1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нови девет милиони евра за „Скопје 2014-та“

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 18 март 2011.

  1. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Наголемо се трошат пари за „Скопје 2014-та“. Уште нови девет милиони евра ќе отидат за австриска фирма занаетчиски работи, мебел, осветлување и орнаментика за стариот театар.

    Со оваа последна набавка на министерството за култура речиси за пет пати е зголемена сумата која се предвидуваше за театарот.

    Премиерот Груевски тврдеше дека објектот ќе чини само 6 милиони евра, но испадна дека досега се потрошени над 25 милиони евра. Или целата финансиска конструкција е надмината за само 20-тина милиони евра.

    Сите објекти од „Скопје 2014-та“ испаднаа неколкупати поскапи од најавите на власта. За спомениците се тврдеше дека ќе чинат 10 милиони евра, а само толку е Александар на Букефал и фонтаната на која се планира да биде поставен годинава.

    Сите споменици заедно тежат над 50 милиони евра. Само театарот и спомениците ја достигнуваат сумата од 80 милиони евра колку што тврдеше Груевски дека ќе чини целиот проект „Скопје 2014-та“.

    Проектот и огромните суми народни пари долго време се цел на критики на јавноста а стигнаа и до светските медиуми. Британскиот „Економист“, „Скопје 2014-та“ го споредуваше со епизода од стриповите на Астерикс и Галските авантури.

    „Економист“ тврдеше дека Премиерот Груевски несомнено ќе сака „Скопје 2014-та“ за кој се потрошени стотици милиони евра пари на граѓаните да го искористи во изборната кампања како негов голем успех.

    Забрзано се привршува и со проектот за обновување на фасадите во центарот на Скопје, а како нов детаљ во планот за „Мал ринг“ се најде и партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе се издигнува на висина од 22 метри.
    :puke:
     
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Ова е болно и мазохистички. Ненормална работа
    Во време на најголема сиромаштија и луѓе што немаат леб да јадат он гради проекти од 100 милиони евра. Од друга страна на социјалните случаеви им го крати месечниот приход од 2000 денари месечно. Мизерија

    А за последново, партиското седиште што ќе го издигнале....Нека го изградат така повисоко, ко замоците во заспаната убавица и нека се качат сите горе, нека се затворат и веќе очи да не им видиме.
     
    На fast_and_curious и Mili28 им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Слушав пред некое време на ТВ, ќе се градело ново министерство за финансии на местото на некоја си Југо банка (мислам). Тоа ќе чинело 9 милиони евра. Незнам дали за истото е отворена темава, ама како и да е, ЈА ПРЕТЕРАА! |(
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Избори се ближат,избори се ближат...акооо...нека гледа народот.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Катастрофа луѓето пари за леб немаат, а они ги трошат за глупости
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Абе избори се ближат, и шо ако, ама они и да речат 100 милиони за скулптури и ќе им каже некој говор Грујо, ќе ги подлаже, ќе се попалат како млади мајмуни и пак ќе гласаат за него.
    Народов наш ни е напатен, а со исперен мозок и никако да се опаметат, никако.
    Кај нас нема политика, кај нас има трчи, лажи, укради.
    Комунизам ќе да се враќа!

    А иначе вчера дознав зашто се гради Триумфалната капија.
    За победнички да се влезе кај Чичко Стоилко :wasntme:
    :swear:

    Сега да дознаам и Лондонското овааааај Скопското Око зашто се гради. Вајда за поубаво да се гледаат тепачките на кале или од другата страна кражбите на телеком. Не знам за тоа, не ми е уште разјаснето.
    А кај и да е треба да почнат да се градат на плоштад и другите 2 згради. Треба да кружам 30 минути низ градов за да најдам пролаз од крановиве.
     
