80/50 kako e? Pred toa mi bese 47 Ne mozam da lezam, mj se vrti nekako u glava, mnogu mi e i zesko.. Samo koga sum ispravena mi e dobro sovet nesto? Ne znam kako ke zaspijam?
Што ти препорачал доктор за ова? Блиски ти се притисоците. Кажи му на некој до тебе што е. Знам кока кола го накрева, солено нешто касни, сирење апла солено некое. Избегавај на жешково да излегуваш.
Јас сум малку подобра од тебе, 90/60. Пиј многу вода, ама ставај сол во водата. На пола литро, малкуцка сол, мини прстофат, водата не треба да биде солена на вкус, само како омекната. Пиј ајран. Нема слабо јадење, само полошо си правиш. "Јади" вода, свеж зеленчук и овошје. Ако немаш сила да готвиш, стави јајца да се сварат. Отвори конзерва туна. Отвори тегла грашок, пченка, наут, црвен грав. Јади од оние замрзнати водлести сладоледи. Храната е енергија, не смееш да не јадеш.
Дали може од низок притисок да имаш вртоглавици, болка во слепочниците и капаците на очите, лошење, тешкотија на желудник... Од минатата недела ми се слоши на работа срце ми се чини ќе ми излета го слушам како бие ми се врти како да паѓам, на брза помош ми мереа притисок 100 со 60 , екг као нормално но убрзано чукање, ми вклучија инфузија за освежување . После некој ден еве пак истите работи ми се случуваат, чудно ми е ноќе што ми е тешко неможам да дишам и осеќам вртоглавица Незнам од кај да почнам со испитувања