1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нова личност во семејството

Дискусија во 'Брак' започната од lebed-bel, 13 ноември 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Јас тоа го немам напишано туку Najubava2010 :D

     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Добро не е битно, работам па затоа не се навраќав на постовите, сакав да го потенцирам мислењето. Битно на н беше :lol: а и годината ви се потрефила. Идејата ми беше таа, извини што ве помешав, ама тоа што сакав да го кажам го кажав јасно, со мало помешување на брзините, од прва директно у 4-та.

    Од памет си зборам.... :o
    Епа не знам што да ти одговорам на ова прашање, ако немам лично искуство не значи дека немам ниту лично мислење. Не може човек да си каже што мисли ако директно не го нападнат. Сите кажуваат едно исто и ако некој се појави со поинакво мислење, одма тој не е нормален.
    Мислете си што сакате, јас си останувам на моето размислување, вие на вашето.
    Ниту јас ќе ве убедам вас, ниту вие мене.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Абе види , на никое дете не ми е лесно родителот да го гледа со друг. И јас си кажав дека ќе се ломам. Ама реалноста е друга. Не знам ти каква ситуација имаш ама јас би била помирна да знам дека еве што се вели да се засркне мајка ми има кој вода да и даде. И искрено повеќе ќе ме навреди ако има некој а не ми каже и се крие од мене, а дознам од друг ( зашто се се дознава), отколку да ми каже дека ете постои некој во нејзиниот живот.
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Оваа тема не е лесна и едноставна,туку е многу чувствителна.Друго е кога ќе ги осетиш работите на своја кожа.Се ама баш се се менува.И размислувањата кои си ги имал претходно.Да,се зборува-брзо го прежали мажот.....Но ова може да го каже некој кој не го осетил тоа и си има само претстава како би изгледале работите.
    Јас кажав дека мајка ми не би имала друг.Си го сакаше и сеуште го сака татко ми,јасно е за самотијата,но што сега-да се самоубие? Мене ми е мило што таа си ги разграничи работите,што си ја прифати судбината-така требало да биде,и што не дозволи да западне во уште подлабока депресија туку храбро стана и не изведе на прав пат.Вели дека е среќна што има деца како нас-во секој момент сме тука една за друга,ко нераскинлив синџир сме.Вели дека си ја гледа среќата во нас и во идните внуци што ќе ги има.Оди на работа,излегува со другарки на кафе,не продолжи да се запоставува.Да,не велам дека и е лесно,ама ете има секакви човечки судбини-па по цели фамилии умираат во сообракајќи.Некои остануваат сами пак цел живот,па пак се пронаоѓа смислата на животот во нешто-се продолжува со него.
    Реков дека мислењето ми се смени,зошто самата помисла на тоа да има друг ми беше неприфатлива.Но денес ако сака таа,јас ќе подголтнам и ќе прифатам.Тешко на тоа,нејзин избор е.Таква ни е средината,и ви велам друго е да зборите на памет-Па зошто да не,он умрел ,она има потреби,вака-така,кога не сте доживеале.Ако жената си осеќа дека не сака друг -нејзин избор.Не секој може лесно да помине преку тоа.Мајка ми е 50 години,и е среќна што со татко ми постигнаа се она што ги исполнувало,а за понатаму си одлучува она.Не е сама на светот,не има нас,така да ова е веќе индивидуален избор ,некој нема никој-е тогаш е навистина сам.
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тоа што така се чувствуваш е нормално. Низ таа фаза поминува секој некој полесно некој потешко. Тебе те сваќа мајка ти и би ти препорачала да во ниеден момент пред неа не покажеш слабост, затоа што ти ќе си отидеш а нејзе ќе ја јавне самотијата и ќе си направи 300-та филма дека си несреќна итн итн (чудо е човечкиот мозок).
    Ако не му се изјадаш и не кажеш што те мачи на мажот тогаш на кој ??? на пријателка некоја која станува љубоморна и себична на твојата среќа или овдека на форум каде што ќе ти дадат некој совет ама само ти и тој ја знаете правата вистина. Не е срамно ниту глупаво да му кажеш, а верувај ќе те свати. Можеби во оваа брканица, веридба, подготовки, работа...не му светнала сијаличката и да се запраша како се чувствуваш ти.
    Старите на мажот ти патат од комплекс селска демагогија - што ќе кажат комшиите снашката си отиде а ние жениме син. Не им замерај ги лупнала свадбена еуфорија дека тие прават свадба а не вие млади.
    Да не бидам офф,
    јас 26 годишна снајка се мажам. Ќерка единица на татко кој ме порасна од 1кг месо (моите се разведени од моја 1год. -бебе :$ ). Седнувам на маса и му викам ,,ја се удајем,, а тој на мене ,,кој месец си трудна,, и јас ;( ;( ;( ;( . Тогаш за прв пат запалив цигара пред него и му викам ,, слушај, јас си ја избрав среќата моја и мојот пат во живот по кој ќе газам. Ако некогаш имам потреба да се наслонам на тебе ќе побарам помош а ти, со кого ќе ја делиш самотијата. Не е проблем да ти направам ручек, исчистам еднаш неделно туку проблем е со кој ќе го делиш лебот. Сам човек за никаде не е.....,,
    Еве до ден денес одам кога можам иако тој почесто доаѓа кај мене да го чува малиот :) (да, и памперси менуваше :) дедо), и до ден денес тој не најде животен сопатник. Некогаш го разбирам дека се решил на таков живот, самечки, да жртвува се за мене, што е и малку себично можеби, ама јас сум таа која му реков дека не треба да седи сам.
    И да е вдовец или вдовица болката секогаш ќе стои во срцето и не значи дека некој нов човек ќе го замени местото на претходниот. Сите имаат право да бидат среќни ама од самите нив зависи во каква среќа ќе уживаат. На некој му е доволно да ги гледа децата и внуците а некој не може да ја поднесе самотијата.
    Можеби е нова личност во семејството ама од самото семејство зависи дали ќе опстане како целина или не
     
