Имате ли проблем со притисокот периодов?? Јас бев болна и доста лежев без многу активности па мислам тоа дополнително ме утепува..пијам солена вода, сирење, малку кока кола, течности, земав и електролити и еве уште трае омалаксаноста, збунетост и вртоглавица..најлошо е што не можам да спијам како треба ако лежам полошо е
Јас да имам, поготово понеделникот бев со 3 апчиња за глава и никако не проаѓаше. Омалаксанот без сила, едвај седам на работа, најтешко ми е поручек пред да заврне.
Ухх не знам што ќе се прави и јас на моменти се чувствувам подобро па повторно лошо и така во круг еве веќе 3 дена..
Дали нешто конкретно пиете за низок притисок? Покрај конзумирање сол, малку кока кола, нешто на дневна база што колку-толку ќе го оддржува во нормала и нема да се намалува?
Секогаш ми е притисокот 90/60 и си функционирам супер ама кога ќе ми се качи 120/80 тогаш ми е многу тешко, вртоглавици, главоболка....
110 со 80 дали е лошо?јадев грав и ми се чини од него ми се слоши и веднаш благо ,кисела вода за да се покренам .
Не мерам често но нормално имам 120/80 а преѓеска ми се слоши главата осетив и општо сум омалаксана и лежам ме тера на спиење цел ден
На секој различен притисок му одговара, пример тоа што за тебе 110 е низок, за некој долниот 80 е висок. Инаку не е лош притисок 110/80. Не се плаши.
Лично 110 со 70 ми е идеален притисок, и со нешто понизок ми е топ. Нормален (120/80) ми смета. Индивидуално е, ама генерално не е ништо страшно, одмори. И промени на време влијаат на притисокот. @hermosa
На редовен систематски преглед ми кажаа дека ми е многу низок притисокот, 90 до 60, и ме праша дали чувствувам нелагодност, дали ми се врти често, и јас реков не.. Ме копкаше и после неколку дена пак измерив притисок со апаратот на чичко ми, и пак исто ми беше, 90 со 60.. Дали има простор за грижа со оглед дека јас не осеќам дека нешто ми смета тоа што притисокот ми е толку низок.
Мене секогаш ми е 90 со 60, едноставно таков си е. Нема потреба за грижа, освен ако имаш тегоби, језда ни тогаш не можеш ништо посебно да направиш.