1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Низок притисок

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Victorya, 8 јули 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено да почнат да ми зујат ушите и да ми се темни пред очи. Така ми се случи последниот пат, знаев дека ќе паднам, и по сеќавање за некако од ходник се довлечкав до дневна и легнав на троседот. Ништо не ми се гледаше пред очи, па само го замислував ходникот и како да стигнам до некое безбедно место. Зошто ако паднев можев глава да расцепев на плочките или да удрам во некој ќош од масата Бог да чува.
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Здраво маченици. И ја со иста мака на темава, низок притисок. Што се ми се случува: ме боли глава многу често и имам вртоглавици често а најчесто кога ќе станам од спиење или од промена на светлина од светло кон темно и обратно нагло ми паѓа мрак на очи настапува вртоглавица и тука више секој момент можам да се онесвестам а се имам, ми идат нагони на повраќање понекогаш, ми пукаат капилари во носот и ми тече крв од него некогаш, по физичка активност имам вртоглавици, кафе не пијам, а глеам не ни треба да пијам постот на Костич е многу поучен, а богами ни вода толку многу не пијам особено не на ладново, и интересна работа и слабокрвна сум и не знам појавиве што ми се случуваат од што попрво се, како на пр. ќе ми се испакне некоја вена на лицето по челото или рацете било каде ама онака ептен, и се чудам од што ли е, од физички напор не било. Истотака сум омалаксана, уморна целовреме...некогаш се чувствувам толку безживотно што, посакувам само да лежам а ме болат сите мускули често ги воспалувам, без да заспијам. Зошто кога ќе заспијам па ќе се разбудам преку ден зборам, чувствувам невидени вртоглавици и болка во челниот регион на главата. И никако не сум, од една страна да легнам да одморам да поспијам па да ми биде поарно, од друга страна ко ќе станам ми е бетер :worried:
    И затоа, легнувам без да заспијам зошто и онака малку спијам 6-8 саати а често и помалку од тоа, ретко некој саат + да поспијам. И не знам колку е тоа добро за нискиот притисок? Ама знам дека лошо влијае врз било кој и било каков вид на организам и метаболизам.
    А па ко ќе ми речат мрзелива си, а јас само омалаксана...
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    А да почнеш да земаш железо. Имаш и таблети и сируп и шумливи таблети, а најдобро преку исхрана. Да си јадеш спанаќ, салати, јаткасто овошје, мешунки ... грав, грашок, леќа и сл., цвекло обавезно ... Ете имаш чај од коприва можеш да пиеш, а и темно чоколадо исто содржи доста железо. Само пак да си одиш на лекар да провериш крвна слика.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. xenna

    xenna Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    За зуење ке си земеш билобил мене ми помогна
     
  5. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    А можно е уште на порана возраст да имаш висок притисок?
    Имам 16 ипол години. Често ми се случува како станувам од седечка положба да ми се стемни пред очите и ако не се придржам за нешто ќе паднам, за 10/15 сек ми поминува ова „вртење“ и после се ок. Немам главоболки или зуења во ушите како што прочитав во погорните мислења.
    So what do you think? :?:
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Немаш висок, низок ти е. Се случува кога нагло или наеднаш станеш да ти се темни ... Не мора секому да му зујат ушите ако има низок притисок. Додека вртоглавиците се јавуваат од слаба циркулација на крвта, а и недостиг на железо ... а кога се редовни и чести тогаш може да е и др.
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И мене ми се случуваше истото, дури неколку пати се имам онесвестено. Ако се заседнам и после нагло станам, почнува да ми се темни пред очи. Низок притисок имаш, ама нема тоа врска со годините. Јас уште на 13-14 години се онесвестував по дома. Еднаш убаво се одрав на термо печката во соба, ама за среќа последниве неколку години ми се нема такво нешто случено.
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Женски, јас имам проблем со циркулација. Нозете константно ми се мраз, ама мраз. Во зима сум со два пара чорапи и пак нозете ми се како препотени ама ладни.
    Вчера зборував со една личност, со некои познавања во врска со тоа, и ми кажа дека тоа може да е манифестација на низок притсок.
    Вас ви се случува ли ова??
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Па да мада и немора да значи. Нели низок притисок-слабо пумпање на крв и ете ти слаба циркулација.
    Обично слаба циркулација ја лекуваат со Андол од 100мг кој ги шири крвните садови.
    Притисокот можеш да го пратиш како се движи а циркулација можеш да испиташ во болница.
    И јас сум една од тие со ладни нозе и раце и нон стоп ми е ладно и имам низок притисок (гледам да се движам повеќе). Ако малку ми се спушти дали на нервна база или од времето воопшто не сум функционална.
    Тоа е. не се лекува со некоја посебна терапија
     
  10. Aleksandra.B.A

    Aleksandra.B.A Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Низок притисок

    Имам проблем со низок притисок, па би замолила некој кој знае да ми помогне како полесно да се справам со овој проблем. Од време на време имам вртоглавици и чести главоболки.
     
