Не сум среќна...

Дискусија во 'Психологија' започната од Peperutka-19, 9 август 2013.

  1. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    12
    Немам на кого да се обратам... немам никој... не сум среќна... со моите не се сложувам ама ич, постојано се караме, не се луѓе на кои мозам да се доверам за било што, и се осекам многу осамено.. , другарките ги изгубив одамна а можеби и никогаш сум ги немала... имам неколку со кои само се слушам телефонски мегутоа и тоа ако јас им се јавам.... соо дечко ми беше супер порано, сега веке се сменија работите, ние се гледаме ама и он постојано излегува со другари , и некако немам доверба во него кога е излезен, едноставно станувам љубоморна и бесна сум, мислам дека му љубоморам што има прекрасен живот... гледам луќе и се прашувам како можат да бидат срекни а јас не можам... немам свое јас, немам карактер да им се спротиставам на моите, немам храброст да му кажам на децко ми да раскинеме зосто знам дека нема да ме побара , дека нема да се потруди да ме врати... едноставно осекам како никој да не ме цени , никој да не ме сака.... покрај тоа работам и учам факултет, можеби и поради тоа сум оптеретена, се осекам како да немам волја за нисто, волја за живот.... немам самодоверба, немам ништо - ни материјално ни духовно... ве молам помогнете ми некако, ако некој имал вакво искуство и успеал да се справи со тоа, дајте ми некој совет, како да станам посилна и посамоуверена без никој да ме гази.... низ солзи ви го пишувам ова и ве молам за совет ...
     
    На stoilovat, LittlePinky и atopic им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    3.420
    Пол:
    Женски
    Не сум среќна :((

    Kако може толку млада личност да гледа толку негативно на животот?Mораш да бидеш силна пеперутке ,само имаш лош период тоа е се,дечко и другарки лесно се наоѓа,сега си на факултет искористи го тоа да запознаеш нови луѓе а со твоите дома потруди се повеќе да те разбираат тоа е нема некој кон не минал тежок период на било кое поле но мораш да се трудиш и да продолжиш напред.Tука ќе најдеш многу пријатели и пријателки ете за почеток те охрабрувам и совршено те разбирам,а сега избриши ги солзите и насмевни се :hug:
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    Не сум среќна :((

    ооо душичке :hug:
    ако работиш и учиш во исто време значи дека немаш многу време за одмор, дружба и сл.
    машките се такви-излегување, дружење по кафеани, дискотеки така да немој да му љубомориш туку кажи му во лице дека не ти е убаво со него и не сакаш да сте заедно па секој на своја страна подобро отколку вака да се мачиш а што се однесува до твоите поразговарај со нив и објасни им како се чуствуваш
    те свакам и јас поминував низ истото, бев ко тебе малку позатворена личност-ова со родителите уште трае а со друштвото на некој начин се реши така да немој да губиш надеж па ако треба поразговарај со психолог/психијатар оти незадоволството што го чуствуваш може и да помине во депресија а имаш само 20 години
     
  4. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    12
    Не сум среќна :((

    фала ви и на двете, колку толку ми помогнавте ... сакам да ве прашам сто да направам за да станам посигурна во себе, посамоуверена и да не се плашам дека ке останам сама, како да имам свое јас ? мислам дека тоа ме убива, пр. мислам дека ако дечко ми излезе со другари дека ке најде некоја подобра од мене, и ред др такви работи ..
     
  5. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    333
    Не сум среќна :((

    Сите сме поминале низ ваков период во животот, ќе помине, само храбро не се плаши да останеш сама, на тие што им значиш никогаш нема да те остават, родителите некогаш се презафатени па неможат да согледаат какви маки имаат нивните деца, и тоа многу ме лути. Коцките кога тогаш ќе си дојдат на место ;)
     
    На Peperutka-19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    Не сум среќна :((

    немој да дозволиш такви мисли да имаш во глава
    ако ти значи направи нешто да не му текне да најде некоја друга
    женско си,претпоставувам дека имаш свои тактики :) која девојка ги нема :D
    а штосе однесува за самодовербата-таа уште од дете се стекнува а највеке помагаат родителите
    има по книжарнициве книги за психологија или на нет-тоа може многу да ти помогне
     
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.338
    Пол:
    Женски
    Не сум среќна :((

    Ако ти сама одлучиш да не бидеш среќна и нема да си среќна, гледај малку позитивно на работите. Па се е минливо зарем не? Секој од нас имал такви тешки периоди во животот ама се поминува.
     
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.457
    Не сум среќна :((

    Сите сами сме си кројачи на својата среќа. И јас моментално не сум среќна а за тоа се обвинувам само себеси и никој друг. Без разлика што паралелно работам и студирам и без разлика што имам стаж 7 год а имам само 25 год. Без разлика што сите кога правеја глупости јас ринтав....се било мој избор. Така да... најди го тоа во тебе што те прај среќна и биди среќна..никој не може со сила да те усреќи.
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.245
    Не сум среќна :((

    Девојче, за да те ценат и почитуваат другите, најпрво мора (ама стварно мора) да се сакаш, цениш и почитуваш самата себе си.
    Крени ја главата високо, кажи си себе си дека си убава и вредна, па не си за фрлање !!!

