1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Никој не е незаменлив?

Дискусија во 'Психологија' започната од Lolipop23, 3 јули 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Сте ја слушнале оваа фраза во животот, сигуно повеќепати. Дали се согласувате со тоа?
    Многу личности доаѓаат и си одат од нашиот живот. Дали кога се разделите од одредена личност мислите дека ќе појави некој кој би го заменил нејзиното место на соодветен начин, или пак тоа засекогаш остава некаква празнина во вашата душа. Колку ,како што вели изреката си наоѓате замена за луѓето кои биле дел од вашето минато?
    Или пак не е исто во сите сфери на животот?
     
  2. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Сите ние сме различни. Со различен карактер, и со различна улога во животот. Така да, незаменливи сме.
    Да, доколку го изгубиш своето работно место, друг ќе те замени на истото. Но само физички, емоционало и душевно нема да те замени. Може и другата личност ќе биде вредна колку и ти, но нема да го има истиот начин на размислување, истата ведрина, истите карактеристики, сепак ќе недостигаш. Мое мислење е дека, никој не е заменлив.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не е исто во сите сфери од животот. Мајката може ли да се замени? Таткото? Секако дека не.
    Оваа фраза повеќе се однесува на пример на работното место. За таму најчесто се вели дека сите се заменливи.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Ова е една од моите омилени квоутс и со неа полесно си пребродувам загуби на личности.
    Секој без секој може,освен мајката без своето дете и обратно...овде веке не станува збор за заменливост.
     
    На Mia.MGK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    секој поедниец е сам свој за себе. со свои квалитети и вредности, недостатоци... никој не може да го замени некој, освен како и што кажаа во претходните постови, во однос на работнотот место... тогаш само местото се превзема и се заменува, а не и кавалитетот и духовноста на претходната персона.
     
  6. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Па еве и во врска....никој не може да го замени тој што претходно бил со тебе или ќе биде подобро или не...Ако трагаме кон истиот се ќе биде само бледа копија така да има и личности кои се незаменливи.....
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека никој не е незаменлив.
    Кога мислите дека некој дечко е вашата судбина, па ќе се случи да ве разочара, верувајте дека ќе ми најдете соодветна ако не и подобра замена.Зарем треба да патиме по нешто изгубено верувајќи дека тој бил единствен на светов ?
    Исто и на работа, секој е заменлив, секој човек колку и да е добар во својата професија ќе се појави некој , кој за нијанса подобро ќе ја работи работата од него.
    Секогаш верувам дека не само што никој не е незаменлив, туку и не е единствен на светот, ама апсолутно во сите сфери на животот сите се заменливи.
     
  8. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Да не ги повторувам истите реченици бидејќи имам исто мислење со претходниве постови така да ќе кажам дека стварно Никој не е незаменлив..
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    НИКОЈ НЕ Е НЕЗАМЕНЛИВ но секој е уникатен што значи може некој да завземе нечие место но не и да биде тој ...истиот :?:
     
    На kara1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Секој за себе нормално дека е незаменлив.
    Иако сме сите луѓе, секој си е свој и посебен на свој начин.
    Но, улогите кои луѓето ги играат во нашите животи - ете тие се незаменливи. И тоа не сите, туку еве кај мене НИКОЈ не може да ги замени мајка ми, татко ми и брат ми.
    Се друго, од другарки до дечковци... СЕ е заменливо.
     
  11. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Само физички да се пополни празнината која настанала кога личноста на било кој начин не напуштила, може да се речи дека е заменлив. Но секоја персона е една и единствена па не се заменува. Карактерот, мислењата, идеите невозможно е некој друг да ги има истите.
    Барем според мене, никој не може да биде заменет со некој друг
     
    На bejbi.91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Лошо е кога бараш нечија замена зошто никогаш нема да ја најдеш. Можеби ќе најдеш некој подобар во нешто ама се додека го споредуваш со претходниот ќе веруваш дека е незаменил и ненам што...
     
