I JAS IMAM NIZOK PRITISOK AMA PA MENE SRCETO MI CUKA BRZO PA DOKTORITE VELAT DEKA TOA NEMALO PROBLEM SO SRCE PA KOGA KEMISE KACI JAS MISLAM DEKA PULSOT MI E PODOLE DALI ZANE NEKOJ ZA OVAA SITUACIJA POZDRAV
По сите твои постови што ги прочитав заклучив дека си анксиозна особа ,па нормално дека кај анксиозните луѓе има нагло промена на притисокот .Не се замарај толку со состојбата туку земи движисе ,прошетки прави и позитивно мисли друго ништо не ти треба верувај.
Јас имам низок притисок и многу ми смета постојано ми се врти уморна сум не сум наспана и кога ќе станам од кревет ми се врти ми се темни пред очи еве прееска за малку ќе паднев ако не се придржев за столот.
Пијте кафе и течности, ептен ако се стресете кока - кола, дома туш на телото со топла - ладна вода да ви се зголеми циркулација, легнување и нозе во вис, растрчување, ладен воздух, ама како и да е мнооогу течности полни витамини, исто така внесувајте нешто мрсничко со зголемување на хорестерол зголемуваш и притисок. Како и да е тоа е моментална состојба, кога ќе те закачи барај одма ршение, јас имам проблем и цело време ми се спие, ама затоа ќе земам во место ќе се разрипам да го размрдам срцево, и пијам чаеви, цедевити, сокови.. или ладен воздух ми помага многу!
Јас пак мислам ако ми се покачи малце притисоков главата ке ми прсне. Имам многу низок притисок што дури и медицинариве ми се чудат,но кога баш таков низок јас сум ок и супер се чуствувам. А ако ви се тресат рацете од низок притисок имајте до себе секогаш нешто благичко и кока кола. А и кратка масажа на вратните жили верувајте супер ке ви дојде. Не станувајте нљагло од кревет,испочитувајте го златното правило,седни си 10 секунди очите да ти се отворат па стани. И редовно доручкувајте,макар тоа било и овошје ако не можете повеќе. (ова посебно за пушачите и кафеџиите) Избегнувајте сок од портокали го снижува притисокот и тој се препорачува за оние со повисок притисок. Лелел медицинска статија напишав,ама тоа е грижете се здравјето и тоа ке ви возврати...
Мојот притисок 60-80,12часа ми се малку за спиење мислам дека секогаш сум кома и ненаспана сите ми викаат животов ми поминал со спиење,можам да спијам постојано.Незнам кога не ми е добро дали ми е поткачен или снижен а став ми е да си мерам и така го игнорирам правам нешто движисе налево па надесно,па влези и излези надвор-внатре,касни нешто,од време на врем мислам дека се исклучувам од светов ама тоа е
devojki dali vi se slucilo nekolku dena da imate konstanten nizok pritisok?jas imav od sekogas no mi pominuvalo no ovoj pat vekje 5 dena imam non stop nizok pritisok,cuvstvuvam pospanost ladni mi se racete,ne mi e ic ubavo strav mi e pritisokot mi e 100 so 62 pulsot 70-80. strav mi e si mislam srceto ke mi otkazi porano pravev ekg na srce se bese ok.kazete care?pijam koka kola i kafe ama nekako pak mi pagja neznam dali deka sum pred ciklus i vremeto e promenlivo?
Рипче27 нормално е тоа кога имаш низок притисок,едноставно срцето забрзува,се осеќа малаксаност,како да ти се треси душичката и неможеш да ја смириш,некои имаат вртоглавица,главоболка....и јас сум со низок крвен притисок 90/60,а некогаш кога е врнежливо или има нагло променливо време ми паѓа и повеќе. Денес мислам ќе се онесвестев,си расчистував по дома и одеднаш почна така да ми се отсекуваат раце и нозе,општа слабост,а срцето мислев во секој миг ќе ми изрипа од гради,кога почнаа да ми се тресат рацете,незнам дали и шеќерот ми паднал во моментот ама многу се исплашив Му се јавив на маж ми да дојде од работа,така испаничена дека сама дома го исплашив и него,кога мерив притисок 80/50 многу низок.А не бев гладна,убаво доручковав утрото,кафе се напив и се тоа,ама пак ми паѓа притисокот. Па почнав сокче,нешто соленко да каснам за да дојдам при себе,леле денес цел ден ми е како стравот влезен во коски се плашам а со тоа уште повеќе си правам проблем,паничам наместо да се смирам уффф Се си правам филм да не се онесвестам сама дома да нема кој да ме види
И јас имам низок притисок. Не знаев се додека не ми измерија на систематски во средно. Докторката ми кажа дека моето тело едноставно така функционира, со понизок притисок. Убави совети дале сите. Што повеќе вода, физичка активност меѓутоа, неможам да се сложам за кафето, односно се што содржи кофеин како и енергетските пијалоци не е убаво да ги пијат лица со низок притисок. Во моментот ти е супер ама после саат до два неможеш да дојдеш при себе односно уште повеќе го снижува. Јас веќе два месеца вежбам секој ден и пијам над 2 литра вода и кафето го одбегнувам најмногу што можам, меѓутоа ми се случи два дена да неможам да вежбам, вториот ден испив две кафиња и малце вода. Ако ми верувате мислев дека до инфузија ќе стигнам значи толку ми беше лошо, бев со дечко ми, па и он се испаничи, а никако не ми текнуваше од што ми е. Дури вечерта кога се вратив дома го видов шишето со вода и сфатив колку малце имам испиено и тогаш ми стана јасно. Така што мора да се запазат некои ситници и нема да имате проблем. Впрочем нискиот и не е толку страшен како високиот.
