1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нивото на образование и успешната реализација како родител

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 20 септември 2017.

  1. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Родителството и образованието немаат допирна точка. Дедо ми беше со четврто и беше најдобриот дедо шо можи некој да го има. Образованието може да помогне околу кариерата, но и не мора тоа е единственото место каде се применува образованието. А онај додатокот ''воспитна установа'' нема врска никаква со воспитувањето. Детето се воспитува од родителите, од другарите (според мене најголемо влијание на детето како личност има опкружувањето и другарите). Ова е најглупавиот заклучок кој некој може да го донесе.
     
    На sj *O*, mami blue, agios и 3 други им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    @darcy јас не пишав за посаромашни родители и со низок степен на образование, не гледај на се како на црно и бело и ништо измеѓу тоа, пишав за родители со титули и високи достигнувања, а вие ме цитирате за обратна страна, одма ја префлате допката кај помалку образованите, а јас никаде ништо за нив не пишав.
    Ајде да го занемариме Стив Џобс, да карикирам дека имаш прилика да отидеш во странство службено, било да е усовршување, истражување, надоградување и тоа трае подолг период, а дома имаш детенце, кога ќе се вратиш 'нема да ти го знае ни името', тоа време изгубено ќе се поврати ли некако?
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Тоа време нема да се врати, но пак се обидувам да ти кажам дека да, возможно е и титула и достигнување и да се биде добра мајка, а возможно е и обратното. Образованието не игра не знам каква улога во родителството, освен како можност за наоѓање подобра работа и со тоа подобри услови за детето (за кај нас зборувам).
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мислам дека проблемот од старт во темава е тоа што образованите родители се поистоветуваат со кариеристи. Ако некој имал можност и желба да се школува, да се образова, надоградува, не значи дека утре ќе биде целосно посветен само на работата и ќе има амбиции единствено за достигнувања на професионален план.
    Мене ме одгледале образовани родители, па во ниту еден момент не сум се почувствувала празно во душата, ниту сум имала недостиг на внимание како дете. Баш напротив. Мене како мала, па и до ден денес, ме воодушевува знаењето на татко ми, кој секогаш има одговор за сè и може да дискутира на најразлични теми, затоа што е подвижна енциклопедија. И ако ништо друго, мене тоа од мала ми всади желба за читање и учење, зашто татко ми секогаш ми викаше: На човек можат да му земат сè, само знаењето не.

    Патем, кога веќе се спомна Стив Џобс во темава, знаете дека го напуштил колеџот и никогаш не дипломирал, така? :)
     
    На drugarka, dayla, kikikikirika и 21 други им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Мајка ми и татко ми се со високо образование, јас исто така со титула едно ниво повисоко од нивната. До сега моето детство никогаш не било загрозено ради нивното образование или работа, напротив во текот на учењето многу голема помош сум имала од нив. Татко ми беше задолжен за математика во основно и средно а на голем дел од предметите што ги имам учено со него па дури секогаш знаел да ме восхити како ми ги објаснувал правните работи иако е економист. Мајка ми секогаш ми помагала околу литература писмени, филозофија, биологија, хемија бидејки е медицинско лице и благодарение на нејзиното подучување и ден денес знам да ги кажам на латински коските во човековото тело. Старите секогаш биле моја гордост, пред се како посветени родители а понатака како реализирани интелектуалци со кои кога и да седнам на маса можам да дебатирам за општествени проблеми како и за тоа дали прво настанало јајцето или кокошката или времето какво е надвор.

    Кога се одлучив академски да се надградувам наместо да се омажам на 19 години (имав понуда за брак ама ја одбив), тоа пред се беше мој предизвик бидејки сметав дека кога веќе имам прилика за истото греота би било да го пропуштам. Понатака сакав да ги направам горди и моите родители и да бидам на нивно рамниште во поглед на академските достигнувања. Сакав интелектуален предизвик кој ќе ме увери самата себе дека во животот можам да направам многу повеќе од едвај средно да завршам и во прва прилика да затруднам и дете да родам.

