1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова личност во семејството

Дискусија во 'Брак' започната од lebed-bel, 13 ноември 2011.

  1. lebed-bel

    lebed-bel Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здрави девојки ве читам веќе долго време и ми треба малку помош од вас

    Мајками е вдовица веќе 5 години, во последно време многу пати наговестува дека сака да си најде партнер и дека не мисли остатокот од животот да го помине сама...Вика дека јас и сетра ми сме возрасни веќе и дека е послободна нема толку обврски спрема нас.
    Мене ми е некако шубе да го прифатам тоа,се ми е јасно дека не сака да биде сама ,јас неможам да и речам не може да најдеш некој,ама пак не убава ми е самата помисла на тоа незнам како да го прифатам тоа.......Ќе ве молам за совет
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Нова личност во семјеството

    Можеби ти е тешко поради фактот дека нов маж доаѓа на местото на татко ти, но сфати дека ниту тој, ниту друг човек не може да го замени татко ти.
    Две сестри сте, утре можеби ќе се мажите, а мајка ви останува сама.
    Кога ќе знаете дека не е сама, туку има некој другар со неа, би требало да ви биде многу полесно и поубаво.
    Можеби и таа самата како жена чувствува потреба од партнер покрај себе.
    Ако животот ја оставил вдовица, не треба да се лиши од се`, да биде сама до крајот на животот.
    Ако тој човек е добар, ве прифаќа потполно и вас, и ве почитува сите три, и за вас сестрите може животот да ви биде уште поубав.
    Сепак храбар чекор од мајка ти што продолжува понатаму.
    Во вакви случаеви, единствен `проблем` кој треба да се реши е имотното прашање (за да нема некои проблеми отпосле.) :) ;)
     
    На srcekrsacka, reddevill, Saya и 3 други им се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Нова личност во семјеството

    Ве разбирам и тебе и сестра ти ако се чувствувате така, оти не ви дошло на крај памет да ја замислите мајка ви покрај некој друг. Но според твоите години наведени на профил, ти и сестра ти сте доволно возрасни да прифатите дека не е убаво жената да е сама кога посакува да не е, кога сеуште е млада. Можеби не ви се гледа млада во вашите очи, но млада е, и гладува за среќа и топлина со нов партнер.

    Верувам дека таа разбира каква промена би била, и многу искрено од неа да разговара со вас. Но ако сакате да е среќна немојте уште сега да се решите како би се чувствувале од страв од таа промена. Како што рече girl.23 можеби и ти и сестра ти промената ќе ја прифатите на подобро. Но да имате цврст став дека би ви било шубе и не сакате да тражи друга љубов, мајка ви тоа ќе го осети по вашето однесување, не мора да и го кажете во лице.

    Животот веќе бил доволно суров да ја остави без другар толку рано. Последниве 5 години биле тешки за сите вас, ама ве има ставено на прво место и чекала да пораснете, и сега разговара со вас со почит кон две жени, а не како со деца. Бидете и другарки сега кога и требате, поддржете ја во нејзиниот избор. Таа нема сигурно да го доведе тој друг нов човек така дома од ведро небо. Ќе имате време да го запознаете, па тогаш да го оговарате на кафе дали го сакате околу вас како чичко, како другар.
    И на крај ете и јас ќе речам, не очекувате сигурно цел век при мајка ви да живеете, па ако дојде до тоа да ви претставува проблем, за привремено ќе е.
     
    На Li0ness, Ariel, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Нова личност во семјеството