    На Teodora*, maca99 и eli25 им се допаѓа ова.
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Абеја го прочитав и претходниот пост што го напиша и морам да ти забележам дека премногу остро и површно гледаш на работите.
    Точно дека родителот треба да се жртвува за своите деца, да ги однесе на прав пат-што всушност е и основата родителска обврска, но откако родителот ќе го стори тоа, и откако тие деца ќе израснат во зрели, самостојни луѓе што им преостанува тогаш на родителите?
    Вреди да се жртвува родителот за своите деца, но тоа не значи дека откако ќе ги обави своите должности мора и понатака да продолжи да ја жртвува својата среќа само затоа што судбината пред време му го одземала партнерот.
    Ако се двајца, се посветуваат еден на друг, си ги чуваат внуците, негуваат бавча, шетаат.
    Но кога човек е сам, губи воља за многу работи, едноставно има потреба од некаква поткрепа, од човек кој немора емоционално туку само физички да фигурира крај нив.

    Темата е многу деликатна и болна сама по себе, особено кога ваквите работи човек ќе ги почуствува на своја кожа.
    Не дознав зошто мајка ми плачеше таа ноќ, но едноставно ме здоболе, не верувам дека плачела по нов партнер, ниту по татко ми, плачеше зошто и беше тешко, што е сама. Да беше татко ми жив можеби немаше да се гушнат и да одат во кафана, ќе спиеа еден на еден кревет, друг на другиот, но во 00:01 па ќе имаше кому да каже „Среќна Нова Година“. А сега го фаќа телефонот и веднаш не бара мене и брат ми да ни честита. Срце ми се пара кога пишувам на темава, знам каква личност е мајка ми, и знам дека не заслужува таков самачки живот, се трудам да бидам крај секогаш кога ќе има потреба од подршка, разговор, утеха...но неможам, ниту пак таа ми дозволува да на некој начин и посветувам толку време.

    „Самотијата е многу потешка и од сиромаштијата“.
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Потполно ја разбирам најубава 2010, затоа што безброј пати сум се нашла во таа ситуација. Истото се случуваше и со мајка ми. И можам да кажам дека првите 5-6 години плачеше по татко ми, затоа што знам дека сеуште го сака. Но во последните години си плаче за себе, си ја плаче судбината, за тоа што ја снашло на млади години... Тежок е животот во самотија, да немаш човек до себе. Особено е најтешко на празниците, деновите кога се собира целото семејство. Секогаш тој член ке фали, никој неможе да му го заземе местото.

    Би била најсреќна на свет, кога би нашла некој, со кој би можела да го дели животот, партнер кој ке биде покрај неа.

