Низок притисок Многу ми смета. Вртоглавици, омалаксаност, умор, поспаност (и кога сум наспана не се чувствувам така), многу често кога станувам од кревет ми се врти во глава имам и паднато така мислев ќе се онесвестам во секој момент. Газирани пијалоци и вода пијам умерено, кафе многу ретко да речам воопшто
Низок притисок и јас имам низок притисок, ми прпорачаа многу вода и движење и двете ги практикувам плус пијам и кафе 2 филџани дневно и сум супер, кафето особено ми помага да не е тоа ќе лазам по земја, а да и сирење, солена храна не обожавам, но среќа сирење да, па со тоа проблемот 90% е решен.
Низок притисок Мојот хроничен низок крвен притисок денес го доживеа врвот! Два пати ми се слоши утрово, само што не се струполив на земја. Ми е страв во веце сама да одам, па ја оставам вратата отклучена, да не припаднам па да расцепам глава на тоа плочките... Читам тука дека газираните пијалоци го кревале притисокот, а јас кога ќе размислам веќе месец дена немам пиено газиран сок заради тоа што ми се дуе стомакот. Турското кафе веќе го заборавив, а за освестување пред полагање само нес пијам. Не знам како да се вратам во нормала, не можам да учам а утре полагам! Се скапав пиејќи вода, лимонади, чаеви, па и благо каснав ама нејќе бе да се качи и готово!!
Низок притисок Прво, низок крвен притисок не се лекува ако не ти смета. Второ, терапија се дава во екстреми случаеви, најчесто при случај на ортостатска хипотензија (притисокот нагло паѓа при менување на положба на телото и доведува до несвестица). Трето, кафе не се препорачува бидејќи кофеинот брзо го качува притисокот, но после 2-3 сати кога ќе се изметаболизира доведува до поголем пад на притисокот. Ова се однесува на сите коефеински напитоци. За покачување на притисокот е потребно зголемен внес на СОЛ и ВОДА. Водата го зголемува волуменот на крвта, што аналогно на тоа го зголемува притисокот. Но, само ако внесувате вода, тоа ќе ја зголеми диурезата, т.е мокрењето и пак се намалува волуменот. Затоа се внесува повеќе готварска сол, која е всушност натриум хлорид. Натриумот ја задржува водата во организмот и ја зголемува осмоларноста на плазмата - резултат покачен притисок. Често на свеж воздух, а и е препорачано наизменично топло-ладно туширање.
Низок притисок Еве и јас да се најавам дека сум пациент повеќе од 10 години. Ако не се напијам кафе 1 ден, имам ужасни главоболки како резултат од низок крвен притисок. Деновите ги поминувам со многу кофеин (кафе, зелен чај) и многу вода. Еве што прочитав во врска со нискиот крвен притисок: -дека може да е психолошка состојба, потребна е промена на перцепцијата и позитивно гледање на работите; -адреналинот помага за покачување на нискиот крвен притисок; -потребно е редовно вежбање (се преферираат јога вежби, но не кревање на тегови и воопшто кревање тешки работи); - во исхраната да се внесуваат многу солени работи, свежа органска храна (овошје и зеленчук) и да се избегнуваат јаглехидрати (ориз, тестенини); -да се внесува калиум, витамин ц, б комплекс, безалкохолни течности, и наравно светиот кофеин. Да додадам, мене лично ми помага и музиката што ја слушам, веројатно тоа е поврзано со психолошката состојба и по некоја доза адреналин
Низок притисок благо за покачување крвен притисок? ма јок! тоа го симнува! Солена храна, многу вода и кафе. Јас кога ми е низок јадам сирење и пијам вода, исто така и црно вино крева притисок, за ручек пола чаша и го регулира.
Низок притисок OrdinaryGirl имам слушнато дека лимонадата го пага притисоко.имало некој капки кој го регулират ама кај нас ги нема само во грција.а вистина е депа повеке е на психицка база дека ке ни се слоси дека ке паднеме во несвест.