    Заслужуваме многу повеќе шанси во ова малку време што ни е доделено.
    Жив човек е на кој му треба внимание кое не можете ти и сестра ти да и го понудите.
    Го разбирам вашиот отпор,природен е и нормален.Вашиот татко не може никој да го замени,но не го сфаќајте тоа како обид за замена. Обично помалечките деца кои се соочуваат со вакво нешто имаат потешкотии да го прифатат,но ете,таа љубов никогаш не се губи.
    Пробајте да го разбере тоа.Никој не ве тера да ја сакате таа нова личност како да ви е родител,доволна е само почитта како кон постар,ништо повеќе.
    Искрено,јас не ги разберам оние луѓе кои го губат својот партнер и се подрекуваат дека никогаш повеќе нема да имаат друг. Тоа е само чувство на вина,а впрочем,длабоко во нив состојбата е многу поинаква. Ние луѓето сепак не сме толку романтични како што се чини,ама заради околината,ете...би рекла прости.
    Мене би ми било жал да ја гледам сама и осамена. Утре вие ќе имате семејства,а таа осамена старост. Не е муабетот,ама ние ќе се грижиме за неа... Што вика баба ми си имав другар,повеќе си немам,немам со кого да си прозборам.Не дека сака дедо да и најдеме,таа си го тажи и не и доликува,има речиси 80 години,ама сакам да кажам,стара е,но сепак празнината и е огромна,а тек кога се работи за помлада жена,маж што ете им се случила несреќна судбина.
    Секој си ја заслужува среќата. Обидете се да го прифатите и да ја поддржите. Сигурно дека таа нема допрва да се занесува како балавица од 15 години,ќе најде некој пристоен за неа кој ќе ја усреќува. И не е себично...себично би било да се бара да живее во спомен и вина,да се насочи кон вас,работата и куќата и на крајот,ќе остане сама старичка...Не е фер.
    Среќна мајка,среќни деца...околностите се тие,животот продолжува. Боли,но е и прекрасен често.
     
    На tessie, baguf4e, Phyramide и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Нова личност во семјеството

    Таткото на мајка ми (дедо ми) ја оставил баба ми кога била бремена со мајка ми . Не се омажила баба ми со друг туку живееше со нејзин другар ( така викаше :D ) , кој инаку почина пред некоја година .
    Јас искрено тој го сметав за мој дедо одколку вистинскиот . Вториов ќе дојдеше два пати во една година ќе ми дадеше 5 евра и мислеше дека е најдобриот дедо на светот .
    А другиов не чуваше мене и брат ми кога одевме кај баба ми во Белград како што мајка ми не ме чувала .
    Се знаеше секој ден во 6 попладне се прават шпагети и секоја вечер во 10 ипол на тераса ја чекаме баба ми да се симне од автобус . Кога ја гледав баба ми колку и беше тешко кога почина сфатив дека не е убаво сам да си во животот . Треба со некој да споделуваш се , нервози , убави вести .. било што .
    А и мајка ми го сакаше повеќе него одколку татко и . И ја разбирам .
    Лилит убаво кажа , никој нема да го замени вашиот татко ама ете убаво е да има некој со кој ќе влезе во староста и ќе оди низ животот . :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Нова личност во семјеството

    Се разбира дека никој на светов не може да ја пополни празнината во вашите срца .
    Загубата на драга личност е многу тешка ,особено ако се работи за родител .
    Но , еден ден ти и сестра ти ќе оформите свои семејства , нема повеќе да живеете со вашата мајка и таа ќе остане сама .
    Колку и да се посетувате , нема да биде исто како да живеете заедно .
    Зошто таа жена , која ве пораснала ,ви пружала максимална љубов и внимание да биде осудена на осаменички живот , кога може да си најде соодветен партнер со кој би го поминала остатокот од животот ?
    Би имала другар со кој би можела да разговара , да ги сподели и убавите моменти ,а и товарот кој го наметнува животот . Во младоста сето тоа се одвива малку поинаку ,но во поодминати години секоја секунда која човек ја поминува сам со себе се чини вечност .

    Моето семејство фукнционира така повеќе од една деценија , па добро сме , иако понекогаш сеќавањата на луѓето кои не се веќе меѓу нас умеат да не растреперат .

    Секој човек остава зад себе нешто по кое го паметиме , нешто што постигнато од друга личност не изгледа ни малку исто .
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Нова личност во семјеството

    Значи вака душо, пред се' искрено сочувство за изгубениот родител, јасно ми е, колку години и да поминат тоа ќе остане свежа рана во твоето срце. Вујна ми се' уште ги нема прежалено нејзините родители, ден денес плаче кога ќе се спомнат иако поминале 15 години, така што јасно ми е како се чувствуваш.