    На silvice и Offspring им се допаѓа ова.
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Како кажа оној Сашо на Златна Бубамара,ако гледавте :D
    Демек им се обраќа на статуите на Гоце и Даме на плоштад и вика:

    Во Македонија земјиште 1 евро метар квадратен? :o
    Па ќе дојде некој од странство за 250 000евра цела Македонија ќе ја купи бе алоо :fubar:
    Па само вие вредите по 2 милиони евра секој :!:

    :D :D :D Забегана работа бе...
    Ако целиот проект Скопје 2014 вреди вкупно 2 милиони ја Мисс да не се викам |(
    Чисто перење пари!....И ај барем да личеше на нешто |(
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Па ние сме имале пари бе? :o :o :o

    Па што не кажете бе, да не се стегам јас и место бајат да почнам тазе леб да си купувам? :^)
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Meне баш ме интересира како ќе заврши проектов и на шо ќе личи Скопје.
    Онака ти приоѓа некој, ти ја краде ташната, се крие зад некој споменик, ти се вртиш како улав барајќи го низ спомениците,ама пусто никако да го видиш,само околу тебе све патриоти гледаш кои на Бугарска википедија се претставени како
    "Георги Николов Делчев или Гоце Делчев (на стария правопис: Гоце Дѣлчевъ) е един от най-значимите български революционери, водач и идеолог на Българските македоно-одрински революционни комитети..
    "
    Eх Македонијо..
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас имам некоја замисла, дека ќе личи на шаховско поле. Фигури на сите страни, и тоа распоредени без врска...
     
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Ми се плаче! Ете тоа ми се прави! Од оваа простоќа!

    Еј, луѓето не земаат по цела година плата, они споменици ќе си градат.
    Незнам како било некогаш, но сега и мало дете знае во каква криза се живее.

    Како може народот, возрасните да мижат на овие глупости?

    Како можам да молчам јас, и да се правам дека се е добро, кога гледам дома кај мене како е. Како е кај сите! Намрштени лица кои секој ден се надеваат дека ќе дојде плата, човече, за основни потреби!

    И секојдневно гледам како народот се крепи, како најмилите ми се во гуша со проблеми и веќе и животот им е товар!

    Некој години отепал на факултет, а некој со едвај завршено средно ќе си го мести задникот во кожена фотелја секое утро и ќе создава нови глупави, бесмислени идеи за поубава Македонија!

    Еј, ќе градат се и сешто а народот за храна нема!

    Па уште и памет солат! Кај бе ќе не примат нас со вакви покварењаци кои ни ја водат државата ?

    Нека изградат и ако сакаат скопско уво а не око - џабе! Подршка ќе добијат само од заслепен, неинформиран, непоштен народ!

    Нека си изградат и на нив споменици, за никогаш да не заборавиме кој не води и кај не води!
     
  12. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Кога сме си глупав народ ќе не вртат на која страна сакаат......луѓето нема леб со што да си купат...цените само рипаат, платите се намалуваат на некој му дошло до споменици...Улава работа :@
     
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Ццц најглуп народ сме дефинитивно.Само ни го упропастуваат градот,ќе немаме кај да се прошетаме од тоа грдите и никакви споменици :x
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ц ц ц ц ц...слушам и не можам да се изначудам...не сум од Скопје од помал град сум, но да слушнев дека во мојот град ќе се гради нешто лично ќе се радував а не да плукам по сите страни...те сме биле сиромашни, те сме немале леб да јадеме...гледам сите немаат за леб а редовно користат интернет :^) Па од наши пари се градело...па добро барем гледаме кај одат парите, досега каде беа тие пари што сега се користат за градење да не ви ги даваа за пресен леб???
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Па искрено, јас да сум како тебе, покренувам петиција за развој на родниот град и ич не му ја мислам. Па нека виде светот колку сме ние богати. И твоја статуа да бараш кај што куцкаш на фемина. ;)
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ќе си барам ти ич да не се секираш за мене, ако сакаш и за тебе ќе побарам како седиш на компјутер и јадеш бајат леб...пуста сиромаштија |(
     
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Подобро бајат леб и здрав разум, отколку животни фрустрации што не се пази каде се истураат. :hai:
     
    На creshicka и silvice им се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    [​IMG]
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Гледаш каде одат парите а? А не гледаш машина за перење веш? :x
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Незнам од кога интернетот е некаков показател дека некој има пари. Ставовиве се да вриснеш едноставно, не во недостаток на аргументи, туку губиш воља да дискутираш, затоа што после такви заклучоци веќе било што е излишно да се каже. Треба да се вратиме и да живееме во пештера и да јадеме леб и сол. Леб не, и тоа е луксуз... |(
     
    На DivineChaos и BoaVista им се допаѓа ова.