1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова Владина мерка за вработување на млади до 29 години

Дискусија во 'Политика и настани' започната од butterfly4, 5 март 2014.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитам некој што напишал погоре дека оваа мерка дискриминација ми иде да земам и да се иселам и јас од државата ама од народот не од друго. Ајде да предложиме до Владата да ја укине мерката и да не биде никој дискриминиран, па така ќе бидат задоволни сите изгледа. А дека постојат уште еден куп мерки за самовработување, започнување на сопствен бизнис кои се финансираат од државата, или барем се помага да се почне бизнис, тоа не се важи оти некој и нема ниту идеја ниту знае како да почне бизнис па полесно му е да му се криви другите.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Луѓето и тоа како имаат идеи, имаат креативност.
    Ама луѓето немаат пари да купуваат.
    Што сакаш отвори, се затвора, луѓето шетаат по бутици пр. со рацете в џеб, само разгледуваат.

    Еден дечко отвори студио за масажа, со пари од Заводот, златни раце има, ама го затвори. Немаат луѓето пари за масажи. Ни здравите, па ни болните.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Да немаат пари луѓето да си ги пружат сите задоволства, за жал. Јас исто би сакала да одам секој ден на масажа на маникир, педикир на третман ама не ја бива. За тој стандарт уште многу треба да почекаме. Од друга страна помини по рестораните и кафичите низ Скопје да видиш како добро се живи. Фуфо е преполно ден и ноќ, а колку е скапо. Ама сите јадат, пијат секојдневно. Тренд исто така фул, Арабеска фул и скоро сите кафичи преполни се навечер. Еве петок сабота кога треба да се излегува вртиш по кафани дали ќе има место да резервираш маса. Па во две три нема место па бараш друга алтернатива. Е од кај им се парите бреееееее и мене ме занима.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528

    Elissa што е за тебе дискриминација???


    И прочитај уште еднаш како се вика темата,што има врска ова твоево напишано,кој колку како има или нема,кој каде седи,пие,јаде и троши,кај јаде и што и во кој кафич седи,не мешај баби и жаби.Ако имаш нешто конкретно да напишеш во врска со темата ок,а не колку да се рече и било што,што нема врска со темата. ;)

    Ариел фала за одговорот,навистина незнаев за тоа и донекаде се сложувам со тебе,ама сепак како и да е за мене оваа мерка воопшто не ми се допаѓа и многу губат со тоа и кај повеќето(што ги познавам лично)ја прели чашата.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски

    Оди поназад и ќе видиш што имам напишано конкретно за темата. Баби и жаби никој не меша само дискутираме.
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    За отпуштањето и дискриминацијата кој пишуваше погоре - мерката се однесува на фирмите кои не бележат отпуштања на работници во последниот период. Пред да дискутирате прочитајте ги условите. Или само да се напише нешто :D
    Ја поздравувам мерката, ама точно е и дека треба да се стимулираат и други групи. Ако на ова гледате како дискриминација, тогаш како ги гледате стечајците, трудниците, самохраните родители? Еве, има многу самохрани родители до 29 години. Друго, меркава ќе ги поттикне работодавците да ги пријават работниците до 29 години кои работат на црно, непријавени. А верувајте, ги има многу :!:
     
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ке си покаже времето дали и колку е правилна оваа одлука.Не е лошо да се проба и со оваа мерка но мора да се мисли и на последиците .Не е во ред штетата да ја осетат само оние над 30 год .
    Има разни можности за самовработување и сл но тие истите важат и за оние до 29 така да поставена е граница :x .Баш би сакал да прочитам да се вработи некој/а со овој проект и да прочитаме убави зборви за проектов .Сега за сега се празни муабети :!:
    Постои закон да го пријавиш газдата ако работиш на црно па да се санкционира и интервенира на соодветен начин (со опомена или казна ) .Самите си се криви таа таргет група на луѓе што работат на црно.Правилата постојат само треба да се применат и почитуваат.Јас не признавам муабет дека ке те избрка од работа и сл ,ако така размислуваме сите ке бидеме робови на нашите газди а не работници каде се бориме за успех и почит .Измислената лоша ситуација ја разбирам и секој се бори да успее но повластувањата нека бидат ферски поставени кон сите .Има мн што имаат соодветно знаење и искуство постигнато во минатото (ги спомена стечајците па да нагласам ) и сега поради овој закон ке бидат спречени да дојдат до израз за да бидат во конкуренцијата на трудот .Самохраните мајки ,инвалидите и друга категорија на луѓе имаат друг бенифит од државата .Збориме за дискримианција вака? :wasntme: ПОСТОИ тоа е тоа !
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Постои закон, точно. Но, во помалите места тој закон воопшто не се спроведува. Најчесто од страв, бидејќи секој со секого се знае. Кога оди инспекција тие што работат на црно бегаат по наредба на работодавецот, се кријат во подруми, во тоалети, скокаат од прозори... Или друга ситуација, инспекторите влегуваат право во канцеларија, воопшто не погледнуваат наоколу, а од таму излегуваат со кошули, пантолони (ова за во текстилната индустрија), или со она што фирмата го произведува. Така што, не можат ништо :)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Ќе се цитирам самата
     