    Сепак, од искуство со една многу блиска пријателка (не знам, но барем минимално можам да почувствувам) и што значи да останеш вдовица. И тоа млада. Тоа е личност со која си делел се' и одеднаш, ја нема повеќе. Не е замината на друго место, не е премажена/преженета, едноставно ја нема.

    Сега вака. Кога татко ви (Бог да го прости) ве напуштил, ти си имала веројатно 15 години, си почнала со средно, само што си почнала да чекориш низ животот, да се оформуваш како личност, да одговараш на разни обврски и да имаш повеќе одговорности. Во тој процес на оформување, поддршката од родителот е премногу важна. Замисли како таа се чувствувала, па сепак, застанала на нозе цврсто и ти помогнала да изодиш еден мошне важен пат во животот. А тогаш, сигурно помислувала да избега од се' и од секого затоа што се' ja потсетувало на тој немил настан. Но, таа си рекла: „Но, чекај. Јас не сум сама, не можам да мислам само на себе. Имам две девојчиња кои треба да ги изведам на прав пат, ним сум им потребна, не е време да мислам на себе.“

    Сега, како што и самата ви кажала, вие сте возрасни личности, изведени на една чистинка и веќе таа може да си помисли и на себе. Е, после се' и греота е ако жената си го ускрати тоа. Како минуваат годините, самотијата станува се' потешка и се' потешка. Таа е свесна дека за некоја година можеби ќе се омажите и таа пак ќе остане сама. Сега и ти и сестра ти треба да ја поддржите затоа што жената навистина го заслужува тоа. Не би било фер да не прифатите, таа тогаш ја прифатила реалноста, не избегала од одговорностите...

    Се надевам ти помогнав да ја разбереш и да и' ја прифатиш одлуката :)
     
    На Teodora* и AIT им се допаѓа ова.
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Нова личност во семјеството

    Како што можеби знаете, а можеби не, моите се разделени скоро 6 години (не се судски разведени, само живеат одделно).
    По два месеци од заминувањето на мајка ми од дома, таа ме зеде и мене со неа. Тоа беше ноември месец.
    Следното лето таа донесе човек кој јас го знаев од порано, но никогаш не помислив дека тие се во некаква врска. Не би откривала од каде го знаев поради приватност.
    Прво ми велеше дека ќе биде кај нас како турист и дека си плаќа за седењето (човекот работеше во странство), но како што минуваше времето се покажуваше дека тоа не е така.
    Тој турист прерасна во „пријател“ па така тој се всели кај нас. Тој е разведен одамна.
    Ме почитуваше многу, изгледаше дека ме сака како родено дете, многу добро се однесуваше кон мене, но јас никогаш не успеав да се помирам со фактот дека тој живее со нас и е дел од новото семејство на мајка ми.
    Тоа траеше околу 5 години, со тоа што тој со нас беше само на лето. Мајка ми гледаше дека мене не ми е пријатно во негово друштво, дека не го прифаќам како нејзин пријател, но не преземаше ништо.
    Никогаш не го засакав. Никогаш не го прифатив како очув.
    Мислев дека мајка ми е доволно разумна за да пресуди дека јас не можам да живеам покрај тој човек и дека нешто ќе преземе, но гледав дека ништо не се случува.
    Тие беа се поблиски и поблиски, а јас се повеќе не го поднесував.
    Еден ден ја седнав мајка ми и отворено и кажав.
    Тој замина од кај нас и не знам дали се гледаат уште.

    Јас никако не можам да замислам друг човек покрај мајка ми. Мојот татко е жив и никогаш некој нема да дозволам да ми го замени, ниту пак би дозволила да имам „втор татко“ и ниеден разумен човек не би се трудел да го замени татко ми, но не се работи за тоа. Се работи за тоа дека нова машка личност се појавува во семејството. Тој треба некако да се прифати, со него треба да се поминува секој ден, да се седи на маса, да се разговара за проблемите. Јас тоа не успеав да го направам. Некое внатрешно чувство не ми дозволуваше него да го гледам пријателски. Можеби еден ден ќе се согласам на тоа, сега за сега не можам.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Нова личност во семјеството

