За кој важи ова? Само за западен балкан или и за останатите? За бегалците? А ние шо сме со еу пасош и ние ли ќе треба да пополнуваме документи или?
Ако е навистина така, овие шо го прават сето ова, гарант чекаат да се деси граѓанска војна во цела европа. Ова е многу поголемо од обичната политика на секоја поединична држава.
Ама сите политики на ЕУ важат за сите земји на ЕУ. А ЕУ кога велам, мислам Урсула и компанија. Каква врска има ова со граѓанска војна не разбирам.
За мигрантите зборев, војна со нив. Цел народ се дигна на протести против нив. А они да ги примаат.... Ама гледаш дека во текстот вика дека ова ќе важи за околу 60 држави. Сигурно и бегалците се во тие 60.
Ај баш види кои се тие 60, Австралија, Америка, Ук, Бразил, Канада, Јапонија ...и други микродржави. Бегалците, кои и да се, се од држави за кои постојат визи. Ама кога ќе станат бегалци, други правила важат.
Без паника, важи и за кутрите британски, јапонски, американски, австралијански, новозеландски и многубројни други државјани... не замо за западен Балкан. Не, затоа што се државјани на ЕУ. Секако тоа подразбира да влегуваат и излегуваат од ЕУ земјите + Швајцарија, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн со бугарскиот (односно грчкиот, хрватскиот и тн.) пасош. Засега не, но од следната година планирано е за срединат на мај 2025 ќе треба. Нема врска со тоа, ова е повеќе пати најавувано па одлагано. Истата процедура важи веќе 15 години за САД и Австралија за оние земји кои имаат безвизен режим со нив, само што е 2-3 пати поскапо.
Ова важи и за кога ќе се оди на одмори . Едит: па ако ти бараат и доказ за престој и се, како ќе се оди на одмори? Ќе треба од дома прво да букираат луѓето.
Буквално првиот мој пост во темава го има линкот https://travel-europe.europa.eu/etias/who-should-apply_en Али ете, Дејлајт ме просветли- ако сакам у Америка, требало да платам. Шуќур што учиме секој ден, инаку од Америка ќе ме вратеа назад, јас мислев без визи, значи фаќај авионот и летај
Првиот дел кој се активира на 10. ноември 2024 година - сликањето и земањето дигитални отпечатоци можеби ќе комплицира во смисла да забавува проток на луѓе, зависно граничната полиција колку ќе биде опремена и ажурна да оди од возило до возило во колоната (таква е замислата, да не чекаат во редици луѓето). Вториот дел кој се активира некаде од мај 2025 година, комплицира во поглед на плаќање, иако не е многу - 7 евра, а оние до 18 и над 70 години се ослободени од плаќање, но не и од пополнување на формуларите. Тука е и моментот имате ли компјутер, имате ли интернет, дебитна/кредитна картичка, „знаеш ли бабе да си пополниш на компјутеро?„ и слични моменти. Проблемот е што со оваа мерка тешко дека навистина ќе се спречат најпроблематичните дојденци (илегални имигранти на пр.), кои ако решиле, ќе си поминат на див премин без никакви документи. Српско - Унгарската граница одамна има проблем со тоа. https://n1info.rs/vesti/u-okolini-s...a-akcija-za-suzbijanje-iregularnih-migracija/ Начално ќе нема потреба бидејќи граничната контрола ќе ги има веќе податоците во нивните компјутери. Но за секој случај, ако снема струја или интернет на граница, ќе им ја покажеш принтаната дозвола. Истата не би требало (ќе видиме догодина) да содржи твои детални податоци кои претходно сте ги внеле компјутерски од дома, туку само потврда дека системот ти дал зелено светло, веројатно само име презиме и број на пасош и бројот на потврдата во системот. Воедно со ова ќе престане ставањето печати во пасошите при влез-излез, а штета убав визуелен сувенир се Потврдата за влез инаку ќе важи 3 години, но тоа не значи дека може да се престојува 3 години во ЕУ, туку дека 3 години може да се користи безвизниот режим во склоп на дозволените правила - максимум 90 дена во период од 6 месеци, како што беше и до сега впрочем. Тоа само во одредени случаи доколку системот пројави сомнеж врз основа на внесените податоци. Во повеќето случаеви се очекува повратен потврден одговор да се добие автоматизирано во рок од неколку минути. На пример, за влез во САД без виза се пополнува сличен онлајн формулар од страна на земјите кои се со безвизен режим (Шведска, Јапонија, Сингапур, Франција, Грција, Чешка...). Едно