    Како што моите ми имаат пружено од пиле млеко овие 30 години така сакам и ја на своето дете да му го пружам. Како што моите биле гордост за мене, така и ја сакам моето дете да се гордее со мене и моите достигнувања а притоа тоа да му биде мотивација и оно самото да сака да направи нешто повеќе со својот живот.

    И да образованието и родителството се поврзани. Интелектуалец никогаш не би прашал дали температура може да симне со бабски лек и друга квази медицина од типот мочка од пиле наместо кафетин.;)
     
    На DoubleK, drugarka, kikikikirika и 13 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Ако ја задлабочиме темава, сума сумарум на повеќето од нас тука бабите и дедовците ни се максимум со средно... Лично моите се со основно...
    Благодарение и на нив нашите родители се добри, лоши, посветени, себични и тн...
     
    На N.2106, IronLady, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    34.215
    Мхм, да, да... (fingers)
     
    На +++, WORRIED.BT, darcy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Некогаш под успешна реализација како родител се подразбирало да го израснеш детето во тие скромни услови во кои живееле нашите баби и дедовци, и да му овозможиш колку што имаш услови за школување. И да, за некого тоа школување завршувало со средно образование, за некого со факултет. Но од оние родители кои се само со средно образование има такви кои имаат толкаво животно искуство и такви вредности какви што нема некој со завршен факултет. И секако го има и обратниот случај, односно луѓе со факултетска диплома кои воспитале деца кои знаат да бидат свои, кои знаат да го ценат тоа што им било овозможено и ги имаат сите вредности и знаења кои им ги пренел родителот.

    Значи не, не мислам дека има врска нивото на образование со успешноста како родител.

    Мислам дека најголемиот проблем денес е тој натпревар кој започна да се појавувава кај некои родители и нивната замисла дека нивното дете би било единствено успешно ако има факултетска диплома, притоа не разбирајќи дека не секое дете има талент, желба или мотивација за учење, но тоа исто дете можеби би било многу успешно доколку се позанимава со учење на некаков занает, уметност или некој друг скриен талент кој би можело да го развива и усовршува преку некаква обука и слично.
    Во врска со вредностите и културата, детето ја согледува единствено од примерот на родителите. Имам колеги и колешки во мојата генерација кои немаат основно домашно воспитување и никакви вредности како личности, и според мене тие и со диплома нема да вредат и да бидат подобри родители во иднина од оние кои се со средно но се изградени личности.
     
    На teddi и simonka93 им се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Се согласувам. Јас вториот факултет го студирам првенствено од што сакам да го учам и работам тоа, а и затоа што таа професија би ми овозможила повеќе време да поминувам со својата фамилија. И покрај тоа што студирам, моите деца се 24/7 со мене. Се обидувам да им се посветам целосно. Не верувам дека некогаш кариерата ќе ми стане поважна од децата.

    Некој спомна погоре шанса во странство. Јас би ја искористила доколу има шанса цела фамилија да одиме. А деца да оставам за да не пропуштам надоградба - никогаш.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    tatko mi vomomentov ima blizu 70 godini a jas 28 vo moite 28 godini za sto i da sum go prasala tatko mi sto znaci ova ili ona nikogas ne rekol ne znam ili ne znam kako da ti objasnam.jas mislam deka covek uci onolku kolku sto saka i uci sekogas koga saka.toa nema vrska so realizacija kako roditel.roditelstvoto e sposbnost a ucenjeto e orazovanie.
     
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Мислам дека нема поголем доказ од тоа колку тезава не држи вода од тоа колку претходните генерации и постарите биле повоспитани и психички поздрави иако тоа не било ера на високо образование, напротив многумина од нашите родители немаат завршено факултет, а да не зборам за нивните родители пак кои доста голем дел немаат завшено ни средно.
    Па пак биле добри родители и целокупно одгледале генерации на деца кои што се паметни, културни и нормални.

