Јас само го цитирав Стево кога јавно изјави дека дека мандат ќе добие тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник, и владата мора да ја сочинуваат "чесни, неизвалкани" политичари.. *Зоќе дали спаѓа тука....!?! (у чесните, е дискутабилна ствар) Дали тоа Стефо сам себе убио?!? Оставам на "македонската фела" да види дали е навистина така.
У преговори е, Стево му даде уште 20 дена плус ако успее да подкупи и подмети некој пратеник од другите партии.. Инаку досега ако беше сигурен, ќе составеше влада
Остај што лупета Стево, практика е тој што има највеќе мандати да биде мандатар. Сеа секој си го толкува на свој начин ама за среќа постои Устав. А за она чесни политичари ич не праам муабет
Ај сеа, да не ја правиме Теовелската... Како може претседател на една држава да лупета? Освен во северџанија, заборавив. Никој ништо сам не толкува. Ова се негови јавно кажани ставови, секаде на нет можеш да ги слушнеш и прочиташ
Не му даде Стево, читај ги законите Евичке. До денес е уставен рок за доделување на мандатот, после имаат 20 дена да состават влада. Ако не успеат го враќаат. Ништо матно ни незаконски нема у постапката, ама кој какви портали чита
Викаш Џони дека вчера Стево не му го даде мандатот на Заев и 20 дена плус за да состави влада? Тоа сакаш да кажеш?
За Заев да биде премиер, јас мислам дека ќе треба да "ги даде" Министерство за финансии, МВР, Министерство за здравство. Подобро албанец премиер а министерствата нека си останат на СДС да имаат кадри, него да биде премиер ама да прифати ДУИ да има негови кадри во овие министерства како министер, заменик министер и слично.
Нормално дека му даде, уставна должност му е башка и роковите течат. После ќе плаче Мицко пак дека неуставно било
Еве Левица, ако толку се за народот зашто не се приклучат на оние 59 пратеници на СДС со сите албански партии што ги имаат освен ДУИ да имаат 61 па ДУИ да отпадне.
Левица треба да остане во опозиција, така е најдобро за нив. Ако сакаат на наредни да бидат трета опција и да имаат повеќе мандати. Мицко е тој кој го одби Заев за да формираат влада заедно. Заев му понудил, овој одбил..
Нема шанси Левица да коалицира до Сдс и Дуи. Како ќе коалицираат, кога едните се горди и ги промовираат сите договори(преспански, бугарски, тиранска..) А другиве "ќе се трудат" да ги укинат истиве..
Немам досега слушнато дека Заев му понудил да коалицира со Мицко. Ако никој не состави влада, можно е на крај да има широка коалциција со сите партии, па со локалните на пролет, и нови предвремени парламентарни.
Дали јас се сложувам е мање битно у приказнава, факт е дека си победи на изборите и има законско право да состави мнозинство. Дали и како ќе дојде до тоа, останува да видиме.
На кое ниво сме значи да бираш и да ти е норнално измеѓу Албанец премиер или да се пикнат во уште повеќе министерства не дека до сега не се пикнаа.
Леле ама се глупи наместо да се соединат заедно и да не им дозволиме да не ду*пат албанците у наша родена земја овие ќе се тепаат кој повеќе пари да земе