1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Просење немаше, јас му реков или џа или бу, сто години заедно, почна криза на идентитет да не фаќа, мораше да мрдне од мртва точка работата. Искрено ми беше здосадено да одам идам цело време, оди кај него, дојди си дома, дур стигнам од Кисела вода до Ѓорче три дена ми требаат, налет! После проба да се извади ама јок, не му успеа. А си сакав лигаво запросување, ама не му успеа, не знае да спреми изненадување, не знае да изглуми.

    Неправди нејќам и сакам да терам правдина, ама џабе, никогаш не излегува баш по правдината работата. На работа најмногу, ама и воопшто во живтот, ама кога гледам дека џабе е се си легнав на брашното. Почнав да чекам, па одмаздата ладна да ја сервирам. Не одмазда ама така се уклопи муабетот, најмногу сакам кога треба да речам Јас реков ама никој не ме послуша!

    Хороскопот мајка ми расплака посабајле, у пм, ме извади од такт. Сега баш не знам што да правам со себе. Многу се нервирам кога се ми паѓа во вода, ама многу. Морам денес да бидам попретпазлива.

    Денес треба да се ставам во погон малку, да се разработам оти се ближи одмор, уште 2 недели, морам да оставам се цакум пакум.
     
    На Rama, Peco, Bubce38 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.217
    Пол:
    Женски
    Баба ми покојна си имаше на страна сервиси „за човеци“ (по струмички ова) и никој не смееше да ги пипне :D Стално ја зафркававме, де ма бабо, ние што сме, животни ли? :rofl:

    @kuc среќен роденден ракче :party: Жива, здрава и само убавини да ти приредува животот :* :f:

    На темата за правда, барам секогаш, и иако знам дека нема да ја најдам, пак на крај завршувам разочарана. Очајно сакам се' да биде исправно секогаш, пустото ракче во мене е такво што не поднесувам неправда и ете, не можам да се помирам и упорно одам со глава во ѕид. На крај пак јас бивам уништена. И имам една теорија, баш вчера со мм го правевме муабетот. Промената почнува од секој од нас. Ако секој еден се побуни, побара правда, полека полека ќе почнат да се менуваат работите. Поединци не можат ништо. Ете ова е тоа што ни фали за бар малку од малку да се оправи државава, ама одамна кренав раце од неа и овој клет, себичен народ. Сами сме си криви, заслужуваме се' што ни се случува.

    Запросување имав едно, од мм. Класично, клекнат на колена, со сите салтанати. Скроз неочекувано, една обична саботна вечер кај него додека гледавме филм, а јас станав да одам до тоалет. Кога се вратив, ме чекаше клекнат со прстенот во рака. Не знам ни што ми кажа, знам само дека од што се збунив, кога ме праша дали ќе се омажам со него, јас ќутев и го гледав како теле едно 3 минути. Тек потоа се свестив :lol: Го имавме правено муабетот за запросување претходно, му имав кажано дека не сакам јавно и предвидливо (на роденден, на одмор, за Нова Година, бла бла). И така и бидна, од петици ме извади :D Ние секако знаевме дека ќе завршиме заедно, 12 години бевме во врска :tmi: Но сепак успеа да ме изненади како што доликува (y)

    Друга тема имаше? :wasntme: Не ми се работи ич |(
     
    На Rama, Espadrila, M&M и 31 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    78.335
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Кафе пијам и лута сум на сите :D
    Што убаво си е кога легнуваш кога сакаш, стануваш кога сакаш, правиш што сакаш.
    Ама нема секогаш така :@
    Некогаш треба и порано да се стане :wasntme:

    Просена сум 4 пати :rofl:
    Двапати во врска, еднаш на прв состанок и еснаш "на пријателска база"
    3/4 се риби во хороскоп :rofl: мислам дека се е кажано.
    Уште немажена одам. Ај ќе терам до 7 пати :inlove: :wasntme:

    Среќен роденден @kuc

    Чаши одамна немам скршено. Ама еднаш, пред многу години, купив прекрасни чаши за вино.
    И успеавме магично да ги скршиме сите во 2 дена. Сите 6. Како некој од раце да ни ги земаше за да ги скрши :nod:
    А дома се разбира, имаме кристални чаши за специјални пригоди :rofl: за гости :wasntme:
    Од нив немам скршено ни една

    Во хороскоп си верувам. И многу ми е мило за тоа :angel:
    Баш синоќа отворав да видам што како се движат планетите :emo:
    Ама нешто не ми се баш наклонети 8)
    Ко да е нешто ново тоа 8-|
     
    На Rama, M&M, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  4. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Добар Ви ден и од мене
    на островот, ама малку погоре, само оФци, крави и биволи или бафала :D жив свет јок. Се надевам овој викенд ќе бидам некаде во цивилизација ида бегам од овие облаците. Животна желба е на прагот на остварувањето, но секогаш има едно АМА . . .

