Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова бактерија во Македонија ЛИСТЕРИЈА

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Nana19, 22 јули 2014.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.795
    Има само еден момент што малку ме чуди, т.е. несовпаѓањето на датите.

    Според она што го слушнав во изјавите на надлежните, свинскиот врат од Екстра Меин бил произведен на 21 јули, а тогаш веќе имаше починати, барем еден сигурно.

    Убаво се сеќавам, затоа што на 21 јули уште рано сабајле ме фати стомачен вирус, а тогаш веќе имаше починати од листерија, и сите ме прашуваа дали имам вирус или бактерија :D
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Па добро, ете бараат кој е причинителот, едно време викаа дека ја има и во зеленчукот, овошјето, млечните производи...или тие од компанијата нека бараат да се испита тоа во странство, сега од една страна би можело, сосем нормално компанијата да негира, знам луѓето се задоволни од истата, така велат, а не значи ако ја немало претходно се чисти производите.Сега од друга страна па може нашиве грешат што ја обвинуваат компанијата.Најарно е да се внимава што се јаде, темелно миење на зеленчукот и сл., не е на одмет, без разлика од кај се појавила бактеријата.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    Мене нешто ко да ми матат нашиве у државава.

    Абе до сега 99% од Кумановци ќе добиеа листерија и пола од нив ќе умреа затоа што сите сувомеснато пазарат во Екстра Меин :tmi:
     
  4. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Нели кај два производители беше пронајдена листерија во нивните производи. Една е Екстра Меин, а другата која е?
    Официјаната информација беше таква, зошто не се кажа името на другиот производител :devil: Не е фер, вака. Нека ги кажат сите, детално се испитуваше и тоа ова веќе е 2-ра недела, ако не и повеќе.
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Некоја имаше спомнато дека другата фирма е Мик Свети Николе. Колку е точно ова?
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Можно е да е Мик, но не верувам за гласините за Екстра Меин. Јас до пред некој ден јадев од саламата на Екстра Меин и не ми беше ништо. Всушност, последен пат ја јадев пред 4дена и сѐ ми е океј.
     
  7. blackmia

    blackmia Нов член

    Се зачлени на:
    8 август 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Јас сум од Куманово, моите се од таму купуваат до сега никогаш немало проблем, ова е голема лажа со цел да се уништи рејтингот на компанијата, незнам зошто. Интересно е што повеќето мои сограѓани воопшто не се посомневаа во оваа лага. Свесна сум што се прави оваа влада зашто свеста на народот е на многу ниско ниво и е лесен за манипулирање ама мислам дека со ова се пројдени сите граници, одкако слушнав стварно ме изреволтира оваа вест. Единствената фирма што работеше успешно во Куманово сакаат да ја затворат.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.234
    А добро која е превенцијата сега откако се конзумирани производи од Екстра Меин?

    Знам барем 5 случаи на семејства кои јаделе токму од овие производи пред да биде официјално објавено за истите.

    Чаре?

    Така што освен што ги објавуваат виновниците нека кажат и превенција за луѓе кои верувам дека се многу кои веќе конзумирале од тие производи. За мене не е доволно - вратете ги производите назад во продавница, затоа што...производите кои ќе бидат вратени не верувам дека ќе ја имаат првобитната форма, иф ју ноу уат ај мин.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Најфатална е кај критичните возрасти, стари лица и бебиња, и кај лица со слаб имунитет.
    Останатите може да поминат со повраќање, дијареа, температура и други мачнини.
    Како превентивни мерки ништо не кажаа, ама најверојатно и ги нема.
    Плус бактеријата се уништува на 60 степени, така да ако храната од Екстра Меин ја јадете приготвена нема ништо да ви биде.
    Незнам зашто овие работи не ги кажуваат јавно и само креваат уште поголема паника меѓу народот.
    Тие што конзумирале најдобро да си се прегледаат затоа што периодот на инкубација нели бил и подолг од две недели па да се спречи на време со лекарства ако не.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.045
    Допаѓања:
    12.774
    И јас редовно купував од кај нив, па ништо не ми е. Се сомневам и јас дека ова е точно, дури едно пакување колбаси имавме и откако објавија за листерија, го изедовме и ништо не ни е.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден прочитав, компанијата ги тргнала производите по налог, имаше објавено кои производи, иначе ги тргнале од продажба.
     
  12. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Мхм, е ајде де, нека кажат кои се тие компании, а не само уште кај три други. Живи смешки. Зошто не си кажат каква играа играат, како што е, дека и тоа е само една политика.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    А ништо чудно и со обичен стомачен вирус да се пријавиле во болница па таму да ги докрајчиле со некоја бактерија, па ајде сеа да не е крива државата дај по приватниве ќе удриме. :puke:
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    И сега народот ќе воздивне, бидејќи немало. А и така е, како да ја има, кога воопшто ја и немало. Интересно е до каде некој со своите желби и моќ може да стигне. Битно да се јаде тоа што медиумите го сервираат :D
     
    На mims-89 и sofijanoka им се допаѓа ова.
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Медиумско-политички трик.

    А што со овошјето и зеленчукот?
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Па мораше да вмешаат и нешто друго, како и останатите 3 unknown компании, нели, за да не биде толку очигледно кој всушност беше метата.
    [​IMG]
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Гроз ми е од вакви работи,македонски.Не дека сум некој хејтер на државичката ни,си ја сакам,ама од аспект на храна,природни убавини и знаменитости,инаку отидовме неповрат.


    Не можам да тврдам со сигурност ништо,но зошто целото внимание се врти околу месните индустрии кога може да се фати од овошје,зеленчук,млеко и млечни производи,вода....?

    Трик.Трик.Трик!



    И,да,ја испитуваат ли водата?
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Водата може да ја исклучиме дека заболените се од различни градови. Не може во сите водоводи да има листерија. Зеленчук и овошје исто не е возмоможно според мене, бидејки заболените се заразени со ист тип на листерија а се од различни градови а во Македонија нема толку голема диструбутивна мрежа на овошје и зеленчук. Така да изворот е еден.

    И да листеријата најчесто се појавува во млечни и месни производи. Јас типувам на местото , и верувам дека изворот може да се најде ама има задкулисни игри од стилот држ - не дај . :D

    И не знам како можете да верувате дека од болниците направиле грешка па измислуваат дека е листерија. |( Кога се работи за заболени лекувани во различни болници.
    Листеријата не е нешто ново, си постои бактеријата одамна и се случува во многу европски земји да има заболени.. Само што некој пуштил во промет непроверена храна и изворот мора да биде производ кој се дистрибуира низ целата држава.