    На i.am.me му/ѝ се допаѓа ова.
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Секој си е специфичен на свој начин.

    Ако некој си отиде од твојот живот и друг дојде се разбира дека нема да ги имаат истите маани и доблести, не се компиктабилни.Едиот ке биде доста подобар во една насока, додека другиот во сосема спротивната. Така да не може тука да се најде НЗС.

    Сите сме посебни и уникатни! ;)
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Воглавно се согласувам на професионално ниво посматрано. Конкретно на работното место без разлика на подобриот или полош перформанс нема да дојде до застој на цела компанија поради отсуство на едно лице и од менаџментот да е пак ќе настапи некој на местото, па макар и кон банкрот ја довел компанијата. Точно дека сите сме посебни и со посебна одговорност, ентузијазам и креативност пристапуваме кон обврските меѓутоа планетата ќе продолжи да се врти околу својата оска без секого на секое работно место.

    Во однос на емотивните врски сметам родителите и одредени партнери имаат незаменлив карактер во нашите животи. Секако дека нивното губење не би предизвикало нашиот живот да не продолжи понатаму, само разликата е во тоа што знаеш дека нема ни да бараш никогаш замена, бидејќи е невозможно да се оствари и дека за некои луѓе е валкање на нивниот спомен обидот да им се бара замена. Не велам дека не треба да се бара друг партнер пример, ама на новиот да му се пристапи како на нова личност, а не како на предмет на компарации и постојано барање аналогии тоа не е фер пристап. Ни го оправдувам ни го посакувам во двата правци.
     
    На Lolipop23 и bejbi.91 им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Darlin' :smoke:, ние сме ти само патници во просторот и времето. Ништо повеќе од обични минувачи, дојдени привремено на земниов свет. Од тука 8), нашето постоење преминува во поинаква форма, некаде на друго место. ццц.. тоа ќе ти дојде како друго ниво на реалноста, или просто поинаква од познатава, видлива за нас реалност. Да не сум многу комплицирана?!? Не?!? Ок, тераме даље.
    :smoke: Е, баш затоа и што физичката ни присутност е променлива во оваа реалност, и ние сме непостојани, т.е не сме константа во просторот и времето, доаѓаме во светов како заменка во граматиката.... Но, еј без џафкање, без два прста кревање, без упаѓање у реч дур ја зборам, ако можете да се воздржите се разбира :roll: ..ова што ви го зборам сеа, ти се однесува на физичко присуство и физичка заменливост на мене, тебе, нас.
    И онда, и по мајката... и по таткото, кои испариле од животот на своите деца, можат да ти дојдат други, и пак они ќе ти се мајка и татко... Не, тебе, не :? просто други луѓе, „минувачи“, кои може да бидат посвојувачи на детево или чисто личности со кои тоа ќе се поврзе емоционално и во нив ќе гледа закрилници, свои родители.. капираш?!? ОК. Ако ти се мочка иди сега, не ме прекинувај ај ;).
    Со тоа :smoke: , таа љубов што не ја добило од своиве биолошки родители, може да ја надокнади со физичкото присуство на другите родители. Истото ти е и со брат, сестра... дрн дрн, у стилУ, по брат брат, по сестра сестра.. тако даље, тако даље. Нејсе, може да се роди друг брат, друга сестра, кои физички ќе го пополнат просторот, што овој што веќе није меџу нама, т.е физички присутен во нивниот живот, бла бла.. нивниот простор и време. Глеаш, како капираш, умно си ти умно ;)
    Али сВе ова ти е физички дека сме ти заменливи. Но глеј сеа, мада сме ти патници некакви си, кои и по сиве овие илјадници и илјадници години човечка цивилизација, не научивме како се прави тој „дил“ со mama Devil... тишина, верници лЕеееј |( , не би јас да ве преобратам, побогу. Зборам за прикаската со детето со споени веѓи што си ја продало душата на една раскрсница за да живее вечно. Ајде де.
    Но, муабетов ми беше, мада не знаеме како да ова физичково ни присуство го претвориме во константа, си имаме ние еден џокер у ракав, пошо, оној што не џитнал во оваа реалност, не џитнал сосе смрдените ни ил’ чисти чарапи, абе емоции аман... па дури и да не се трудиме многу, да не сме ти easy lovin' kind of персони, ипак оставаме бе впечатоци на околина, околина се повезУе со нас, вака или онака и им правиме дупчиња у тоа душата им, им недостигаме коа не нема :$. Па, макар бил мој, твој колега на работа, шо ви играл полка на живци дур си потчукнувал со ноџето под биро, ги редел пенкалцата по боја, книгите по големина, го гланцал тоа мониторот 24/7... коа го нема таму, ќе дојде друг што ќе седи на неговиот стол, можда ќе пие од неговата чаша, ако овој нормално си пиел од чаша у сопствеништво на фирмата, ќе досработи што овој не досработил, ќе руча со вас, збори, ама се уште ќе го памтите овој, у срце ќе го носите, дал по лошо дал по добро, ќе ви недостига.. ха ха... ќе ви недостига знам ја. Мене бар и таквите ми недостигаат бе, биле дел од мое секојдневие и ми фали бе тоа. Нечу бе да ми е се совршено и тачка. Така да, емоционално никој не може да биде заменет, дури и детето оставено од родителите, кога ќе разбере, без оглед што не ги познавало своите биолошки родители, нема никакви спомени од нив, ќе осеќа празнина во себе, потреба од тие емоции, спомени да бидат надополнети, што зависно од неговиот карактер ќе се демонстрираат на различен начин, дал бес кон сегашните, дал ќе ги потисне, дал ќе стане бунтовник, или просто ќе се повлече во себе.. се зависи од него. Така што ова емоционалното пополнување на дупките, т.е контролирање на таа празнина е таа што е битна, просто човек да научи како спомените да ги одржи како убави спомени во себе, а да го прифати животот како сегашност и да живее во таа сегашност, во која личноста по која му душа тугуЈе, није више ту, и не е битно дал’ се одјавила од хотелот живот, или само си останала по дома и, па нема више да ја гледаме, пошо сме плукнале на дланки, не те барам-не ме барај.
    Е, тоа е тоа што не прави незаменливи де, БИНГО! Ајде ти да не си покус, викни си ти БУЛЗАЈЈЈЈ гњаватори бре еј, да не моеш да се искажеш. Ме препоти да знаеш, ме препоти.
     
