1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Никој не е незаменлив?

Дискусија во 'Психологија' започната од Lolipop23, 3 јули 2010.

  1. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Ќе изгубиш другарка, ќе дојде нова другарка ќе ја замени,но не целосно. Без разлика колку и да се слични не може да ја замени целосно,а и да се како близначки во разлислувањето сепак ние имаме посебно место за таа одредена личност и никој ама баш никој нема да може целосно да ја замени. Бидејќи и со самта загуба ние сфаќаме колку многу ни значела и таа секогаш за нас ќе биде посебна личност која мислиме дека е единствена без разлика колку вообичаена девојка била. Бидејќи таа ни значела многу со самиот факт дека ја имала нашата доверба на посебен начин ја прави незаменлива и без разлика колку други луѓе ја заслужат истата доверба сепак не е исто, не може да биде исто.
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Па не е баш така....некои моменти кои ги поминувате со одредени луѓе неможеш и со другите...
     
    На muza му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Секој во животот претставува еден објект за метафора. Така да, логички, еден предмет неможе да биде спореден сам со себе. На пр. "Ветрот беше силен како ветар."

    Така е и со луѓето, секој си има своја слична, да не речам иста, ама ќе речам, а можеби треба да речам и подобро замена :)
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Темата многу ме погоди.Значи за мене незаменлив е мојот покоен дедо, Бог да го прости...
    Незаменливо е момчето што научив да го сакам и си замина од мојот живот
    Незаменлива е првата љубов :?:
     
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    секој човек е единствен и секој барем има една карактерисика која друг не би ја можел и кој според тоа би го запамтиле.. Никој не е незаменлив,точно.. да бил тој првиот толку добар и асален немало да се појави оној вториот :)
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Незаменлив е татко ми... Или како што вели Чола во песната Као моја мати.. “ти никад нечеш бити као моја мати...“ незаменливи се родителите!
     
    На eli25 и lovely91 им се допаѓа ова.
  7. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    секој е со причина .
    луге доагаат и си одат но само вистинските остануваат ;)
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Секој си е нели посебна индивидуа со свој посебен шмек, повеќе или помалку впечатлив но во секој случај различен од било кој друг...
    Освен за најтесното семејство за кое сакам да верувам дека сум незаменлива, како и тие за мене, од други не сакам такви 'признанија', не сакам да се ствара мит или обожување на мојата личност, не сакам да сум во околина со луѓе кои ќе плачат и ќе мислат дека светот ќе се сруши ако јас си заминам, не сакам такво врзување, не сакам таков притисок, не сакам да мислам дека сум незаменлива...Ниту пак јас сакам на таков начин да ги гледам и доживувам другите...
    Има нормално луѓе кои играле значајна улога во мојот живот а сега веќе не...спомените остануваат но нивните места ги потполнуваат други, различни, поинакви, слични...животот продолжува, работите се менуваат, сите сме посебни, но никој не е 'толку' посебен...
     
    На Lolipop23, eli25, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Секој си има различно место во нашите животи. Ако некој дошол па си отишол, само му отворил врата на следниот што ќе дојде. :) Има некои незаменливи личности во мојот живот, со кого сум поминала многу убави моменти, но сепак сум се помирила што ги нема повеќе. Единствено со што не се помирив е мојата баба. Таа беше сонце во мојот живот, секогаш беше насмеана и ја сакав многу. За жал замина од мојот живот, но си ја чувам во моето срце. :( Првата љубов, не можам да кажам дека е незаменлива, но тие моменти што ги доживеав со него нема да ги имам никогаш повеќе затоа што пораснав, а тогаш бев ДЕТЕ и преку забава ја доживував мојата "прва љубов". Некои личности никогаш нема да ги заборавиме, затоа што оставаат голема трага во нашиот живот, но тоа е животот. Што и да се случи, одиме напред. :)
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    За родителите,вереникот и сестра ми ќе кажам дека се баш незаменливи.
    Никој друг не е вреден за дискусија,во поглед на пријатели или незнам некојси роднини.Сум патела по пријателки додека не си ставив во глава некои работи,така да сега сеедно ми е.
    Ако некој влегол и излегол од мојот живот-мора да имало причина.Сигурно е знак за нешто подобро.
    Секој оставил трага нормално,па Петкана неможе да ја замени Трендафила,од проста причина што не е таа личност,со нејзе се отвара нешто ново.Ништо страшно,се навикнува човек на се :)
     
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Искрено, јас мислам пак дека секој човек сам по себе е незаменлив. Буквално, на светов живеат милијарди луѓе, со милијарда карактери. Тоа значи дека секој човек како посебна единка си носи посебни карактеристики кога се работи за карактерот и изгледот.
    Родителите, брат ми, блиските и драги роднини, како и пријателите ми се незаменливи луѓе од прв ред.
    Дечковците се заменливи, да! Ако не ти оди со некој- најди си нов, друга солуција нема! Но, не можете да ме уверите дека не би ви фалеле некои убави карактеристики на бифшиот.
    Затоа, јас си стојам на ставот дека секоја човечка индивидуа е уникатна и незаменлива. Безразлика дали доброволно или принудно сме разделени од некого, сметам дека определени карактеристики од неговиот/нејзиниот карактер сигурно би ни фалеле :)
     