    Многумина се караат со родителите, со дечковците, ама не сите мислат дека не вредат ако се караат со нив. Родители како родители, сакаат да биде по нивно, сакаат да држат предавања, не можат да сфатат дека ние сме пораснале и имаме свој живот. Сите сме поминале низ тоа.

    За дечко ти ме зачуди кога прочитав дека имал прекрасен живот. Па, нели и ти си дел од тој живот? Излегувај повеќе со него, дружете се, иначе врска како врска, ако не се трудиш ќе стане монотона и досадна.
    А, ако велиш дека ако му раскиниш нема да се заврти по тебе, тогаш тој не те ни заслужува.
    Јас не знам како тој не е малку поангажиран, попосветен кон тебе.
    Па не си му ти женска ради реда.

    И сигурно имаш другарки, дружи се, излегувај, најди си хобија дома, занимавај се со нешто..
    Никој не е секогаш среќен, колку и да го гледаш насмеан и најдотеран.
    Затоа ти викам, дотерај се, крени ја главата горе, насмевни се, имај самодоверба.
    Не се карај дома или со дечкото, разговарај со убаво, да видат дека си пораснала и веќе си разбрана и зрела личност.
    И плачи ако ти се плачи, ќе ти олесни, ама не се сожалувај.
    Денес никому не му е гајле за другиот. Нема зошто да се сожалуваш.
    Не си ни болна, ни саката...само малку изгубена во лудиов свет, што е нормално денес.

    Поздрав
     
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.503
    Пол:
    Женски
    Не сум среќна :((

    Зар нема баш ништо што те прави среќна?
    Неверувам.Мора д аима некој,ако не другар/ка,роднина,оријател/ка,можда милениче,кое ќе те забавува и исполнува,хоби,нешто?? :?:
    Со твоите,шта речи....Незнам,дали не си ја поминала тинејџерскиот период,ама спомна дека си на факс,па незнам зошто толку многу не се согласувате.
    Сепак,пробај,побарај,најди нешто. :)
    Живеј,уживај,сакај.
    Направи добро дело,нахрани куче,донирај облека,помогни некому,и веднаш ќе се почуствуваш подобро.
    Прочитај ја `Се гледаме на врвот`. :)
     
  11. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Не сум среќна :((

    Јас некогаш помислувам дека животов ми е предолг и досаден, но тоа не значи дека е крајот. ;)
    Си легнувам на кревет пуштам музика, заспивам и како магија ми доаѓаат убавите моменти. :)
    Не се нервирам секогаш. Ако сум, бројам до 10 и престанувам со разговорот или ја менувам темата и се насмевнувам. 8)
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 801NSIEQU0
    Don't worry be happy! ;)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hanickaa

    hanickaa Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Не сум среќна :((

    i jas nemam drugarki tie sto gi imav koja se omazi koja mi bese drugarka vo navodnici.sega koga prestanav da rabotam osetiv deka sum osamena imam decko dobro mi e so nego on raboti ne mozeme sekoj den da se gledame i jas vednas sum osamena i nesrekna se dosaduvam bukvalno neznam sto da pravam..nekogas ete ke se vidam so tie sto ostanav vo dobri odnosi no i toa ne e toa sakam da imam barem edna drugarka sto ke mozam se da spodelam so nea da odam na kafe da setam niz centar :( nisto ne e kako porano
     
