Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова личност во семејството

Дискусија во 'Брак' започната од lebed-bel, 13 ноември 2011.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Нова личност во семјеството

    Не мислиш дека малку си и себична во овој поглед ? Ја имав истата ситуација ко и твоја, ама се што направив за да и ЗАБЛАГОДАРАМ на мајка ми што останала со мене 20 год беше да и ја отворам вратата и да ја пуштам да си ја најде среќата ко што си ја најде.
    И мене ми беше чудно на почетокот значи ја чоекот после две години познавање го прифатив ко свој, ама како што мајка ти мислела и мисли за твоја среќа треба и вие да мислите за нејзината. Зашо утре вие двете ке се оддадете и ке заминете од дома, а таа сама ке треба да остане.
    Размисли, ама немој да си себична не кога станува збор за некој што живот има посветено за тебе.
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Нова личност во семјеството

    Ќе помине некоја година и самата ќе сфатиш дека сте требале порано да ја поддржите мајка ви во тој чекор, зошто не е толку страшно колку што изгледа. Мене на пример ми е криво што мајка ми долго време не се осудуваше на такво нешто само заради мене, заради мојата реакција. Твое годиште бев, и ја чувствував истата непријатност од помислата дека мајка ми може да биде со друг човек.

    Но сега, со дистанца од 4 поминати години, сосема поинаку гледам на работите. Ја охрабрувам мајка ми да излегува, да запознае некој нов, кој можеби и ќе и стане партнер. Тоа што изгубила една љубов не значи дека до крајот на животот треба да живее со спомени. Заслужува да е среќна, но јас можам да ја усреќам само како мајка. И сакам, искрено сакам некој да може да ја усреќи и како жена.
     
    На Teodora*, reddevill и sanjaeva им се допаѓа ова.
  3. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    Нова личност во семјеството

    нема простор за паника секој си има свој живот сега е модерно време а кога треба веќе да се ставиш во позиција на судија стависе на нејзиното место и запрашајсе самата што со твојот живот дали ке има некаква смисла да бидеш сама некогаш животот знае да биде суров непредвидлив да се менуваат работите и треба да ги прифатиме онакви какви што се да се прилагодиме во ова време во кое што живееме се разбира да го оставиме зад нас балканскиот менталитет :lol:
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Нова личност во семјеството

    Факт е дека оваа работа е доста деликатна, и пред се си зависи од самото семејство.

    Многу јасно дека човекот не е направен да самува, дека на секој му треба сопатник, поготово после ситуации како смрт, развод и сл.
    Ако тргнам од мене, секогаш сум имала разбирање за мајка ми, пред се како човек со нормални, биолошки, човечки потреби, а потоа и како мајка на две деца. Можеби како мала, потешко ми беше да прифатам таков факт, ама како што летаат годините и јас и сестра ми сакаме таа да најде некој со кој ќе си го исполни времето и ќе влезе во старост. Не би сакала да ја замислам во длабока старост, на оние столчињата што се лулаат, сама во празен стан.
    Никогаш не би застанала на патот на нејзината среќа, исто како што и таа не застанува пред мене и сестра ми.

    Меѓутоа, сите сме различни и како што некои луѓе се адаптираат на новонастанати ситуации, има и луѓе што не можат истите да ги прифатат.
    Малку престрог ми е зборот себичност, посебно кога станува збор за блиско семејство. И се додека не се почувствува на своја кожа, оскудно е да осудува.
    Мој совет, да почнеш да размислуваш од друга перспектива и да пробаш да ја прифатиш ситуацијата. И тебе ќе те усреќи што таа е среќна, верувај.
     
    На Teodora* и reddevill им се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Нова личност во семјеството

    Јас оправдувам родителот да си најде нов партнер, имам другарка чии родители се разведени уште кога била бебе, и никако не сака да прифати мајка и да има друг, еве зборува некој и се јавувал со скриен број на мајка и` и јас на шала викам некој таен обожавател, и како ме погледна накриво и ми вика што ти е нема шанси, демек стара е мајка и за такви работи, а жената нема ни 45 год и речиси сум сигурна дека има некој, ама поради тој став кој што го има другарка ми, жената сигурно се крие.

    Меѓутоа, за жал сум била сведок на многу такви семејства со очув или маќеа, каде што лошо се однесувале спрема децата, пример маќеата не му дава да јаде на детето додека татко му е на работа, очув кој што ги малтретира ќерките, им се додворува :puke: и такви слични одвратни работи, и мене тоа ме плаши кога децата се уште живеат во ист дом со родителите.