    М, да, уште ова, за неправди не трпам, но ги заобиколувам, онака фино ги одјебувам. Кафе не сум пиел уште, обично пијам кога ќе завршам со обврските, да ми легне убаво :)
     
    На Rama, M&M, Tajnaotrovna и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.480
    Допаѓања:
    206.904
    Пол:
    Женски
    Не вервајте во хороскоп, врска си нема :wasntme: :worried: до 19 јули да се издржи... инаку маф е работата :!: :rofl:
    Ако ви треба да се отарасите од нешто, т.е да скршите, викајте ме. Не познавам никој понесмасен од мене, што вика @malerozna, ко некој стварите од раце да ми ги зема и да ги треска на земја. Затоа и не мијам садови, оти секое миење кај мене резултира со нешто скршено. Добро, не баш секое, ама често кршам. И тоа убаво ми доаѓа како изговор за да се искористат максимално сервисите од свадбата (три ми донесоа, макси пакувања, сега сме на вториот, кај да е, и третиот ќе го отворам).

    @kuc среќен роденден, да ти се множат. Не знам зошто, ама постара те мислев :$

    За просидбата, првото беше на шега, ама на мои 22 години, прво се зезав, ама после видов дека дечкото малку накај сериозно ја затера работата, и прекинав да се зезам, пресеков. Второто беше повеќе муабет дека е веќе време (после 4 месечна врска :^)), пошто не сме биле така млади, дрн, дрн, уште некое време се влечкавме, ми досаѓаше со муабети за брак и раскинав, третото беше од мм, романтично, а за чудо ни јас ни тој не сме нешто особено романтични. Е тоа го прифатив, ваљда не згрешив, ќе видиме.
     
    На Rama, Espadrila, M&M и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.700
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите .Убав ден ви посакувам и честитки на сите што имате причини за прославување:).
    За неправди ,до ден денес упорно си идам со главата во ѕид само за да исправам некоја неправда ,меѓутоа луѓето не знаат да го почитуваат тоа .Посилно е од мене едноставно бурно и брзо ќе изреагирам ,иако гледам дека не вреди .Баш во овој период се напѓаам во ситуација каде јас испаднав дежурен кривец само затоа што се потрудив да решам еден семеен проблем.
    Меѓутоа ...после ова ...да ..веке решена сум да кренам раце од оправање криви дрини со луѓе што не ти го почитуваат за на крај они да си бидат сите ок а само јас лошата .
    Во денешно време луѓето сакаат да го счушаат само ина што им одговара ,што им е убаво за уши,ако си брутално искрен не им чиниш.
    За просидби да кажам и јас ..:)
    Сум имала 3 меѓутоа само со збор ,ништо специјално а со мм со договор решивме да го нашравиме тој чекор ,иако во животот сум сакала да го доживеам тоа класично запросување со клекнување на колена :inlove:
    Убав ден :)
     
    На Rama, Peco, Tajnaotrovna и 18 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.438
    Допаѓања:
    279.433
    Знам на што мислиш.
    Секој ден по некоја победа да имам, добро е.
    Мисли глобално - делувај локално :)

    Дека ќе сфатиме - тешко, убедена сум дека најубаво поминуваат оние кои не се замараат со ништо, туку едноставно се' прифаќаат како што е.
     
    На Rama, M&M, dunika и 15 други им се допаѓа ова.
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.407
    Допаѓања:
    222.528
    Пол:
    Женски
    NarCis@ да не ти правам беља со фризeр,или пак ќе ме благословува,оти пак за осветлување пари ќе треба да му оставаш.Затоа седи мирна:*,а дека црвот ми влезе тоа е друго,само беливе ме мачат,сега со плавото помалку до израз на џинџерот од авион ќе дречат:worried:.@Kuc Среќен роденден,убавини нека те пратат низ живот:f::^:.Од сабајле по контроли со детево,подобро е,полесно се дише:whew:.Сега ајдете кој е за кафе:coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee:.....
     
    На Rama, M&M, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    @kuc среќен роденден мила, секоја желба да ти се исполни:inlove: :party: :^: :hug:
     
    На Rama, Tajnaotrovna, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  10. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Запросување едно и единствено , клекнат на колена, многу бев изненадена и јас како Секси Бејби ќутев и гледав и мислев се зеза(facepalm)теленце.
    Знаев дека се ближи моментот,зошто веќе имавме почнато станот да го правиме,ама баш тој ден не очекував.
    Свадба правевме нешто помалку од година од запросувањето.
     
