1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нивото на образование и успешната реализација како родител

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 20 септември 2017.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    133.184
    Пол:
    Женски
    Низ форумов се провлекуваат мислења дека млад човек не е доволно образован, нема завршено високо образование и ради тоа не може да биде добар родител, не може да пружа соодветна грижа, заштита и воспитување на своето дете.
    Дали и колку нивото на образование влијае на успешната реализација како родител? Дали родител со помало образование не може да му овозможи на своето дете се она што би му овозможил некој дипломиран инженер на пример?

    Кое е вашето мислење?
     
    На cresa-jagoda, Purplelilac, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Колку случки сум видела кога некоја 17 годишна се омажила и станала мајка притоа вондредно да завршши и средно и факултет и да се вработи , сум видела како и некоја 30 годишна магистер се мажи има дете и за некое време се разведува , заминува во странство и детето му го остава на бившиот сопруг.... Мојата мајка нема ни средно , се омажила млада , и не израсна мене и сестра ми ....Све е индвидуално , не можиме и не смееме сите да ги ставиме во исти кош....
     
    На KuklickaSk, NEA, bibiiii и 13 други им се допаѓа ова.
  3. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Како што денес образованието е сведено на нула за разлика од што било некогаш, не може да речеме дека има големо влијание.
    Постојат луѓе што се начитани многу ама ете немаат диплома. И луѓе кои си купиле диплома и мислат ќе полетаат.

    Во последно време многу често среќавам баш такви "образовани" фаци кои однесувањето им е ама баш никакво.

    Било некогаш на времето колку повисока школа, толку попаметен човек.
    Но не и денес.
     
    На +++, sj *O*, Arthur и 10 други им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Колку се поголеми титулите и признанијата на родителите, толку поосамени и празни се душите на нивните деца.
     
    На Mazegin, Milobebence, bibiiii и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.526
    Пол:
    Женски
    Уште како помала сметав дека е за восхит и почит кога родителот знае да одговори на секое прашање на детето. Како што знаеше татко ми. Мајка ми не знаеше да ми даде одговор на секое мое прашање но сепак, таа има повеќе место во моето срце. На крајот на краиштата, најважно е како родителот се однесува кон своето дете, колку љубов и разбирање има кон него. Родителот треба да знае да го воспита детето, да го научи на манири, на морал. Душата секогаш има најголема вредност. Децата ќе ги паметат убавите моменти со родителите, а не бројот на нивните дипломи и титули.
     
    На SummerGirl, muchacha_a, zokystanoevsky и 19 други им се допаѓа ова.
  6. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е мерило образованието за да биде човек добар родител,како што не мислам дека е мерило и за интелегентност .
    Ова од пример кој секојдневно го гледам како високо образовани луѓе немаат никаква комуникација со децата што е многу жално ,ама за секое дете неговиот родител е најдобар без разлика што е во животот или какво образование има.
     
    На SummerGirl, Purplelilac и PaLaVa им се допаѓа ова.
  7. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Нoрмaлнo декa не, зa дa се биде дoбaр рoдител пoтребнo е рaзбирaње, трпеливoст, oпштo емoциoнaлнa интелигенцијa, a oвa не се учи нa фaкултет, туку oд секoјдневниoт живoт. :)

    Oпштo се препoрaчувa дa се зaврши фaкултет пa дa се рaѓa бидејќи сo фaкултет мoже дa се нaјде пoдoбрo плaтенa рaбoтa и дa се oвoзмoжи пoудoбен живoт зa семејствoтo, a не декa фaкултетoт прaви некoј пoдoбaр рoдител.
     
    На Selest, sonuvana, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Образование не е мерило за родител, зрелоста е.
     
    На cresa-jagoda, Arthur, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    34.190
    Па не мислам дека општото мислење е дека си ПОДОБАР родител од другите, туку дека ќе бидеш подобра верзија од себе си.

