1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Низок притисок

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Victorya, 8 јули 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со нискиот притисок додека вежбате?
    Мене многу ми пречи, денес додека возев статичен точак ми се затнаа ушите, мислев дека ќе се онесвестам. Исто и кардио или пилатес кога вежбам ми се затнуваат ушите, млитава сум и зашеметена.
    Со саати седам на интернет и читам совети за мојов проблем, практикувам скоро се, ама не помага. Пијам многу течности, повеќе од два литри дневно, а и сакам малку посолена храна, така што и тоа го запазувам. Башка и кафеџика сум, без две шолји кафе дневно не издржувам.
    Порано често си паѓав низ дома, еднаш додека возев точак се онесвестив, директно паднав на асфалт, ја треснав силно главата, па завршив во болница. Сега да чукнав во дрво, одамна не ми се случило да се онесвестам, ама луѓе ме фаќа страв да вежбам :worried:
     
  2. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    И јас имам низок притисок, но никогаш не сум имала проблеми со фитнесот, напротив подобро се осеќам. А си го имаш проверено шеќерот? Мој совет ти е да си направиш ехо на срце кај интернист.
     
    На libra89 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ана Каренина и јас имам низок крвен притосок ,мене воопшто не ми смета кога вежбам кардио дури и поубаво се чувствувам, ми се случува да ми се сврти кога кревам тегови со повеќе повторувања ама мислам дека е тоа нормално за секого :?:
    И јас мислам дека притисокот не е проблем , најдобро да се консултираш со матичен .

    Колку што знам физичката активност е препорачлива за лица со низок крвен притисок.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. OlgicaSK

    OlgicaSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    ЗДРАВО НА СИТЕ! НЕЗНАМ БАШ КАКО СЕ ВИКА, ДАЛИ СРЧАН ИЛИ СРЦЕВ ПРИТИСОК, Е СЕГА, АКО Е НИЗОК , КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ? МИСЛАМ, КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НИСКИОТ СРЧАН/СРЦЕВ ПРИТИСОК??? ХЕЛП!!!
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Срцев е литературно македонски...
    Се зголемува со пиење повеќе вода/течности, кафе.
    Луѓе кои имаат постојан низок притисок, живеат нормално при таква состојба.
     
  6. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас имам низок притисок. Секој ден по едно јако турско кафе ми помага да го одржувам во нормала. А кога ми падне многу пијам една чаша Кока Кола на екс.
     
  7. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Знам дека од црни газирани сокови се покачува притисокот...мене ми е малцее повисок, но сега го регулирав :) а за да го намалам на доктор ми викаа да не пијам многу црни газирани сокови :^)
     
  8. OlgicaSK

    OlgicaSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Заборавив да пишам дека ова всушност ми се однесува на стари лица со проблеми со срцето , па не смеат да пијат кафе нели, туку може кока кола или солена вода за нив, дедо ми има проблеми со срцето и не смее да пие кафе, па затоа прашав...
     
  9. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Најдобро е Кока Кола за покачување на низок притисок :) Одма минува :)
     
  10. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски

    Јас сум иста.... Хахахахах лани кога паднав и главата ја дупнав за првпат во мои 28 години, за првпат примив инфузија. Инаку јас функционирам скоро нормално, освен паѓањето :D
    Е сега јас имам мака, што никако не можам да пијам многу течност, едноставно неможам. Што да правам????
     
  11. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Исто и јас имам проблем со нискиот крвен притисок. Мене ми е 70/80. Досега не сум се онесвестила, ама често ми се тресат рацете и нозете, имам многу силни главоболки скоро секој ден, ми се заматува пред очи и немам сила. А уште основно школо немам завршено.
     