    Јас сум за тоа да си се гледаат, да си имаат нормална врска, па кога децата ќе се осамостојат, тие дури тогаш да си живеат двајцата сами, вака језиво ми е, што знам- сведоци сме на семејно малтретирање, па што може да се очекува од туѓо лице, чии гени не се пренесени во тоа дете, колку и да мислиш дека го познаваш сепак може да те изненади :worried:
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Нова личност во семјеството

    Јас лично го имам почуствувано ова чувство на своја кожа, не баш истото но многу слично.
    Мајка ми пред речиси 12 години остана вдовица, татко ми ненадејно почина и не остави мене брат ми и мајка ми сами, јас неполни 9 години а брат ми 15, возраст на која ите како е потребен татко.

    Се помиривме со настаната ситуација, биолошки и природен процес против кој не се може :( .

    На почетокот и јас не сакав мајка ми да се „премажи“ или да најде некој, се плашев дека тој никогаш нема да може да го замени татко ми, туку само напротив ќе ја оцрни сликата и името на татко ми.
    Но тоа беше првите можеби 4-5 години, додека не почнав да излегувам приквечер а брат беше постар.

    Се сеќавам на една Нова Година во седмо или осмо одделение, брат ми замина на прослава и јас требаше да одам со другарки кај некоја од нив. Тргнав се гушнавме и и предложив да појде кај чичко ми, живеат веднаш до нас, за да не седи сама, се пондасмевна, за да ме утеши да не се грижам и рече ќе си легнам, ќе гледам ТВ, и ќе одмарам. И ме испрати.
    Тргнав накај другарка ми, по пат сфатив дека сум заборавила нешто, се вратив, неочекувано и ја затекнав како плаче, знаев дека ја боли самотијата, во тој момент срцево ми се распарчи, ја гушнав и останав цела ноќ со неа, не појдов со другарките, туку едноставно сакам да останам дома таа вечер и да ја гушкам.

    Кога ме слушна дека им кажувам на другарките да не ме чекаат, уште толку почна да плаче. Но повторно не сакајки во иднина да ме загрижува не сакаше да признае дека ја боли самотијата, и дека се плаши од тоа дека порано или подоцна јас и брат ми ќе си оформиме свои семејства а она ќе остане сама, не мораше да зборува, не мораше ниту еден збор да каже, во тој момент јасно ми беше се.

    Од тој момент сфатив дека воопшто не е пријатен самачкиот живот, сите имаме потреба од партнер, од некаква поткрепа, од човек кој постојано ќе биде крај тебе макар понекогаш да го имаш и за да се скараш, да сршиш збор два, да ја убиеш тишината.

    Мојата мајка е многу мирна жена, и цврсто стои на ставот дека не сака друг маж покрај себе, и покрај сите мои убедувања дека нема да ми смета, дека ќе се потрудам да го прифатам, како нејзин партнер, како татко неможам, но ете како човек со кој мајка ми би ја дочекала староста, би и пружил топлина, љубов и разбирање ќе го прифатам.
    Па на крајот на краиштата ние сме им деца, но тоа не ни дава никакво право да се мешаме во нивните животи и да влијаеме на нивните одлуки, не сакаме тие така да се однесуваат кон нас и фер би било и ние да постапуваме така.
     
    На Teodora*, WildCherry, Dushica-sk и 7 други им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.392
    Нова личност во семјеството

    И мајка ми е вдовица веќе 4 години,и јас многу пати сум размилувала на оваа тема.Таа никогаш не би прифатила друг маж,тоа добро го знам,а и мене таа помисла не ми се допаѓаше во почеток.Но како минува времето сакам да е среќна и онака и потспомнувам,а таа вели такво нешто не ми е ни на крај памет.Многу го сакаше татко ми,ама не би се противела доколку си најде некој фин човек.Не знам дали би можела да зборувам за љубов но би сакала да не е сама,и тоа многу ме погодува. :worried:
    Сестра ми не сака да чуе,јас кога потспомнувам се лути и вели немој уште еднаш да си кажала такво нешто.Јас и велам дека и покрај се,треба да сфати дека сам човек тешко му е живеењето.
    Не верувам дека ќе се случи кај мене,ама не би била против.Тешко е,ама не сакам да сум себична .
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Нова личност во семјеството

    И уште ова заборавив да го спомнам- најчесто таа нова личност не доаѓа сама туку и таа има некаков “багаж“ позади себе, па тоа е уште потешко кога децата се помали, да имаат наеднаш нови братчиња и сестри во куќата.
    Колку се натажив така кога си пишував со еден другар, ми вика Сеси многу ми е тешко, очувот не ме ни перцепира дома, само неговата ќерка си ја гледа која живее со нас, за мене не му е гајле, мајка ми тајно ми дава пари, ама вика ќе издржам јас, ќе се одделиме со мајка ми, ќе ја напуштиме таа негова куќа.