    На Rama, M&M, Tajnaotrovna и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    6.076
    Допаѓања:
    112.957
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден да си жива здрава среќна и весела
     
    На Rama, Tajnaotrovna, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.532
    Допаѓања:
    18.918
    Гуд морнинг:tmi:
    Се разбудив во 8 очиве отворени,срцево ми спие. Бев до вц ,отворив прозор во спална и продолжив да спијам. Сега глава ме боли.
    За просењето, беше тоа на ден на Нова година. После 5г. во врска, комплетно изненадување за мене. Бевме на гости кај едни пријатели, шетавме дента ваму таму , на крај отидовме на стадион на омилениот клуб на мм. Додека разгледувавме во музејот,другаркава прашала дали може да се симнеме на терен, кажала таму што е работава. Дозволиле,па овие двајца со изговор ќе одиме дома го земале прстенот. Мм почна да се поти,да се вртка лево десно:lol:
    Се симнуваме на терен,овие трчаат надолу,јас пополека се фрцкам. Стигнавме на средина,еј ај да не сликате ,дур се развртев клекнал:D он прашува јас му викам ти не си нормален:D пак повторува,јас пак истото:D толку време заедно, ама тој момент колку трема и измешани чувства имавме и двајцата чудна работа:inlove:

    За другарки, бевме 4 гз и гаќи шо би се рекло од основно уште. Одмори,шетања,дечковци. Едната ми е братучетка, кога го фатив мм за дечко почна некои муабети против него,ваљда од што и беше криво во моментот она дека нема дечко. Со неа ги заладивме односите.
    Другата почина пред 3ипол години на 25год.:(
    Третата фати странство,тешко дека ќе се врати некогаш. Така да се друго ми е дружење ради реда...

    Кажете што ручек денес да се прави?
    Имам една тиквичка во фрижидер,а немам презла,би ја испоховала:wasntme:
     
    На Rama, M&M, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.480
    Допаѓања:
    206.904
    Пол:
    Женски
    Не ти треба презла. Само обично брашно и сусам. Ептен крцкава ќе излезе така. Одамна презла не користам. Исечи ја тиквичката на тенки парчиња, убаво посоли ја, нека излезе водата. Обично брашно измешај со сусам, валкај ги тиквичките и во ептен врело масло помини ги колку да заруменат.
     
    На Rama, M&M, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    @Bubce38 браво :clap:, само така да продолжиш!(y) :f::inlove:
    Сега кога не пушиш, побрзо ќе се осетиш подобро :hug:

    Поздравче до сите и убав ден :sun: :f: :l:
     
    На Rama, Tajnaotrovna, dunika и 15 други им се допаѓа ова.
  15. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    8.245
    Допаѓања:
    147.809
    @kuc среќен роденден, се најубаво. Имај убав ден:^::f:
     
    На Rama, Желба, Tajnaotrovna и 9 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    Среќен роденден @kuc :hug:

    Ај добар ден на сите :hug:
    Во 12 станав денес.. ќе се опрам :D

    Сум пишувала на темава за запросувањето од маж ми.
    На договорено беше. Во август си купивме прстени... два прстени, јас нему, тој мене (дека рамноправност) ... за Нова година 'ме побара', а и за тоа бевме договорени, дека таа вечер ќе биде.
    И иако знаев се' унапред, плачев ко ненормална.. Зошто? Еден Господ знај :D

    Многу ми е битно да 'победи правдата', за што и да е, и што и да значи тоа.
    Ми се чини, животна мисија ми е да се борам, и врескам, и протестирам, и крекам..
    Иако знам дека нема поента најчесто, и дека сум како Дон Кихот.. Ама не можам да си помогнам себе си, посилно е од мене...

    Другарки.. хм... Во животов сум се дружела со 80085083 различни луѓе.
    Низ сите мои години, најдолго се провлекува само едно пријателство... се знаеме од кога имавме 5 години.
    Ама со никого не се дружам интензивно.. Посебно откако се омажив.
    Се допишував, гледав спорадично, пошто сите ми беа далеку од мене... сега, ни тоа не го правам.. со депресииштево, едвај собирам енергија да се исчешлам, а за дружби, да не прајме муабет...
    Јеби га друже судија...

    п.с. Тема имам отворено Колку брачни понуди сте имале?
     