    На drakulce, bubamara12345 и butterfly4 им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Ами нека не те чуди.Нашиве лажат, лесно е да кажам нема дискриминација, се е под конец во државава, ако сум партиски определена.Многу нормално е тоа, секако дека нема да кажам против своја партија. Пример давам.Арно ама не сум партиски определена и секако дека ќе си кажам поинаку.Но не може да се замижува на реалноста.И сосем во право си за тоа што рече.

    Човек лесно ќе најде работа ако е партиски определен и секако дебели врски, ортоми, само на тој начин кај нас функционира вработувањето, таквите мерки кои се поставени за демек полесно вработување, а и не значи ако човек има партиска книшка, дека ќе се вработи, не е тоа така кај сите, ама кај повеќето тоа игра голема улога.И тука, не важат никакви мерки, никакви закони.Е тоа е проблемот во нашава држава, така да нека не измислуваат некои мерки, нека не кажуваат некои си цифри којзнае од каде извадени, за намалување на невработеноста, затоа што не сите можат да ги залажат, за пак да се гласа нели за партијата за која човек е определен.

    Игла во сено е ако човек од чиста случајност се вработи, а случајности не постојат.

    И секако, ниту еден работодавец нема да каже како се вработуваат луѓе, нормално, бидејки може да биде во загуба.

    Не знам само кого мафтаат нашиве.Самата држава не ни функционира како што треба, а не пак мерки за вработување.Абе ајде.Ќе се правиме демек од Марс сме паднати сега, па ќе го тешат народот со некакви „ мерки“.
     
    На makedonkamak, bubamara12345 и butterfly4 им се допаѓа ова.
  11. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Gorde i mentalist потполно се согласувам со Вас,тоа е тоа,нема трето.Само сепак мислам некои не го сваќаат тоа,можеби така им одговара или пак незнаат што воопшто значи зборот дискриминација. :!: :tmi:
     
  12. Ane.a

    Ane.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Епа еве , јас сум 27, невработена, нека ме викнат мене :P
     
  13. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Во склоп со муабетиве....Има некој што поднел барање за меркава и да го викнат од Агенција за работа?
     
    На Ane.a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    ^За мерката ќе се пријават работодавачите кои имаат потреба од работници . Вие нема потреба да поднесувате барање , мерката има цел да ги стимулира работодавачите да отворат повеќе работни места така да пратете огласи одете си на интервјуа и тоа е тоа .Евентуално ако работодавачот си побара работници од одреден профил од агенцијата па да се јават на невработените за интервју.
    Секако треба да бидете евидентирани во агенцијата. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Денеска правев друштво на пријателка во заводот за вработување. Додека таа ја средуваше работата јас читав известувања - прочитав за мерката за лицата до 29 години, но важи само за лица со основно и средно образование. Ако е ова вистина дека оваа мерка важи само за таа категорија, не знам што да кажам - ова е повеќе од дискриминација. Па зошто се поголем број млади се трудат да завршат факултет? :x
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Е зошто де ? :D Јас воопшто не го подржувам тоа сите на факултет ,ама тоа е друга тема.
    Јас како што знам мерката важи за сите .Мислам дека е изгласано со закон , не може со известување да се менува. :?:

    Само што доколку работодавачот исплати нето плата повисока од просечната плата ќе треба да си изврши доплата на социјалните придонеси на разликата од просечната плата до исплатената плата.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    Јас мислам дека ова ама баш не е за чудење. Се оваа влада само дели, зима, дискриминира, врши тортури итн... Се трудат да завршат факултет за ништо, се нема никаква корист веќе кај нас од факутет.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Каде може да се најде тоа известување?Барав на страната на агенцијата за вработување,ама не најдов ништо такво.Баш ме интересира дали навистина важи само за лица со основно и средно образование.
     
  19. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    I za tie so fakultet vazi100%. Inaku ima uste eden uslov, rabotodavecot da ne go namalil brojot na vraboteni od januari pa do sega
     
    На Ane.a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Знаеш ли каде може да се најдат и прочитаат тие услови?