    Споредено со денешниве деца, со родители кои скоро сите имаат завршено високо образование, дури и со магистратури или докторати а сепак глобално гледано новиве генерации се растени и воспитувани да бидат грубо речено дебили, кои што не се спосебни да се разделат од мама, некултурни се, не се способни сами да тераат во животот и веќе од мали се премногу искомплексирани од страна на своите родители па тоа доведува и до психички проблеми и до тоа да станат несреќни луѓе.
     
    На BlackNight, CameliaMiller и N.2106 им се допаѓа ова.
  12. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека успешната реализација како родител зависи од образованието. Образованието е нешто кое прво треба да не исполнува нас, да се пронајдеме и изградиме кариера, да пробаме да успееме на она поле кое што ни е битно, за да не се мачиме после доживотно со што би било кога би било. Познавам во моја блиска околина луѓе со факултет, нема да речам образовани, бидејќи во МК факултет завршува секој, што е и нормално кога на повеќето факултети само се заокружува, кои секој ден ги тепаат своите деца, им се дерат, а имаат 3.
    Воспитувањето им е хаос, страшно. Од друга страна читајќи на форумов девојчиња мајки со најглупави прашања на свет, се замислувам пак 'дали тоа што прерано родиле деца, без да се образуваат, шетаат, вработат, ги тера да размислуваат во таа насока?'
    Би рекла битна е и волјата на човек да учи, да се надоградува, да чита. Да има способност да влезе во тој детски памет и да одговори на потребите на детето.
    Моето образование нема врска со начинот на кој јас го одгледувам своето дете, ниту пак детето трпи поради мојата работа. Ако има макар и најмала причина поради која би требало да сум дома и до своето дете, јас оставам се. Ја оставам работата на куќниот праг и се ставам во улогата на мајка. Од друга страна, секогаш бев запоставена од моите родители кои беа страшни кариеристи. Факт е дека сум имала образовани родители, на убави работни места, исполнети со себе, но не се снајдоа најдобро во улогата на родители. Затоа, јас сакам да сум нивна спротивност. Да го оставам степенот на образование настрана оти моето дете тоа не го интересира. Го интересира дали јас имам време за него и колку сум спремна љубовта да ја покажам.
     
    На Espadrila, elimkd, muchacha_a и 6 други им се допаѓа ова.
  13. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Не сметам дека степенот на образование во има врска со воспитувањето на детето.
    Има многу образовани и успешни родители кои недоволното внимание кон своите деца го заменуваат со пари или матријални добра,па од нив бидува се,само не деца,а има и такви што се нон стоп во трчање и обврски, а одвојуваат 1 час дневно за децата , но квалитетно го искористуваат тоа време и од нив излегуваат клтурни и воспитани деца.
    Има родители само со основно или средно образование па изгледале совршени деца, но има и такви што забремениле предвреме па вината ја префрлаат на детето и се исфрустрирани мајки и татковци или се водат по тезата "секое со својата среќа" или " роди го мајко со к'смет и фрли го на буниште", па делот околу воспитувањето го прескокнуваат во замена за живееење на испуштеното време,ги баталуваат децата и прават се што би требало да прави една тинејџерка или тинејџер.
    Образованието е лично за себе,еден ден да не работиме тешка физичка работа и да целиме кон подобра егзистенција за себе и децата.
    Јас се образував,завршив што сакав да завршам, родив дете и тука паузирав со кариерата затоа што сакав две години квалитетно да му се посветам на детето , затоа што сметав дека основите на воспитувањето се даваат кога детето е мало и ако се испушти тој период ќе се вадиме на тезата "такво е детето", а за квалитетно воспитување потребно е родител,улогата на родителот не може да ја замени друг.
    Сега сум во фаза кога требада работам, но поради физичка спреченост за жал не можам , се надевам уште некој месец ќе бидам добра и повторно ќе почнам да работам и да се доградувам во тоа поле.
    Можеби не сум во право,времето ќе покаже ,но јас сум задоволна од досегашниот резултат.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала мајка ми беше продавачка а татко ми невработен. Па душата ми беше полупразна. Кога беше мајка ми дома ми го даваше целото внимание, но не и татко ми. Двајцата родители ми се со средно образование. Додека пак, тетка ми и тетин ми работеа во јавниот сектор и двајцата се со факултет, а ги израснаа моите брачеди, двајцата подеднакво. Не генерализирај, како што ти кажа и друга членка погоре.
    П.с. во денешно време жената е успешна и во кариера и во гледање фамилија и во се останато!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Се сложувам дека образованието не е показател за добар/лош родител. Емоционалната интелигенција е најважна, добрата комуникација родител-дете. Постојат бројни примери за тоа.
    Но, мене ќе ми биде драго ако моето образование биде пример за моето дете, т.е го поттикне и него кон поголеми достигнувања.
    Ќе ми биде драго ако му всадам љубов кон книгата од мали нозе, за потоа самото да одлучи по кој пат да оди.
    И мене ми е задоволство да се пофалам доколку мојот родител има високо образование или е на некоја функција. Убаво звучи, поинаку изгледаш во очите на другите, што би требало да биде добар пример за детето.
    Но, кога родителот е со средно не значи дека детето нема да напредува и дека нема да има други квалитети. Често има родители без оглед на образование што се мешаат во изборот на факултет на своето дете, па се они најдобро знаат, па се наметнуваат и сл, што не ми се допаѓа воопшто. Повеќе штета им нанесуваат така.
     
