Ова не е тема на муабет тука. И да,ме интересира и сакам да се смени СЕ што не е добро и да се донесе закон и т.н. Треба и да те интересира дека децата се осамени,родителите не им посветуваат доволно внимание и не разговараат по дома и ја имаат вечната слобода,па така секое второ дете пуши.
I na debelite da im se zabrani da jadat na javni mesta i vo fabriki ako ne pa neli za zdravjeto se grizat, na sto lici ova , se e sredeno sea za cigarite se fatija ama zagaden vozduh puca na najako
Кај несовесни па уште и злобни и ограничени Ти и таквите ко тебе уште дополнително го загадувате воздухот ако не си знаела
I dupelizacite na menadzerite na rab. Mesta, tie pa znaes ona najopasna vrsta se a gi ima mn za zal. Mi se povraka od ova opsestvo i maloumen narod
Па стварно е поразително кога во недостиг на логични аргументи, се прибегнува кон вакви банални и крајно неповрзани споредби. Да се стави знак на еднаквост меѓу храната, која патем е биолошка потреба за опстанок на секој организам, и тутунскиот чад кој е чиста зависност, еднаквва на коцка или дрога, е во најмала рака апсурдно ако ништо друго. Прво, дебелината како состојба е комплексно прашање. Никој од нас не знае со каква здравствена мака, хормонален дисбаланс или генетска предиспозицијиа се бори личноста до него. Нападот врз нечиј физички изглед е многу низок удар и зборува само за капацитетот на тој што го упатува. Но, најважната разлика е оваа, ако јас покрај вас јадам помфри, или некоја сочна, дебела пица тоа не ги затнува вашите бели дробови и не го загрозува вашето здравје, го загрозува моето. Но, заа разлика од тоа, вашето право на пушење завршува точно таму каде што почнува моето право на чист воздух и здравје точка! Второ, аргументот „сè е среденото, па за цигарите се фативте“ е класично фаќање за сламка, како давеник кој не сака да прифати одговорност. Да, воздухот е загаден, и тоа е огромен проблем, и во цела мк и во цела Балкан па и на повеќе места во светот. Но тоа не е изговор свесно да додаваме нов отров во затворени простории каде што престојуваат луѓе, најчесто и деца. Нелогично е, неетички е и треба да се стави крај. На крајот, веќе еднаш кажав, но еве уште еднаш се потврдува тоа дека пушачите често покажуваат енормна себичност кога нивниот личен комодитет е ставен пред здравјето на заедницата. Ако сакаме општествени промени и подобар систем, мораме да бидеме способни да ги прифатиме правилата кои водат кон општо добро. Промените почнуваат од нас самите, а не со изговори, најчесто глупи. Патем, и да се донесе законот, што се сомневам искрено, не знам колку и дали воопшто ќе профункционира... За жал.
Pogore pisanoto bese ironicno. A na koj nacin se zagadeni nepusacite nadvor , ili vo park ili na avtobuska ? Ni doma vnatre ne pusam ama izvini nekoj da me ogranicuva vo sopstveno vozilo sto e ova diktatura? I da stojam zad toa deka milion rab treba da se resat pred cigarite i se nadevam deka nema da go izglasaat. Na nikoj ne mu duvam cad vo faca ama ova e premnogu neznam sto se zanesuvaat
Не не,како што ме провоцира неписмениот коментар “се е средено,за тоа се фатија” ништо друго не може. Одлика на неписменост и ограничен и малоумен мозок. Село гори,баба се чешла во превод
Секаде во ЕУ е ваков законот. Во кола не смееш да пушиш ако имаш деца внатре. Има одредени места и надвор на отворено каде што може да се пуши, не е баш дека може кај сакаш да димиш. Нејсе, ова е под притисок од ЕУ, оти сакаме и ние да им се придружиме, мора ваков закон да се донесе, порано или подоцна. Поразително е колкав процент од населението кај нас пуши, да не правам муабет за малолетници. Можеби ќе се среди нешто со законов, под услов да не се применува селективно. Треба да се покачат и цените на цигарите, и тоа драстично да се покачат. Кутија да не биде под 300 денари. Никаде не се евтини, ни кај нас не се, ама кај нас се подостапни за разлика од европските земји и Австралија. Немам надеж дека државава се оправа, оти и загадувањето треба да се реши, ама си донесоа закон кој оди во полза на загадувачите, за жал.