    На MSkorpionka и thinkerbell им се допаѓа ова.
  16. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Никој не е незаменлив,само кога станува збор за работно место или раскинување со дечко/девојка.Верувам дека овде секој би можел да биде преброден,и се разбира-заменет.Понекогаш со замената добиваш повеќе,понекогаш помалку,но сепак,сите се заменливи.Единствено што неможе да се замени е мајка,татко,сестра или било кој член од фамилијата...Колку и да мислиш дека некоја другарка би можела да ти замени сестра,сепак сметам дека неможе.Крв си е крв,и овде нема замена.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Точно, никој не е незаменлив, но кога станува збор за мајка, татко, брат, сестра (семејството), единствено тие се незаменливи.
    Без секој се може, тоа е навистина така, но некои личности ни остануваат засекогаш во срцето, и ако заминат од нашиот живот, оставаат празнина во нас. Дури и друга личност да дојде на нивното место, сепак нема да биде исто. Никој не е незаменлив, но секој си е уникатен на свој начин.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Мојата професорка во средно вака викаше- Никој не е незаменлив.. Можеш да живееш без секого, единствено без самиот себе не. И не треба да зависиш од никого, туку само од самата себе. Сепак, самиот не себеси си си доволен. Се раѓаме и умираме сами...
     
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    освен луѓето од семејството друго се е заменливо.....
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    па да има ликови од нашиот живот што неможат да се заменат никој не може да јазамини мајками таткоми сестрами се останато како другарки дечко сметам дека може да бидат заменети ;)