Уште да го разубавуваа градот. Позеленеа сите, никакви се, го срамотат повеќе. Всушност и ја покажуваат сиромаштијата. И уште пари се фрлаат еј, од средна класа паднавме на сиромашна, ама наскоро и питачки стап не ни бега.
Скорпионка како можеш да дадеш таков аргумент? Сите кои имаат компјутер плаќаат. Сите кои имаат телевизор плаќаат. Сите кои имаат машина за перење плаќаат. Сите кои имаат болјер плаќаат. Сите кои имаат пегла плаќаат. Сите кои имаат толку многу други работи - плаќаат... .. затоа што тие работи трошат струја. Ова време е такво, овие работи ги има скоро секоја фамилија. Не можеш да кажеш : ''Луѓето немале за леб, а за (горенаведениве) работи имаат''. Овде се збори за тоа што луѓето немаат пари да ги исплатуваат истите - затоа што некој наместо да дава плата - гради се и сешто
Ги немаат сите горенаведените работи-за мене тоа значи сиромаштија. Не сакам да слушам за сиромаштија од некој што воопшто и не знае што значи тој збор. Можеш да си дозволиш одмор во Охрид но не можеш во Шпанија? Наместо мобилен со 5 мп. имаш мобилен со 2мп ???? тоа е сиромаштија??
не значи дека тие што се на интернет по дома немаат леб,имаат но немаат со леб што.а оние кои немаат леб да јадат воопшто не се ни видливи оти тие немаат интернет па да ни напишат дека се гладни т.с.немаат леб,ќе ги видиме на телевизија во категоријата животна сторија како мизеруваат во својот трошен дом,и тогаш ни коментар нема да ни биде потребен а камоли форум за пишување на сопствено мислење.
wtf??? Ти знаеш што е сиромаштија, па затоа имаш право да го употребуваш тој збор?? ти знаеш кој е вистински сиромашен? И од кај знаеш кој од каде се уклучва на интернет? Дали од школо, дали од кај другари?? Од кај знаеш кој како живее дома, па да се дрзнуваш да зборуваш како некој е сиромашен или не е, само затоа што пишал пост на фемина? Плус, знаеш интернетот кога беше сметан за луксуз?? Во 1999. Денес, поефтино е да имаш интернет дома, отколку да имаш млеко и леб секој ден во месецот. На крајот на краиштата, темата не е за тоа дали интернетот е луксуз туку дали во овој момент во Македонија се потребни тие скапани позеленети споменици кои чинат милијарди кои ке завршат у некој џеб.
Дојди во Скопје да видиш дали ќе можеш да преживееш само со плата од 15 000 денари, па ќе те видам после дали истото ќе го кажеш.
Боже што прават...Уште 9 милиони???? Баш со мајка ми вчера зборевме место да земат идиотите да изградат нови државни и градски болници,народни кујни,социјални центри тие види што прават како што кажавте од средна класа на сиромашна...Немаат мозок божеее...ТАЖНО е тоа што и се случува на Македонија...
и овие 15.000 станаа луксуз, татко ми работи во една од најдобрите фирми државни во РМ од плата 30.000 денари сега зима само 10.000... а само сметките ни се толку , а повеќето работат за иста плата дури и помала, а да не кажувам колку ги ма што работат безплатно, впрочем нив ги има најмогу како и невработени.... што стана од државата, дури страв да те фати! а најтешко ми е кога ќе ме убедуваат дека е зарди светската криза,толку се чувствувам понижено и малоумно , како вчера да сум родена а имам цели 25 години ,боље да ме плукне отколку тоа да ми го кажува, серијата отпуштања од работа и пропаѓање на фирми почнаа далечната 2000 година тогаш светската криза не беше ни на повидок.