    Затоа ви велам не е се толку идеално со таа нова личност- друго е на постари години, кога децата се веќе возрасни личности и си имаат нивни семејства, а вака мешани бракови,децата мали, па нивно заедничко дете, има да биде шпанска серија и тешко е да се постави некаков баланс во такви услови.
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Нова личност во семјеството

    Прво да кажам дека и мајка ми е вдовица и до скоро воопшто не сум ја сакала ни самата помисла,ама сега сакам само да е добро и да е среќна,тоа премногу ми значи.Која сум јас да и ја одземам среќата? Ама и таа воопшто не помислува на такво нешто.
    Јас знам дека е шубе,ама размислете дека ако таа е среќна посреќни ќе сте и вие гледајќи ја насмеана,отколку тажна.....Искрено темата е навистина болна,и знам и дека мене не би ми било сеедно....

    Е сега како што знаете се ближи свадбата а јас место во еуфорија ме фати депресија.Откако бидна веридбата ние дека на 2 недели си одиме,некогаш ќе преспиев кај него некогаш дома,ама пак повеќе ме влечеше накај дома.Е сега никако не можам да си ја прифатам помислата дека ќе бидам само кај него.Со мајка сум многу,ама многу приврзана ,и никако не можам да си ја прифатам помислата дека повеќе дома нема да бидам.Знам дека не е во ред,но претешко ми е,ептен тешко.Место да се веселам веќе 2 недели плачам и се нервирам.Ние си одиме многу ретко дома,оти маж ми работи саботи,и сега не сакам да ја гледам само на кафе за еден саат,не знам колку ме сфаќате,сигурно си велите оваа не е во ред,но ете тешко ми е и незнам како да се справам со оваа болка.Сигурно со тек на време ќе се навикнам,ама тешко,.Со дечко ми одевме 6,7 години пред да се вериме,и со неговите не сум била блиска,на кафиња ова она,тоа немало многу ретко за некои свечености,и кога одев кај него на спиење ми беше шубе.
    Они збореле на едни роднини дека кога веќе првата вечер сум отишла на спиење-после веридбата-кај нив,не требало демек да се врачам дома! Ова ме изнервира и им кажав дека колку ретко си доаѓам и имам потреба да бидам со моите,а они превтеа очи.Сега и сестра му се вери на маж ми,и си замина кај дечко и,и они велат-еве ќерка ни како седи таму.Ама тие пак се гледаат секој ден,во ист град се,а мене ме сфаќа ли некој дека ми е тешкоооооооооо ;(
    Што мислите вие,ми треба совет,зошто си плачам тајно ,како да кажам,маж ми ме гледа нонстоп отечена ме прашува што ти е......Може ќе ви звучам детски,да имам 25 години,ама се ми падна претешко,аххх незнам како да си помогнам ;(
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Нова личност во семјеството


    Маца, не сакам и не дај Боже да ја почувствувам таа тага како тебе, но како човек кој е многу емотивен за вакви и било какви човечки чувства, можам само да ти кажам некое мое мислење што ако сакаш прифати го како мислење. И јас сум премногу приврзана за мајка ми, но иако не можам да влезам во твоја кожа, можам само да ти кажам да ја посетуваш што е можно почесто, и искрено иако не можеШ, мислам дека мораш да имаш приоритет во животот. Не знам колку може да ти успее да си и кај мајка ти, и кај сега веќе твојот свршеник, уште малку и споруг, исто време.
    Разбирам дека ти е жал за твојата мајка, која нема сопатник до нејзе, и сфаќам колку си загрижена и приврзана за нејзе, но што е човечко и коректно е од твоја страна, колку можеш и колку условите и обврските ти дозволуваат да бидеш со нејзе. Тоа не значи дека треба да си дозволиш да го запоставуваш сега веќе домот во кој живееш со свршеникот, пред се ти создаваш ново семејство, онака како што некогаш мајка ти создавала. Радувај се на животот кој е пред тебе. И радувај се што ја имаш мајка ти крај себе. Само не разбрав дали вие живеете во различен град со мајка ти, или не.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Нова личност во семјеството

    Моментално да,заради работата :worried:
    Така да си одиме некогаш еднаш месечно некогаш помалку ,зависи.
    Може ќе ми беше полесно да бев дома,ама тоа е кога се нема работа,сега за сега приморани сме во Скопје.....
     