Низок притисок Eve i ja da se priklucam kon ovaa tema imam nizok pritisok odkako znam za sebe ednas duri ми беше и 50-20 страшно.Eпа вака бидејќи нема лекови за низок притисок мораме сами да се бориме еве како јас се справувам со тоа.Пијам доста течности првенствено VODA бидејки соковите имаат шекер па не се препорачливи,јадам доста солено и никако не пијам кафе (ми смета од други причини) Гледам пиете кафе епа вак незнам дали знаете дека кафето е диуретик и не е баш препорачлив за низок притисок исто така тука спагаат и зелениот,црниот и другите чаеви се се тоа диуретици и никако чај од MAGDANOS тоа никако Tака да само VODA и VODA ако во момент ви се слоши само напијте се чаша солена вода или две чаши вода едно по друго никако немојте да земате кафе И да заборавив да кажам кога веќе пиете кафе никако не заборавајте и чаша вода да се напиете после кафето (па сетете се дека во секој кафич или кафана со кафето обавезно ви носат и вода НЕЛИ сте се запрашале ли некогаш ЗОШТО) Толку од мене поздрав
Низок притисок Здраво и јас го имам истиот проблем, многу ми е низок притисокот и многу ми смета особено летно време имам вртоглавица. Бев на лекар ми рекоа дека не е ништо страшно само треба повеќе газирано да пијам и солени работи да јадам позз
Низок притисок И јас имам низок притисок, се случувало да имам вртоглавици а ни на крај памет не сум помислила дека можеби е од притисокот. Пред неколку дена измерив ми беше 105 со 70. Можеби ова и не е многу низок
И јас имам низок притисок, некогаш многу ми пречи, ама па си викам подобро низок отколку висок. Порано многу често се онесвестував, сега да не се подречам ама ми се нема случено. Некогаш ми се темни пред очи и почнуваат да ми зујат ушите, особено при нагло станување. Газирано не пијам, ама за среќа пијам многу течности и кафе, па некако успевам да го држам притисокот во нормални граници.
И јас со години си патам од низок притисок, одамна пиев чај од листови од маслинка за регулирање на притисокот, и ми помогна навистина, потоа заебав и пак ми се врати на старото па сега почнав да пијам многу вода и тоа ми помага сега за сега.
од низок крвен притисок мозеш да: се онесвестиш да паднеш и не дај бозе да се повредиш ама да умреш не мозеш а за разлика од висок притисок богами и тоа како мозеш(ппп скраја да е)
Навистина нискиот притисок знае да биде и многу проблематичен,јас на пример неможам да замислам да не се напијам кафе од сабајле,инаку главата почнува ужасно да ме боли,немам концентрација,многу сум мрзоволна и уште милион работи,едноставно сум поспана цел ден.Но со кафе,вода,физичка активност мислам дека се регулира.
Ах тој низок притисок! И јас имам низок, наследно од баба ми. Од предолго седење ми се стамнува пред очи, ми зујат ушите, мора да се задржам некаде, инаку се онесвестувам и замина главата. Жешко не поднесувам, еднаш излезена и ми се слоши така, среќа бившиот што беше до мене, в кафиќ трупец ќе бев. Срамота Пијам кафе за да се стабилизира колку- толку. Газирано не, не можам да поднесам.
Eдвај го поднесувам 2 пати ми се случи минатата недела да ми биде со 10 разлика 60 со 50,80 со 70.......премногу лошо ми беше,ќе се онесвестев! Пијам течности,мајка ми ме тера едно шише од 2 л вода да ги испијам ,почнав да јадам сиренце по неколку парченца-дека солено,бидејќи сол не внесувам во исхраната,газирано не пијам,кафе еднаш дневно...ми се чини се џабе! Така па така,се по старо! Наследен ми е од мајка ми ,и до скоро не остетував потешкотии ама во последно време потешко го чувствувам
А??? дали ви се имат случено пред очи да гледате како ,,некоја илузија како вода да ви тече или како мушички да поминуваат а ништо да нема само да ви се причинува,,??? ете мене кога ми е многу низок тоа го чувствувам и ако клекнам и да се исправам и ми се стемнуват и онака како да припаднам се осекам !
јас го неам мерено притисокот али изгледа ми е низок. 5 саати откако ке станам ако не се напијам кафе одма осеќам главава ке ми експлодира а откако ке испијам се си е у нормала
Подобро низок отколку висок. Но обавезно да пиете по 8 чаши вода, ако може и повеќе од тоа. Посолена храна ... и вежбање или движење. Инаку промените на времето влијаат посебно атмосферскиот притисок ... тогаш да се преспие или лежење, џабе и течности и друго.
и јас страдам веке 20 год.од низок притисок и мене најмногу ми помага кисела вода со јогурт и сол пробајте ,мене секогасш одлично ми делува и тоа по 5-10 мин,пробајте не е ништо грозно за пиење ,а поготово за лето па секојдневно го пијам и ме освежува и притисокот барем 20 разлика ми доаѓа инаку е -баш катастрофа - наздравје феминки