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.129
    Не сум среќна :((

    Потполно ја разбирам твојата ситуација пеперутке сум се наоѓала често дури и сега не ми е сјајно баш ама издржувам .Твоето мислење за тебе не е поради тоа дека ти навистина не вредиш туку поради начинот на кој те третираат тие околу тебе нивните постапки направиле да се чувствуваш помалку вредна од другите со еден збор се чувствуваш отфрлена исто како и јас .
    Мој совет тие да ги отргнеш тие мисли од твојата глава дека не вредиш со тоа што додека да седиш и да мислиш што ти недостига тебе и да си создаваш комплекси земи читкај си книги во слободно време,спортувај,излегувај со дечко ти ,со девојките на нивните другари (сигурно ги има )ако ништо од ова не те прави среќна тогаш целосно посвети си се на факултетот и работата и успехот колку толку ќе те направи да се почувствуваш горда на себе си.
    Со очај,нервози и плачки неможеш ништо да промениш.Ќе бидеш среќна кога ќе научиш да бидеш себична , да си живееш за себе без да зависиш од другите тогаш ќе научиш да уживаш во друштво со самата себе и Ќе можеш да ја издржиш самотијата затоа што понекогаш колку и да им угодуваме на другите и да се трудиме да не прифатат тие никогаш нема да не сметаат за добри личности и нема да ја сфатат нашата вистинска вредност .
    И да ако во вакви моменти не добиваш поддршка од дечко ти и малку утеха дека се ќе се среди и се сомневаш дали би останал со тебе кога ти би ставила крај тогаш тој не те заслужува во твое најдобро светло затоа што не бил покрај тебе додека ти е тешко .
    hanickaa пробај најди си хоби,нешто што ќе ти го исполни времето додека дечкоти е на работа или зачлени се во некој клуб за некаков спорт и ќе запознаеш нови луѓе .Не си единствена која нема пријатели за излегување ,немам ни јас затоа што денес тешко некој те прима во друштво ,или сите мои претходни случаеви си фатиле дечко другарка не им треба,друга си нашла нова другарка и те става во заден план и многу нормално нема да се упикувам накаде каде што не те сакаат ,но го имаш дечко ти и со него можеш да излегуваш сети се дека понекогаш доволно ти е една вистинска личност да имаш покрај себе и за тебе сигурно тоа е дечко ти отколку сто кои не вредат а може и расправија да ти направат пријателките кога си во врска (и ова ме има снајдено од другарки) затоа максимално исполнување на времето со обврски и не дозволувајте да владеат во вас чувства на осаменост тоа може и да ве одведе во депресија и анкциозност .
    Позз се надевам се ќе се среди и ќе пишете убави вести :)
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.971
    Допаѓања:
    5.428
    Не сум среќна :((

    Викаш ќе те остави и ќе најде подобра од тебе ? Па биди силна, ако веќе не те почитува, ако другарите му се поважни, остави го ти него. Може ќе најдеш подобар и ти. Ако сама се потценуваш и другите ќе те газат.
     
  15. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Не сум среќна :((

    и јас не сум среќна... ако може некој совет...

    имав еден дечко со не го заедно бевме 3 години но раскинавме поради глупостите мој и јас мислејќи дека ќе го заборавам се запознав со нов дечко ... тој ме сака многу ама јас не го сакам и му кажувам во очи дека не го сакам тој мене не ми верува мисли дека го зафркавам неколку пати сум му кажала но не сака да прифати да се разделиме кога го гледам на бифшиот дека во ист град живееме ми иде да се фрлам кај него во прегратки и тој сега се оженал но пред некој ден се слушнавме на мобилен има најдено мој бр од кај една пријателка моја и сака да се видиме не знам што да правам ве молам за некој совет... :( :(
     
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    20.660
    Пол:
    Женски
    Не сум среќна :((

    Чекај бе Мајли ти си истата што пишуваше во темата брачни разделби дека си во Белгија со мажот, па он ќе останел да работи, а ти незнаеше што да правиш, дека ти е многу тешко од него да се разделиш.
    ова е твој цитат
    А сега дечко, па не го сакам, па му кажувам, а он не прифаќа.
    Досадно ти е и си смислуваш приказни или што е работава.
     
  17. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    73.121
    Пол:
    Женски
    Не сум среќна :((

    што ми се одвратни вакви работи :devil: кога бил слободен не ти чинел и сега од кога се оженил тебе те зачешало и ај да му го растуриш бракот сега
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.816
    Пол:
    Женски
    Не сум среќна :((

    ЦЦЦц овде доаѓаме да кажеме по некој совет на онај што му треба, ама веќе не е како што беше, па која корист бре да пишиш лажни постови еднаш вака после така, тоа се луѓе желни за внимание, ама треба реално внимание не виртуелно :@
     
  19. hanickaa

    hanickaa Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Не сум среќна :((

    fallenangel premnogu ti blagodaram za sovetot.gledam nekako da si go popolnam vremeto sportuvam megutoa pak ne e toa toa...mn e tesko denes da imas prijatelka kako sto kaza ili si fatile decko i poveke ne im trebas ili ne bile vistinski drugarki...a nekogas kako mi e potrebno da izlezam nekoe kafence da se napijam so nekoja drugarka ednostavno da prosetam da izlezam od doma...so decko mi imav nekoi problemi pominaa dobro ni e sega no on raboti a jas ne i nemozeme da se gledame cesto zatoa sum si osamena.seuste sum pozitivna nesakam da pagam vo depresii :) se nadevam deka ke si imam nekogas barem edna prijatelka :(
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.822
    Допаѓања:
    5.137
    Пол:
    Женски
    Не сум среќна :((

    Воопшто не сум среќна во последно време.
    Личности кои мислев дека секогаш ќе бидат покрај мене, за лошо кога ми е да бидат тука, не само за арно...ама на некој побитно му е да се изврне во кревет или да прави муабет со кој било кој друг отколку да те ислуша.
    Личност во која сум ја уложила секоја надеж...ја нема.

    Толку тешки работи ми се случуваат, работи кои ќе го сменат можеби мојот живот, а јас никого немам.
    На никого не му посакувам вакво нешто...да мораш да плачеш и така плачејќи, со стегнато срце, со грутка огромна во грлото да тераш со сите сили понатаму, а никој да не е покрај тебе.