види ние се уште не спаѓаме во сиромашни земји, но натаму се движиме доколку некој нешто не превземе, тие што работат живеат на кредити, останатите крпат крај со крај, а некои гладуваат, замисли 35% невработеност имаме, тоа е многу! а како иде времето се повеќе ги отпуштаат од работа. замисли идеш во маркет да купиш основни продукти и ти нудат истото да го платиш на рати , каде беше тоа порано бе! идеш во аптека купуваш лекови колку ти требаат и ти прашуваат дали може на рати , а порано тоа купувавме у кеш без разлика на тоа што имавме платежни картици, ептен ако е некој цех пишувавме чек или до пред некоја година со картичка, слабо време оди!
Еј навистина ли? Уште нови 9 000 000? Јас првпат слушам сега, ама како и да е, не ме радува... Не знам што да коментирам повеќе, излишни се сите зборови, а и јас сум уморна од муабети за политика. Ја претераа работата значи. Во ќор сокак одиме
Ајде нека бидат и 300 милиони евра, подели го со 2 милиони (од прилика толку жители се во македонија) резултатот е 150 евра од човек, што не ви држат вода муабетите дека со тие пари може да ви ги покачат платите. За да се покачат платите треба прво се да поскапе, да ни рипне стандардот. Хауевр, иако се грди спомениците, подобро е нешто да се гради со тие пари, одколку да си ги стават во џеб, како што некои правеа во минатото.
добро тие неможеа да се вложат во економијата или во споменици кои се веќе во распаѓање наместо да прават нови, има цркви со уникатни фрески со непроценета вредност кои се оставени на милост и немилост, добро ќе беше таму да ги вложеа, а што е со млекарите и тутунарите и икс луѓе кои не им се исплатени субвенции, што е со болниците и другите институции кои се распаднати, има каде да се вложуваат пари, барем кај нас има.
Пак можеш да стиснеш на копчето ми се допаѓа, за да го "оддопаѓаш" мислењето. До каде ќе тераат со ова не ми е јасно? Ама народот си ќути, очигледно си ги сака споменициве...
не бе најлесно е со овој народ да се владее, па тоа секој го може дури еден боксер ! ни сме пизда народ да ми простиш, не сме задоволни, кукаме, а ништо не правиме.
Македонија е како едно труло јаболко, џабе градат споменици од милионски суми кога проблемот е мноогу мноогу подлабок, посуштински и подалечен . Според мене е сосема во ред Скопјето да има историски споменици, тоа што се градат театри и културни центри, меѓутоа зар од тоа треба да се почне, има толкуу многу работи кои е неопходно да се средат што со социјалните случаи, што е со немаштијата што е со гладот ? Вистината е дека народот трпи за леб и не знам до кој му дошло до слушање како државата се расфрла со огромни суми за проекти скопјиња и сл. но, ситиот кога му верувал на гладниот ? Уште нешто...не е виновна ни денешната ни влада, оти во Македонија се крадело и се крадело многу пред они да дојдат на власт, и сега како да се излечи не гангрената туку некрозата, атрфоијата на ова општество. Дури сега вистински ги трпиме последиците на секој што доаѓаше на власт,пустошеше и пљачкаше а народот им веруваше...а допрва и ќе ги трпиме.
Поентата е да не се препукуваме меѓу себе, да не мериме кој каков телефон има и кој каков леб јаде, кога сите подеднакво плаќаме и го полниме буџетот. А зошто се решава тие пари буквално да се фрлат, а не да се искористат во нешто практично? Па патиштава ни се за никаде, колку само црни точки има низ цела Македонија? Додека ни гине народов а пред се младинава, можат овие главниве да преземат нешто и да вложат во инфраструктурата. Ни сигнализација немаме соодветна. Ах Боже, Боже, каква Европа, какви бакрачи... па кај сме ние од дома да не пуштат...