Имам 14 години сега ќе бидам 1-ва средно и имам притисок 90 со 60 и постојано кога ќе ми го мери вујна ми толку е.Постојано ми се врти еднаш на физичко ми се слоши и како да се парализирав и почнаа да ми зујат ушите.Ми кажа наставничката по физичко дека ми паднал притисокот чим ми зуеле ушите. Нормално ли е за моја возраст да имам ваков притисок? Што мислите вие.?
Јас имам низок притисок уште од средно школо. Еве сега имам 28 години и никако да го стабилизирам.Цела бременост ја поминав со 90/60 или 80/50.Хорор. До сега неколку пати се имам онесветено по улици или во автобус. Најпрвин ми почнува со нагон за поврќање, па тахикарија, тресење на раце и нозе, целосна слабост на телото, и во последната фаза ми се губат видот и слухот...и така додека да паднам.После откако ќе легнам во хоризонтала ми доаѓа крв во мозок и некако успевам да се стабилизирам. Непријатен е овој низок притисок, ама барем не е опасен како високиот (освен ова паѓањево). Многу течности треба да се пијат и секако физичка активност. За кафето се согласувам дека во моментот помага ама кафето го дехидрира организмот, па на еден филџан кафе треба две чаши вода да се испијат. Од притисокот имам и тешки главоболки секој ден... Со сите напори и течности успевам да го одржам некако, и никогаш го немам качено повеќе од овие проклети 90/60.
и мојот е постојано низок еднаш ми беше 79/45 имаше едни апчиња грчки ама не сум пробала,си пијам кафенце,кока кола,повеке течности,нешто блачко и тоа е,се освежувам малку а најгрозно е кога имам главоболка од притисокот
Исто сум и јас со низок притисок и еднаш ми се има слошено и среќа што бев во болница а баш бев на пат да си одам па среќа не тргнав по скали дека сигурно ќе се струполев и ќе си направев беља.. и интервенираа сестрите дека ќе се онесвестев ми се повраќаше, ми маглеа очите, едвај стоев на нозе, ушите почнаа да ми зујат и дури не се ни сеќавам на моментот кога ме носеа до соба, не беше ништо сериозно ама со оглед на тоа дека прв пат ми се случи такво нешто бев доста исплашена
И јас потајно си страдам од низок притисок. Отсекогаш ми бил низок, но во последно време најверојатно поради асален недостаток на одмор и квалитетен сон, приметив почесто матење и нагони за несвестици. Мислев дека ми ослабела крвта, но резултатите покажаа дека е во ред и најверојатно стариот добар пријател пак почнува да ме мачи. Најчесто ми е 75/90, а стигне ли до 60/90 веќе не можам нормално да фунционирам. Секогаш си носам во ташна нешто благо и шише вода, но кога треба да биде, ќе биде и неретко сум се струполила на улица или по дома. Не дај Боже да ми се случи нешто вакво на факултет - кој ли ќе ме собира по тие толку скали.
И јас си мачев мака со притисокот. Со месеци бев и со антидепресиви и се случуваше многу често да ми падне - 80/50 или пак се случуваше распонот помеѓу систолниот и дијастолниот притисок да биде мал,ми се зближуваа и тука си мислев дека веќе се комирам. Почнав да посетувам нутриционист и почнав да се хранам поздраво и после некое време се среди притисокот и сега кога мерам ми е 120/80. Секое сабајле кога ке станам прво што правам цедам портокал и му ставам 1 лажица ленено масло,потоа пијам 3 живи јајца од препелица (на многумина кога ќе им спомнам за јајцава прават ) но мене ми помагаат ,потоа јадам едно јаболко,банана,неколку зрна аронија,2-3 урми и по некоја сува смоква,па непечени лупени семки од тиква и сончоглед па мала пауза и на крај шоља млеко од соја со цимет. Ем сита,ем многу подобро се чувствувам,ем ко нова.
Mishela, солено повеќе помага за низок притисок, па така секогаш имај соленки со тебе при рака. Јас цело средно го истерав со bake rolls и кока кола, тогаш ептен ми се случуваше да се тресам и да имам нагони за несвестици. На факс редовно си носев вода со мене, ама тогаш почнав и подобро да се хранам и вежбав редовно, и некако полесно поминав. А исто знае да ми се случи 90/60, е тогаш како линијата да ја слушам да одекнува. Затоа барем 15 мин. дневно кардио да правиш, малку крвотокот да го размрдаш. Искрено, подобро низок него висок притисок. Само што многу често знае од низок во младоста, да стане висок во староста. Затоа повеќе здрав живот и помалце нервози.