од прашањата е дали сте биле после 2011 година во одредени земји (Иран, Авганистан, Сирија... и тн.) и Куба после 2021 година. Доколку е одговорот да, те пренасочува кон дополнителни прашања и во повеќето случаеви може да те преупати во конзуларното одделение на амбасадата за вадење виза. Друго прашање може да биде, во која земја сте родени... ако сте родени во одредени земји безвизниот режим не важи, иако сте државјани на трети земји кои начално уживаат VWP (Visa Waver Program). Трето прашање дали имате плус државјанство на некоја од следните земји (Иран, Северна Кореја и тн.) ако има, тогаш програмата не важи и треба да си вадат виза. Постојат исклучоци за одредени луѓе кои биле да речеме дел од здравствени и воени организации (НАТО мисии на пр.) со работа во тие земји, тогаш во формуларот се внесуваат дополнителни податоци. Секако, некој наивно може да мисли дека ќе излаже во пополнувањето на формуларот ама тоа најдоцна на гранчниот премин (аеродроми, пристаништа, железнички премини во САД) или во текот на тамошниот престој ќе се открие и тогаш ем џабе дадени парите за карта, ем забрана за влез со САД бидејќи лажеле во формуларот. Има земји кои не пуштаат странски државјани доколку во пасошот видат израелски печат... секоја земја свои правила.
7те евра нема да напраат ништо лошо. Проблемот е во дигиталните отпечатоци ем ти бараат и документ за неосудуваност. Многу луѓе кои се осудувани може да ги вратат од граница и да не ги пуштат дури ни на одмор. Многу луѓе шо работеле до сега на црно, ќе неможат, зошто со дигиталниот отпечаток одма ќе видат дали си престојувал повеќе од 90 дена. Ова за нашиве македонци зборам. Ма да шо поарно е криминалците да неможат уопште да ја напуштат државата.
Не сфатив за оние кои имаат пример татко, мајка или пак сопружник со државјанство од земја за која не е потребен овој сертификат. Ослободени се само од тие 7 евра за плаќање?
Иако засега на македонските државјани им е потребна секако виза за влез во САД, имај во предвид дека дел од жителите на Македонија, покрај македонскиот пасош имаат и пасош на некоја земја која ги ужива придобивките на VWP (мк граѓани со плус хрватски, словенечки, грчки или австралијански пасоши на пр.). Единствен исклучок се канадските државјани кои до пред десетина години можеа да минуваат дури и со лична карта само. Начално тоа е целта... има и претпоставки дека ова е свеж прилив на пари за Украина, но како што беше веќе кажано ова се подготвува поодамна, уште некаде од 2019 ако не и порано, само што се одложуваше повеќе пати.
Исто ќе биде како и до сега само фама се крева. Разликата е што ќе треба да пополниш формулар наместо на пасошка контрола да одговараш на прашања. Милион посто ви се има десено да ве испрашуваат на контрола. Кај одите, повратна карта, каде спиете итн итн . Па може да ве стават на страна за дополнителни прашања ( и за вакви ситуации сиг сте сведок ) Разликата овде е само што е онлајн, а не со жив човек. Поврзани им се системите ќе гледат се, ако немаш црна дамка нема да имаш никаков проблем .
Не сакам да ми иде паметот таму кај шо ми иде ама.... Сè ова ми изгледа како некој проект за земање што повеќе податоци за жителите на државите како нашата - со цел да нè контролираат повеќе Ај донт ноу искрено Многу сум скептик за се што еу задава Као секогаш работите испаѓале со задна намера особено од европскиве држави Они толку да се грижеа за безбедноста, ќе воведеа построги контроли уште 2015та со мигрантиве, реално они се најголем извор на безбедносни закани, а не сега кога дојде пола исток во европа Отпечатоци, па кредитни картички за да ги плаќаме тие 7 еур, па досиеја, па што работиме и 300 работи ... Замислете ги сега овие од 27ми април, што воопшто не извршија терористички акт, да сакаат да патуваат слободно во земјите од еу, не ќе можат или пак ќе поминуваат 300 проверки зошо у досие ќе им пишува дека се терористи
Имаше денеска на Дојче Веле, ние сме меѓу првите по број на депортирани од Германија. Во група со Авганистан, Сирија, Грузија и слични. Мизерија.
Дали овие правила ќе важат за оние кои имаат дозвола за престој, а се сопруги на ЕУ граѓани? Мигрантите се голем проблем