    На LivingGlam и Serafima им се допаѓа ова.
  12. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Како индивидуа, никој не може да не замени затоа што сите имаме свои единствени доблести и маани. И секако дека најблиските (мама, тато, сестра, брат и сл.) се незаменливи. Ама луѓето кои ни се пријатели, непријатели, познаници не се незаменливи. Затоа што сите тие доаѓаат и си одат, па секако дека некој ќе успее да ги замени.
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Хахаха кога ќе наидам на оваа изрека одма ми текнува на една колешка од работа, за пред пензија е па мора да и се прости, еднаш за одмор нешто правевме муабет, она нели како претпоставена ми вика е нема толку дена да земеш ќе земеш помалку а ја и викам е не може ќе си земам јас колку сакам има директор за тоа и она на мене-добро оди ама никој не е незаменлив, јас на тоа-да во право си, а требаше и да и објаснам за да не се цепа дека тоа важи и за нејзе. А свесна е дека јас сум и незаменлива токму нејзе, зашто и покрај се јас и ги извршувам и нејзините работи за кои на неа не и сече, зашто мразам одолговлекување на обврски.
    Значи зависи во која смисла го користиме изразов, во некои ситуации постојат замени, на пример на работа, отишла на породилно и некој ја заменува, а во љубовта не би рекла дека станува збор за замена, нечесно е да кажеш така, не може некој да ти користи за замена или па да му речеш на некој-јас те заменив со друг, не постои такво нешто, можеби си пронашла некој кој му ја зел улогата на поранешниот. Па и за близок свој, зар ќе му кажеш на брат-не ми се свиѓаш ќе те заменам со другар ми он ќе ми биде брат.
    Постојат некои фиксно одредени работи кои прво нема логика да се сменат, така е со луѓето, никој не може никого да замени завземајќи го притоа неговото место како индивидуа и дел од една заедница, на пример семејство. Можеби се менува улогата на луѓето во социјалната средина, но личноста односно појавата на некој човек бесмислено е да кажеме дека ја заменува друг човек.
     
  14. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Не. Вистина е дека многу луѓе влегуваат и излегуваат од нашиот живот, со време некои од нив ги забораваме, можеби доаѓаат нови на нивно место, но сметам дека никој неможе да биде како претходниот. Секој е различен, сите имаме различен карактер, различни рамислувања...Понекогаш можеби некои личности не потсеќаат на други според нивното однесување, карактер, постапки, но тоа се само сличности.. :?:
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Ова јас би го сфатила релативно.Може да се најде замена за некоја улога на некој човек во нашите животи,но како личност не верувам дека секој би бил заменлив.Има неколку личности во мојот живот што никој нема да ги замени,ама баш никој-во буквална смисла на зборот.Така да јас би се изразила -Не секој може да биде заменет
     
  16. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Според мене никој не е заменлив. Колку и да се трудиш никогаш нема да успееш да заемниш некого. Може само делумно, но целосно никогаш.Тоа е на некој начин само квота за полесно пребродување на загубата на одредена личност :)
     
  17. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Никој не е заменлив на овој свет.Колку и да се трудиш никогаш нема да успееш да заемниш некого...
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Не постојат две исти нешта на овој свет, така и со личностите.
    Секој е свој и единствен, било поради која причина некој повеќе не е дел од нашиот живот, тој некој бил единствен поради својата личност, постапки, манири, карактер и секако дека ќе остави некоја празнина.
    Не доаѓа никој кој го зазема неговото место, туку таа нова личност си го зазема своето место од нашиот живот, нашата животна историја што секојдневно ја пишуваме.
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ќе се повторам и ќе речам - секој има некој кој е незаменлив.
    И најчесто за некои луѓе сфаќаме дека се незаменливи кога засекогаш ќе ги изгубиме. Кога веќе физички не се присутни и кога ни оставаат дупка во душата.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Не би се сложила.
    Ние сме индивидуа една и единствена.Тргнете од фактот дека колку луѓе постојат толку човечки отисоци постојат.
    Можеби на работно место во спортски тим или на друга општествена функција некој ќе ве замени но само физички а не и психички.
    Луѓе ај бидете реални мама и тато може ли некој да ги замени,ете прост пример? НЕ!
    Значи дефинитивно според мене луѓето се незаменливи.
    Или некој колку и да се труди да замени некого,секогаш во тоаа нова личност ќе бара делови од старата личност. :!: Значи повторно доаѓаме до заклучок дека лучностите се незаменливи.