Можеби не е точно за зелениот не знам искрено. Физички активности да, ама или скроз на сабајле или скроз навечер никако по топло време оти така само полошо. Мене често поручек ми е најтешко, и морам да легнам 20тина минути да ми помине. И тоа помага. Кога гледаш дека ти е лошо скроз легни пола саат одма подобро. Тоа со нозете точно е и мене така ми велат. Нема ете и мене така ми е цел живот. Постојано низок и сум научена стално како заспана да сум. Пази се само од паѓање. Ако си пиеш кафе мавај си 2-3 денот, јас ни тоа не пијам. Па можеби кога ќе се регулира времето и ќе биде поконстанто ќе се навикниме и ќе биде подобро.
Имам низок притисок најчесто знае да ми дојде до 90 со 75/80. Денеска осетив остра болка во задниот долен дел на главата као да ме гризе нешто. А не е ни прв пат. Да напоменам ми варира притисоков да не речете пред умирање сум хехе. Ај help малце
.. пред некоја недела праев крвна слика,и одам со резултатите,ми мери матичнава притисок 90со 80 ...лек нешо шо да праам? Едит: Не ми е секој пат вака,ретко баш,ама ме интересира болкава у долниот дел на главата,од шо може да е..
За споен не би знаела ... Ако таа не знаела шо да ти каже , нека и се плукне на дипломата. Мислам со тој притисок човек губи свест и останати работи , да не навлегувам . Лек најди си нов матичен
На сестра ми и се спојуваше притисокот, освен витамин Ц и бе-комплекс друго ништо не и дадоа за пиење. Болката ти е од нискиот притисок, коа ке ти се нормализира и неа ке ја снема
Ме чуди зашо преееска имав таква болка,а притисокот ми беше у ред да кажам,нез страв ми е на лекар да појдам
како беее ? јас не сакав да ја плашам , другака со споен се онесвести и крвареше од нос... Ништо не и беше без последци , ама нормално е глава да стега од притисок. Не ми е јасно како обично бонбонче , мислев ме зеза затоа така пишав.
епа се онесвестуваше и таа коа ке и се споеше, и и рекоа неколку месеци да не прекинува со земање на тие витамини, па и се нормализира потоа... ваљда има некоја врска
Значи матичниве се катастрофааа! Јас мислев мојата не ја бива ... Оффф Веќе не ни идам , сама се справувам
Од мала имам ваков проблем, имам милиони испитувања направено и се е во ред, само кога и да се онесвестам притисокот покажува многу ниски вредности а исто и кога ми е лошо...
Koga pritisokot vi paga,dali imate oteznato disenje?nekoe cuvstvo vo gradite nikakvo,a i pulsit kako da mi e zabrzan,cela nedela i povekje mi e uzasno,90 so 60 koga e go smetam za normalen posto ne mi smeta,no sega 80 so 55, 88 so 53.mislam od vremeto mi e najvekje..
Јас кога ќе излезам надвор ми паѓа притисокот скроз, ми се спие, се чувствувам ко ненаспана, ме стега главата и ми се затвораат очите, чувствувам слабост во телото. Се чувстувам ко изгубена и страв ми е да не паднам. На жешково, одма ми паѓа притисокот. Крвната слика ми е ок. Едно ме буни само. Пред едно 5 години хемоглобинот ми бил 140, јас од кога памтам ми е толку и со текот на годините ми се намалувал следејќи по испитувањата што сум ги правела , а сега ми е намален на 119. Серумското железо ми е 14.Дали сум станала слабокрвна? Ми се случи еднаш кога ми дојде да ми се спојат притисоците и за малце да паднам.Се испаничив и почна срцето силно да ми бие. Од дома не излегував од што немав сили. За секој случај си носам со мене благо и вода.