    Мисли малце и на мајка ти и како и е неа. Таа заслужува да биде среќна како и сите други, со тек на време ќе прифатиш кога ќе ја видиш насмеана со некој што ќе го засака, ако таа ти вика дека сака да најде некој не значи дека веднаш ќе најде некој :) :) :)
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Нова личност во семјеството

    Не сум се нашла во таква ситуација досега, и не можам да зборувам напамет, зашто убаво велат луѓето - не можеш да судиш додека не влезеш во туѓа кожа.
    Во секој случај, ако видам дека човекот / жената е фин/а и пријате/тна и се труди да ја заслужи почитта и љубовта, верувам дека и јас би се потрудила.
    Нема да е сеедно, ама мразам кога некој маж или жена се лишат од понатамошна среќа или партнер во животот само за доброто на децата.
    Премногу ми е себично, а мразам себични и саможивни луѓе.
    Секој со својот к'смет.
    Плус, нема да живееме со родителите цел живот.
    Што мајка има јас да им забранувам да си најдат некого ако имаат потреба и желба откако ќе заминам од дома, пример?
     
  11. lebed-bel

    lebed-bel Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Нова личност во семјеството

    Пробувам да мислам позитивно ама не иде некако ...она наговестува кој е и што е дури ми кажа дека очекува повик од него ....Јас сакам да е среќна ама не сакам и нас да не запостави.....а тој човек не сакам да го запознаам едноставно не сакам да имам никаков контакт со него....Знам дека е во најубавите години има 52 и сега кога е слободна сака да шета да ужива да се забавува.....до негде ме држи и страво да не се пресели тој човек тука...е тоа не можам да го прифатам....Фала на советите
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Нова личност во семјеството

    Лебеду, таа не е крива што судбината и се сместила таква горчлива. Таа е жив човек. Знае да сака. Децата сигурно дека и се најголемата љубов, но дозволете да и бидат и најголема подршка. Разговарајте со мајка ти, запознајте го човекот. Тој нема да е ваш татко, но неа може да и понуди среќа. Не ве запоставила досега за да е со него, па да ви биде страв. Ете поминало време, неа и фали друшка, децата утре можда ќе заминат, ќе се омажат, оженат, да не биде сама. Гревота е да се лиши човек од втора среќа, секој сака друга рака за се во животот :) Пробај да ја разбереш, и плус со време се бидува :)
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Нова личност во семјеството

    Лебед, твоја е одлуката како ќе се поставиш, само ќе се каеш еден ден доколку сега бидеш неправедна кон мајка ти и не и' дозволиш да биде среќна. Некогаш не е само како ние се чувствуваме, некогаш треба да мислиме и на другите, особено ако тие биле жртва за нас.
     
    На Teodora*, AIT, Meggy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Нова личност во семјеството

    Мислам дека на мајка ти и требало долго време да ви каже дека во нејзиниот живот постои некој човек. Веројатно тоа време и и било потребно за да пресуди дали тој човек е достоен за да го претстави пред своите ќерки. ... И доаѓа време кога одлуката е таа дека покрај тоа што нејзе и одговара, тој е и доволно добар за да небиде тајна, туку дел од животот на сите вас.
    Не и го врти грбот на мајка ти сега! Сети се колку пати таа стоела покрај тебе, без разлика што и како си направила.

    П.С. Секој има право на избор, а мајка ти имала доволно доблест да побара поддршка за нејзиниот избор.
     
    На Teodora*, Moira, Meggy и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Нова личност во семјеството

    Кога вие ќе си заминете,ќе си викате,ех,камо да има некој.За добро,за лошо,за било што да и се најде,за муабет,за поддршка,да прозборат некој збор,со некој што ќе подели среќа,тага.
    Вие си знаете. Мајка(родител) е личност која секогаш ќе голтне за среќата на своите деца,жално е кога тие не се спремни на тоа за неа.
    Вреди да се обидете. Лошо е да помислиш,ете не можам,сега,во иднина не ми е гајле...не ти е гајле?! Не ти е гајле за некој што тебе ти создал иднина?! Иднина во која навистина повеќе нема да доликува или нема да се пружи шанса?!
    Сурово е да не дозволите...навистина. На старост кога осаменоста е најголем пријател дури и на оние посреќните,тек во ваков случај...убаво размислете и не бидете отсечни.
     