  12. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Нова личност во семјеството

    Maca99 јас не сум нити верена нити мажена, но знам како ти е. Јас на викенд ќе појдам негде па со моите по цели саати правиме муабет ко да не сме се виделе којзнае колку долго. Приврзана сум претерано,знам дека ќе ми биде тешко,но да ти кажам уште од сега почнав психички да се подготвувам и да се тешам дека тоа мора да биде. Нормално е секоја девојка пред свадба вака да се однесува.Братучетка ми знам пред да се омажи само плачеше,по цели ноќи иако беше одалечена само 20 минути од нив. Мора психички да бидеш појака, секој има свој живот и мора да бидеме јаки да го живееме. И јас би те советувала да му кажеш на дечко или вереник што ти е, така ќе ти биде полесно. А за мајка ти поразговарај со неа и доколку има можност да си има човек,другар до нејзе многу ќе и биде полесно. Знам дека темата е малце деликатна, но и тебе ќе ти биде полесно кога ќе знаеш дека има некој до нејзе. Но, дали мајак ти ќе го прифати тоа зависи од нејзината личност и карактер. Некои не се такви личност за лесно да си најдат партнер.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Нова личност во семјеството

    Маца, те разбирам како е. Најтешко е да се разделиш од сопствениот дом, од најмилите, од местото каде си се родил и пораснал.
    Со тек на време ќе се навикниш на новиот живот, но знам дека мислите секогаш ќе ти бидат кај мајка ти.
    Може да побарате некој начин таа да живее со вас или блиску кај вас.
    Ако, не е можно така, почесто ќе ја посетуваш, а и со интернетот (посебно скајп) денес е многу полесно. ;)
    Но, како и да е, не дозволувај да те нервираат и да ти се мешаат неговите родители. Не слушај ги нивните празни муабети и провокации. И не дозволувај да влијаат на твојот партнер.
    Ти сложувај си се партнерот, а нив нека не им биде гајле каде и колку ќе спиеш.
    Многу мразам кога свекорот и свекрвата мора во се` да се мешаат и да наоѓаат замерки. :@ Абе, нека си го гледаат својот живот! :^)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе бидам толку искрена што ќе звучам на моменти сурово, ама за разлика од другите кои го поддржуваат овој случај јас сум повеќе ако не и целосно на спротивната страна.
    За мене незамисливо е да му го направам тоа на човекот со кој сум живеела и со кој имам две прекрасни ќерки со што го газам споменот на човекот кој бил важен дел од мојот живот. Пет години не се којзнае колку многу за да мајка ти се гледа со други, штом сега ви наговестила тоа значи дека истото веќе и се случило, што не мора да е точно, па сака да знае како вие ќе реагирате на тоа. Зар толку брзо го заборави човекот на својот живот, зар толку брзо го навреди неговиот спомен и неговиот дел од постелата му го препушта на друг. Не можам да разберам а и не сакам. Ова не е холивудски филм па да претеруваме. Ако веќе толку нема почит кон себе, кон другите и кон спомените и да создаде врска со друг, не треба тој човек да го внесува во вашите животи ниту да го направи дел од вашиот дом, нека ја задржи таа работа за себе, нема потреба вас да ве вмешува. Во вашиот живот има и ќе има место само за еден маж на вашата мајка, а тоа е вашиот татко.
    Многу е тешко и незамисливо за една млада мајка со бебе да изгуби маж, па да продолжи со друг а не за жена во години како мајка ви, која создала дом и семејство со еден човек, да ги погази со такви постапки. Не ја оправдувам и нема право да ви ги валка спомените на татко ви. Ако толку и треба некој покрај неа ве има вас, ќе има внуци здравје боже од вас, има роднини, пријатели. Ако има само физички потреби, нека го задржи тоа подалеку од очите не оние кои и се нај свети. Вие ако се омажите нема да престанете да постоите, ќе бидете пак тука за неа, па можете и со неа да живеете а мислам дека е срамота за само 5 години (и помалку) да се замени човекот со кој се делеле толку спомени. Ова го кажувам со надеж дека твоите имале убав брак и се сакале, имале деца, во ваков случај не можам да оправдам таква постапка на мајка ти, 5 години па и 10, 15 итн. не се доволни за да се навреди споменот на саканиот. Нема да биде ниту прва ниту последна која ќе му биде верна на својот маж макар и по смртта. Со него ја поврзувате токму вие, да немала деца и да е млада па да сака да формира фамилија би било на некој начин оправдано, но таа има живот, ве има вас, го има него највеќе преку вас.
    Многу по нечовечно е да се изневери мртов човек отколку жив.

