Ни со него, ни без него

Дискусија во 'Разделби' започната од lylaby, 15 септември 2010.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам да споделиме искуства на една деликатна тема верувам мн од нас ја искусиле..Што кога врската е монотона,што кога по ред икс проблеми во неа,настапува тап период кој укажува само на тоа дека разделбата е решение.Но,не е така лесно разделбата боли,жал ви е за партнерот,жал ви е за себеси без него,се потсетувате на мн спомени кога сте биле среќни заљубени...Кафињата се одвиваат со непродуктивни муабети,прошетките здодевни,кавгите се почести,а пусто неможете да се решиите на чекорот раскинување....Интимноста се сведува на еднаш неделно ако не и поретко водење љубов,но сепак надежта последна умира се убедувате себеси дека се ќе е во ред дека се ќе се поправи..
    Поконкретно мојот проблем заедно сме подолго време но некој период застранувам,не велам дека голем удел вина немам и јас ,но тој како да е индиферентен свесен е за состојбата но и тој се надева дека ќе се подобри,но само од себе ли?не е човек од акција не превзема нешто посебно да ја освежи врската само кажува дека е свесен и дека сака да е подобро,,,искрено ни јас не превземам ништо од икс проблеми поранешни кога сум вложила мн енергија верувам дека сега тој е на ред,баш како насловов без него не се може со него не се може,несакам да губам време залудно но не сакам ни да го изгубам но ако продолжи вака би била силна и би пресекла....мн ми е тешко,некако сум загрижена и напната...би ми помогнале ваши искуства на оваа тема,сигурно се наоѓа по некоја да каже како прекинала дали прекинала од вакви причини и ме интересира како знаете дека дражот е изгубен дека веќе нема место да се трудите??Да знаев дека оваа љубов е толку комплицирана,немаше да се вљубувам никогаш а паметам како малечка се што сакав е да го најдам принцот на бел коњ :) Верував во безрезервна љубов ,сакав да ја осетам...Но таа љубов навистина е преценета,поминува како пролетно кокиче...Ха која иронија не сум сигурна ни дали има љубов кај мене и партнерот веќе, сево ова ме збунува.....
     
    На ivaniane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    ни со него ни без него

    овој проблем се јавува во секоја врска. тоа е период кога настапува несигурност, се е исто, секој ден истата работа.... како секој ден да се повторува.
    ми се има случено ова, не викам не. ми беше ептен тешко. седевме, пиевме кафе... а двајцата ептен напнати, муабет нема, расправиите се зголемуваа, љубомората уште повеќе.... не можевме еден без друг, а не можевме ни заедно. едвај чекавме да се видиме, и кога ќе испадневме ќе се испокаравме или молчевме само, и едноставно чекаш да пукне врската.

    бевме свесни дека нешто не е во ред, дека не е како што треба.... и еден ден испаднавме, седнавме и здраво разговаравме. сфативме дека ова е период, дека се случува сето ова... и дека врската е на конец. и така решивме да си се ставиме малку на пауза, да си се релаксираме еден од друг, да посветиме време и на другите околу нас, да не сме толку време заедно.... едноставно да ја освежиме врската. и двајцата знаевме дека така е подобро, дека е подобро да ја спасиме врската на овој начин, отколку да се разделиме засекогаш.

    почнавме да си излегуваме со наши друштва. ретко се среќававме, и морам да признаам дека еднаш дневно, до два пати се слушавме... и за една недела пак си бевме заедно :wasntme:
    слушањето на мобилен не го изоставивме, немаше потреба од такво нешто, сепак ние не раскинавме.

