Не е од Екстра Меин. Ние продолживме од нов производи да купуваме, нема ништо. Вкусот си е ист, и здравјето ни е исто од тогаш.
Здравјето недај боже може да се влоши тек после два месеци,бидејки симптомите не се појавуваат одма.Дали се меин или не незнам ама лично не би купувала и не си би го довела здравјето во прашање.Големо фајде и онака нема од вратови и виршли.
Денес бевме да пазариме со мама во Зендолино и пуста јас лиги ми потекоа кога ви видов чајните. Но мајка ми не ми дозволи да земеме, поради листеријава. Колку што забележав немаше ниеден производ на МИК Свети Николе. Нема и по другите маркети или?
Уште еднаш се докажа кој е главниот во скапанава ни држава и под чија команда дејствуваат сите. Мијалков е Македонија.
Ај тоа што ја има листеријата, но и да се внимава како се чуваат производите, може и да се чисти производите, но зависи многу и како ги чуваат низ продавници, не како што кажа една членка тука, ставено месо, надвор, небаре чорапи се продаваат работава, барем така пиша претходно.Сепак влијае тоа и како се чуваат производите.
Просто и едноставно моето прашање е : Од што ќе живееме и што ќе јадеме? Според ова што пишува и читам листерија има секаде во овожје,зеленчук,месо,мелчни производи... Јас мислам дека од глад ќе умреме!
Така е се ти е политика. Не верувам дка има листерија има некој вирус само и сега тој вирус е злоупотребен само за да се затвори екстра меин.
Бевме на свадба каде што имаше и млеко од пиле, какви само не сувомеснати некои американски, лиги да ти течат... ама од пусти страв ни еден залак не пробавме. Инаку човекот што умре од листерија пред неколку дена лично го знаеме и неговите кажале дека после два пати што јадел од ЕКСТРА МЕИН, само што му се преварила храната по неколку саати, дојде итна помош. Значи што и да јадеме, мора да е во извонредни хигиенски услови, храната добро термички обработена на соодветна температура, а овошјето и зеленчукот да се измијат во повеќе млазови вода. Ако сме ги допирале мобилните телефони или било кој уред, мора да се измиеме раце, а истото и да не седиме во иста гардероба што сме биле надвор, по автобуси или други јавни места, зашто на секаде има бактерии, и од невнимание од овие работи исто се добива листерија. За далечинските уреди и мобилните телефони има специјални спрејови за дезинфекција. И во ресторани е опасно да се јаде, зашто не ни се познати условите во кои е приготвена храната
Повелете : http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=16259 http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=16209&cat=2 http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=16247
Eпа јас разбрав дека си имал некоја болест и дека три дена имал ногу висока температура и на крајот срцев удар
Не сум информирана за тоа дали претходно бил болен, но беше доста гојазен и крупен. Е па таа темпертура била од листеријата. Тој беше активен човек, беше музикант, басист претежно и многу способен човек, но кафански, каде што свиреше, и на крај на свирка ордевер со сувомеснато
Мене ми е страв од саламата на Пекабеско. Бидејќи на брат ми никој не смее да му противрече, а други салами нема веќе во продавница, моите купиле од Пекабеско посебна за да му ја зготвам со јајца. Кога ја пресеков, труе на распаднато свински месо, иако пишува дека е пилешка. Ми беше страв да му дадам да јаде, но морав, па само еднокружно парче исеков бидејќи се плашев повеќе да ставам. Се надевам дека нема даима никаков ефект. Па и плус, ја готвев, така да не би требало да има нешто, нели?
Според она што го прочитав, листеријата не опстанува на температури од и над 70 степени, така што ако си ја готвела, немај гајле. Работете активно на зајакнување на имунитетот, затоа што кај млада и/или возрасна личност со јак имунитет, најчесто не прави голема штета и организмот успева да се избори. Не паничете, колку и да пазиме, никогаш не може од ништо самите да се допазиме. Наше е колку што можеме да бидеме одговорни со личната и хигиената и термичката обработка на храната и како што е Господ, никој не е. Ќе помине и ова.
Јас само сакам да кажам, дека не му нанесоа штета само на Екстра Меин туку на сите компании кои произведуваат месо и месни производи, бидејќи и ние дома и општо сите поблиски веќе не јадат и не купуваат сувомеснато. Искрено јас мислам дека производите биле заразени за време на транспортот или во продавниците во кои се продавале. Исто така од каде знам дека тие во лабараториите не биле подмитени? И дека и ова е само некој заговор само за да им се одвлече вниманието на луѓето од поголемите проблеми?