Досега јогурт со сол ми помагаше, сега ни тоа не ми помогна, толку многу ми се вртеше пред малку што помислив толку од мене. Буквално цела соба одеше лево десно, никогаш вака лошо не ми било па дури немав сила ни правилно да дишам. Ако ги затворев очите полошо се осеќав, ако станев мислев ќе се срушам, ако лежев мислев ќе умрам и не знаев кај се наоѓам....Едвај до купатило појдов, со ладна вода по лице, по раце, по врат, дишев длабоко, пак пробав јогурт, легнав и некако се вратив помеѓу живите. Тогаш ми беше 80/50, сега малку ми се стаблизира. Луѓе од ова нема спас при промена на време, при стрес, при нервоза, при настинка, ненормално паѓа. Докторот ми викаше: И дедо ми имаше низок притисок, па 100 години живееше, ништо не ти е. Абе ништо не ми е ама овие вртоглавици...
Секогаш ми бил 95 или 100 со 50 и сум била колку толку ок, ама последнава година е ужас со вртоглавиците и ништо не помага. Пред некој ден пред спиење одеднаш ми падна, гадно ми се слоши испив 4 чаши вода и одвај заспав мислев готова сум испуштив душа
Ако пак ти се слоши, со многу ладна вода одма измиј се по лице, по зглобовите кај дланките, и на вратот. Помага колку толку. Мене докторот така ми предложи, пиење многу течности, јогурт, кока кола и миење со ладна вода да те освести... Има многу млади луѓе со низок, па се тешам
Обичен јогурт, сама му ставам пола лажичка сол... Ни така не делува? Ајдеее цел живот ми бил лага... Мислев јогуртот ми помогнува
... младите кои најчесто патат од многу низок крвен притисок треба да си ја проверат крвната слика , затоа што едно од несаканите симтоми на анемијата - слабокрвност е баш низок притисок , поправете ја крвната слика и крвниот притисок ќе се нормализира ...или... ... ендокринолошки т.е. хормонални заболувања , пад на концентрација на шеќерот во крвта, Адинсова болест (тоа е болест на надбубрежните жлезди), хипотиреоидизам (тоа е намалена функција на штитната жлезда) исто како едно од симптомите се низок крвен притисок , испитајте ....или ...срцева слабост , брадикардија ... инаку , не би се сложила воопшто со еден предходен коментар да тој што има низок крвен притисок подолго живее , хипотензијата или низок крвен притисок е исто болест затоа што протокот на крвта е слаба и органите не се снабдуваат доволно со крв - крвта е од исклучително значење за виталните функции на организмот како што се отчукување на срцето, дишење и температурата и кога нема доволно проток на крвта до органите на пример не се обезбедува доволно храна до мозокот, срцето и бубрезите, па може да доведе до нивно трајно оштетување....
Крвниот притисок демек како идеален е кога ,,горен ,, систолен 120 и ,,долен,, дијастолен 80.... ...систолниот притисок (првиот број)претставува притисок во артериите кој настанува при контракција на срцето, а дијастолниот крвен притисок (вториот број) претставува притисок во артериите кој настанува при опуштање на срцевиот мускул по контракцијата, крвниот притисок е секогаш повисок кога срцето пумпа (се стега), отколку кога е опуштено.... ...е сега се мисли дека нормален опсег на систолниот крвен притисок за повеќето здрави возрасни е помеѓу 90 и 120 милиметри живин столб (mm Hg) , а нормалниот дијастолен крвен притисок се движи помеѓу 60 и 80 мм живин столб. Крвен притисок над 140 / 90 mm Hg се смета веќе како висок. ...значи прашањето ,, А ако големиот е 130-140 а малиот 58-60?- одговор : Нормален за возрасна особа !
Од кога памтам си имам низок притисок..Две бремености поминав со низок протисок..Колку пати само вртоглавица и онесвестување во болница една две инфузии и поминува..Крвна слика се во ред покажува..Од секогаш ми бил 90/40-50 туканекаде и се навикнав веке..Вртоглавица и лошо чуствувам кога ке падне повеке горниот пример 70/30-40...Докторитеми велат подобро низок одколку висок и така си терам..
Мажот ми имаше низок притисок,ама со текот на годините се промени. На 45 години почна да пие таблети за висок притесок
Веќе неколку дена сум со низок крвен притисок.90/60 речиси постојано,инаку нормален ми е 120/80.И ми смета.Ми се врти,ми се спие,не можам да учам.Денес се напив кафе па мерев-95/70,значи пред кафето уште понизок бил.Ми даде татко ми чаша вино,за да го поткренам...Ама како и да е ми смета. Треба да се направат некои прегледи неделава.Некои совети,како да го покачам?
Мене кога ми е низок шеќерот и притисокот ми се снижува. Напиј се кока кола, благо нешто, повеќе течности. Кафето краткотрајно го качува, ама потоа го симнува.
Ајран или јогурт со сол. Откритие на годината ми е. Мене нормален ми е 100/60, па нискиот до 30 знае да ми падне Само ова ми помага.
И да отидеш на лекар ќе ти кажат: супа солена, многу течности (ладна вода, кафе, кока кола) ,сирење.... Значи се што е солено, а и чоколадо помага. На суправит има шумливи витамин ц енерџи, мене многу ми помагаат, и без да мерам осеќам омалаксаност, дури некогаш и како вкочување на зглобовите т.е горната вилица. Пиј колку што можеш ладна вода. Мене само тоа ми помага, во екстремни случаеви благо + вода.
Притисокот ми е скоро секогаш 80/60. Секое сабајле кафе турско, многу вода, солена и кисела храна и свинско. Др.решение нема
Прoбaј сo јoгурт и сoл. Вo еднa чaшa јoгурт стaви пoмaлку oд пoлa лaжичкa сoл. Oвa ми гo препoрaчa дoктoркa и мене секoгaш ми пoмaгa при низoк притисoк.
Фала, баш ке пробам.Постојано ми се врте ради него, омалаксана сум и никаква физичка активност неможам да завршам.
3 дена имам вртоглавици. Не константно но после пладне најчесто. Притисок мерев 112 со 60, пиев кафе и спиев еден час па мерев пак 96 со 59. Почнав да пијам повеќе вода околу 2 литри на ден. Па се мислам дали може има некоја реакција од тоа бидејќи порано малку вода пиев, исто исфрлив шеќери и повеќе на зеленчук и овошје сум. Исто за три дена треба да добијам, имам симптоми на пмс а и топлово ме омалаксува. Можно ли е тоа да е причината? Досега вака не ми се случило.