1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ни со него, ни без него

Дискусија во 'Разделби' започната од lylaby, 15 септември 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е па тогаш потрудете се и двајцата да има малку динамика во врската.Во спротивно ќе биде полошо и не дај Боже некој ќе стави крај.Ете ти биди таа која ќе иницира муабет,било каков..биди пожива спонтана...Ако тој е позатворен ти биди поотворена со него и иницирај муабет на различни теми.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки
    Незнаев каде да го сместам мојот проблем,па како најпогодна ми се виде темава :)
    Накратко ќе ви опишам. Значи вака имав дечко,идевме 6 месеци,раскинавме пред неколку дена .. во текот на врската често се каравме бидејќи многу ни се мешаа и секогаш јас бев виновна за се. На крај дознав дека додека бил во врска со мене тој се пуштал на некои други девојчиња(самите девојчиња ми кажаа,бидејќи сум блиска со нив) а мене ме лажел. Му кажав дека знам се ,се скаравме ,јас си отидов...Утредента ми се јави да разговараме,разговаравме ми вика се со им велел им велел на шала и му викам океј ајде било шо било,ќе замижам на ова но следен пат немој да се шегуваш на ваков начин и он ми вика океј . Пред неколку месеци побара да имаме односи (секако не се согласив,му реков не сум спремна да почекаме) и сега ми вика шо бидна со муабетот шо го праевме пред 2-3 месеци ,му викам во вркса со што ,ми вика па за односи и му викам епа незнам ,јас сеуште не би сакала, поминаа 2 месеци откако праевме муабет за тоа а ние со тебе се немаме видено 1 месец и повќе ( бидејќи студира во друг град) и он се разлути ,почна нешто да вика као јас студирам мора да сум отсутен ,добро шом тоа ти било проблем,сега веќе си слободна најди си друг нема веќе да бидеме заедно и му викам не реков дека ми пречи ,и он нема веза сега си слободна најди си подобар ,што ќе биде секогаш кај тебе ,ти незнаеш да сакаш,немаш срце,ти никогаш не си ме сакала и му викам така? он така. јас океј,така нека е.И раскинавме. За што? -за глупости..Јас сеуште размислувам и не сваќам зашто ми раскина :/ Не ми е јасна целата ситуација. Што мислите вие за сето ова? Како би постапиле? Утредента ми пиша порака да се смириме,да се премислам (најверојатно мислеше да му дадам ) и да се сменам. Му реков јас сум тоа што сум,кој ме сака таква ќе ме сака. Нема да се смириме ,штом јас немам срце и незнам да сакам сега оди кај тие што знаат да сакаат и имаат срце,остави ме мене. И толку сега не ми ѕвони,сега е на факултет у друг град,ама ког асе сретнеме сигурна сум дека па ќе сака да се оправиме.Што да направам. Ве молам кажете што мислите,како би постапиле..? Било каков совет и мислење ми е добредојден :)
    Ви благодарам однапред.
     
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Ме заинтересира Темава Ни со него, Ни без него-во ред но дали вреди да се жртвуваме кога во врската нема тон,нема нежност,освен чуство дека не знаете каде припаѓате,девојки/жени не заборавајте дека ние сме не сме бесчуствителни,не сме кукли,љубов нема љубов ако не се возвраќа. Доколку не е возвратена тоа е попусто губење време,или пак жал за него зошто?тој те жали ли дека со неговото однесување?! Не дозволувајте никому да ви ја крши душата,срцето на парчиња.Никој ама баш никој нема такво право!
     
    На sweet25 и Stefaani им се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Долго време бев во слична ситуација со бившиот дечко. Едноставно не знаев дали да тргнам напред, без него, или да останам со него, тапкајќи во место. Не врзуваа многу работи, секакви спомени, убави и неубави, многу караници, солзи, но о д друга страна и оние волшебни заеднички моменти поминати заедно. Само кога ќе се сетам колку пати стававме крај, кој не беше конечен. Повторно се враќав кај него. И тој кај мене. Имаше моменти кога си мислев дека дошол крајот, но телефонот ќе ми заsвонеше, на екранот ќе го видев неговото име, и толку беше, од мојот силен карактер и волја не остануваше ништо.