    Прво, ако си завршиш школо, па и си поживееш, помали ти се шансите да ти се развие она ,, ти да не се родеше, живот ќе си живеев, а јас дома се запустев ,, комлекс.
    Второ, по некоја логика ( која не функционира кај нас ), со повисоко образование би требало да имаш повеќе приходи, за подобар живот на тоа дете.

    Според мене, за да си поспособен родител треба прво да си поживееш, да собереш искуства и ум, и да поработиш и да имаш средства за културен живот - што не зависи скоро ич од школувањето ( барем кај нас).

    Значи, сума сумарум, битно каков човек си, и кои се твоите вредности кои сакаш да ги пренесеш на своите деца, и што се си спремен да сториш за нивно добро.
     
    Последна измена: 20 септември 2017
    На Kaja991, Bezimenka90, dayla и 21 други им се допаѓа ова.
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Сметам дека образованието нема допирна точка со тоа колку добар родител ќе е некој...
    И доктор на науки да е, ако има лоша душа, лош родител ќе е...

    Побитна е емоционалната интелигенција, карактерот на човекот, добрината, милоста, трпеливоста... Тоа или го носиш во себе,или не, преку учење не се стекнува...
     
    На sonuvana, cresa-jagoda, Arthur и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Морам да напоменам и разјаснам нешто – за мене аргументот поврзан со образованието кој се провлекува низ други теми во врска со приоритетноста на реализирањето како родител и идеалната возраст за мајчинство, не подразбира дека степенот на образование е услов за станување подобар родител и дека дипломата прави некого подобар како родител од друг што ја нема истата.

    Освен што завршениот факултет, колку и да го негираме тоа – е појдовен услов за добро вработување, а со тоа и обезбедување подобар живот на децата... би рекла дека ситуацијата на прекинување на образованието (или потрагата по кариера) на млада возраст поради раѓање дете кај амбициозни личности што имале капацитет за истото, може да се изрази негативно на улогата како родител во смисла на каење и префрлање вина на детето за тие пропуштени чекори во животот, што секако може да ја повреди психата на тоа дете.

    Инаку, се разбира дека образованието само по себе, како што не е гаранција за добар човек воопшто, така не е ни за добар родител. Зрелоста, одговорноста, емпатијата, толеранцијата, човечноста... се основните особини кои еден родител треба да ги поседува, да ги применува во однесувањето со детето и да му ги пренесува :)
     
    На FVP, mynameislove, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.227
    Допаѓања:
    124.339
    Колку се понеписмени родителите, толку се повеќе децата опколени со пријатели и со полни души.
     
    На drugarka, dayla, Selest и 11 други им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Не гледам потреба од ироничен коментар, ако не се сложуваш пиши ќе продискутираме
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.227
    Допаѓања:
    124.339
    Па мислев дека сфати колку е неточно тоа што си го пишала со антагонизмот на истото. Нема што да дискутираме.

    Замисли сцена - Честито колешка доктор на науки и мајка на дете без душа последователно на дипломата.
    Или - колешке честито докторат а ти дете дај душата оти мајка ти е др на науки.
     
    На Bezimenka90, KuklickaSk, Selest и 8 други им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Користи копче за цитирање, точно мислење или не и тоа е релативно

    Родители кои имаат големи титули и достигнувања, едноставно немаат време да се посветат на своите деца па колку и да се трудат, нивната работа бара огромна жртва и посветеност, во такви ситуации секогаш трпи семејството, тоа е факт во реалноста, го гледаме во филмовите, книгите, еден Стив Џобс самиот кажува дека немал време да си ги види сопствените деца
     
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Многу е важно во каква средина едно дете ќе расте, со каков интелект и какви вредности е опкружено т.е. менталитетот на најблиските во фамилија. Факт е дека едуциран родител подрзбира едуцирано дете од најмала возраст.

