да правиме, најпрво мислев да одиме под кирија и да правиме без нив свадба ама ајде да не биди на лошо, можеби и така ќе направиме ако не сака нека не сака, нервите ми попуштија од тие молења... веќе не знам ни што да праам... скроз се разочарав
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    ^^^ а што се замарате ете ако не сака да правите свадба (нели станува збор за свекрва ти ) или ете ако за мир во куќа не правите веселба отидете ти и момчето и потпишете се во матично вие на папир ќе имате брак а веселба како веселба ок мора и немора да ја имате мислам незнам дали ме разбираш веселбата не те венча. тоа е мирниот начин или начин 1 да решиш проблем а да си венчана.
    2. начин е малку погруп т.е. и реален па на крај и краева кој ја прашува неа. Што викаат твојте на ова ??? дали знаат тие. ако знаат оп на гости и ајде се договараме за свадба. нема да смее пред твоите да каже не сакам туку ќе ја фатите на сец. па и ако не сака и тогаш ќе соберете сила ќе направите мала свадба само со друштво без родители и пак ќе имаш свадба. мислам има 1000 начини да правиш свадба и оствари си го сонот
     
  16. butterfly2

    butterfly2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам за советите
    Да напоменам дека "идната свекрва" е многу наклонета на братот на мојот дечко, значи тој имаше врска од само 5 месеци (а ние одиме веќе 5 години) и во 2 месеци му направија збор, веридба од 100 гости и голема свадба, значи без никаков приговор му го дадоа и горниот спрат, наредија се што требаше нови ламинати, шанкови, спална му зедоја значи се што треба, снаата в раце си ја држеа ни работа ни сабота, со прст не мрдаше и башка фирма му отворија, кредити зедоја во борч до гуша за нив и сега лани се разведоја. Како нема да ве иритира ова да го прави за едниот син а за другиот само бара изговори за да не се ожени. Најтрагично беше кога рече дека срамота било да се земаме оти брат му се разведил, како ние да сме криви за тоа, и милиони причини, после беше изговор да дозавршам факултет а имав уште одбрана на дипломска кога решивме да се земаме, страв му беше да не го платат факултетот а се беше платено, фала богу завршив факултет уште лани и не скаат тоа е. Ако почни дечкото разговор за свадба неќат да слушнат, голем трошок било. Не сум ни од село, ниту пак сум сиромашна ни необразована, ниту некултурна, напоменав дека се за нив праев не само физичка работа туку било што со цел да ме почитуваат барем. Од вакви луѓе да не знај човек како да се однесува значи се ако правиш за нив не чиниш оти одиш со синот што не им е на кеф или нз, а ако бидиш сопруга на синот што го сакаат е тогаш и да не работиш се ќе добиваш на тацна. Вакви луѓе ни на најголемиот непријател не му посакувам за свекор и свекрва. а братот негов како втора свекрва е, се го интересира, сеуште си го држи горниот спрат сам си се шири, а и заборавив да кажам дека и ако се земиме ќе сме седеле долу во една малечка соба, оти спратот бил од брат му....тоа е мојата судбина, ама многу си го сакам и покрај тоа што знам дека таму ќе биде пеколно и доколку некогаш се земиме со убаво, ако не сами со моите родители само и тоа е. тешко е што немаме сигурна работа барем еден од нас, ама со господ напред, тоа е
     
  17. butterfly2

    butterfly2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Глупаво ми е што секогаш лажи, па со тоа и јас ги лажам моите, кога прв пат и рече дечкото дека сакаме да се земиме одевме веќе 4 години и помислија дека сум бремена, чудно им падна, (а за др син не им беше чудно се во пола година)и женава рече ајде не можиме сега да го доплатиме кредитот за 3 месеци ќе биди и јас дома им кажав, ја мислам сериозна,а таа лажела. Оттогаш еве и има речено 100 пати и само одолговечува, само нешто одложува. Да имаме услови, да имаме добра плата одма се земаме без нив и одиме под кирија, па нека ја знаат сите дека не сака да си го ожени синот, ама немаме и ќе молиме, а моите не се мешаат тоа е моја одлука и ја прифаќаат нормално.
     
  18. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    а имаше ли камера да го сними сето ова?
     
  19. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    Butterfly2 издржи и надитри ги нив.Не ми е јасно како можат некои мајки да не се радуваат на радоста на своите деца или да прават разлика меѓу своите деца.Какви мајки се тие???Кај нас , мајка ми никогаш не не делеше во ништо. Мислам дека треба да разговараш со него и да видиш дали тој е за свадба или не, мислам дека тој е најбитниот во играта и плус тоа ќе видиш кој на кого влијае т. е мајката на синот или обратно. Не си ти /вие крива/криви за разводот на другиот син, биди упорна и ако имаш можност истави се од таа куќа, само можеш да си насобереш нервози и да ти попуштат нервите и сите пропратни болести што одат со нив. Со глава не се удира во ѕид.
     
    На butterfly2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Здраво, зашто не го изненадиш кога веќе имаш подршка од неговите родители. Еве на пример договори се со неговите да организирате све вие а он за тоа да незнае, незнам дали гледаш емисијата Све за љубав. Ако незнаеш пробај јависе ке ти помогнат они идат насекаде. Ако не како што ти реков пробај купи се како што треба направи а со негов другар поразговарај на само да не му каже да го донесе како да иде на некоја забава. Ке биде не вообичаено не секојдневно а интересно.Со срека