Да. Ама џабе ќе се објаснувам више што сакам да кажам. Може и мигрантите ќе се осеќаат побезбедно сега, супер е меркава.
Тој беше од Гостивар, најновиот, претходно во Виена напад изврши момче од Челопек. Ме изненади пред два дена, момче и девојка од Македонија краделе во Албанија, мислев дека се Албанци, ама не, ги објавија со име и презиме, Македонци беа, така што треба да се намали доживувањето на парфектна нација која за џабе била извисена. Не е џабе. Друго, мрежи со дрога, колку пати имало македонски државјани? Многупати. Епа сега за нив, ќе горат и многу невини луѓе што си имале планови да прават нешто корисно во животот. Колку Роми отидоа од кај нас како азиланти? Со години ги храни Германија, од џепарлакот дури заштедуваат и куќи уредуваат со мебел овде. Тоа не знаете? Реално да сакаат, ќе воведат уште построги критериуми А дека издававме пасоши на криминалци со македонски идентитет, заборавија нашиве? И тие се водат како македонски државјани.
Амбиции како тебе? Не, фала. Контрадикторна си ко секогаш. Прво зошто оваа мерка, ќе се искомплицирало се, што е така, потоа викаш убаво што ваков третман сме добивале, кои сме биле ние непривилегираните па да не не зафркаваат како знаат. Не се читаш што пишуваш. Затоа ти реков шо тогаш те погодува тоа. Многу судиш некако и донесуваш заклучоци без да си сигурна за нешто. Рекла казала пак тераш. Ајде да видиме Европа колку ќе биде побезбедна. Ќе биде... Се ќе биде убаво.
Па самиот муабет „ќе се снајдеме“ те издава дека размислуваш детски, незрело, а тој што нешто планирал, читал темелно, проверувал, барал искуства и претходно и не зема здраво за готово. Како ќе се „снајдеме“? Ти европските земји ми ги рамниш со македонски полицаец што можеш да го подмитиш, а нема да е така. И размисли ли колку имаме спортисти, уметници, колку старци имаат деца во странство, патуваат да ги видат, имаме луѓе на студии во странство? Ти текна ли дека сега бетер ќе трчаат за бугарски пасоши? Не, бе, ти ќе се „снајдеш“. Досега многу успешно се снаоѓавме, сега, кај ќе ни е крајот.
За овој дел За снаоѓањето, не сфати озбилно не сфати дека е сарказам? Јас прокоментирав за тоа дека ти пречи мерката и ти е нелогична, пошо нас не тангира и негативно ни се одразува, како на нас така и на остантите, по твое мизерни земјички, од друга страна друго збориш. Дека сме заслужиле вака да ни е, ете небитни, мизерни и сл. Ајде одлучи се конечно, мило ти е што ЕУ ќе станува безбедна или не ти е? Нема трето.
Зборувам за можности, сега мене како лојален граѓанин што нема сторено никаков прекршок ќе ми биде потешкотија таа мерка, плус оптоварување и на многу други лојални граѓани, а дали Европа ќе биде побезбедна? Ако не многу, барем малку подобрување ќе има секако. Доста со тој филм дека сме некој и нешто, ама ете некако немаме среќа, не мразат за џабе. Не мразат и презираат со причина и тоа дебела причина. Мене ми се фалеа едни луѓе што отидоа во Хрватска дека можело да се најдат врски во суд, и да се издаде уверение дека си чист, дека не си гонет, за пари, за мито, и еве ги во странство се. Како што е дива лига државава, не се сомневам дека си правеле филмови. Ее, некоја друга држава да го прави ова, уста ќе ви падне од зборење, први ќе држите предавања за корупција. Пред некоја година, ми се јавија луѓе, прашуваат дали сакаме за пари да добиеме сертификат за германски јазик од некоја школа за странски јазици, приватна во Штип. Јас одбив, имам 1 степен регуларно, ама колку ли така платиле, па земале сертификати? Да е некој друг тоа да го прави, први тука ќе делите совети како е тоа корупција, а таквите после работа наоѓаат во Германија. Раската во туѓото око ја гледате, ама гредите во вашите очи, ааа, ништо тоа, ок е. Пред некој ден читав мислење на еден наш професор, во Германија збореле дека Балканците се племе кое цел век се тепа меѓу себе, и живее само за да јаде и пие кафиња цел ден по кафичи.
