1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова Љубов

Дискусија во 'Врски' започната од Alexandraaa123, 29 јули 2016.

  1. Alexandraaa123

    Alexandraaa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Девојки не знаев дали има веќе ваква тема па направив нова.. После долга врска, после тежок период (да не објаснувам многу за предходната врска) запознав еден дечко што ми го привлече вниманието :) Излеговме неколку пати, премногу ми се допаѓа не само физички, но има нешто што ми смета кај него. Знам дека сеуште е рано, но он е премногу срамежлив. Излеговме 6 пати до сега, сеуште не сме се смувале. Кога сме заедно му се тресат рацете, трепери целиот..Потоа кога ке стигне дома ми пишува дека сум била многу убава таа вечер итн. Сеуште го немам заборавено бившиот скроз и цело време правам споредби дека со него ми беше многу поопуштено уште од самиот почеток,по забавно, се чувствувавме како да се знаеме цел живот.. Дечково е многу "стегнат" и со тоа не ми дозволува ни јас да се опуштам како што треба.. Не треба да ги споредувам, со бившиот завршило и нема враќање назад, сакам да продолжам понатака, да запознаам друг и еве го дечкото што после толку време ми се допадна, но не знам како да се однесувам со него,а знам дека му се допаѓам.. :doh:
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Помогни му. :) Биди ти опуштена и ќе се опушти и тој наместо тој тебе да те ,,стегнува''.
    Ќе помине со тек на време, да не си му прва девојка?
     
  3. Doris123

    Doris123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2016
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Можеби незнае како ќе реагираш,гушни го ти види како ќе реагира можеби после по опуштено ќе се однесува :)
     
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.944
    Допаѓања:
    50.025
    Пол:
    Женски
    Можеби е по природа срамежлив, ама со тек на време ќе се опушти. Помогни му биди и ти опуштена и тој ќе се опушти, почеток е затоа се можеби срами не е ништо страшно.