    И така продолжувавме, иако од ден на ден врската ни стануваше се полоша, скоро и да немаше ден без караници. Знаев дека крајот се ближи, а немав сила самата на себе да си го признаам тоа. Тој постојано ме обвинуваше за кризите во врската, според него јас бев таа што е виновна за се, јас не сум се трудела, ми било сеедно и слично. А всушност тој беше тој на којшто му беше сеедно. Но нападот за него беше најдобра одбрана. Најмногу ме болеше тоа што тој не можеше, или не сакаше да ги сфати моите напори, не сакаше да сфати дека јас бев таа која се вложуваше за таа врска да успее, која и покрај грешките, не сакаше да се откаже толку лесно. Го разбирам и него, беше изневерен, но се договоривме да се обидеме. Всушност тоа беше денот кога неговото однесување се смени, што е и целосно разбирливо.

    Потсвесно знаев дека веќе ништо не е исто, ама нешто во мене не ми дозволуваше да се откажам. Со него ми беше тешко, мислев дека поминувам низ пекол. А помислата дека можам да останам без него ми беше незамислива. Како да го губев здивот кога помислував на продолжување на мојот живот без него. Знам дека звучи смешно и патетично, но така се чувствував. Со него ми беше тешко, а мислев дека без него нема да издржам. Донекаде беше и навика, имав потреба постојано да биде до мене, да ми биде на дофат.

    Ама ете, подобра беше горчливата вистина отколку слатката лага. Дојде конечниот крај. Беше само прашање на време, а јас не го молев, не зборував. Во тие моменти се почувствував како единствениот виновник за тоа што не успеавме. Сега не мислам така, двајцата сме криви затоа што не се изборивме. Се се случи со причина. На почетокот ми беше многу тешко, бев на работ на депресија ама се извлеков, можеби на малку погрешен начин, но не дозволував да се затворам дома. Настојував да немам време да мислам на него, си наоѓав банални обврски за да го одвлечам вниманието.

    Дали ми е подобро без него, незнам, ама знам дека не бевме створени еден за друг. На некој начин ми олесна. Крајот е крај, се скршило, па дури и да се залепи веќе нема да биде исто. Затоа нека остане така, а јас ќе се сеќавам на убавите заеднички моменти. Можеби постов е предолг, ама имав потреба ова да го напишам, од една страна за да расчистам некои работи со себе, а од друга-затоа што се надевам ќе им помогне на девојките што имаат ваква дилема. :)
     
    На joana18, Jelena-JK, samsung666 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    836
    И јас имав една слична ситуација, пред недела и пол раскинавме со дечко ми и овој пат дефинитивно.
    Требаше ова дефинитивново да е уште пред 4-5 месеци ама ете се измалтетиравме обидувајќи се но не одеше. Дури последниов месец кога ќе се слушневме немавме тема на разговор, молчевме, а ако требаше да правиме муабет ми велеше зошто не ми кажа кај беше, со кого беше, и јас бев таа што лаже, што не кажува кај оди, со кого, мислам нормално кажувавме ама последниов еден мосец јас мораше да му кажам и до ВЦ да сум одела, за господинов да си знае.
    Секоја вечер си миселев дека ова не може така да продолжи само се малтретираме утре ќе му раскинам и секое утро го менував мислењето надевајќи се дека ќе тргне на подобро. Ама не, па така средата се скаравме пак за глупости и рековме овој пат готово.
    Еве петок е, скоро една недела и пол не се имаме ни слушано ни видено, на моменти ми фали но не ми е толку тешко како пред 5 месеци кога мислев дека е крај, тогаш не можев да се замислам без него. Сепак не ми е толку сеедно ама подобро вака.
     