    беатрис, сакам да ти кажам дека се случува сето тоа, и не е страшно се додека знаеш да го истретираш на вистински начин.
    кажи му ја целата ситуација, тоа како ти се чувствуваш.... и поминувајте помалку време заедно, така ќе имате време за сите околу вас, нема да ви биде монотоно, ќе имате време да си ги прераскажете случките од вашите самостојни излегувања, ќе се смеете повеќе, ќе си бидите по мили еден со друг...
    сето ова ти го кажувам од искуство. една ваква промена многу влијае на една врска, нормално во позитивна смисла.
    се надевам ќе се среди ситуацијата ;)
     
    На krEM4Eto, samsung666, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    ни со него ни без него

    Не се гледаме премногу токму тоа е проблемот,средбите се преку еден ден да речеме,но така сме истрошени.....едноставно како маѓијата да ја снема,кавгите пречести,незнам дали е време за пауза или пак за деф.разделба,тоа ме мачи најмногу,фала за советот 2468 поздрав!
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.802
    Пол:
    Женски
    ни со него ни без него

    немој одма да целиш на дефинитивна разделба :!:

    ете викаш дека проблемот е во тоа што не сте доволно заедно. приреди му романтична вечера, заминете некаде на викенд сами двајцата, правите некои интересни возбудливи нешта кои ќе ви сменат расположение.... е ако тука веќе нема резултати, тогаш оди на план б - пауза.
    верувај дека паузата ќе ви ја направи поинаква врската, од искуство ти кажувам. ќе ви ја врати магијата за која велиш дека веќе исчезнала.

    и знаеш како е? со него ти е тешко, ама без него ќе ти биде уште потешко!
    што би избрала?
    тешкото или потешкото?
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.209
    ни со него ни без него

    Беатрис јас го имав истиот проблем- љубовта кај мене веќе ја немаше, а кај него се повеќе се зголемуваше љубомората- посебно кога гледаше дека веќе ме губи.

    Не сакам да наведувам кои фактори доведоа до тоа мојата љубов да ја снема-многу се, само сакам да ти кажам дека се чувствував исто како тебе.
    Сеуште ми беш мил, ама го чувствував како близок другар- се почесто се каравме, сакав повеќе време да поминувам со другарките, да запознавам нови луѓе, со него едноставно беше постигната кулуминација и некако чувствував само обврска кон него.
    Правевме паузи, ми фалеше- баш како што вели бројче, без него ми беше уште потешко, навикната бев да го гледам и слушам секој ден, ама знаеш што? Кога се смирувавме јас пак длабоко во себе сакав да не сме заедно, се трудев да го потиснувам тоа чувство ама на крај пукнав.

    Дефинитивно се разделивме. Мислам дека тоа е фер и за двајцата- едноставно не сакав повеќе да го мачам и него. Сеуште го осеќам многу близок, нему му ја имам разголено и душата- не само телото, ама што да правам кога гледам дека не се слагаме веќе. Едноставно многу пати ја крпевме нашата врска што веќе немаше место за нова закрпа.

    Сега не сме во никаков контакт, знам дека го повредив премногу, (сакаше и да ме ожени) и се мразам заради тоа. Му кажав дека ми е жал, знам дека тоа не му значи ништо, ама сигурна сум дека кога ќе се соземе ќе му биде многу подобро отколку сега.

    А јас бидејќи одамна имав расчистено со самата себе некако не чувствувам некоја тешкотија- дури можам да кажам дека се чувствувам конечно слободна. Знам дека е себично, ама така е.

    Се надевам дека мојот пост ќе ти помогне во твојата конечна одлука.
     
    На angel25, eloves и Marija2314 им се допаѓа ова.
  6. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    30
    ни со него ни без него

    Во секоја врска постојат такви периоди, дури и кај тие
    сто се во брак, но се поминува!
    Треба да бидеш претпазлива, не треба една врска да се раскине
    усте од првите недоразбирања!

    Гледам дека не можеш без него, тогаш зошто!
    потруди се да се смириш, викни го почесто да се гледате,
    зачувај ја твојата врска,
    и со среќа!
     