    maca99 Јас би ти рекла оди си кај мајка ти, остани ден два кај неа, и не слушај такви бабини деветини, не смеела да се враќа како не, баш напротив, една моја колешка се вери ама се до свадбата си беше дома, не спиеше кај него, ма да и свадбата не беше многу касно. Ме нервираат такви стари луѓе што се они знаат, измислуваат нешто, а да ги прашаш зашто не треба да ти објаснат или нема ништо да ти кажат зашто не знаат и самите или ќе измислат некоја слична глупост како објаснување. Немој уште сега да им дозволуваш да те замараат со такви глупости и да те нервираат, објасни му се убаво на вереникот ама не ги напаѓај неговите за да не ти се налути, па види како он ги прифаќа тие бабини деветини од неговите, освен ако не е приврзан со нив за да ги слуша за се и сешто.
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.159
    Допаѓања:
    112.906
    Пол:
    Женски
    Немав намера да пишувам на темава ама постот на Абеја ме провоцира. Не се согласувам дека тоа што жената си нашла нов човек го валка споменот на покојниот сопруг. Што треба да прави и она да легне да умре?? Нејзиниот живот продолжува. Тргам од себе си. Единица сум, моите се скоро разведени. Секој живее посебно. Знаеш како ми е кога ги мислам моите дека се сами навечер?? Знаеш кои мисли ми се мотаат во глава?? А не можам јас мојот живот да го ствам на стенд бај за да им бидам нив измеќарка ниту пак они ќе дозволат. И јас и велам на мајка ми да си најде некој, од мене има зелено светло, ама она не сака. Тоа што мајка ми или татко ми ќе имаат нови луѓе во животот не го менува нивното место во мојот живот ниту пак моето во нивното. Самотијата е лоша работа. Не зборувам за самотија физичка, како што велиц внуци зетовци , пријателки, но кога ќе си одат дома, остануваш сам во празна куќа. Има работи кои родител на дете не ги кажува, а го притискаат. Се сеќавам на една покојна комшивка, која млада сотанала вдовица со два сина и никогаш не се премажила, ми кажа еднаш дека сега кога синовите и се средени со семејства со деца тинејџери, нејзе и треба некој едноставно да и каже дека се ќе биде во ред. Ми велеше, никогаш немој да останеш сама.
    Мене нема да ми е лесно, не велам дека ќе ми биде, ќе се ломам во себе си кога ќе ги видам другите во животите на моите родители, но подобро тоа него овие кошмарни мисли кога вртам на телефон а не се јавува, кога ќе ми рече добро сум а знам дека не е добро.
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.463
    Пол:
    Женски
    Abeja, зошто мислиш дека жената ќе го изневери мртвиот сопруг? Не значи дека ако продолжи со животот, го заборавила или го изневерила. Ако имале убав и среќен живот, ако биле среќни заедно и се сакале, сигурно си дала доволно време да го преболи, сигурно исто вака размислувала на почетокот. Нормално дека е тешко да го изгубиш животниот сопатник, оној за кој што си се надевал дека ќе ти биде поддршка во староста. И не е жената лоша личност или неверна ако продолжила со животот. Ајде да ја осудиме на доживотна самотија ако сопругот починал во најубавите години. Исто ко да си ја погребала заедно со него. И без разлика дали се работи за маж или жена, секој има право да одлучува што ќе прави со својот живот. А децата секако дека треба да бидат вклучени во одлуките на родителот, родителот да ги почитува нивните размислувања, но нивниот збор тука не може да биде последен.