    На NoellePage, Kitten и Meggy им се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Нова личност во семјеството

    Лебед, воопшто не ти е во ред размислувањето.
    Како ти ќе се чувствуваш ако мајка ти ти забрани да имаш дечко само зашто си нејзино дете и не сака да те дели со било кого?!Ќе речеш дека е себична, ваква, онаква, нели?Епа таква си и ти во ситуацијата.

    Мајка ти е пред се човек, жена, а потоа мајка.И тоа и дава за право да одбере како и со кого ќе живее и ти не смееш тоа да и го ускратиш.Ти дала живот, ти дај и поддршка и слобода.
    Не е тинејџерка за да доведе било кого дома.Сигурно е некој што добро го познава и оценила дека е човекот е на место за вие да го запознаете.

    Кога ќе бидете ти и сестра ви возрасни, кога ќе се омажите, срце ќе ве боли кога ќе и одите на гости и ќе ја гледате сама и остарена.
    Имам другарка, колку тебе е, 20 години има, на неколку пати ми се доверила дека најмногу од се сака мајка и да си најде некој човек, дека чувствува грижа на совест секој пат кога ќе излезе навечер и ќе ја остави сама да гледа телевизија или кога понекогаш не оди на летување зашто сите одат фамилијарно.
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.567
    Пол:
    Женски
    Нова личност во семјеството

    Татко ми е починат 19 години. Мајка ми во овие 19 години никогаш нема спомнато за друг човек во нејзиниот живот. Уште кога бев некои 7,8 години постојано и спомнував да најде некој затоа што многу е тешко сама, млада жена да чува две деца. Се дома беше на нејзе. Но, сестра ми се лутеше кога и да се отвореше овој муабет. Не дека ми е мајка ама каде и да одевме обавезно некој маж ќе и се пуштеше, па често ја зезав - Ај мамао ти него, па ако има син тој за мене.
    Кога почнав да сфаќам што значи да имаш некој покрај себе уште толку настојував да пронајде некој, но не. Таа секогаш си стоеше на тоа дека не сака нас да не погази, а и како тој ќе се однесувал кон нас.
    Имаше една случка- дојде кај нас мајстор и чудно ја гледал мајка ми според сестра ми. Се налути и ја убеди мајка ми да му рече наредниот ден да не доаѓа.
    Сега кога почнавме се почесто да излегуваме со сестра ми, кога сакаме секој празник да го поминеме надвор од дома, сфаќам колку и е неа тешко. Ние се забавуваме со друштво,а таа дома седи. Не е сама, тука и е фамилијата, но кога би имала другар би и било многу полесно.
    Ја обвинувам сестра ми што не дозволи да влезе маж во животот на мајка ми. Не само за на мајка ми доброто, туку и за нас. Да , олеснување ќе ми биде кога ќе знам дека дома има некој кој е со неа, кој се грижи за неа. Себично е да не дозволите да има некој. Вие утре ден ќе се преселите од дома, ќе имате ваши семејства.
    Ти сигурно имаш дечк, не ти фали на пр. недела дена да го немаш покрај себе? Ти фали. Така и на неа и фали другар во животот.
     
    На Teodora*, srcekrsacka, bal0n43 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Нова личност во семјеството

    Лебед, немој да бидеш толку себична. Не доликува да покажуваш себичност спрема сопствената мајка, те изгледала, ви се посветила во најкритичниот период - тинејџерството- и сега сака да биде среќна. Немој те молам, ти како прво нема да можеш да бидеш целосно среќна ако таа не е среќна. Тоа ти е исто, како таа да ти вели, не може да се омажиш, не може да продолжиш со животот. Дај и поддршка, нека продолжи со животот, па не се малку 5 години.

    А и другите што рековте, не можете да ја замислите мајката со друг. Зошто толкава себичност луѓе, од каде ви е тоа право да забранувате на некој да биде среќен, исполнет и сакан ?! Мајката е тука да те порасне, но мајката има право на свој живот. Посебно ако и се случило тоа што се случило.