    И да, тој што не осетил како е, може многу лесно да кажува билошто. Но тој што осетил на своја кожа, најубаво знае како е...
    не питај старило, питај патило (малку повекје е на дијалект, ама мислам дека разбравте)
     
    На Teodora* и najubava2010 им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Таа забелешка дај ми ја кога ќе кажам невистина, од нешто црно да правам бело, зашто јас не мислам дека љубовта е површна и остра. Зборувам за вистинска љубов и смрт на партнерот во поодминати години, со деца. И ни во најмал миг не помислувам дека немам право. И не викам дека ти или кој било друг грешите или сте површни, срамота е за мене да ви кажувам дека грешите, како што е и за вас. Можеш да го убедиш човек која храна е здрава за јадење а не и да го убедиш кого и како треба да го сака. Не мора да имаш само искуство со смрт за да знаеш како е, многу е поважно да имаш искуство со вистинска љубов за да знаеш како е. Јас знам. Знаете и вие од ваше искуство. Но тоа не значи дека и секој на ваше место би постапил како вас. Toa е мое размислување и не гледам зошто секој мора да се повикува на него за да ми докажува како јас грешам, кога ниту ќе ми докаже ниту ќе ме разубеди за да го променам ставот.
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ако го оставиме фактот дека еден партнер починал, едноставно да земеме разделена двојка со израстени деца. Јас од лично искуство со свекорот и свекрвата моја ќе си кажам.

    Не им одеше бракот па пораснаа децата и овие се разделија откако децата си излегоа од дома. После 15 години како живее сама, мојата свекрва изгледа 10 години постара од свекор ми макар што е 10 помлада од него.
    И не само тоа, жената е западната во таква депресија, со саати седи во темна соба, без светло со затворени завеси. Ни телевизор, ни радио, весник или книга, ете така седи со саати во темна дупка. Не да легне да одмара, седи, на дрвен стол на маса за јадење и не мрда. Што мисли што размислува само она си знае.Чмае така секој ден за недела, две и, еден ден и пукне филмот однекаде, се испокара со комшиите оти тропале, или мачката им мјаукала гласно...или паѓале круши од нивното дрво во нејзината бавча... Од ништо прави проблеми, се скара со пријателка од детсвото оти оваа и се јавила во непогодно време и веќе две години не и збори. После кавга со комшии се заклучи дома, го зема телефонот и звони на ќерка и која живее на далечина од 13 саата со авион за да и каже дека никој не ја сака, никој не ја гледа, подобро и е да умре.(мене ми стига нејзината телефонска сметка оти она не може да си дозволи да ја плати) Ќерка и ќе се јави на мене да ми „одржи лекција„ оти она е далеку а јас живеам на пола саат од мајка и а не ја фермам два посто.
    Многу убаво кога да ви кажам дека секоја сабота и секоја недела ја видувам, и купувам јадење и пиење, и ќе и позачистам по дома оти она веќе не пофаќа ништо. Не дека не може, 65 годишна е, здрава е физички и способна е сама да се гледа, ама ете не сака, до тука и стигнало со животот. Она не живее, она мизерува и само плука отров и горчина на се и секој околу неа, цел свет и е виновен.

    Од друга страна свекор ми си запозна друга жена, ете го си ги живее годините со другар, си растат лозници(во сред град)за да си прават домашно вино, си се чуваат и секогаш имаат да кажат нешто интересно, што направиле, кај биле, што ќе прават. Се радуваат на секој ден заедно. Свекрвата го мрази во душа оти тој ја оставил за друга жена, да појаснам тој не ја остави неа за друга жена, туку си ја најде оваа откако си замина. Додека оваа брои годишнини, еве волку години ќе бевме во брак на оваа дата, и седи во темно и го мрази светот, и себе си и сите што всушност ја сакаат, а децата и се толку почесто околу неа да ја дружат отколку со другиот родител, и пак не се доста... свекорот си започна нов живот и ужива во него. ОК, јас не сум им дете, туку снаа, ама имам една свекрва, еден свекор, а на свекорот новата жена е само жена со која се дружиме и почитуваме.

    Да не биде судбина да останам рано сама, ама кога гледам пред очиве самотијата до кај те дотера, никогаш нема да си дозволам да станам како неа.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Во врска со самотијата можам само да кажам - Сам човек е за никаде.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Многу болна тема и молам Бога никој да не дознае како е. Не можам а не ни сакам да замислам. Од една страна мора да се продолжи, сам особено на стари години не се можи особено ако немаш никој до себе. Ако тој некој си го сакал тагата би била премногу голема за да може долго време некој да избрише. Т.е никогаш не се брише само се преминува преку тоа. Иако важам за мн јака личност, би се распрскала на 1000 парчиња.
    Ако некој одлучил да ја сподели својата самотија со некого за кој мисли дека е соодветен, му ја посакувам секоја среќа, оти ретко кој има храброст да им се спротистави на оговарачките јазици особено ако си помлад. За постариве како да не им е галје. Ах, балкански менталитет наш
     
    На Teodora* и maca99 им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.587
    Пол:
    Женски
    Вчера гледавме еден филм и сестра ми вели- Ех, па и овие, па не е толку тешко сама да бидеш, сам да живееш цел живот. Мајка ми само и одговори- Ако не е тешко нема никој да бара другар.
     