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.175
    Пак низок притисок деновиве, ќе си ја учукам главата некаде. Кафе само моментално помага, после саат време како да не сум го пиела воопшто. А доколку испијам повеќе од една чашка дневно, почнуваат рацете и нозете да ми се тресат и губам концентрација. Пијам течности (вода), избегнувам сонце, спијам доволно, физички сум активна, пијам фолна и железо... :?:
    Незнам што да правам веќе со притисоков! :swear:
     
  13. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    21
    Ајде ве молам за помош, веќе три дена сум со низок притисок, 50 со 30, примав инфузија, ми се покачи 80 со 60 и сега пак иста приказна... Осеќам болки во долниот дел на главата кај вратот, и околу слепоочниците, а сега почувам да осеќам болка и на горниот дел од главата. Лошо ми е осеќам вртоглавица а и замагленост на очите. Пијам кока кола, јадам солено, пијам вода, течности, но никако да се покачи. Некој да ми каже некој совет плус. Фала ви :*
     
  14. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Веќе цела недела сум со низок притисок,неможам да станам од кревет,имам големии болки во долниот дел на главата кај вратот,и болка кај горниот дел на главата.Од болкиве неможам да заспијам.Ве молам за некој совет.П.С јадам премногу солено јадење
     
  15. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски
    Па нискиот притисок не се лечи, едноставно треба да научиш да се прилагодиш на него и да живееш со него.
    Јас имав многу проблеми кога почна да ми паѓа притисокот, се онесвестував, повраќав кај што ќе стигнам, бледа, без капка крв и живот во мене. Ама постепено почнуваш да се навикнуваш...
    Најмногу што можеш да го пробаш да регулираш привремено, ама повторно ќе ти се снижи.
    Од корист е да вежбаш, иако не се чувствуваш способна за вежбање. Пробај размрдај се.
    Јади цвекло, пиј чај од коприва или ѓумбир.
    Јас пијам и апчиња за смирување еднаш дневно, бидејќи секогаш кога ќе почнам да чувствувам дека ми паѓа притисокот срцето уште посилно ми лупа и крвниот и срцевиот се премногу блиску еден со друг, тоа ти прави уште полошо.
    Белмиран-дан се викаат ми ги препорача психијатар, после направени секакви можни анализи.
     
  16. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Одлично те разбирам како ти е, бидејќи и самата страдам од низок притисок, но сепак апчињата за смирување не се решение, не кај млада личност, посебно ако ги пиеш секој ден. Си помагаш при една состојба, а закачуваш друга - зависност. Посебно кај млада личност не е нормално толку многу често да паѓа и да се блиску систолниот и дијастолниот притисок. Тоа може да е симптом на некое заболување. Место психијатар и клукање со седативи (најлоша варијанта), посети интернист (проверка на срце), крвна слика (секако доколку веќе немаш испитано). Причини за хипотензија можат да бидат срцеви заболувања, анемија, крварења (хемороиди) итн. Јас мојот најчесто успевам да го регулирам, со многу течности, редовна исхрана, наспаност и вежбање (движење).
     
    На SelinaKyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Факт е дека временските услови многу влијаат на притисокот,но затоа мора сами да си помогнеме,нели доколку не е клинички проблем.Јас од „глупости„ за итна постапка мавам чоколадо и кока кола :D
    Како и другите што напишале-цвекло,чај од коприва,семе од коприва во јогурт или супа,какаото е исто богато со железо,течности,движење ,физичка активност,јас секој ден си правам цедени сокови со аронија и гоџи бобинки кои се богати со антиоксиданси...
     
    На Dr.Awesome му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    19.640
    Пол:
    Женски
    Женски опет јас :)
    Не знам колку сте ме читале, пишав дека си патам од чести главоболки и низок притисок. На лекар искрено не ми се иде, познавајќи какво ни е здравството кој знае што ќе ми најдат. Освен кафе, благо и газирано, знаете некој друг народен лек? Се случива и кафетин некогаш.да не ми помогне. Секој предлог е добредојден.
     
  19. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Можеш да си помогнеш со пиење повеќе вода. Ако нагло ти падне притисокот, тогаш може да помогне Coca Cola и ајран (солен јогурт). :)
     
    На cempres72, coolzhena, alana95 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. libra89

    libra89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    24
    Дали имаш некој друг проблем, крварење менструално,хемороиди или слично. Направи крвна слика и посети интернист.