    Сфаќам јас, порасната сум со очув, ама ни на крај памет не ми паднало да се лутам затоа што мајка ми се премажила. Чекај малку, има жената право на живот. Не значи ако се развела, дека треба да се тресе околу мене и да се обидува да ми надокнади, па само јас да бидам детенце во стаклено ѕвоно. Подобро ми е вака, искрено ви кажувам. Барем знам дека имам двајца стабилни родитела на кои можам да им се обратам.

    Не можеш да поднесеш да се пресели кај вас ?! А што е тоа лошо, ќе имате дополнителна помош, што се вика, ќе има кој да смени осигурувач ако прегори, на крај краева, плус уште една плата. Гледај ги и од тој агол работите, ако ти е полесно. :D

    Имав една професорка во средно, за која што, искрено, секогаш мислев дека е среќна затоа што не се омажила. Еднаш, во една жестока дебата, се издрав на спротивниот тим, дека староста е многу тешка кога си сам, и дека на крај ќе се заглавиш дома само со мачките и тоа е тоа! Таа само ме погледна, ептен, ептен тажно и рече - Не си свесна колку си во право, посебно кога еве сега пред некое време ми умре мачката. :tmi:

    Јас ќе пропаднев во земја, не ни помислив на неа кога го кажав тоа, но само да ти покажам на пример.

    Така да, дај и зелено светло на мајка ти и нека си ја проба среќата. Секој има право на неа, секој треба да биде среќен. :)
     
    На Teodora*, JuLleE и marama им се допаѓа ова.
  19. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Нова личност во семјеството

    Лебед јас го изгубив татко ми пред 11 години. Во сите овие години, мајка ми не ни помисли да биде со друг. Првенствено заради мене, да не се осетам запоставена, навредена иако никогаш не сме правеле муабет за тоа. Таа сама си одлучила дека така треба, јас немав право на глас воопшто, таа тема никогаш не се отвори. Јас сум таа кога сега после толку години мислам дека направила ОГРОМНА ГРЕШКА. Завршив средно, заминав Ск на факултет. Таа е дома, сама. Милион пати сум помислувала колку би било полесно да има човек покрај неа. И за арно, и за лошо. Колку пати само сум звонела на телефон и пример е излезена не го зела телефонот, а мене 200 мисли ми врват низ глава зошто не крева. Крај краева сама живее. И свесна сум дека е осамена. На секој му треба човек до себе.Вие со сестра ти ќе порасните, ќе образувате свои фамилии. Не мислиш дека би било подобро да знаеш дека има некој до мајка ти. Татко ти нема никој да го замени. НИКОЈ. Еден е татко. Кога до сега не ве запоставувала, нема да ве запостави, верувај. За неа ова е потешко, отколку за вас. Од една страна и треба човек до неа, општо, не за забава, првенствено за нормален живот, со некој на нејзини години, да дели мислења и идеи, а од друга страна сте вие, кои и сте едиствената радост во животот и не сака да ве навреди или повреди. Јас мислам да размислиш малку од оваа перспектива, и да го запознаеш човекот. Постави се кон неа како со другарка. Ислушај ја. Сфати ја. Од кога ќе се запознаеш потоа донесувај одлуки дали тој човек вреди или не, и пак како со другарка отворено и мирно поразговарај. Барем јас така би направила. Мене искрено криво ми е што е мајка ми сама. Дури и ме боли тоа што го направила само за мене. Се осеќам виновна иако знам дека не ме ни прашала како размислувам на таа тема. Да можам да го вратам времето назад, јас ќе бидам таа што ќе иницира да најде некој.
     
    На Teodora* и eli25 им се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Нова личност во семјеството

    Акцент ставаш на себе си и на сестра ти.
    Премногу себично.
    Каде е мајка ти?
    Каде се нејзините потреби и желби?
    Човекон нема одма да се всели кај вас, претпоставувам....
    Мајка ви внимателно ќе во го доближува, ќе го запознаете подобро, и тогаш ќе почнеш малку по малку да го прифаќаш. ;)