Зависи. Има некои што се незаменливи, на пример јас Кај мене досега колку и да сум мислела дека некоја личнст е незаменлива, дошла друга, подобра од претходната.
За се и сешто на овај свет постои замена,многу личности ги добиваме,многу ги губиме,животот е круг,постојано се вртиме во него и се бориме за нешто, е сега само прашање е колку веродостојна и компатабилна би била замената?Тој или таа што ќе дојде да замени некој,ќе биде на свој начин добар,лош,ќе ве засмејува,ќе ве повредува,ќе имате доживување на секакви моменти,и така во круг одново и одново
Точно е дека никој не е незаменлив. Единствено родителите, браќата/сестрите и роднините не можеш да ги смениш. На сите други можеш да им најдеш замена, особено на маж.
Не би се сложил во целос, да никој не е незаменлив но никогаш замената нема да биде иста како првиот објективно. Заменливоста е надополнување на нешто кое претходно постоело па си го изгубил или се изгубило.Поготово маж хаха
Неможам да кажам дека никој не е незаменлив....Кога родителите,сестрите,браќата,роднините се незаменливи....пред се родителите!
Има случаи каде што замената се покажала поквалитетна од оригиналот. Нормално, мислам на мажите. Убаво велат - по автобус и маж/жена не се трча. Секогаш доаѓа друг/а. Ако многу пребираш, нема да си најдеш замена.
Се сложувам со се и теоријата до некаде е така, поентата ми беше дали подобра или полоша првиот/првата оставаат трага во нас. Колку и да има замени
Баш така. Колку и да сакаш да заборавиш на некоја личност што ти наштетила, нема да можеш. Секогаш ќе се сеќаваш на неа. Тоа ти е животот.Има некои што не се ни трудат да најдат замена од страв да не бидат повредени повторно.
Е баш ми е мило. Не знаев дека и мажите знаат да пеглаат. Секој со својата среќа. Ретки се оние на кои што не им треба замена.
Тоа не се знае. Како велат - жена со еден к*р во гроб не оди. Ако е се во ред помеѓу партнерите, не е потребно. да дојде до замена.
Само мозокот сменете му го, да е попаметен и подобро да размислува и едно ново срце за да ме сака, друго ништо не ми треба.
Никој не е незаменлив и без секој се може и без секого ќе осамне.. ДА !!! Ама болката по тој што го нема секогаш ќе биде голема.