  6. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Интересна тема... Гледам сите се "пофалиле" па имам едно прашање до сите :)
    Раскинавме со дечкоми пред 2-3 месеци ама постојано се слушаме, ке се видиме, се сакаме и двајцата тоа нема збор.. Раскинавме затоа што он смета дека не е изживеан и дека јас го гушам во најубавите години па сака да проба што се нуди наоколу и несака да е во врска со мене, и се ова бидејки пред мене немал друга а јас сум имала 4ца :wasntme: Е за да биде поинтересно, за да бидам со него во иднина УСЛОВОТ Е он сега да праи што душа му сака, да е*е све што ке има прилика (а има доста), јас се тоа да трпам и да не искочам од дома и кога ке му помине тоа тогаш ке се увери дека ств го сакам и пак ке ми даде шанса да сме заедно...
    И сега ме мачи ова НИ СО НЕГО, НИ БЕЗ НЕГО... Секој совет е добродојден :)
     
    На samsung666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    колку години имате ако не е тајна ?
     
  8. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    22 :) Знам сигурно ке кажете дека сум луда ако се согласам ама ПРЕМНОГУ ГО САКАМ СТВАРНО!
     
  9. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    5.525
    те разбирам ама што можеш ти да смениш.тој си прави како си сака
     
  10. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49

    Мој совет е да го оставиш и да си тераш живот, само да не менуваш партнери туку ако стварно го сакаш кога ке ти пригусти да си бидеш со него, бил фер ти кажал, па сфати си сама ... и подобро е да прекинете контакт зашто ке ти биде потешко бидејки не е само твој, а ако се сакате еден ден и ке бидете заедно, мада јас во ваква ситуација би го оставила под итно без никаков контакт ... зашто (ако не е иживеан тоа нема врска) подобро со една 20 пати квалитетно отколку со 20 различни катастрофа ... ти си млада ке си најдеш некој што ке сака да биде само твој и гледај барем малку повозрасен и искусен ;)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    не можеш да сакаш некој што ти го скршил срцето, што те кренал во облаците а потоа те акна од земја најсилно. не можеш да сакаш некој кој не може да направи се за тебе
    му простив што излезе со бившата, му простував што ме забораваше (на договорено)
    ама како да му верувам дека ме сака? дека сака да биде со мене?
    како да му простам што ја откажа нашата веридба без посебна причина, јас сеуште не знам за што :worried:
    тешко ми е без него а уште потешко со него
    немам желба ни да го видам ни да го бакнам, му немам речеко срце, сонце или било како, разговарам ко со странец а тој... ко ништо да не било :x
     
    На H.VAGA и Leika им се допаѓа ова.
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Еј ова беше добро ДА СЕ ИЖИВЕЕЛ,а ти да го чекаш тадури може и шанса да ти дал .
    МОЈ СОВЕТ
    Типов ни под разно не те заслужува,среди се и сфати уште многу пати ќе бидеш вљубена,само внимавај типов нека ти биде поука тој ѓи прегазил твојте чуства.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ani.ta

