1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова Владина мерка за вработување на млади до 29 години

Дискусија во 'Политика и настани' започната од butterfly4, 5 март 2014.

  1. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    http://vecer.com.mk/?ItemID=C4FC4D4DAC2A5749A3E76012799FEE56

    Ова е дискриминација.А што е со лицата над 29 години и кој нив би ги запослил.Ако јас сум "газда" ќе вработам некој под 29 години и тоа врз база на оваа мерка а тој што е над 29 нека се "пензионира" одма,зашто веќе не е способен за работа,така му доаѓа или помали му се шансите речиси никакви бидејќи за него ќе треба да плаќам одма се што треба по законот,а вака имам една година гратис. :!:

    Што мислите вие за ова???
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Оф, нова мерка, од толку мерки што имаат, се повеќе има невработени.Барем да пишеа за кого важат, не за млади до 29 години.

    Што да мислиме, се е смислено предвреме од нашиве :geek: Можеби само посебни луѓе вработуваат, не сите, само они кои имаат привилегии, за останатите „ има време“.
     
    На butterfly4 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Да, да има време. Пред некој ден бев со другарка до заводот за вработување и еден вработен и вика а ти не се пријавуваш? Таа му одговара не, јас сум 31, со напишана магистерска, не спаѓам во ниедна група за вработување. Да преживеам уште 20 години, па од 50 ќе влезам во некоја програма за вработување. :x
     
    На butterfly4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    И тие под 29 ќе се осреќат, сега пред избори ќе ги залажат по три месеци за некоја минимална сума (истата сума ако не и повеќе ќе отиде за работодавачот, наместо работникот да земе цела плата, овие ќе им ја делат). После тоа работодавачот нема да има обврска да ги остави истите на работа, може да земе друг, кој баш тогаш ќе биде невработен а нему познат.
    Ова да не знае човек дали да плаче дали да се радува на ваква "мерка"
    И оваа мерка не е нова, ја имаше и лани.
     
    На Hipster и butterfly4 им се допаѓа ова.
  5. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528

    И тоа знаеш кои ги имаат тие привелегии и овде,да бидат потрчковци,да трчаат по митинзи,да имаат книшки нивни,едноставно тие за мене се продадени души.И ова го пишувам од се што гледам по друштвените мрежи,ги гледам како се сликаат и после слушаш оп(иако нема два грама мозок,ни факс)на убаво место администрација врботени,а тој што учел и се надоградувал со години(ама нема партиска книшка)и е неопределен партиски,воопшто не го интересира политика,ќе си чека и ќе се моли да му опали среќата по нормален пат. :tmi:
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Море коса ми се крева ко ќе ми текне, кои луѓе се вработени.Нашиве се прават ко да не се од тука.Мерки преземале, ќе се намалела невработеноста.Да кажеа за која држава станува збор, оти вака не изгледа како за кај нас да зборат.И таа Агенција, ко ќе ја слушнам, алергична станувам од неа, од што знам дека лажат, па и пријавен да е човек, па нема да најде работа.Оти ред се чекет во државава.Се некакви мерки, процедури, а немаат врска.Камуфлажа прават само за начинот како се вработува, уствари.Изгледа меркиве, нешто не им функционираат баш.Може треба да ги сменат од корен, да прочистат малку околу работните места, да проверат, кој, како се вработил, па потоа нови мерки да преземаат, кои ќе бидат строги.Затоа што апла се прогледува низ прсти кога станува збор за вработување и нит мерки важат, нит ништо.Тоа и на Обама му е јасно, веќе.

    Оние кои што со години учеле, што се мачеле и од чекање ќе им се смачи, што нормално и ќе биде да сакаат да си заминат од државава.Како што реков, „ има време за нив, цел живот“.

    Можеби пак нашиве не зборат за некакви мерки, нешто изгледа се помешале или на друг јазик зборат, па сами себе се разбираат.
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Работодавецот има обврска да го држи работникот уште 12 месеци, а доколку дојде до прекинување на работниот однос од непознати причини, работодавецот има обврска во рок од 15 дена да прими на работа друго лице до 29 години. Еве ја дупката :D
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Јас слушнав дека доколку оваа програма покаже добри резултати, Владата планира да ја повтори со проширување на старосната граница (повеќе од 29)...

    Ја како што разбрав, работодавачот е обврзан вработениот 2 години да го држи на работа, од кои првата ќе биде ослободен од плаќање придонеси.

