1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не се сеќавам на делови од животот

Дискусија во 'Психологија' започната од Milky.Way, 7 јуни 2013.

  1. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Здраво!

    Ја отворив темава бидејки отсекогаш сум се прашувала зошто не се сеќавам на периодот од прво до четврто одделение. Летото 2006 се преселив од Скопје во Охрид, последно на што се сеќавам е пред да тргнам за Охрид.

    Оттука натаму се сеќавам само на некои ситници, како девојчето што седеше до мене на првиот школски ден, новото девојче што дојде во второ одд итн.На поголеми настани не се сеќавам, само на ситници.

    Ми кажувале дека после не сум седела до истото девојче туку дека сум седела до друго девојче, но не се сеќавам на ништо. Ако ја сретнам учителката сега 95% нема да ја познаам, би ја познала само по мирисот.

    Незнам дали ова е нормално, но мислам дека е и поради фактот што бев доста исмејувана, навредуана, па не сакам да се сетам... Би сакала да видам ваше мислење... :bow:

    П.С Сега имам 13 год. значи ова е од 6 до 10 години. Инаку, се сеќавам речеси на се пред ова... :^)

    Ако има ваква тема избришете ја оваа! :bow:
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    E сега вака.

    Можно е да ти бил непријатен тој период и мозокот ти „направил услуга“ со тоа што „избришал“ некои сеќавања, а можно е едноставно да нема врска.

    И јас не се сеќавам на ситници од пред некоја година. Мора некои информации да се избришат од системот за да има место за нови. ;)

    Mислам дека (шо и да е од овие две) воопшто нема простор за паника.
     
    На Milky.Way му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Обично сакаме да се сеќаваме на убавите работи од животот а кога ќе ни надојдат неубави спомени се правиме дека не мислиме на нив и одма се префрламе на убави работи макар и измислени.
    Неубавите спомени болат а никој не сака да трпи болка.
    Ако тие спомени ти предизвикале душевна болка ти си ги потиснала во себе.
    Не е дека не се сеќаваш, туку не сакаш да се сетиш.
    Спомените се во тебе само ти треба желба за да избијат на површина. Можеби за тоа ќе биде потребна и стручна помош (хипноза) но што ако се вратат? Дали тоа ќе ти помогне нешто во животот или пак ќе те врати во делот кој ти претставувал болка?
    Размисли како ти било подобро, дали кога се сеќаваше и на лошите нешта или сега кога истите се заклучени длабоко во тебе?
     
    На Milky.Way му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Камоли јас да можам да не се сеќавам на некои моменти,уживај таму и не се секирај,ништо лошо нема. ;)
     
    На L-a-r-a22, tessie, Belieberka666 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360

    Eднаш го прашаа Игор Џамбазов колку години има,на што тој одговори 40,зошто на првите 10 години ретко кој целосно се сеќава и тие не ги сметал :D

    Нема ништо лошо и загрижувачко.И јас не се сеќавам на тој период јасно,паметам само одредени случки кои со тек на време избледуваат.Се работи за долг период,можеби и на нашиот мозок некогаш му треба "Refresh",а со тоа одат во заборав некои работи.

    И да,впивај ги само убавите работи од животот,а тие другите нека одат во заборав.Не биле убави и нема ни да бидат,нели.

    Во врска со исмејувањето,сакам да те прашам: зошто мислиш дека некој има право да те исмејува? Помалку вредиш? Зошто набиваш комлекс на ниско вредна личност,ако длабоко во себе знаеш дека не си ? :/
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.760
    Пол:
    Женски
    Верувај мила имам поголем проблем со тоа што се сеќавам на работи на кои не треба да се сеќавам, едноставно ме прогонуваат. И јас на доста небитни работи не се сеќавам, но сега гледам дека сепак некаде во подсвеста стојат, само ми треба мала мотивација да се сетам, верувај ако отидеш на местата на кои си одела сигурно ќе се сетиш, тоа се случи со мене на 10 години од полуматира, се сетив на се за час. Нажалост имам одлична фотомеморија и некоја лоша навика во мозокот да складирам имиња, на работа ми е доволно да ми го кажат името на некоја странка одма знам дали е кај мене или не, ама збориме за едно име од 400 предмети, памтам и што треба и што не треба. Доколку мислиш дека постојат работи на кои треба да се сеќаваш обиди се да поразговараш со некој, нека ти прераскаже и ќе се изненадиш колку се сеќаваш, но ако е минатото како што викаш, со лоши спомени, не се труди, не вреди ;)
     
  7. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за советите. Сега за сега нема да паничам и да мислам, туку ќе оставам па можда ќе ми се вратат сеќавањата.