  11. cutebunny

    cutebunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Низок притисок

    И јас имам низок притисок и точно знам како ти е...а најлошо е кога нискиот и високиот притисок ќе се спојат. За стабилизирање или покачување јас конзумирам црно кафе , вино , кока кола. Избегнувај јогурт и кисело млеко...се надевам дека ќе ти помогне поздрав
     
    На Aleksandra.B.A му/ѝ се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    За низок притисок многу течности, кока кола не редовно ... кафе нормално ама и да го јакнеш крвот со железо. Значи да си јадеш спанаќ, марула, цвекло, црна чоколада, грав, грашок ... мешункаст зеленчук. Али пред се до 8 чаши вода дневно обавезно.
     
    На Aleksandra.B.A му/ѝ се допаѓа ова.
  13. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Јас кога имам низок крвен притисок најчесто јадам нешто солено,пример сирење или маслинки за да се подсолам и да можам да пијам течности. Понекогаш практикувам и кола кола,исто и тоа ми помага.
     
    На Aleksandra.B.A му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Зарем солта не е за намалување на притисок ???

    јас со години како имам низок притисок а посебно коа ке јадам нешо посолено имам приметено ми паѓа ...

    Чудно ...

    За низок обично вода пијам и си легнувам др ништо не ми помага .
     
  15. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    И мојот притисок е низок.Практикувам повеќе течности,особено кога ми е многу лошо веднаш приготвувам чаша вода со 5-6 лажици шеќер,ем ќе ви го стабилизира притисокот ем ќе ве смири...Пробајте не губите ништо :)
     
  16. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Зарем солта не е за намалување на притисок ???

    јас со години како имам низок притисок а посебно коа ке јадам нешо посолено имам приметено ми паѓа ...

    Чудно ...

    За низок обично вода пијам и си легнувам др ништо не ми помага .[/quo
    Солта сигурно знам дека е штетна за високиот притисок..... :)
     
  17. Leticija-petrolicka

    Leticija-petrolicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    14
    Низок притисок

    А од симптоми само вртоглавици ли имате,и мене нонстоп ми е низок притисокот секогас кога го мерам е 60 со 80,107 со 70 зависи кога како,а во последно време имам главоболки во задниот дел бас над вратот дали некого го боли братот кога има низок притисок какви ви се симптомите :^)
     
  18. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Низок притисок

    Хахахаха значи ја сум рекордер за најнизок притисок 70 со 40 :D летно време,а зимоска не ми е толку низок.Симптомите ми се огромна болка во задниот дел на главата(тилот) и мислам дека и на земја да легнам ке заспијам хахаха,инаку многу ми помага кока-кола,и по 2-3 кафиња во текот на денот,Б6 и аналгин,витамин Ц...
    A во секој случај пострашен е високиот притисок
     
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    И јас припаѓам тука :hai:
    Вчера ми беше 80 со 60 .
    Пијам многу течности (вода ,густи сок ) ,кафе многу ретко ,јадам спанаќ ,пијам секакви шумливи таблети витамини минерали ,не пијам многу газирано .
    Се правам како што треба ама ете морам да имам неколку кома денови во годината.
    Како некоја процедура е кај мене .
    1 ден луди болки во главата
    2 ден вртење (како што пишал некој дека гледа мушички или водопад јас не гледам ништо ,бело е се ) лежам 5-10 минути и ми се враќа сликата малку по малку.
    немам апетит,
    следува повраќање се што сум јадела и не сум јадела, после тоа што и да каснам повраќам , дехидрирање , враќање во живот со хумана електролит ,
    неколку дена јадење само супа ,соленки и двопек и толку си поминува.
    Вакви денови имам 3-4 пати во годината.
    Во моментов сум на хумана електролит , двопек ,многу вода (минерална негазирана ) и супа.

    Некој друг да има вакво искуство ,како го надминал ?
     
  20. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Внесувај повеќе сол со исхраната и спортувај, или било каква физичка активност која ќе ти го забрза и метаболизмот, а со тоа и циркулацијата. Витамини, минерали си пишала дека веќе внесуваш. Кафе добро е што не пиеш, бидејќи за низок притисок само одмага, а не помага. И мене ми се случува да имам низок притисок, ама не е толку хронично како кај тебе. Обично имам главоболки, вртоглавици. Јадам нешто солено, две чаши вода на екс и полека се стабилизирам.