  7. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
     
  8. medce

    medce Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Koga ja zapocnavme nasata vrska prvo bevme drugari pa potoa se pomina vo serioznost se sakavme bevme zaedno pominuvavme mn vreme zaedno go sakav i seuste go sakam no za zal negovata ljubomora je upropasti nasata vrska a posebno i toa sto ne bevme od isto mesto.Gi ostaviv drugarkite drugarite,izleguvanjata so prijateli samo poradi nego i pak ne uspeav da go zadrzam.Toj bese nepodnoslivo ljubomoren ,a nemase pricina za toa i sam si gi priznavase greskite deka e svesen za se sto mi pravi ama nikako ne se popravi.Sega ne sme zaedno veke edna nedela ama mn mi e tesko neznam dali zasluzuva da mu se molam za da bideme zaedno ili da prodolzam so zivotot bez nego.Samo prasanje e dali ke uspeam:(((
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031

    Љубомора во граници ок е, ама онаа другата е веќе болест ако може да се каже.
    Ке успееш и без него а со него ке направиш само грешка. Си чула икс примери претпоставувам како е и што се дешава кога мажот е многу љубоморен ??? Епа тоа и тебе ти се дешава
    Љубомората ја има и ке ја има кај него засекогаш, па ако можеш да се справиш со таа тежина тогаш продолжи ја врската. Сепак ти најубаво си знаеш и дали вреди да се жртвуваш
     
  10. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    384
    Неверувам да има некој,кој не го искусил тоа чуство.Да точно дека љубовта е како пролетно кокиче брзо поминува...но нетреба така лесно да се откажуваме.Јас со дечко ми сум во врска веќе 9 години и немој да мислеш дека тоа не сум го почуствувала.Можеби и тој се наоѓал во слича ситуација...Имало е моменти кога ми е било тешко,кога сум сакала да бидам сама,кога не сум знаела што да правам...кога едноставно не сум гледала ниту една светла точка....но што тогаш?Да сум се прашала како ќе ми биде без него...го знаев одговорот дека незнам како ќе успеам понатаму без него,кога до тогаш во се ми е бил подршка.
    Душо само едно да знаеш нема љубов како во филмовите и приказните..секогаш има криза.Точно дека страста ја одржува врската,но важни се и други работи...Еве мене дечко ми е се,и другар, љубовник...Во се ми дава подршка,нема ништо поубаво од тоа да знаеш дека некој те сака и подржува...Најважно е да се има меѓусебно разбирање,да се најде златна средина...секогаш да има за што да разговарате,да не останувате во тишина и да нема што да си кажете еден на друг..Знаеш понекогаш и молчењето е пријатно кога си со вистинската личност,доволно е само неговото присуство.А што се однесува до интимниот живот секогаш се има кризи,но никогаш не треба да се очајува...малку повеќе ќе ја употребете сексуалната фантазија,секогаш ќе се трудите да смислите нешто ново,некое изненадување,некое возбудливо место...има милион работи што може да се направат...
     
    На lebarka и maa им се допаѓа ова.
  11. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Ани да ,можеби е така но зошто да седиш во неквалитетна врска која секој втор ден ти создава ситни нервози кавги ситни големи,а кога е убаво е убаво но кога ќе извагаш зар треба убавите моменти да ги плаќаш со нервозите...Знам дека нема љубов како од филм почнав да се помирувам со тоа но ние луѓето се менуваме со тоа и односите меѓу себе стануваат поинакви ,секоја чест што сте ја одржале врската 9 години треба мн трпение љубов за тоа претпоставувам,ама еве баш мене нема да престане да ме копка дали седам и си го трошам времето кога можеби ме чека некој со кој и по неколку год поминати ќе биде помирно и поубаво...што знам незнам навистина :o
     
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    384
    Ако навистина не ти е убаво и ако сметаш дека работите неможе да се средат,нема што да се мислеш.Треба сама да одлучиш.И без разлика што ќе биде твојата одлука,нема потреба за ништо да се плашиш.Само биди упорна и не ја менувај одлуката...без оглед на тоа ако некогаш сватиш дека си погрешила..нема назад...животот тече понатаму.Нема тука место за каење и сожалување кога е во прашање среќата и иднината...позз
     