    Инаку и јас имам добра фотомеморија, и памтам броеви. На пример памтам на која страна и колку прашања сме имале за домашна на 1 септември минатата година, но не памтам за што и кои се прашањата... :|

    Не мислам дека некој има право да исмејува некого, како што кажав се сеќавам само на ситници од тогаш, па не се сеќавам баш како сум реагирала на исмејувањата, и сега тоа воопшто не ми претставува комплекс затоа што откако почнав да памтам секогаш сум се спротивставувала и не сум дозволувала некој да има толкаво влијание врз мене. :!:
     
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Eте така :clap: Во животот треба да си секогаш господин/госпоѓа,пред се да бидеш на ниво и да имаш високо мислење за себе.Ако го немаш тоа,неправедно е да очекуваш од другите да го имаат за тебе.Самодоверба и само самодоверба ;)
     
    На Milky.Way му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KittyCat84

    KittyCat84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Истото тоа и на мене ми се случува но не само што не можам да се сетам на некои работи од минатото и некои ситници од сегашноста и многу се нервирам кога не можам да се сетам на нешто :@ :@ :@ па сега си почнав да водам дневник и кога ке подзаборавнам нешто само си го отварам дневникот и си читкам :geek: ;)
     
  10. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Исто и јас не се сеќавам многу на периодот од 4то одделение наназад...Како да не сум поминала низ тој дел од животот...Но,ете повеќето кажуваат дека не е ништо,и јас се грижев,ама сега сфатив не сум единствена,не е ништо страшно. :)
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ништо не е тооолку страшно
    и јас не се секавам на некои работи од минатото-преживеав несрека пред 15 години на моја 13 годишна возраст, бев во кома и едвај останав жива со сите заби на мене и подобро што не се секавам( не еднаш сум пробала да се сетам како се случило ама ете е избришано од секавањето и подобро што е така) :!: и не еднаш со психолози и психијатри сум разговарала на ова тема
    се секавам дека со мајка ми учевме основни работи
    множење делење-собирање-одземање па никој до сега не ми рекол леле види ја срце заборавила така да не си земај при срце Милки
    а речиси цело детство го паметам :!: да се чудиш :!:
     
  12. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    И јас не паметам некои делови од четврто одделение па назад но,не се преоптеретувам многу.Води си дневник па кога ќе си го прочиташ напишаното ќе се присетиш на истото :*
     
  13. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Мене пак човек да ме праша нешто од моето раѓање до поаѓањето на школо не се сеќавам ништо,а и да ме праша за минатото било што тоа мора да биде конкретно за да се сетам инаку вака неможам :D
     
  14. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    И јас како многумина не паметам ништо што сум правела до четвро одделение,ретко има нешто да паметам кога сум била второ,трето одделение.Но сепак малку се случувањата кои ги паметам од тоа време,па уште кога ќе сретнам некои роднини со кои сум се видела како мала па почнуваат со прашањата Се сеќаваш на мене..?и јас онака па не,бев многу мала :^) |(
     
  15. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    ја не памтам вчера што јадев. :?:
    хаха смеа на страна и ја не памтам ништо од раниот живот кога бев 4 одд.
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Нормално е, јас се сеќавам на ситници и тоа со избледени мемории. Некои непријатени работи мојот луд мозок место да ги истисни, тој ги истакнува ама тоа е ... Во суштина ти не си го заборавила твојот живот, туку тој ти е во потсвеста и само моментално неможеш да се сетиш на него.
    Јас кога си читам дневникот се сеќавам на работите точно како што биле, свежи или одредени вечери кога имам хипермензија, се сеќавам на се и сешто и сум хиперактивна и само зборувам, а има моменти кога не се сеќавам ни што сум јадела (утрово идам дома од пракса и седнувам на компјутер, влегува тато и му викам: „Еј јас си дојдов од пракса!“ он: „Еј ... не се сеќаваш дека се видовме?“ и чисто мислев дека ме мајтапи додека брачед ми не ми потврди дека навистина јас сум се сретнала со татко ми). Затоа е убаво да се води дневник и од време на време да читаме за да се сеќаваме на добрите моменти зошто бездруго нема да се сеќаваме многу како што врви времето :) Мозкот и човекот одат напред и немаат време за да се навраќаат на старите работи и затоа е добро да се има еден потсетник за таа цел. ;)
     
  17. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    јас не се сеќавам на најголемиот дел од моето основно образование :worried: сите памтат како било, што правале а јас дури не памтам и наставничките кои ми беа, едвај некои само :^) стварно мислам дека не е нормално да не памтам што сум правела во осмо одделение, берем нешто побитно да памтам, ама незнам.. многу слабо :worried: веќе страв ми е незнам што да правам и дали да се обратам некаде
     
  18. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    не е ништо страшно, татко ми почина пред 8 години, па не се секавам на погребот како да не сум била воопшто присутна таму :(
     
  19. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    незнам сепак страв ми е што не се сеќавам што ми се случувало пред 2-3 години, не е само одреден периот туку скоро се
     
  20. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Ако веке толку многу те заплашува тоа, обрати се кај некој психолог или психијатар поразговарај, советувај се, нема ништо страшно тука. Само може да ти поолесни и да знаеш дали тоа представува некој проблем.
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.