Јас од моја гледна точка како совет би ти препорачала ако имаш можност да го одложиш патувањето додека не ти се стабилизира притисокот. За друго и посоодветно контакт со лекар.
Како се спрсвувате со нискиов притисок? Ми се спие цело време, а кафе ко да има спротивен ефект не ми помага воопшто..
Кафето моментално помага, ама после некое време го намалува притисокот пошто делува како диуретик. Најдобро е електролити да пиеш, солена храна, или во вода сол и шеќер да измешаш делува како електролит. Колку ти е притисокот? На систематски мене ми го измерија 100/80 и баш се пожалив на докторката дека е низок и ми рече дека тоа бил нормален притисок за млад човек.
Па да, низок е. Електролити пиј, повише течности, солено, благо. Мене летоска ми е понизок и не можам да функционирам, секој ден сум со електролити
Постојано си со низок притисок или нагло ти падна? И дали имаш посетено доктор, да ти направат крвна слика да не случајно си слабокрвна?
Ист ми е притисокот Дури некад глава ме боли и ми се повраќа од нискиот притисок Кока кола обавезно, сокче некое си имам до мене, мноооогу вода, солена храна is a must
И мене после бременост ми стана низок и не можам да се навикнам, не сум слабокрвна. Деновиве едвај функционирам, кафе полошо ми прави. Пијам кока кола и некогаш знам цедевита со малку сол кога ми се споени.
Еј сите се жалите, не сум била само јас Мојов е 90 со 50 моментално, затоа дојдов у темава. Ни електролити, ни кока кола, ни кафе не помага. Не знам шо му стана последнава недела, не е нормален овој за мене. Школски ми е инаку и сеа лошо се осеќам
Исто, 3 дена од ништо не ми се качува, 90 со 50-55, и толку. Мене од нервоза ми се снижува притисоков, немам друго објаснување. Како шашава сум, не знам кај терам со притисоков.
Мене еднаш доктор преплашен ми вика "добро си, како ли функционираш со ваков притисок" јас навикната, не оти бев демек енергична ама ако се покачеше па шок ми беше, баш тогаш ми беше полошо...последниве 2 3 год почнав тој нормалниот да го имам
Заникаде е, имам и вртоглавици некогаш, а некогаш па и нормален ми е, ама не се трпи сега 3 дена е ужасно. Ниту солено, ниту електролити, ниту кока кола, ништо, џабе!