    На crimson и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Значи постои нешто што се вика недостиг на време, успешните луѓе со титули и признанија имаат премалку време, состаноци, обуки, службени патувања... а никаде не пишав дека тие исти родители се воедно и лоши и дека не ги бива. Постот е краток и пишан само за оние со високи достигнувања кои постојано работат на самодоградување
    Сами си вртите зборови

    Крајната реченица, жената ја бивало за се, каква врска има? Тоа е друга тема, мажите демек за ништо не ги бива?
     
    Последна измена: 22 септември 2017
  17. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Со последната реченица сакам да кажам дека нивото на успех во кариерата на жената не ја прави помалку успешна во сите останати полиња, туку дека жената може да биде подеднакво успешна во се. Посебно во денешно време. Има врска и тоа како.
    Ете да бидам искрена, во однос на образование, самодоградување, кариера и сл. јас стварно имам високи цели за себе. Тоа би ме направило лош родител? Не, бидејќи нивото на успех не го прави човекот-човек пред се. Тоа уште повеќе го поткрепувам со мојот пример од животот кој го наведив во претходното мислење на оваа тема. Пошто и мајка ми како обичен работник имаше недостиг на време ама успеа да ме воспита и многу сум и благодарна што беше присутна во моето растење.
     
    Последна измена: 23 септември 2017
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Човек кој потекнува од работничка класа и е со средно образование сигурно дека нема да бара решение во квази-медицината. Заклучокот ви е сосема погрешен. Преиспитајте се зошто. Можеби тие кои немаат ни основно образование, тука донекаде се сложувам. Има исклучоци кај луѓето со средно образование секако, ама тие ги има и на страната на тие со високо образование.

    Што се однесува до темава, образованието нема апсолутно никаква врска со тоа дали ти ќе бидеш добар родител или не. Според мене, за да бидеш добар родител треба да си пред сè човек кој е посветен, лојален, полн со љубов и разбирање, пожртвуван, и што е најважно, борбен во животот. Ова се тие најважни фактори кои го прават според мене еден човек добар родител. Ако ги поседуваш овие карактеристики тогаш си добар родител, без разлика на тоа дали имаш средно или високо образование.
     
    На marchi-cool и simonka93 им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Можеби во далечното минато имало влијание степенот на образовање, денес нема, а посебно нема да има во блиска иднина кога ќе се родат деците на денешните академски граѓани со дипломи од Ресен и Паланка. Постојат буриња со зелка и расол кои имаат магистратура денес.
     
    На CameliaMiller, Captain-Omni и augustd им се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Пак се вртиш во круг и упорно си тераш, а како што гледам ниту си ме прочитала што сум пишала.