45% активни пушачи во Македонија. И се дискутира само против непушачите, дома да си седеле (алал да ви е на ваквата идеја). Законов е добар и за пушачите, не само за непушачите. Мора да има мерки за намалување на зависноста од овој гаден порок. Пушачи околу мене велат дека ќе си ги намалат цигарите и тоа е. Не мора на секој пола саат цигара да се пали. Ќе си палите дома. Ферски. Ова не е воопшто проблематично, објективно гледано, само тежок зависник може да каже дека не чини ваков закон.
Не ја не знам како ви е океј да се пуши во факинг затворено. Кола палите во затворена гаража? Не а? А оти? Пред некој ден седнав во кафич. Терасата е затворена од сите страни јер зима а вратите према внатрешниот дел се отворени така да буквално и да нема одвојување. И во таа затворена тераса се пуши и пак све иде внатре. И смрдев цела сосе јакна на цигари. Јакната стварно не можам да ја перам толку често. И да, неќам и дур чекам автобус да барам кај да седам да не ми чури некој у фаца. Жално е стварно што прави зависност од човек.
Ама ако некој сака да јади и да биде со поголема тежина не знам како тоа би ти наштетило тебе?Факт е дека чадот од цигарите е штетен и за околината која го вдишува.Јас бев пушач до пред две години и никогаш не запалив цигара дома.Прво не сакам на никој да наштетам,друго ни мене не ми се допаѓаше миризбата,и ако пушев.Малку ти е понижувачки постот дебелите по фабрики.ниско е да се зема за пример физички изглед и работна позиција
Зошто јас да се интересирам за тоа? Не се мешам јас во есапот на другите фамилии, а башка тоа си е нивен избор дали пушат или не. Дали навистина мислиш дека сите што пушат се осамени? Ама ти е без веза проценката. Џабе се објаснувам. Не знам како имаш совест да наречеш некој дебел. Треба да размислиш тој 'дебел' зошто е 'дебел'. За здравствени проблеми имаш слушнато?
Остај ги дебелите. Дебел човек си штети само на себе. Пушач штети и на себе и на сите околу него! Патем и димот од цигарите го загадува воздухот така што не можеш да префрлаш со тоа.
Има нешто што се вика јавно здравје, кој не знае што е може да прочита накратко, ако сака секако. Ама тој концепт не го сфативме ни пред 5-6 години, камо ли сега. Е тој концепт, поддржан од медицината базирана на докази, го поткрепуваат законов и ниедно индивидуално задоволство не е пред општото и јавно добро. Законов е супер, иако многу доцни, ама добро. И се надевам дека е само почеток кон порадикални мерки за намалување на стапките на пушење во држава, но и на секакво друго загадување, зашто моментално освен што имаме епидемија на канцер, имаме и црни статистики од срцеви, мозочни и белодробни заболувања.
Вие што пушите цигари никогаш нема да разберете како му е на непушачот кој е покрај вас, позади вас, пред вас, надвор, на автобуска, на клупа или додека пешачите.
Јас мислам дека во затворена просторија не треба да се пуши. И јас користам ајкос, не пречесто ама користам и секогаш ако има некој со мене што не користи прашувам дали му смета. Треба да има и простории за пушачи ама ако не се на отворено да имаат многу добра вентилација, што мислам дека кај нас е тешко изводливо. Сум користел ајкос и во затворено ,во кафич затоа што било дозволено,сега кога не е нема да користам, такви се правилата.. И кај мене дома и во кола е забрането да се пуши, не од здравствени причини, повеќе од што не сакам да ми мириса ,ама забрането е. Секогаш кога се вози некој со мене што толку не може да издржи без цигара, колку и да ме моли да запали, нема да дозволам, ако треба 100 пати ќе застанам нека оди на цигара надвор и на крај сепак излегува дека се можело и без цигара..