    Дај Боже да се вработат повеќе луѓе. :)
     
  9. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    A можно е и да е само реклама за да се труби по вести дека владата прави нешто а во пракса да не профункционира...

    Туку јас сум пријавена на работа од пред еден месец, сега треба да ми се платат придонесите за февруари, ме фаќа ли и мене оваа мерка, или важи само за тие во иднина што ќе се вработат?
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    ^ Работодавачите треба да поднесат барање до АВРМ доколку се заинтересирани за користење на оваa можност.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Владата донесе нови законски решенија во три закони со кои се предвидува ослободување од плаќање на социјални придонеси за работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат млади лица до 29 годишна возраст кои се наоѓаат на евиденција на Агенцијата за вработување на Република Македонија како невработени лица.
    Работодавач кој ќе вработи невработено лице до 29 годишна возраст, ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за тоа лице и тоа:
    -придонеси за пензиско и инвалидско осигурување,
    -придонеси за здравствено осигурување,
    -придонеси за осигурување во случај на невработеност.
    Ослободувањата од социјалните придонеси за работодавачот ќе бидат во период од 12 месеци, со обврска понатаму работодавачот да го задржи на работа ангажираното лице за кое бил ослободен од плаќање на придонеси уште дополнителни 12 месеци.

    Услов кој треба да го исполнува работодавачот кој ќе вработи невработено лице до 29 години, е да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време после 31.12.2013 до денот на вработувањето на новите работници за кои ќе важи оваа можност, се разбира освен во случаи на смрт или пензионирање или заради прекршување на Законот за работни односи од работникот. Работодавачот треба да поднесе барање до Агенцијата за вработување за користење на оваа можност и бенефиција. Работодавачот кој неосновано, ќе го намали бројот на вработени во период од 24 месеци и ќе го откаже договорот за вработување со ангажираното лице, има обврска за плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување.
    Таргет група која може да ја користи оваа мерка се 45000 млади невработени лица до 29 години кои се наоѓаат на евиденција на Агенцијата за вработување, од кои 25000 се изјасниле дека се активни баратели на работа и 20000 се изјасниле дека се пасивни баратели на работа. Ние и во идниот период ќе продолжиме со реализација на програми, мерки, активности за зголемување на вработувањата
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.758
    Да, ова е позитивна дискриминација затоа што невработеноста кај младите до 29 години е околу 54%, а кај другите околу 30% (што би рекле овие од Влада, 28,7% :lol: ). Има различни мерки за различни групи, не е само за млади. Порано долгорочно невработените беа во фокус, едно време жените, сега се младите. Поради големата невработеност кај младите и масовното отселување (особено на младите со високо образование), има посебни мерки за нив.

    Инаку мерката е планирана уште од 2012, кога го правеа акцискиот план за вработување на млади, не е сега измислена, само “случајно“ се погоди да ја воведат баш кога има избори.

    Како и да е, се надевам дека ќе донесе резултати и дека многу млади ќе успеат полесно да си добијат работа.
     
    На vickyy90 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  13. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    од една страна сум за, од друга против... сум за затоа што, па и редно време беше некој да се сети на младите, најголемиот број се невработени, што придонесува и до иселување во странство и до намалување на наталитетот, немаш работа, немаш пари, немаш ништо и што ќе правам тука или на која основа ќе основам семејство знаејќи дека немам пари за ништо... сега барем ќе се вработуваат повеќе млади... е сега против, каде се другите групи, зарем нема лица што не се вработени на 30 и кусур години, па и тие се луѓе, само на пензинери се дава, брачните парови, младите, студентите, ги нема никаде... друго против, ете баш пред некој ден, прочитав оглас на телевизија како бензинска пумпа бара работници до 29 години, тоа е веќе дискриминација... али тоа е, друго чаре нема, тоа е нашата убава македонија
     
  14. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
     
    На bubamara12345 и Ergen31 им се допаѓа ова.
  15. Ergen31

    Ergen31 Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    ajde toa nego sto pravime za tie sto se od 31 godina pa na gore kakvi merki ce ima vladata za niv ??
    posto i nie sme gragani na ovaa drzava
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.758
    Позитивна дискриминација се воведува секогаш кога некоја група не е доволно застапена во економијата, политиката, образобанието итн. На пример тоа што на избори секоја трета треба да е жена е исто така позитивна дискриминација. Или квотите на факултет за различни етнички заедници. И не е нешто што ние сме го измислиле, одамна се применувало во многу поразвиени земји од нашата.