    На Rama, Желба, M&M и 24 други им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.841
    Допаѓања:
    145.581
    Го чекам малото да ми стане и да прошетаме некаде. Ќе пиеме кафе со малата.:coffee:
    Само да не заврне и денес. Признавам летен дожд ама ова вчера есенски беше.

    Инаетлива сум по природна и едно време многу сакав да исправам криви дрини. И правдата да биде задоволена. Се ми пречеше и се бунев за се кај стигнам.
    После видов дека нема некој ефект и општеството е такво како е. Ние сите сме дел од него и го правиме истото. Да барем по малку секој со потруди со нешто, сигурно би биле подобро место за живеење. Колку сум била некогаш најгласна, сега сум најтиха, и не велам дека така чини.
    Мм знае да каже дека ако наумам нешто, не се излегува на крај со мене.:tmi::D
    Ама и он е исти де.

    Запросена сум еднаш од мм.:inlove:Моментот уште ми е како низ магла, од целата таа возбуда.
    Се надевам ќе биде доволно за цел живот.
    Претходно немаше ништо вакво. Та и он ме чекаше да потпораснам.:D
    Човекот со месеци го носел прстенот и чекал погоден момент. Предосеќав оти нешто се спрема. Ама не успеав да му провалам кај го крие прстенот.:D

    @kuc Среќен Роденден,биди најсреќна!:hug:
    @Emy867 одете и уживајте. Земјотреси има секаде. И тука синоќа дрмело.
    Легнати гледавме серија и пак ништо не сетивме. И поарно.:whew:
    Какви магични слики донесоа едни блиски лани од таму. Да знаеш дали се сон или јаве.
     
    На Rama, Желба, M&M и 26 други им се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.605
    Допаѓања:
    264.640
    Пол:
    Женски
    Кога посебно и со љубов спремаш ручек, ќе ти загори |(
    Се расправав со тинејџеркава, нокти за распустот ќе растела а тоа кал под нив што има нема везе:puke:
    Арни ли сте? Мене ми се оди негде вечер ама ко што и повеќето викате слабо луѓе за дружба. Јас разбирам и деца и обврски и се, ама некој саат за себе да се одвои не е лошо...
     
    На TutiFuti, Rama, Espadrila и 30 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.911
    Немораш презла.
    Можеш палента, брашно, ако имаш дома квики (переци, соленки-солени стапчиња...) стави ги во блендер и ке добиеш солена смеса погодна за поховање (иначе тоа е една од моите тајни на доброто поховање)

    Напорен ден.
    Напорен период.
    Се нервирам за општата ситуација во државава.Се прашувам што вреди мојот труд во ,,заедницата,, кога секогаш ќе се најде некој кој ќе го усере тоа.
    Каде да се бунтувам?
    Кому да се пожалам ?
    Кај тој што го плукам и што усеруе?
    Да не се случи да добијам отказ, како што најчесто излегува кога некој сака правда да тера....технолошки вишок.

    Не , благодарам.
    Фамилијата и опстанокот во ова лудо време ми се поважни од исправање криви дрини.
    Точно е дека не сум напреднала нешто многу во општеството, ама пак не сум ни назаднала.
    Многу ,,таласање,, не треба.
    Ако си ситна риба, работи си и ќути си и гледај да си исправен да немаш проблеми со Законот.
     
    На Rama, Espadrila, Желба и 23 други им се допаѓа ова.
  20. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    53.448
    Пол:
    Женски
    Добар ден :sun:
    Денеска со подобро расположение од вчера.
    Кафе испиено,доручкав, се фатив за работа низ дома. Дури и трева искосив:emo:.
    Да почекам машината да заврши ,да пружам алишта и да се спремам за на работа(waiting)
    Ќе дојде ли 12 август. Ми треба одморчее .

    За пријателства имам една добра другарка. Од средно се дружиме. Ептен сме блиски.
    И сестра ми.
    На никого повеќе од неа не му верувам. Многу сме поврзани.
    Мажена е тука во комшии, па секој ден се гледаме.
    Знам дека кога ќе си заминам кај мим таа најмногу ќе ми недостасува.
    А да и имав една другарка. Буквално спиеше кај мене, јадеше. Ко во своја куќа. Реши да се мажи преку ноќ во друга држава за човек што го знае 2 месеци.:fubar: И јас ко на сестра и дадов совет, да не брза, дека не се знаат, а и млада е.
    Ми замери за тоа. Се омажи и не ми ни јави да ми каже, да ме покани. И така:)

    @kuc Среќен роденден :party::^:
     
    На Rama, Желба, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.