    Ако жената продолжи со животот, си најде друг маж сопатник, не значи дека го заборавила починатиот сопруг. Разбирливо и очекувано е дека децата не можат да прифатат некој друг да биде на местото на таткото. Јасно е дека никој не може да го замени родителот, ама новиот член, во случајов пријателот на мајката, не треба ни да се обидува да го заменува. Едноставно, да биде тука ако им треба, ништо повеќе. Барем јас така размислувам :)
     
    На Teodora* и joelle им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.159
    Допаѓања:
    112.906
    Пол:
    Женски
    А зашто мораш да одиш секогаш со него?? Ако ти е тешко оди си сама кај мајка ти. Нема ништо страшно во тоа.
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    nena2010 i Annath, секој коментира поаѓајќи од негово гледиште и од неговата состојба во семејството, од неговите преживеани проблеми и убави моменти, така и јас, не гледам причина моето размислување да ве провоцира, секој има право да каже тоа што го мисли. Јас така ја сфаќам љубовта и животот и не дај боже да ми се случи мене ниту на било кој од вас нешто што би го променило овој мој став.
    nena2010 во еден претходен твој пост имаш напишано за тоа што си останала со мајка ти за некоја нова година бидејќи си ја начекала како плаче, со солзи во очи го прочитав постот, да влезеше некој у канцеларијава ќе останеше збунет што ми е. И мислам дека мајка ти не плачела зашто немала дечко, туку по татко ти и по тоа дека одите од неа и ја обзела носталгија и ја ценам според тоа како ја опиша, цврста жена која знае што сака.
    Annath зошто мислиш дека жената ја осудуваме на доживотна самотија, па таа има живи ќерки, роднини, не гледам дека ако некоја не фати одма дечко, дека готово сама ќе биде. И зошто јас ако мислам поинаку од вас не сум во право? Ако мојата замисла за љубовта и преданоста се разликува од вашата, тоа не ги прави моите ставови и размислувања погрешни, туку искрени.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.463
    Пол:
    Женски
    Abeja, јас не те осудувам, секако дека секој има право на свое размислување, само ти кажувам како јас го сфаќам тој твој став. Т.е не го сфаќам, едноставно мислам дека е себично. Не значи дека мајката одма треба да си фати дечко, ќе си даде време да одболува. Ништо не ги лечи раните, па ни времето, човек учи да живее со болката, ама самотијата не се трпи, тешка е.
    Ќерките нема цел живот да бидат дома со мама, ќе си оформат семејство, сигурно нема да ја жртвуваат сопствената среќа за да не биде мајка им сама. Ниту пак нивната мајка ќе дозволи да го сторат тоа. И да се комшии, врата до врата, пак не е исто. Еве пример, мајка ми - нејзината мајка, баба ми, сама е веќе десетина години откако почина дедо ми. Знаеш колку плаче жената што нема никој да седи со неа? Нормално дека нема на 80 и кусур години да си бара нов сопатник, ама пак, ми кажува жената, сам човек за ништо не е.
     
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Abeja од лично искуство кажуваш или онака од памет си збориш?
    Моето е од лично искуство, татко ми остана вдовец на 45 години, со двајцата тинејџери, од почетокот ни се посвети маскимално и сеуште ни е посветен ама со време почнува да му фали сопатник, некој со кого може да разговара, да излезе на вечера, да гледа филм, почна да го фаќа депресија сите негови пријатели во пар само тој сам, колку и да сакале да го дружаат сам се чувствуваше како вишок.
    Последните 7-8 години си има пријателка не е преженет меѓутоа таа е составен дел од неговиот живот, и конечно после толку време е среќен, и мене ми е мило што нашол некоја да биде среќен со нејзе.
    Иако на почетокот малку се понашав како недозреана ама скоро сите што изгубиле на млади години родител го идеализираат и да имало лоши моменти тие ги забораваме и го ставаме родителот на пиедистал, разумот ми кажуваше дека татко ми има право на повторна среќа во животот ама срцето ми се кинеше кога гледав друга жена на местото на мајка ти, со време го надминав тоа.
    Жената ја прифаќам како дел од на татко ми животот ама не и како дел од мојот, таа неможе мене да ми биде мајка, ниту пак на моето дете да му биде баба, тоа го решивме уште со внук ми кога таа му викаше да и се обраќа со баба и брат ми и го забрани тоа,и кажа дека ја почитува ама баба не му е и неможе да му биде.
    И никако не мислам дека татко ми ја изневерил мајка ми или не погазил нас децата(иако оддамна не сме деца)тоа што на моменти ми е тешко да гледам друга жена покрај татко ми е точно ама и уште потешко ќе ми беше да го гледам така депримиран и мизерен.