    Ani.ta Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    слободно можам да пишувам во темава.значи девојки ми треба помош не знам пто да правам .Имав долга врска 3 години и пред една недела прекинавме.Тој е претерано љубоморен,го имам изневерено да,ама тој мене 15 пати.Имавме многу падови,и секогаш успевавме да се вратиме повторно.Неможевме еден без друг,навистина постоеше љубов ама од премногу грешки што ги правеше тој,јас оладував и ми стана ладен, не ми беше гајле кога се караме,секогаш тој ме бараше,значи стварно ме сакаше.Јас го изварав и тој ми опрости,ама се оддалечи од мене.Се слушавме,да,ама се оддалечивме.Тој почна многу да напиња,да ми кажува со кој да се дружам,со кој да зборам,а со кој не.И јас неможев веке и се договоривме да се стајме на пауза.За време на паузата сватив дека не го сакам толку многу,немав желба да му се јавам ,секогаш тој се јавуваше и му кажав дека сакам да прекинеме.Ме молеше за нов почеток,плачеше,дека ке се смени,нема ништо да ми забранува, дека ке прајме се шо сакам јас,ме молеше 2 недели.Но јас почнав да пишувам со тој шо го изневерив дечко ми,и не знам кого сакам.Не знаев со кој да останам од нив двајца.И така прекинав со дечко ми.Сега ми пишува ама во една порака вели не сака веке ништо со мене,а во друго колку многу ме сакал,и дека додека пишува пораката плаче.Му го имам пасс на фб и видов дека се гледал со една,а пишува уште со 15 и на сите им го пишува истото.А мене ми вели дека ке најде друга,јас не сум била за него,многу сум го повредила со сум се гледала со оној.Мене многу ми е тешко,во еден момент сакам да остане со мене, а во друг не ми е галје за него.А моментално се тешам со оној вториот,се слушаме ама во него го гледам дечко ми.Што да правам??
     
  14. vesni4kaaa

    vesni4kaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8

    Можам да кажам дека моментално и јас ја поминувам твојата животна сторија, нашиот крај беше пред 5 дена и еве се уште се борам со мојава тага и болка...но твојов пост ме охрабри и некако ми даде сила... Почувствував потреба да ти кажам благодарам :) :*
     
    На samsung666 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    мојов проблем е сличен како и од некои од претходните девојки.. значи ја нема таа хемија која што ја имаше на почетокот, од секогаш имало расправии (не за сериозни работи, туку само за глупости), а знам и дека ќе ги има понатаму.. многу ми е долга приказнава, можам да се оставам од пишување, ама ќе се обидам да бидам најкратка што можам.. Заедно сме скоро 3 години, секогаш сме се карале за што не, а и секогаш сме опстојувале поради мене затоа што сум таква личност што ќе преќути за да не дојде до тешка расправија, ќе оставам да мисли дека е во право за да не се расправаме.. а дечко ми е таков карактер што е одма избувлив, само он е во право, он е најдобар се он.. кога и да се расправавме јас ќе корнев коси, ќе плачев, а он после пола саат ќе си дојде исто како ништо да не било, како ништо да не рекол.. и после сиве овие години ми дојде преку глава.. си ќутев ама полека во мене чувствата се намалуваа, почнав да имам одбивни чувства кон неговата фамилија, ме нервира начинот на кој се однесуваат неговите родители затоа што не се однесуваат како семејство а и му го немаат доловено поимот семејство како што тоа го направиле моите за мене.. не знам како да ви објаснам.. стравувам дека утре кога ќе бидеме во брак он ќе ги има истите карактеристики, истото однесување како и неговите родители, нешто што најмногу ме нервира и ми е одбивно.. многу мисли ми се вртат во глава.. а премногу ми е сериозна врскава, моите со неговите се знаат.. плус дечко ми многу добро стои со моите дури повеќе со нив се сложува отколку со мене.. се зависи од мене.. а и пред 2-3 дена го слушнав како се договара да иде на едно место и се обиде да скрие од мене, ме лажеше дека спие дома.. видов дека ја нема колата од паркинг, отидов до тоа место (кај другар) и беше таму потпрен до друга девојка (а да не заборавам ретходно на телефон збореше “има ли нешто за мене“).. и кога го видов таму ми се пресекоа нозе.. знам дека ме нема варано со неа, ама од друга страна не сакам да бидам будала за утре да зборат еј види ја дечко и ја лаже дека спие а он шета и она уште си е со него.. ај за тоа мање-више ама па може утре ќе сокрие нешто друго од мене, може утре ќе ме извара.. може ова не му било ни прв пат.. многу работи ме мачат.. многу работи ни се заеднички многу сме поврзани.. од една страна сакам да почнам нов живот да најдам некој подобар и повисок ( понизок е од мене, воопшто не си одговараме ни физички, ни според хороскопските знаци) изгледот на крај, ама карактерот ме јаде од внатре.. во целосна дилема сум.. знам дека во секоја врска има кризи, оваа криза зависи од мене.. јас сум таа што треба да одлучи, ама не знам што да правам, да продолжам или да прекинам.. од една страна сакам да прекинам, ама од друга не сакам да го изгубам, некако многу повеќе во него гледам како близок пријател отколку нешто друго.. за разговор неможе со него да се прави асален затоа што не можеш на крај да излезеш со него, одма се расправа по негово си кажува што му дојде, се само за он да биде во право, а јас таа кривата.. многу работи изнапишав, демек кратка ќе бидам, ама пократко од ова неможев.. може ќе ве збунам, ама стварно се надевам за некој совет кој добро ќе ми послужи, затоа што утре морам да му кажам што сум одлучила.. а инаку заборавив да пишам вечерта кога го видов таму му раскинав и наводно не ми е дечко ама пак исто ни е се, само што јас сум ладна а он ко ништо да не било.. а да и уште ми вика не ми е јасно зашто се лутиш, јас легнав да спијам и ми се јавија само да ги однесам до таму и одма се враќав, не те варав, за глупости се лутиш, ќе ти кажев сабајлето дека сум ги донел до тука.. а да сакаше стварно да ми кажеше ќе ми кажеше од претходно кога се договараше на телефон а мислеше дека јас не го слушам.. што мислите вие, јас се побудалувам не знам што да правам, он пауза не сака, или продолжуваме или раскинуваме.. а знам во себе дека ме сака многу, се гледа тоа, дури и татко ми ми го има тоа кажано.. а ја самата сум 50-50 и сакам и не сакам да продолжам.. ни со него-ни без него..
    Поздрав до сите се надевам ќе ми помогнете да одлучам што ќе биде најправилно!! :*
     