Па ние не функционираме како држава а тие ја разубавуваат. И тоа е во ред, ама во некои подобри времиња. Не дај боже човек да се разболи нема кај да се лекува, болнициве се хаос, пред некој ден еден човек инвалид, со исечена нога за грев се качуваше по скали на една од клиниките во Скопје,клиника пред распаѓање, за да го вратат повторно долу а од таму да го вратат пак горе. За лавови без врска имаат пари за нормална болница со лифтови немаат. Па како ќе функционираме ние како држава кога сме го изгубиле човекот во себе. Како да функционираме со очни лекари кои додека прегледуваат пациент пушат и му издувуваат во лице, со подмитени лекари и непристоен персонал. Наместо тие милиони да се вложат во здравството за да оваа држава се гордее со здрава нација, градот ни го красат коњи херои лавови. Колку ли уште милиони се испрани преку тие споменици. На проблемите им текнува пред избори или пред нова година, кога ветуваат дека ќе подобрат нешто, на пр.заводот во Демир Капија нема елементарни услови за да се нарече завод од тој тип. А сега пред избори ќе биде крш, секој ќе гледа да лапне што повеќе. Мразам да бидам дел од таа фарса наречена парламентарни избори.
Почнува да се вложува и во здравство, разни реформи има и за образование, судство...ќе биде, сите сакате се наеднаш, дваесет години не не биднало сега за 3-4 сакате Луксембург да сме...треба време за се, процеси се тоа...Гледам разни инвеститори доаѓаат еве и за здравство од Турција за офтамологија, и многу други...за платите и стандардот точно е дека е за никаде ама одсекогаш биле, а не гледам дека полошо е сега, здравје и тоа ќе биде...а за сиромаштија не видов која беше ми вели дојди во ск со 15000 плата да видиш како е...биди срекна што има плата...пред 15 год. двајцата мои родители отидоа под стечај, и додека да се соземат, да најдат работа поминаа три год. Тие три год бевме на социјално од 3000 ден. и мала помош од бедната пензија на баба ми, така да не ми кажувај за сиромаштија...и до ден денес се стечајци но не кукаат и не бараат од власта (а имаат право) се научија дека сами треба да се снаоѓаат-мораа немаа друго.Да не ти кажам што се работат на 55 год. и колку плата зимаат. Така и јас правам денеска се снаоѓам... но јас лично верувам во овој состав на владата и иако знам дека ќе треба време мислам дека ќе биде подобро. А за спомениците- па во Љубљана сте го виделе Прешерн на сред плоштад колку е зелен? Па разгледај околу него колку туристи има што сликаат, снимаат, ко да е од злато...секоја помена наидува на осуда али со тек на време се ќе си дојде на свое место...
Работата е што цифрата на парите за проект "Transformer City 2014 Skopje edition" е пет пати,а можеби и повеќе, отколку која било друга издвоена за каква и да било реформа. Жалосно е што како прво ни дупките по улиците не се пополнати,ама важно центарот масовно блеска во сиот тој сјај, та и нас да не направи Европа. Најпрво за проектов си реков океј.. во ред е неколку споменици, ќе средат нешо култура ова-она, ама веќе сега стана неподносливо,а парите буквално неконтролирано се трошат,а сигурна сум дека и половина од оваа сума заминува во нечии џебови. За инвестициите во здраство не сум информирана. Дали се работи за прватна клиника или за државните? Ако е за приватна, реченицава ти пропаѓа во вода. За стандардот факт е дека е кренат, од сметки да неможеш крај со крај да сврзеш. Само еве конкретно за струјата не ни е Грујо крив,пошо Бранко го продаде ЕСМ. За бензинот исто така не е Грујо крив, зошто нафтата поскапува на светските берзи, не можи кај нас да има константна цена нели? Ништо нема да смени која и да било влада тука. Од старт сме пропаднати ние, а секој кога ќе седне на кожната столица ќе заборави дека и тој некогаш бил обичен човек и бам кога неможам од богати,ќе крадам од сиромаси. Не, не.. СЕКОЈА НОРМАЛНА ПРОМЕНА, НЕ НАИДУВА НА ОСУДА. Ова е претерано. Се правиме нешто што не сме. Зградите на плоштад во барок стил. Алоо? Од кога ние барок? Кај ни е таа култура како прво. Се знае нашата типична архитектура каква е. Со историја. А, не ние паметните го модернизираме 17тиот век во 21ви. Нема смисла.