    Иако образованието не е мерило за вредноста на родителот, е далеку од безначајно и не треба да се омаловажува. Да, зрелост, трпение, искуство, разбирање итн. се "квалитети" кои еден родител треба да ги поседува за добро да го воспита своето дете. Ама знаењето што може да му го даде во период кога детето почнува да го осознава светот и се труди да ја задоволи својата љубопитност, е многу поважна работа. Зборувам за наука и објаснувања кои се потврдени а воедно соодветни за возраста. Сигурно родител нема да му објаснува Теорија на релативноста на 3 годишно дете, ама не би да го лаже дека децата штркот ги носи и имено и тоа е донесено од штрк. И други слични примери кои се уште поглупави и служат за залажување. Затоа што нели деца се во прашање. Да. Тоа што им се дава од старт погрешна слика за нештата е занемарливо.

    Пораснав развивајќи ја сопствената интелегенција. Од свои пет години сложувам сложувалки од х-парчиња и играм логички игри. Пред да тргнам прво одделение, од постарите генерации сум и одам со генерација поголема од мене, знаев да собирам и одземам до 100 со операции во загради. Па не верувам дека ова би ми го пружил родител со заостанати сфаќања, необразован и никакви познавања. Не треба да има завршено факултет, но знам личности кои се подвижни енциклопедии без високо образование.

    Сматам дека образованието влијае врз успешната реализација како родител. Не целосно, ама со голем удел.
     
    На Rebecca_R, baby-star, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    За еден човек успешно да се реализира како родител ќе може да се види после многу години,т.е.кога децата ќе пораснат и ќе застанат на свои нозе,кога ќе бидат на прав пат.Дури тогаш ќе може да се види колку родителот бил успешен,иако и ова е релативно,затоа што една единка да стане успешна како човек со сиот свој морален интегритет влијаат многу фактори,средината најмногу.
    Вистинските вредности се стекнуваат од најмали нозе,во семејството,исто и навиките.
    Во еден момент децата треба да се пуштат од родителите,полека да почнат да се осамостојуваат и да си го трасираат патот.

    Не мислам дека образованието игра значајна улога во успешната реализација како родители,барем јас во мојата околина имам сретнато еден куп успешни луѓе чии родители немаат никакви титули и обратно.

    Родител стануваш со самото раѓање на детето и тоа е нешто што трае цел живот.

    Секој може да му се обраќа на човек со ,,Проф", ,,Д-р", ,,М-р"...,а само еден,двајца,тројца или повеќе со титулата ,,мама" и ,,тато".
     
    На Selest, Espadrila, tina-63 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Зборуваме за кариера од типот на Стив Џобс тука во Македонија???
    Твојата реченица беше паушална, и навистина делуваше (или беше тоа и целта) како да треба да се прекине образованието со цел децата да имаат душа и да не се осамени.
    Инаку, ако земеме дека пониско образование носи и потешка работа, сакаш да ми кажеш дека детето на високообразувана професорка на факултет која има работно време од најмногу 8 часа понеделник до петок е поосамено од детото на текстилна работничка или продавачка во маркет за кои нема викенд, има одмор од најмногу 10 работни дена и работно време на смени неврзани со смените на детето?
    Да не генерализираме. И едната и другата може да бидат добра мајка, и едната и другата може да го запостават детето.
     
    На Rubiii, baby-star, dayla и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    @elimkd si gi ispushtila i onie "pechalbarine" vo ponova verzija shto se sega,shto ostavaat I zeni I deca,za podobro utre;)
     
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Жената со најголеми успеси во кариерата што ја познавам истовремено е и една од најпосветените мајки што сум ги запознала. Паралелно со тоа, знам жена со основно, со пола работно време што не знае кај и се малолетните деца по цели денови и ноќи.

    А од лично искуство, двајца родители, едниот со средно, другиот со високо образование и кариера, двајцата подеднакво добри родители.
    Така што, нема апсолутно никаква врска.
     
    На Bezimenka90, cresa-jagoda, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.