Не сака да правиме свадба

Дискусија во 'Брак' започната од Danielaa, 19 мај 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ММ не сакаѓе да правиме свадба само поради тоа што др.работи не ни беа решени и сакаше тие пари да ги вложиме,наместо свадба да правиеме. Но,тоа не беше противење или нешто слично, туку си кажа тоа е мое мислење. Но, кога виде дека јас сакам, моите и неговите исто така сакаат, рече во ред.
    Навистина многу мирно и убаво си се договоривме.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    38.458
    Пол:
    Женски
    Иако и маж ми беше против свадба, сепак ја направивме. Татко ми инсистираше и јас сакав да му направам ќејф.
     
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.052
    Допаѓања:
    69.197
    Ние се регистриравме, прошетавме малце на плажа, па дома се подготвивме и отидовме во ресторан на вечера.. Јас си носев бел фустан, обичен но ептен убав (на мој вкус :)), косата пуштена со една шноличка од страна, малце шминка само, маж ми беше облечен елегантно (сако, панталони, кошула, кравата), но тој секој ден е облечен така, така да ништо ново.. со најблиските прославивме и стварно супер беше.. И двајцата неќевме помпезна свадба со роднини кои што не сме ги виделе никогаш.. Кога ќе дојдеме во Македонија, ќе правиме венчавка во црква,. и тоа :))
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.