  13. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    11
    so deckoto raskinavme pred mesec dena zasto mnogu se karavme, imase mnogu negativna energija megju nas,.( tokmu poradi pricinite so gi navede devojceto), nemozevme ni zaedno ni oddelno.. pred nekoj period raskinavme, pa se smirivme...ovoj pat razdelbata trae vekje mesec dena. toj od togas pravi se za da se smirime..znam deka me saka..no ne znam jas sto cuvstvuvam...ednas mi se svigjaat drugi maski, drug pat mislam na nego i sum ljubomorna mnooogu koga ke pomislam deka moze da e so nekoja druga... a i ne mi e loso vaka single... go sakam, no ne tolku mnoooogu no nekogas si mislam deka mozebi povtorno bi se razgorela ljubovta ako bi bile pak zaedno. pa dajte nekoj sovet.. :))) ve ljubammm :*
     
  14. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Лејди ама баш незнам што да ти кажам саме хере :) Ако некој знае нешто паметно да каже добродојдено е но еве од страна кога те прочитав ако си ок и сингл,ако мислиш и загледуваш др не го сакаш со сета душа и срце па зашто да трпиш негативности кога можеш да побараш некаде каде владее позитива?!што знам :) позз
     
  15. KukLicka..A

    KukLicka..A Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    beatris и јас бев во таква ситуација до пред некое време можам да кажам дури уште и полоша јас не само што бев во врска со него туку и живеевме заедно . Јас се вратив кај мајка ми се гледавме повторно но тој сеуште беше љубоморен и не се измени . Љубомората е болест тоа никогаш нема да престани . За овие неколку месеци што сум сама сватив дека треба самите да се цениме повеќе знам дека го сакаш и ти него и тој тебе и би ти препорачала да не бидеш повеќе со него , мислам не мора да се разделувате па повторно да се гледате зошто така ќе ти биде многу потешко , едноставно стави крај ако мислиш дека пробал да се измени а неможи . Или кажи му ги отворено работите кои ти сметаат кај него , а ако тој не може да прифати да ги смени тие нешта тогаш едноставно не сте еден за друг .... Можеби некаде те чека вистинскиот ....
     
  16. ola

    ola Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Кога ги читам пораките на lylaby исто ко јас да ги пишувам. Не можам веке со него, но ни без него:/ . Многу ми е тешко. Не знам ни како да му раскинам.
     
  17. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Во оваквите врски НИ СО НЕГО,НИ БЕЗ НЕГО мислам дека нема хемија и поврзаност на партнерите.Тука љубов нема и никогаш не постоела.Вистинската и правата љубов не познава двоумење.Или сакаш или не сакаш,нема не знам.Затоа девојки мои размислете си убаво дали би сакале да си го губите времето со некој што не го сакате,не се загушувајте сами.Причината се знае,не те сакам и готово.Во долгите врски ова на сите им се има случено,но тој што вистински љуби не се откажува толку лесно.Затоа пред да се направи некој потег треба да се размисли со ладна глава за последиците што ке се остават зад себе.
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.841
    Со дечко ми сме заедно веќе една година. Многу се сакаме и ни е убаво кога сме заедно, но кога сме разделени (затоа што сме од различни градови) немаме никаква тема на разговор. Некогаш има за што да зборуваме но преовладува еден ист муабет сведен на тоа како си го поминуваме денот |( . Многу ми е непријатно и глупаво како да има голем ѕид изградено меќу нас а не е така незнам како да го надминеме ова затоа што е така да не речам уште од првиот ден. :(
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934
    Е па вас ви влијае далечината...Ама знам кога се има љубов и разбирање не треба далечината да биде пречка.Треба да се преиспитате дали навистина има нешто меѓу вас сеуште.За тоа е најдобро искрен разговор.
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.841
    Сме разговарале многупати искрено и отворено, не сакаме да се разделиме затоа што немаме причина за тоа, но еве пустиот муабет никако не ни оди, ниту сум пак јас некоја зборлеста ниту пак тој. Повеќе преферираме кога сме заедно да се гушкаме и галиме а кога не сме заедно и кога разговараме на мобилен ( по 3-4 пати на ден ) немаме никаков разговор. Можеби тоа што се слушаме пречесто да не ни вреди. :(