  16. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    девојко секоја чест за сето ова што си го напишалаверувам дека многу девојки па и жени ке се пронајдат и ке поразмислат што и како понатаму.........Како што и сама рече подобра е горчлива вистина отколку слатка лага,бидејки барем дел од душата и срцето нема да бидат целосно скршени,што значи повторно ке се има надеж.........а за спомените не грижисе ке станат бледа сенка,за накрај што веке и ке ги нема........
     
  17. BabyGooo

    BabyGooo Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојќи. Јас сум нова па сакам да ја раскажам мојата ситуација па ако можете да ми дадете некој совет...Имав дечко со кој бев многу поврзана,дененоќно бевме заедно, и на работа и после работа без разлика дали кај мене или кај него. Јас бев во неговиот град под стан и заедно работевме на исто место.Но се случија некој работи и јас морав да ја напуштам работата. И на двајцата ни беше многу тешко бевме навикнати да бидеме нон стоп заедно. И бидејќи ја напуштив работата не си најдов во мегувреме друга морав да си заминам дома (да го напуштам станот и да се вратам во мојот град) бев многу разочарана и се плашев незнаев што ке биде понатаму со нас...се вратив се слушавме постојано си пишувавме на ф.б и се беше ок...му идеше роденден и сакав да го изненадам и успеав во тоа отидов во неговиот град за неговиот роденден,му купив подарок,му купив торта срце со свеќи со се,беше баш романтично иако некој ми велеа дека не заслузува...Помина неговиот роденден и јас се врартив пак во мојот град од тогаш се се смени и неговото понашане и се. Понекогаш ми идеше да ставам крај на се но не бев доволно храбра,сепак многу го сакам и многу ми значи. Сум му го доказувала тоа на 1000 начина но сепак тој е многу лубоморен и тврдоглав,а и не знае да цени.Многу повеќе влозувам јас за во врската за разлика од него. Откако се вратив постојано почнавме да се расправаме за ситници се му сметаше, беше нервозен од работа па на мене ќе се истуреше ајде јас ќе премолчев за да не се расправаме но тоа не се издрзува. Секој ден со кавги,секој ден со нервози,со пролеване солзи...немозев да издрзам и завршив во болница (имам здравствен проблем и несмеам да се нервирам,а јас постојано бев со нервози со стресови со солзи на очите)откако тоа се случи несакав веке да слушнам ништо занего не му се јавував,а тој постојано ме бараше. Решив да му дигнам ми се извинуваше ми обеќаше дека нема да е така како порано бла бла не одеше една недела така и ете пак сме скарани. Но овој пат ме повреди толку много со тоа што ми кажа никој пат повеке да не му се јавам во животот и дека е КРАЈ...откако се скаравме дента вечерта ме побара неколкупати не му дигнав...помина 1 недела откако сме скарани не ме беше побарал од таа вечер кога ме побара последен пат оваа вечер ми се јави што ме изненади. Му дигнав и само ме праша што правиш,што има ново,како си и добро ајде ке се слушнеме и ми исклучи. Јас кажав не му се јавувам иако срцето ме боли бидејќи го сакам многу незнам што да направам неможам ни со него ни без него..ве молам за совет...ви благодарам однапрет...
     