Како што се прогнозира, ЕУ нема ни да постои така да, чил. Тие не можат да си ги решат внатрешните проблеми со мигрантите од блискиот исток и Африка шо вршат секојдневни силувања, убиства и криминали, а воведуваат правила за држави од западен Балкан со популација двајца без тројца или за Норвешка. Норвежаните ќе имаат помалце слобода за разлика од внатрешните мигранти. Супер. Тежок случај се овие..
Абе до вчера тука пожари ни гаснеа Германци, Чеси, Швеѓани, Словенци, Хрвати, Турци, Срби и кипарски Грци, ама поминаа два дена и Македончето не само што не знае за „благодарам“, веднаш заборави на помошта и почнува со клетви, навреди, теории на заговор, пропаѓања. Не биле пријателски расположени, дека ние живееме во беззаконие, а тие што воведуваат закон, епа не ни биле пријатели, штом не е по наше, да не трпат, да ни даваат пари, да не помагаат, ние да пцуеме, е тоа е пријателство, а се друго, за Македонците не е пријателство. Па Македонија нема пријатели. И се лажете ако мислите дека некој таму на Запад, прави разлика меѓу Македонец и Албанец. Ако не бил овде, поим нема, во ист кош оди тоа. Има тука членка што живее во Швајцарија и самата пишуваше колку лошо мислење имаат за нас, баш поради тие хроники, снаа убила свекор, жена од Македонија истепала деца итн.
Ако чекате ЕУ да се распадне драги мои, ќе си летувате во Врњачка Бања доживотно. Фамозниот распад на ЕУ ни го најавуваат од 90-тите, во Котелец на времето ги пишуваше овие работи. Спремајте документите и парите за да можеме догодина да го окупираме Солун и грчките плажи. Или трк до Софија да врескате ,,баща ми е Българин" за да добиете ЕУ пасош па после да хејтате ,,татари". Ако не сакате, ене ви ја Турција, Русија, Иран, Кина, имате еден куп други опции за прошетки и одмори.
Леле муабетиве, ние овде сите мизерни заостанати треба да им се клањаме на тие со сина крв од ЕУ што воопшто нѐ пуштале да одиме таму. Меркава колку ќе е корисна ќе видиме, само чисто сумњам дека ќе важи исто за сите. На крај да не е само за нас мизерните и неблагодарните, а не и за овие што и сега си прават силувања, насилства и сл. и си поминуваат лесно бидејќи "не смееш да дискриминираш".
Кина е 1000 години пред сите. Друг универзум, друг. 1000 години да стојат, ЕУ да оди, нема да ги стасаат. Немаш поим шо значи земја од милијарда ипол жители и економска сила број еден во светот. Додуша две ипол милијарди се, само во САД и Австралија колку ги има, а не пак во остатокот од светот, ќе ве преплават. Кој е најголем трговски партнер на ЕУ? - Кина. Да нее Кина, чус Мерцедес, Фолксваген, БМВ, Пежо, Рено. И да, поарно ќе шетам како човек слободно и безбедно во Гуанжу, Шангај, Москва, С. Петербург него ли во Франкфурт и Париз преполни со криминалци, насилие и силувачи од Афганистан и Африка.
Да, и за Ромите имам слично мислење, пошто се Роми, без разлика дали идат од Македонија или Германија или кај год
Сопружниците на ЕУ државјани нема да мора да се пријавуваат или мора да се пријават, а само такса не мора да платат?
За сопружници на ЕУ граѓанин би требало да важат истите привилегии како за ЕУ граѓани. Предлогов го тупат многу долго време, нема врска ни со Тејлор Свифт ниту со ништо од поново време. Во пракса не гледам разлика од времето кога постоеја визи, па еве не, преживеавме, и патувавме, и Европа видовме и покрај визите. На листава од 60 земји со популација од 1,5 милијарди жители се и САД, Канада, Јапонија и Кореја. Толку од стравот од страшните балкански народи што јадат деца за доручек Али па доста парички се искалкулирани изгледа https://travel-europe.europa.eu/etias/who-should-apply_en