    На srcekrsacka, kate21 и Doozy им се допаѓа ова.
  13. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Јас мислам дека и возрасните имаат право за втора шанса,да бидат срекни,еден вид пријател за на старост. :tmi:
    се разбира да не биде тоа превара на другиот родител затоа што ние се разбира не можеме да прифатиме развод,па да ни донесат дома друг "родител :hai: "
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    откако почина баба ми-мајка и на мајка ми, по некое време дедо ми си најде нова друшка, вдовица-своја кука, пензија од претходниот маж што ја наследила. Беа 10 години во заедништво-еднаш се скарале, па дедо ми ја молел за да се врати :fubar: било циркузи низ Тетово-како што се вели дека за втора жена , мажот и на тепсија ке игра :D од почит ја викав бабо, не дека ја сакав, ама ете, и некако ја прифатија мајка ми и средната тетка-секако не и се обракаа со мамо туту со тетка таа и таа-гледаше во се да ни угоди, ама проблеми правеше најмалата тетка-не ја поднесуваше(така беше затоа што баба ми многу ја сакаше неа и нејзините внучиња најмали, а ние другите-особено јас и брат ми бевме Скопски губренциња, а братучед ми го третираа како кралче кога ке дојдеше од Србија)
    почина дедо ми, и почнаа кавгите, и на крај друшката на дедо си се врати во својата кука.

    а во случај мајка ми и татко ми да се разведат-што мислам дека би било најпаметно решение, ако мајка ми најде друг човек, ке се обидам да имам нормален човечки однос со него-како што направи тетка ми, ама братучедка ми не знае за вториот човек во животот на мајка и-инаку и тој е вдовец, и има две девојчиња и едно момче.
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    Јас секогаш сум за нова личност во семејството доколку е потребно и доколку така се одлучи. Ете и моите се разведени од многу одамна јас од мала сум без мајка, татко ми колку толку успеа да не изведе на прав пат да ни покаже што е живот. Не дека неможе сам да живее или било што но јас пораснав излагање дечко и.т.н. Едноставно верувајте јас бев таа која му рече тато ти треба да си најдеш другар друга жена. Од една страна мене ќе ми е полесно ќе има кој да ми помага во готвење, пеглање .... од друга страна ти ќе си имаш со кого да бидеш на старост. Верувајте ете пораснавме и се помалку и помалку сме дома, сега сваќам дека сум размислила правилно и трезверно, татко ми ете добри 10 години живее со друга жена имаме прекрасни односи сите, верувајте повеќе од сите се радува на свадбата и спрема ли спрема. Јас мирно можам да заминам знаејќи дека дома има кој да се грижи за машкиот дел. И морам да напоменам дека не се ни венчани ни ништо така си живеат и ни е прекрасно. Јас секогаш ги подржувам ваквите луѓе и сметам дека не треба да бидеме посесивни спрема родителот кој ќе остане со нас и тој има живот и со смрта или разводот на едниот брачен другар животот не престанува.
     
    На Teodora*, kikal, Eleonorastrumica и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    во ваква ситуација несум се нашла, неби ни сакала, но никогаш не се знае што може да се случи.
    ако утре мајка ми или татко ми останат во таква ситуација и посакаат нова личност за дружење, нема да се противам, но на брак помеѓу нив или заедничко живеење никогаш нема да се согласам, колку и да е добра личноста нема да ми е драго да дојде да живее во куќата на мојот родител, нека се гледаат, нека се дружат, може да дојде на кафе, ручек, вечера да поседи, но не и да живее со нас или некој од моите да се пресели таму, нема да дозволам.
    од кај да знам што човек е всушност таа личност или нејзините какви се, па јас сакам моите деца слободно да ги оставам кај мајка ми / татко ми, а не да мислам дали таа личност добро ке се однесува кон нив, особено мажите кои знаат да влезат во пубетет после 50год.
    затоа заедничко живеење никако