  18. Nicki.M

    Nicki.M Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Imam 15 godini i nikoj ne me sfaka kako mi e znam deka sum mala za deckoi ama nema koj da mi kaze kako da postapam.Mnogu go sakam mozebi i premnogu koga ke se pocetam na minatoto koga izleguvavme nemozam a da ne zaplacam ova ne e vrska :!: duri ne se muame samo izleguvavme i se dopisuvame na fb ama kako so minuva vremeto taka se poveke on pocnuva i da ne mi pisuva ili mi pise ama nema so da zboreme ne e kako porano nisto ne e
     
  19. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Светот на дланка му го подарив не му беше доволно.
    Се мразам самата себе што го сакам толку многу. Сакам да помине оваа болка и да бидам со некој што вреди, што е како мене, што размислува како мене.
    Изгледа премногу сакам, премногу давам, а не добивам ништо за возврат.
    Кога едниот ќе престане да се труди за врската пишете и крст... толку од таа врска, толку од глупостите што ви ги ветил и филмовите што сте ги правеле во главата.
     
    На Lily92 и krEM4Eto им се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Секогаш доаѓаат вакви тапа периоди .. Минав низ еден таков на неполни 15 фодини .. Врската траеше 6 месеци од кои 2 прекрасни исполнети со убави спомени а останатите 4 со расправање , солзи и напнатост .. Тогаш бев мала и неискусна , тој ми беше прв дечко со кој останав подолго од 2 недели , но беше постар од мене 5 години .. Беше период кога тој сака односи и се тоа меѓутоа не смееше со мене . Никогаш не побара такво нешто од мене , не ми ни спомнал некогаш секс , ама јас ја чувствував таа напнатост , таа потреба .. Секој ден тонев се подлабоко во дупка .. Се нервирав за ништо , за ситници .. Тој велеше дека нема ништо со никоја дека е само со мене ама јас не му верував . Се сомневав во неговата верност , и така се поќесто почнавме да се расправаме . Последниот пат кога се видовме решивме дека секој треба да трфне по свој пат . Тој да е со некоја повозрасна од мене , а јас да си најдам некој кој ќе ми парира и за возраста и со карактерните особини . Но секој пат кога ќе се опиеше ме бараше мене . Вечерта на НГ тој во кафиќ а јас во локал од каршија . Не знаеше дека сум таму ниту пак јас дека е тој во кафиќот . Другар негов излегуваше со моја најдобра другарка и само тој знаеше каде сме и двајцата , но мене не ми кажа ништо за него . Веројатно тој му кажал на бившиов мој дека сум и јас со женска му карши во локалот . И дојде . Си честитавме НГ , испивме по една чаша , и си замина . Утрото ме барал , но не сум слушнала телефон .. Од тогаш немаме никаков контакт .