Дали новите правила ќе им бидат од корист или не ќе видиме. Само глупата работа е што наместо да ги поедностават нештата тие ги усложнуваат. Има луѓе кои везе немаат од компјутери, пополнување пријави, картици и незнам што уште не. Ако нема кој да им помогне значи дека нема да можат да одат. А реално и парички ќе си лапкаат, ако добро разбрав 7 евра се за секој влез? За некои кои од х причини често патуваат тоа би бил дополнителен трошок.
https://4news.mk/20-godishnik-od-ma...osuden-za-zlostorstva-na-teroristichka-grupa/ Eве ти зошто е повеќе од оправдано што ставаат ред за влез во шенген.
Патувал некој скоро? Нели ЕЕС ќе важеше од 10 ноември годинава, а ЕТИАС од 2025. Да знам кај да се пријавам ако функционира чудово.
EEC е одложен за некоја дата 2025, нема објавено кога. ЕТИАС ќе биде 6 месеци после ЕЕС, така пишува на официјална страна.
Немаше ништо посебно на граница. Ама мене ми земаа отпечатоци од прсти. Не знам дали и порано правеле. Бидејќи за прв пат одев со кола. Предходно на аеродром не ми барале отпечатоци
https://plusinfo.mk/skop-anec-stana...heste-stranci-koi-dobile-doverba-od-al-shara/ Како после некој странец да смета дека оваа држава е нормална и дека не е безбедносен ризик? Е, секако дека е ризик. Еве Албанец од Скопје во Ал Каеда, па станал дел од сириската армија. И тоа што државава е катанга не е вина на некој си Европеец, ова е наш проблем и тоа сериозен. Замисли ги сите овие муџахедини што се спремни да направат овде, каде ќорава институција не функционира.