    Далеку од тоа дека на 30 години си стар, ама според статистиката, младите до 29 се најзагрозени. Така се категоризирани кога се собираат податоците и затоа е до 29. Во многу други земји за млади се сметаат до 24 години, ама кај нас е границата поместена до 29-30 токму затоа што подоцна завршуваат студии, подоцна успеваат да најдат работа и да се осамостојат. И за други ранливи категории има мерки - самохрани мајки, социјални случаи итн.

    Не знам, за мене нема ништо чудно во меркава - ако % на невработеност кај младите е речиси двојно поголем од другите, логично ми е да се преземат мерки.
     
    На vickyy90, mimiiiii, Nati.P и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Мислам дека оваа мерка е донесена наменски не само за да не се иселуваат младите туку поради тоа што донесоа мн странски инвеститори па да им олеснат уште нешто (од сето она што им го даваат како поволности со даноци ,земјиште за 1еу и сл ).Добро е и за едните и за другите донекаде, но реално ако погледнеме ваквите непромислени одлуки ги плаќаме сите ние граѓаните (разбирам дека има голема невработеност и целна група се младите да се вработат но вака САМО одредена група на луѓе се става во предност ,постои дискриминација ЈАВНА што ке вроди со негативни ефкети на поголемо иселување на искусен и образован кадар )
    Да земем еден пример каде јас ја гледам негативноста од овој (закон) .Ако една фирма имала х х вработени луѓе +30год сега ке најдат добра причина да ги испуштат за да си вработат млади луѓе каде ке им биде олеснето законски и финансиски на фирмата .Мн потешко ке се наоѓаат слободни работни места за +30 год сите ке сакаат да го фатат овој закон .
    Дефинитивно мора да се поништи за да не дојде до дисбаланс поголем .Младите немаат искуство во секоја работа,па претпоставете како би изледала одредена работа од луѓе што се вработени поради фактот дека газдите ке имаат поглем ќар со нив :!: .Мене ме плаши не стручноста и крајнот резултат после х х време каде мн луѓе ке останат без работа поради овој закон (предлог ) што и да е ...

    (Сигурно дека ке има и позитивни ефкети законов но и негативни .Резултатите ке си покажат дали ке читаме повеќе во темата за бугарски пасоши.Јас лично ако се почувствувам загорезне поради оваков закон сигурно дека би бил еден од оние што нема да размислат 2 пати за вадење на друг пасош ,преселба и сл .Од оваа држава се може да се очекува па и нивните безвезни закони не би ги трпел каде има
    дупки што можат да ми го загрозат статусот,честа и достоинството )
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.758
    ^
    Не мора да значи, затоа што вакви мерки има повеќе, не само за млади. Има за фирми кои сакаат да се прошират и да вработат повеќе луѓе, со тоа што тука се става акцент на оние што се невработени повеќе од една година, без разлика на возраста.

    Еве го линкот http://www.avrm.gov.mk/programi-i-merki ... vanje.nspx

    И целиот оперативен план на АВРМ за 2014, со сите мерки предвидени за оваа година: http://www.avrm.gov.mk/content/Document ... anuari.pdf
     
  19. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.468
    Точно е дека оправдано оваа мерка предизвикува револт кај останатите,но сепак има доста дипломирани до 29 год кои не по своја вина немаат ден работно искуство.Неможе да дојде до намалување на бројот на вработените и отпуштање на др вработени за да се вработат нови бидејќи јасно е нагласено дека за да ја користат фирмите оваа мерка не треба да отпуштаат работници,барем јас така сватив.И јас спаѓам во оваа група,ама сеуште немам некоја корист.Одам во аврм и ми викаат оди најди си фирма која ќе те прими,договори си се самата ние не можеме вас никаде да ве препратиме.Па јас фа сум можела,досега ќе сум се вработила не би чекала владата да донесе некакви мерки.Би требало веќе во аврм да има ставено барем список на фирми кои би вработиле,тие да не распределат според квалификациите и готово,а вака секој препуштен да се снаоѓа како знае и не е многу во ред.
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Што е важно колку години има некој ?

    Сите сме луѓе, на сите им треба работа, од воздух не живееме.

    Владата треба да ги подобри условите за работа на сите работници, да се множат инвестициите, да донесува мерки за целокупно подобрување на животот на луѓето.
     
    На fighter, butterfly4 и nikiiii им се допаѓа ова.